Толку блиску, а сепак далеку.. Познато ви е ова?? И таман си стигнала да него ете ти 10 телохранители...Од позади слушаш некој вели-"Тој стално бега вака" и се разочаруваш. Па стварно така беше...Си се качи во џипот и збриша..
Денеска цел ден у пижами Мајка ми иде и ми вика шо правеше ти денеска и јас ами ништо Нека живее мрзата
Скршеното срце мора да заздрави, а не континуирано да се конзумира отровот од истиот извор на ''љубов''. Само онаа болка која е прифатена како дел од животот, без омраза и каење, му дозволува на нашето срце вистински да заздрави и повторно да сака. А таквото срце со уште поголем интензитет чука. Силно, искрено и безрезервно... Чуството кога со секој здив, секој молекул, дишете и живеете за некого. Кога се топите во неговите прегратки и мислите дека цел живот сте биле тука. Неделите поминати покрај него како да се години, а месеците со него како да се децении. Срцево ми се исполни со топлина при гледањето на клипов. http://www.youtube.com/watch?v=XYKwqj5QViQ Љубов
Во дилема сум. Да пробам да се ослободам од лошата навика на станување зависна од одредени личности или да пробам да си ги налакирам ноктите? Некои избори не плашат, но колку што е страшен изборот, толку страшни се последиците. Поледиците од нашиот избор или последиците од тоа што не сме го избрале, сеедно. Запрепастувачки е како некогаш и покрај тоа што зраци од светлина ни ги бодат очите од еден правец, ние повторно се усмеруваме кон темнината. Зар ќе се обидеме на очите да им дадеме друга функција? И го исклучуваме мозокот, ги стишуваме сетилата, го иритираме срцето. Тогаш на ред доаѓаат надежите, љубовите, соновите. Контракции од морници на нежност ќе те усмерат кон едната патека. Каде ќе бидеш тогаш? Онаму каде што срцето ќе те одведе, онаму каде што тоа ќе може да се нахрани со сета безсуетна среќа, недопрена љубов и невиност. Тој избор е совршен, толку совршен што на овој свет носи како товар со себе и неизмерна тага. Иронично е како не учат да го отвораме срцето и да се водиме со сета љубов која тоа може да ја излее а сепак тој избор да не направи најтажното суштество во истиот миг кога ги отвораме и очите заедно со него. Ајде сега да не избираме со чувствување, ајде да размислиме, да разработите и разоткриеме. И тука седнуваш и мозокот почнува да ги преработува сите информации поврзани со нештото, секое зошто така, секое затоа што вака, секое пред, секое потоа. И така би можел и до бескрај, но се заморуваш па завршуваш со фразата – па да, најлогично би било така. И ете ти избор. И тој е правилен како и претходниот, а последиците? Жалам што неможам да одговорам на ова прашање, никогаш не сум одлучила да играм на картата на размислувањето. Сега некој постар би додал се во свое време, нели? Сеедно, фактот е дека има само два начини на избирање, се друго е црн хумор и вицеви. Хмммм па да, мојот избор, сепак би рекла е лакирање на нокти.
Е значи во право си. Да, не сум нормално девојче. Вчера имав... ц ц ц... ненормално огромен број на визии. И сега очекувам да се исполнат. Та-дам. I'm weird and I love it.
Се врати психопатот со хулахопките во инбокс да ровари.Да му се смучи на човек од такви глуперди што не знаат што со животот да направат.
Ми се чини дека Моментално читам... никогаш не била толку активна. Колку убаво А јас тотално се изолирам од светот додека читам, ништо не регистрирам околу мене. Мислам дека земјо и небо да се спои, јас нема да приметам. Само потонувам во приказната. Мајка ми пред некој ден ми вика: Треба да те снимам додека читаш, да видиш какви фаци правиш Мисли лесно е да те мава шок кога на сред книга ќе ти го убијат омилениот лик, или кога ќе дознаеш кој е убиецот
Внимавај што посакуваш можеби ќе ти се исполни Јас знаев што посакувам,но не внимавав дека ќе ми се исполни. Некои желби се навистина опасни,на пример желбата да се заљубиш,колку што е убава толку е и ризична. Имам едно проклетство во себе си,никогаш незнам целосно да уживам во моментот,да уживам во моменталната среќа во убавините на сегашноста. Во главата ми се отвараат безброј табови,несреќата ја исплакувам пред време. За кога ќе дојде да бидам подготвена. Конечно имам покрај себе некој што ме исполнува,инспирира...некој што ме буди секое утро,и ми кажува добра ноќ.....некој што знае да ми се јави во ниедно доба,само да ми го чуе гласот. Зарем тоа не беше мојот најголем сон ? Чувството да бидеш сакан. Колку вреди да си дозволиме целата среќа да ни зависи само од една личност ? Што ако еден ден,си замине... Што ако еден ден останеме сами.
Пак да се чека нели еднаш чекавме за одговор и некое време ни трага од одговор и сега ајде пак,нели неделава ке требаше да добиеме одговор чекам и чекам....... ееех па и јас уште има денови неделава ајде ке биде можеби ццц ова чекањево на одговор неисвесност аааххх...
Прво правило: веќе не гледам серии и не читам книги за патување низ времето. Осудени се на тажен крај. А чисто информаривно, плачам на филмчиња и книгички многу често во последно време.
Колку една жива свирка на отворено, го менува расположението ...среќно ,разиграно ,исполенто . Иако немаше 70 000 колку што имало некна на тој Жељковиот, беше одлично ..... додека BETA HOUSE пеат `Ти ќе бидеш моја кога лисјата.....`,неговата насмевка мојот цикламест коктел, љубовта кон музиката и моментот- посебен , на кој некогаш кога ќе остареме ќе се потсетиме со задоволство.