Од личност што обожаваше празници, бидејќи ме потсеќаа на семејство и блискост, станав личност што најрадо би ги прескокнала...
Овие пак што јадат гомна на фејс денеска ми се најсрцки. Ако ве нервира што луѓето си се собрани дома, си се веселат и си ручаат на трпеза за која убаво се испотиле да си ја овозможат, фино лепо не се логирајте денеска. Еднаш ќе биде позитивен news feed и ќе гледаме нешто убаво место политики, препукувања и црни хроники и пак тоа ќе ви смета. Изгасете нет и олабавете малку, у реду е. Also, среќен Божиќ, ви посакувам на сите пријатен ден и убави моменти со најблиските.
Сакам да кажам дека во последно време многу ми се допаѓаат мислењата на @Lilit ...обожавам такви жени, самоуверени, цврсти, искусни, без влакна на јазик..слични на @Abeja and @Bridget ...а најмногу се согласувам со @toogood and @mira.mira .... што ми текна вакво мислење да пишам..ама тоа ми светна во моментов
СДК 1: Многу ми се интересни луѓе кои цел живот го имаат поминато како граѓани на ова потпросечно парче земја, а мислат дека и тука полнолетната возраст и статусот работоспособен, се еднакви на суперхеројски капацитет со кој немаш оправдување да не водиш удобен живот. Па толку лесно се расфрлаат со предизвици и залаци како паралелно студирање и работа, па не една - туку две, три паралелни работи... секако, ко решение за други луѓе. Воопшто не се зема предвид ни колку е захтевен факултетот на еден студент, ниту потоа границата на човечката нормална психофизичка издржливост. „Само“ една работа со плата што не стигнува за ништо, имаат и илјадници текстилни работнички, градежни работници, хигиеничари на отворено во комуналните служби. Одете и ним во лице кажете им во преостанатите часови од денот да си бараат и втора и трета работа. Па шо, доволни се 3-4 саата спиење и паузи за јадење и основна хигиена во денот, што ќе им е повеќе мрза и луксуз? Искреност и реализам на капиталистички начин, at their best. Спојлер: * Да, инспирирана сум малку од тоа што се зборуваше во темата јавни фаци, но и често слушам вакви луѓе околу себе. СДК 2: So true, но би додала дека ги заборавиле оние најлошите - луѓето кои искусиле нешто слично/исто како твоето, но имаат тотално себичен поглед на истото и сепак судат.
Има една многу добра реченица на Eleanor Roosevelt, гласи: Great minds discuss ideas; average minds discuss events; small minds discuss people.
Оваа реченица колку што е постирана толку да беше применувана, бар од оние што ја постираат, светот ќе беше разубавен. Ништо лично, само многу малку great minds гледам земајќи во обзир колку долго и често ја читаме на нет. Јас пак своја теорија си имам и за постирачите на вакви изреки, народни мисли, brainy quotes и слично, ама во друга прилика да не е апла
Ќе биде постирана додека не се видат луѓето во која категорија спаѓаат и да сменат нешто. Ако им значи нешто реченицава, се разбира.
Обожавам кога вртам канали на телевизорот и налетувам на добар филм. Фокс лајф, 101 далматинец. Пуштајте и заблагодарете ми се после.
Има спомени во облик на мириси. Карактеристични само за едно единствено место, една личност, едно време. После долги години, од некаде до мене допре мирисот на лепчето. Лепчето кое во детството го јадев само кај жената која не ми беше тетка, но ја нарекував тетка. Лепчето намачкано со маргарин, кој исто така го немав никаде на друго место пробано. Сѐ до пред некој ден, кога седната на маса, го одгризав првиот залак од кришката. Веднаш го препознав. Вкусот од моето детство. Ги сакам нештата кои оставаат трага.
Пишале во квалификации да знае со вселенско летало да управува, а плата 20к. Дали ви е јасно зошто огласот го објавувате по трет пат или да ви кажам?
Со задоцнување Среќна 2019. Имајте многу среќа, успеди а пред се здравје. А на оние кои слават среќен празник. Дали ќе се управи државава се прашувам. Братучедка која е надвор од Мк 3 години вели не ми иде на памет да се враќам долу. Ок. А зошто? -Овде е поубаво и не ме влечи ништо в Мк. Ами родителите ? Ајде куќа ко куќа, ами оние кои те одгледале од парче месо и за да те одгледаат давале од нивните усти? Што понатаму? - н е з н а м Греота...
Се претерува многу со социјалните мрежи. Добро шо ќе биди ако ја сликаш масата?? Мислам мора да се слика цела трпрза за Бадник како сме наместиле? Ние шо не сликавме, гладни изгледа бевме, не јадевме.... Истото е и за име и за се. Па кога ќе видам уклучување во живо ее видете ние шо прајме, или кај сум јас појден Немам коментар, дали толку има луѓе опседнати до фб и слично? Се шо треба и не треба ајде на фб
Ај ако не ти е тешко да гласаш на темава Бадникова трпеза https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-5#post-4272649 Инаку, се согласувам со тебе, искрено и мене не ми е сфатливо што постојат луѓе кои нон стоп на нет се фалат и покажуваат од што јаделе, што купиле, што носеле, што готвеле..... бетер од сестра ми се, она и ко оде да сере става некоја слика за асоцијација на Фејсбук. Ама може подобро се посеќаат таквите ако добијат по некој утешен збор или пофалба, затоа да не те чуди Денес денот фантастичен. Нека продолжи периодов