Си ја најдов песната што некое време знаев да ја начекам на радио, и тоа се' при крај, пред да успеам да уклучам Shazam. Радости
Наречете ме себична, но во изминативе година и пол почнав да го ставам сопствениот интерес пред туѓиот. Почнав да ги селектирам луѓето околу мене и да се водам по принцип “не ме почитуваш,па ниту јас тебе”. Држам контакт со оние со кои сметам дека треба, ги избегавам тие другите. Се дистанцирам од токсични личности полни со негатива. И океј ми е. Само едино не ми е океј шо некои личности ги засакувам, а спаѓаат во оваа лошата категорија. Па ми фалат понекогаш. Но, и во тој поглед сум себична. Кон себе. Се навикнувам да живеам без нив. Посакувам од порано да бев ваква. Да не се дружев со погрешни. Но, се е лекција.
Ич нејќам луѓе кога се влечкаат мејл да одговорат. За конкретно прашање им треба денови и денови, а ти седиш и проверуваш мејл на три минути зашто од нивниот одговор треба време да го организираш. И така еве рефреш на рипит.... Среда ли е вторник ли е, збунети сме. Два дена по ред се будам сат време пред алармот и сонувам некои глупости. Другарка ми драми без врска, дм има некои тантруми од досада, јас си гледам That's the 70s на Нетфликс зашто не ми текнуваше како идеше приказната и така. Ми фали некоја мачка за гњавење, една нема тука на улица да ја размазам. Нејсе, утре имаме некоја мини роденденска прослава на работа, колешката ми вети магични сирења, салати и вино ќе имало така да добри сме. Кафето испиено, ајде сега работно.
Секој нов ден слушам нешто ново што ми прави да изгубам надеж за човештвото. Вчера слушнав дека две 17 годишни девојчиња имале тројка со 45 годишен маж, за кој единственото нешто што го знаеле е дека е женет со деца. Ни име, ни ништо. Тој е виновен што се впушта во такви односи со индивидуи на кои може да им биде буквално татко и плус се малолетни е една ствар, друга ствар е што една од малолетничките тоа го оцени како особено прекрасно искуство бидејќи не му ни знаеле име, само знаеле дека жена му ја вара со нив. И-у. Wrong on so many fucking levels. И после оу не добив СПБ, епа нормално дека доби СПБ бе срце.
Развив фетиш на скапоцени камења. До тој степен што можам да се ѕверам во длабока хипноза еден час. Другарка веќе извесен период купува и колекционира такви предмети и не знам како дојдовме до муабет да ми ги даде неколку дена, зошто демек биле катализатори на енергија (or whatever). Вика еве ти, чувај ги на светлина три дена и врати ми ги. Иии... Значи не знам како да објаснам. Ги испоредив до прозорот во соба, над орманот, на бирото, ѕидот... Испозакачив и пердуви во собата на беливе досадни ѕидови за повпечатлив тон. (Моите на времето у младост беа хипици па, пердувите од нив). Запалив миризливи стапчиња и го контемплирав универзумот. Другар ми дојде вчера, и реакцијата му беше следна: Аnd I can't blame him... Не знам што е периодов. Не сум религиски или духовно настроена. Едноставно, убаво се осеќам вo ваква боемска атмосфера. Ќе помине за некој месец, а меѓувреме на другарка ми никад нема да и ги вратам камењата. Ако ме бара ќе речам дека сум се преселила во Њујорк, а материјалите ми ги заплениле на аеродром. Сега одам да запалам оган пред зграда и заиграм едно келтско оро. Се читаме во нареден живот, зз.
СДК ... уствари да прашам- дали во денешно време, година 2020, со постојни сознанија и закони, во ред да постои тема за гатачки и бајачки?
Културно е да се врати на некои пораки како на честитки на пример, ама што знаат некои луѓе што е култура?
На Јутубов има луѓе шо се шминкаат, шо јадат ко стоки, шо го продаваат животот на децата од раѓање, шо готват, шо чистат по дома, шо цртаат, шо бојат, шо праат софт порн видеа, шо праат инцест пранкови, али некој да ми каеше дека ќе има видеа кај шо ќе идат по рандом дуќани и ќе ги средуваат и редат рафтовите, до сеа милионерка ќе бев.
1000 постови на Фемина. Фала ви што ме трпите Во иднина ветувам да ве замарам уште повеќе. Вечерва се пие на моја сметка
Јас знам. Во наталната карта ми било пишано дека во минатиот живот сум била машко и дека во овој живот за инат ќе сум женско и ќе морам да си ги отплатам кармичките долгови од минатиот живот. Ај што е тешко ама претешко е, до тој степен што за сите гревови мораш да отплатиш во нареден живот, пу јзк
Во Македонија, законски, возраст за давање согласност е 14. Нема никаков криминал во ова. А користењето кондоми е прашање на едукација и одговорност. За моралноста на чинот, нема да расправам, оти немаат сите ист морален концепт. https://forum.femina.mk/threads/Возраст-за-давање-согласност-за-сексуален-акт.29221/
Имам многу, многу маани. Само неколку добри карактеристики. Една од нив е што не паѓам на ниски провокации од луѓе кои веќе не ги сметам за живи. Ако го избришам некој од животов може на глава после да застане со арно или лошо - исто како да не постои. Со лесно на една личност која вчера доцна си го однесе - да не се повториш.
Законската регулатива е чиста фарса. По сите етички, морални и животни догми ова е едноставно одвратно. Тоа се сеуште деца бе Валјд, со тело кое сеуште се оформува, со ментален склоп кој сеуште се оформува. У тој процес сигурно никакво позитивно влијание нема да има сексот со 45 годишен вол со ментални проблеми и средовечни фрустрации. Јебеш закон.