Се гордеам со кецот по социологија кој го добив директно со пенкало во дневник затоа што не знаев кој е претседател на државата. Фала ти животе што никогаш не се заинтересирав.
Видов дека Кајли Џенер со ќерката се сликале за Воуг Чехословакија. Малце ми падна чудно зошто го водат уште така, а не посебно. Да не има и Воуг Југославија случајно?
Ова со Короната ми е нешто неразбирливо. Се збираат по 150 души на секакви слави, родендени, Ифтари, Велигдени. Народот се опушти. Тоа е. И јас се отпуштив можеби. Ама носам маска и се мијам раци. И бегам од други луѓе. Дали на улица, дали у маркет, сеедно. Ама, не знам што се деси после Рамазан. Едноставно има нешто. Бројките рапидно растат, не се кажуваат контакти, се даваат лажни адреси. Што се дешава со оваа група на граѓани? Зошто имаат чувство дека се супериорини над законот? Дали реалноста е така? Знаете, испаѓа дека е ова она „и покрај сувото и сировото гори“. И тие што најпазат и тие ќе се заразат. Џабе е се. Крајно сум разочарана. Нема иднина тука. Нема иднина од народот. Сега е вака, не пак за 20 години. Овој ли е тој соживот, ова ли е тоа што сите го бараме? Очигледно некоја група народ се у филм и се кријат и мислат така ќе се заштитат. Не луѓе, само полошо си правите. Вирусот не гледа дали си над законот или криеш адреси.
Денеска добив охрабрување од драги луѓе. Дека треба да преземам еден чекор за кој размислувам веќе подолго време, но никако целосно да соберам храброст. Џабе е колку и да слушам, ако сама не тргнам кон остварување на целта. Одложував за утре, за задутре, но веќе нема да биде така. Ќе ја зграпчам среќата за која знам дека ми припаѓа, зашто работев долго и напорно за ова. Проминент, можеш ти
Аκо станува збоρ за филм, нема потρеба, бидејќи има доволно κандидати за машκа и женсκа улога. Аκо е ρеалност тешκо е замисливо, бидејќи од еден сталеж до дρуг не се стигнува пρеκу ноќ.
Понекад тенка е линијата меѓу политичка коректност и цензура/контрола на говор. А у последно време ми е преку кур што сум “политички некоректна” и мислам дека сум опкружена со ретардирани хиперсензитивни луѓе. There, I said it.
Кога народот ќе сфати дека сите политичари се исти *****? Очи ви бодат бе. Не знам како застанувате да ги браните уште. Та едните та другите. Ај сеа, овците, вмро, да ги прашаме кај им е Николче?
Не можам да замислам. Не сме припадници на колонизаторска нација. Ај вака да пробаме, а? https://merrynallingham.com/19th-20th-century/slavery-in-the-ottoman-empire/
Прво, да се извинам што овде ќе го цитирам постот, но го земам како пример Нема ден да не отворам на форумов, а да не прочитам некоја тешка небулоза. Ме интересира, дали знаете што се' спаѓа во сексуално насилство? Дали знаела девојкава дека ова е силување? Дали им кажала на родителите? Дали со родителите воопшто зборувала за секс и сексуално насилство? Какви родители имаат децата? Какви се децата кои се производ на таквите родители? Кој ќе ни ги воспита децата, ако не ние сами? Очајно ни фали сексуална едукација во школите. Религијата не е стигматизирана па да се изучува и во школо. Сите сме доволно информирани за цркви, џамии, синагоги и религии, за заштита од СПБ и здрава сексуалност не сте. Каков свет сакаме да имаме? Ќе го перпетуираме ли незнаењето и ќе си ги жртвуваме децата заради срам и стигма? Што е повредно? Здравјето на сопственото дете, или предрасудите? Толку многу прашања, а толку малку одговори... Не е смешно да зборуваме за секс, тажно е да не зборуваме сериозно за секс и сите производи од него: позитивни и негативни. ... затоа што ќе ни се повторуваат грешки до недоглед.
Се е до родителите. Колку ќе те едуцираат и ќе ти објаснат за секс. Дека не е страшно и да згрешиш ама да признаеш вака беше така беше. Повеќето деца што се тепани мислат дека пак ќе јадат ќотек си имаат трауми и си ќутат не кажуваат.
Терапија ми се муабетите во кола со татко ми. Се надевам дека го знае тоа и уште повеќе се надевам дека нема да го разочарам.
Секоја вечер сонувам некои интересни соништа. Секое утро памтам што сум сонувала, некои сонови дури засекогаш ми остануваат во меморија. Најмногу го сонувам она што не сакам да си го признаам, а толку ми е навлезено в срж што потсвеста секогаш го манифестира преку сон. Мозоков турбо ми работи дури и кога спијам. Минатава ноќ сонував еден од соновите што засекогаш се паметат. Толку ми беше криво кога се разбудив и сфатив дека е само сон. Колку бев среќна и исполнета, се смеевме заедно... Можеби во реалноста само донекаде е така, ама сонов беше a whole new level. Можеби далечината го прави сето ова и фактот што едвај чекам да си дојдиш.
Ова мало надежно врапче,трагично спасено од мачка моментално ми е гостинче. Сакало да лета по мајка му ама не може уште е малечко. Ми се стопли срцето, го храниме со шприц за неколку дена ќе го вратиме на мајка
Јас сонував ноќва дека 8 мл хијалурон ми вбризгале во уста Па било баш " тврдо" и сум планирала да одам на корекција. Бог да чува. Сонувам обично за моите грижи и неразрешени ситуации од минатото. Последниве 2-3 години стотици пати повторениот сон дека сум назад во средно или факс или чак основно, и имам уште нешто да дозавршам, не е готово. О заостанувам зад другите. Тек откако нострифицирав престана сонот Ќерка ми еден период се истренира себе да има луцидни сонови. И и се случуваа скоро секоја вечер. Љубоморна и бев дури.how cool is that?