СДК, во последно време позитив на денот ми се клипови со китови. Фасцинирана сум од нив и баш би сакала еден ден да ми се пружи шанса да пливам покрај такво интелигентно животно. Милина Легендарниот коментар под клипот
@Herrera зимово имавме прилика да пливаме со делфини. Прекрасно чуство, посебно додека ги набјудував како им даваа команди и начинот како се радуваа после успешното извршување на истите. Ме потсетија на дете, кога чека да му кажеш браво бидејќи успешно извршило некоја задача, само тука чекаа рипче. Има и многу тези за нивното влијание врз луѓето, од медицински аспект. Се надевам ќе ти се оствари желбата.
СДК... оти ако дете не ти го продолжи или скрати животот во секунда нема кој . Моменти кои ме насмеале до солзи (нормално со Енџела во главна улога , Џинџер е уште мала ): Spoiler: ЕНЏЕЛА * Кога требаше да си одиме за Македонија го дигнавме аеродромот во вис . Причина - Енџела заглави во шолјата во вецето на аеродромот . Сега ми е смешно, ама тогаш едвај ја одглавив, имаше створено вакуум и после си шеташе неколку дена со огромни модрици на половините . * Кога се враќавме од Македонија, во авионот посака да оди до веце, и ајде мочкаше, по неа и јас , и кога излеговме стјуардесата што седеше спроти вецето не' погледна и ни се насмевна и баш кога помислив зошто така чудно се насмевна што да видам, Енџела гол г*з оди пред мене во сред авион (сум заборавила да ја облечам , а таа ништо не кажа ). * Ни идат гости на именденот на мм и имаше еден пар кој првпат беше кај нас. И Енџела кога и' се закачи на жената, совршена жена била, па пее, савршена жена, савршена женаа , па реши дека на жената и' е роденден, па моравме сите гости да ја пееме хепи брдеј , за на крај да и' донесе поклон ТЕТРАПАК МЛЕКО (и тоа со сомнителен квалитет, оставено во кујната за фрлање ). Откако ја галеше цело време, па и' седеше во скут, па ги носеше нејзините штикли , си отидоа со млекото во рацете дома, за успомен и дуго сечање . * Инаку моментално Енџела е бремена , (оти јас бев бремена, а сега сестра ми е бремена, па тоа е најновиот филм ), па по цел ден слушам како на термини ќе одила, па блага вода ќе пиела, па плодови води, срцеви реакции, водењаци итн, итн. Бремена е со близнаци, Танкица и Павле, а има веќе три, Антонија, Темјанушка и Атанас, да ми се здрави и живи, љуби ги баба . И така, одиме пред некој ден во бутик да купуваме за бебиња облека и Енџела кога реши за Антонија фустан ќе купува . Кога и' реков не може, кога почна да се расправа, како она мајка на ќерката да не купи, каква баба сум била јас . И си дојде со два фустани дома за Антонија , а за себе никогаш не сака ништо, едвај ја убедивме . * Прочитав во една статија на интернет дека најдобро е на децата да им се кажува секогаш вистината во врска со смртта, бременоста итн. и викам ајде белки така ќе излезе од филмот на бремена жена и и' објаснувам дека не може да биде бремена затоа што прво треба да има маж, па тој маж треба да и' даде семе, па да се посади тоа семе во нејзиниот стомак, па да излезат деца... и како резултат на тој муабет сега има и маж Александар, па и презимето си го сменила како неговото, сега ќе била Ѕвонева . Толку од читање статии . * Бидејќи знае да чита и пишува на фб и на мсн, бисери еден тон . На една другарка и' пишала, нека ти даде маж ти утре семе да му родаш братче или сестричка на Марко . На друга што пишала дека и' се родило внуче Димитар, пишала честито и од мене, ама името не ми се аресе (допаѓа) . На трета, девојчето пишало реферати, Енџела само ОК, таа пак реферати, Енџела пак ОК, таа пак упорно пишала и Енџела на крајот напишала ДОСАДУВАШ . И девојчето го снема . * Сакала да и' покажам на фемина како се пишува, ја прашувам што ќе пишува па таму, вика во труднички муабети бе мамо . * Вчера земала една метална вилушка (бонела) од кујната и 4 пластични од играчките и ги направила фамилија бонелици . И го земала телефонот и ги сликала пластичните на комодата, а металната во преден план и кога ја прашав што е тоа, вика таткото бонели праа селфи со фамилијата бе мамо, со жената и трите деца . * Посебен доживљај е кога Енџела пее, а еден збор не може да погоди . Ја слушнала од Стоја Дај Шуки дај и во делот каде пее ШМЕКЕРУ таа пее ШТЕК ЈЕ ЉУТ и се врти накај мене и вика, штеко бил наљутан мамо . Пее друга песна каде е Око мене ЛЕПИХ ЖЕНА СТО, а таа пее, око мене ЛЕТИ НЕ ЗНАМ ШТО . * Маж ми на заебанција, а чатпат и да ми ги дигне нервите (оти знае дека не си го сакам името) ми вика со целото име Кат'це и Енџела кога слушна вика, ее мамо, тато ти вика маче (катзе на германски) . * Сестра ми има телефон Моторола и за да не го чепка Енџела викам остави мами, телефонот на тета е мутав, не го бива. И она вика, па мутав е, за тава е мУто рола . * Кога се роди Џинџер и почна да гука, Енџела дојде на брилијатната идеја да сме напишале АГУ на гугл транслејт за да сме знаеле што сака бебето . ... И уште милион ситуации каде сум се запрашала до каде оди детската фантазија и логика .[/COLOR] Spoiler: ЏИНЏЕР [COLOR=rgba(0, 0, 0, 0.87)]Џинџер е како мало преслатко кутре, изеде се' што може да се изеде по дома, кревети, чаршафи, перници, играчки, лулашка... Со душа чекав да почне да јаде кашички, да пие сокчиња и оп, иронија на животот, јаде се' освен каши и сокчиња . Тоа ме потсети на вицот со Охриѓани, на кој збор не додаваат Т на крајот? На ТоС . Ама што ме чуди, и Енџела како мала сите можни зборови ги кажуваше во демунитив, освен ланче и венче, викаше ЛАН и ВЕН .[/COLOR] Најбитното е дека се сакаат најмногу на светот, права сестринска љубов . А за моментите кои ми го скратиле животот, во наредна прилика , можеби .
Доволно се трагикомични ново компонираните, "модерни"имиња сами по себе, ама за да е впечатокот целосен треба и презимето да се чуе. Лаура Стојковска, Клаудија Петковска, Алекс Трајковски, Хектор Поповски ...Смејурии. Пресмешно и преглупо. Кој сака да се насмее нека ја отвори темата за имиња, додуша на моменти се и чудев.
Со секој изминат ден во оваа државичка, се повеќе посакувам да избегам од тука што може подалеку. Нормално ли е тоа? Не барам одговор, онака си прашав, може звучам како женските кога ќе прашаат ми сврши на гаќичките а денес ме боли стомакот, повраќам и како нешто да ми се движи околу папокот, нормално ли е тоа, бремена ли сум? Можеби овие желби ми се појавија со преминот на зима кон пролет а сега се наголемуваат со зголемувањето на температурите. Бидејќи ако бегам да избегам на некој остров, плажа, коктели, нуркање и се што оди со тоа. А јас да водам нешо као свој пица бар на плажа. Дека прогнозираа ќе врне па не ми текнува нешто пооригинално. Се читаме кога сонцето пак ќе опече.
СДК, ме фати форез за вино уште од рано-рано и на гладно испив една чаша. И сеа ми се врти малце. А треба да учам.
Еве баш референдум ќе распишам за као да ми се вика детето, за небитни особи да не ми лечат комлекси на него, па и дијагнози да ми поставуваат ... А малце себе у огледало една сеанса да си удрите, па може и една според името онака... Море мрш..
Многу ми се интересни оние луѓе кои ми вртат муабет и не сакаат да постават прашање туку чекаат ти да им го поставиш за да те замолат за услуга. Пример: Една другарка нема доволно пари за нешто да купи и ми вели: :"А,бе гледав една сукња, многу е убава ама не сум при пари. А,треба да одам на роденден" Јас: Е,па тоа е тоа. И ја гледам вака Знам што сака да и речам, да се сожалам : " Е, ајде јас ќе ти позајмам,без гајле, ќе ми ги вратиш" и сигурно ќе ја чекам. Инаку зема поголема плата од мојава, дечко и работи. Не бе, не и велам и точка. Не,само за неа. Кој и да било, дур не ми поставиш директно прашање НЕ ТИ СЕ ЗАМАРАМ !
СДК љубов е кога на внук ти му кажуваш дека ќе одиш на доктор, за проверка на крв, и те гледа со малите и насолзени очи, и те прашува дали ќе ти ја вратат крвта назад
Поминаа осум месеци од кога не сум била во таа населба,од кога не сум го видела него и тогаш кога мислев дека веќе не чуствувам ништо,го сретнав и го имав повторно истото старо добро познато чуство.Посакувам да го видев и да беше странец,но ете неможе некогаш и времето не лекува,чуствата траат засекогаш...Се надевав и верував дека нема љубов,но ете имало нешто внатре во мене.
Ако некој живее во стан, мора да сфати дека мора да ги прави следниве работи: - Да не пушта музика до даска, колку и да е часот. - Да му става маска на кучето зашто во 2 метра квадратни во лифт малку фали да те гризне, а нема каде да бегаш. Ова со маската општо важи, ама за во тесен простор е иритирачко ако нема маска. - Да не ја држи вратата од лифтот еден саат правејќи муабет со пријателот/ката што го/ја испраќа. - Да не го користи ходникот од зградата како паркинг за моторот. - Да не буши во 8 сабајле. Истиов комшија мислам дека 10 пати го има реновирано станот и секој втор месец по неколку дена по ред слушав бушење и тропање. - (за оние одговорните за истово) Влезната врата да не се заклучува кога домофонот не работи. Некој непознат ако сака да влезе ќе најде и друг начин, туку јас ако чекам некој треба да се симнувам да му отворам. Или да го поправат што побрзо. Истото и за светлата во ходник. Ако не можете да се придржувате до правилава, одете во куќа и во свој двор правете што сакате без да сметате на други. Па така моментално чекам да прекинат овие горе со диско забавата да можам да учам на раат. .
Едни над мене се ,,вселуваат” веќе 2 месеци.Од кога сме дојдени дење-ноќе они бушат и бушат и бушат.Се слуша ковање клинци.Пет пати ќе се вселеа до сега колку бука изнаслушав.
Откако се омажив, понекогаш ми фали мајка ми низ дома да и кажам: мамооооо каде ми е тоа и тоа? И она да го најде одма