Као безживотњак за серии ти предлагам да си ставиш TV time, ептен помага за организација. Отвораш и гледаш кои епизоди не ти се гледани, кои епизоди кога ќе излезат, кои серии ти ги предлага према тоа шо веќе имаш гледано. Сега додадена е и опција за филмови ама уште се тестира и многу често е багована. Имаш и вебсајт и апликација во плеј стор. Тв Тајм и Бруфен, поќе зборам за вас од вашите платени реклами. Тв Тајм, се шо барам е да постојш оти животот ми го смена. А, Бруфен, едно пакетче бруфенчиња нема да одбијам за то шо на сите ги делам ко бонбони. Фала, ама размислете за да ме спонзорирате.
Ја имам секако.Ептен ми врши работа.Ем едноставно се користи ем е практично.Плус во тек сум за секоја нова искочена епизода од моиве серии. И IMBD ja imam кога не знам веќе што да гледам па да најдам некоја серија. Симни ја таа.Имаш да одбереш што серии сакаш да гледаш и самото ти ги сортира, можеш и да рејтнуваш. Фала на препораката сепак.
Обично не ми е од помош зошто јас инстиктивно одбирам шо ќе гледам следно. то ми текнува шо сакам да кажам лол. Дечко ми: *предлог* многу ќе те бендиса да знајш, мораш да гледаш ко за тебе е. Јас: Аха ... Не. Јас (година и пол, две покасно): ЛЕЛЕ НАЈДОВ *то шо ми предложи нешто* ПРЕЈАКО Е МОРАШ ДА ГЛЕДАШ! Дечко ми:
Добро утро народе Имам осет дека времето брзо лета , ко вчера да беше 2010 година....случајно на Youtube ми е предложена песнава од евровизија. Не знам за вас, ама воопшто не се осеќам остарено, годините си минуваат , а јас ко да стојам во место со староста моја. Толку многу работи се издешаваа, промени, новости, а јас се осеќам ко вратена во младоста. Пак ќе спомнам промена на расположение, абе исто ко во пубертет да сум. Додека сите стареат физички и умствено, јас буквално стагнирам.....значи се си течи нормално со обврските , сите околу мене се менуваат, а не знам зошто никако да ми дојде на ум да размислувам за фамилија, за мажење и такви глупости. Ја гледам сестра ми од ко се породи има остарено, а она е буквално 4 години помлада од мене а изгледа постаро, други генерација моја ги гледам со брчки , половината од нив разведени али тоа е друг муабет, а мене никако да ми текне за некој чекор. Ај па мож после 10 години ќе остареам и јас штом уште се осеќам и не само осеќам туку и изгледам ко студент. Чудна работа, кој знае шо ми е. Ај да одам да се напијам чоколадно млеко .....дете едно
Само едно ќе кажам Луѓе ако сакате да се згазите од смеа читајте ја темата:https://forum.femina.mk/threads/Најпромашениот-подарок-кој-сте-го-добиле.4335/page-17 Пресмешно хахахааха Спојлер: Мое омилено
Се молат блогерките да почнат да се сликаат со реално носливи аутфити, а не само колку за добра слика. Не знам кој носи три сакоа иначе, едно запетлано, друго отпетлано, трето отпетлано и само наметнато и јакна одозгора но облечена само на едната рака .
Нема есен која не донела промени во мојот живот, убави. Мислам на видливи промени, значајни. Како преселби, нова работа, промена на ментално ниво, ....Ама оваа па, долго чекана, мислам дека сум подзаборавила од лани октомвриски, какво е чувството Ииии многу си го сакам животов. И кафе со лешник во мирно утро
Денес научив дека и имиња на луѓе почнуваат да се причина за нервоза кај некои личности. Мислам дајте бе луѓе, што ви менува вам во животот кој какво име ќе му стави на детето?! Ако сака Петре, ако сака и Обама ќе го крсти. Крај краева, имињата ги сакаме или ги нејќеме заради личноста која го носи а не заради тоа како звучи истото.
Широк сокак. Излегваш оти дома ако сејш ќе се напрајш ко улера во мозокот. И ојш по пато. И еве ви македонска логика: Катедрала,до катедралата казино, на едно пет чекори друго казино,а поодиш тро подолу обложувалница,а свртеш тро лево пет чекора опет кладилница. Одеш да попрајш точак. До точаците кладилница,до обложувалницата казино а преку џадето училиште и аптека. Сакате да ви кажам конекција според македонската логика на нештата?То ест балканската бидеќи нисмо једини. Епа вака ој то: Имаш две казина близу католичка црква така?Е са,влегваш в казино ја згрешваш работата ојш црква го бараш дедо Боже поможи и ојш останате паре да ги дајш во обложувалниците подолу надевајќи се дека на едното ливче Ливерпул ќе извај 3+,а на другото Ајакс х2. Додека ти се поправа точако ќе скокниш до кладилниџа да напишеш уште едно ливче и со добиените пари од некоја си претходна добивка ојш у казино ќе ги офуцкаш сите ојш до училиште да ја бараш наставничката кај ти беше памето ко мал и бидеќи душата си ја оддаде по казина и кладилници и неаш сила,тресе ти се руке и ојш до аптекана по лексилум за да мојш да се смириш и барем до дома ако не да дојш со точако. Ето.Кажав и останав жива
Богами пресмешно. Добро бе женски, кај ги закачувате клошариве? Па добро бе, ако немал пари, може да седне едно писмо нека го напише, па да фане со една свеќа изгори го од страна. Снајди се од интернет римувај два реда текст. Збор од срце ако ти значи девојката вреди повеќе од било кој материјален подарок... една ружа е 100 денари, тетките од цвеќарите коа ќе видат машко изгубено у свемирот како бара цвеќе и со тантели ќе го изврзат со светки со мириси, да ти е мерак да го однесеш. Сакам да кажам, шо генерациии ќе бевме, клошари неизживеани сме станати.
Значи многу подобро да каже најотворено стварно немам пари периодов, немам за поклон. Абе ако сака може да направи со 0 денари најпосебно на светов да се чувствуваш. Не можам да зборувам за секого, но за мене лично, имало моменти што многу повеќе ми значеле отколку било кој прескап поклон.
Ако, си се наоѓаат претпоставувам. Сум јадел корпи-корпишта, за по три дена со ропак да ја гледаме, со глупави кадри на слики на фб, со без везе. Ако, топ си е.
Да да, секако. Ние жениве немаме такви искуства кај шо ќе те мафта цело време и ќе заврши со друга. Ако и не идел во исто време со двете. Само вие кутрите напатени сте од нас. Нема врска тоа, има секакви мажи, има секакви жени. До човекот е, не до полот.
Има и такви, не глуми смарт. Има и такви на кои не сум им се допаднал јас со '90s музика туку некој со турбофолк, за по три дена да фатат некој бора ќорба типац со лажиче в уста и јамаха шестотка. Ако, во прилог ми е. Селекција. Не сакам да им се допаѓам нив. За нив е муабетов.