Накратко... Има гени кои ставени во друга генетска средина се однесуваат поразлично од онаа од која потекнуваат. Можат да го направат растението инвазивен вид, да се соединат со друг ген и да кодираат синтеза на некои токсини. Или да пореметат цела еволуција земајќи ги во предвид еволутивните приспособувања кои ги стекнале преку некои метаболити. (феноли, пигменти) Имаш и растенија кои е невозможно да ги модифицираш зашто имаат многу селективни ензими кои веднаш ги разрадуваат туѓите гени. И тие регулативи се за тоа, да се знае кој ген, како, каде се става, каков ефект има фенотипски и во однос на другите гени. А имаш и такви кои овозможуваат на пример синтеза на некој витамин кој го нема во ниеден вид во таа област или други корисни соединенија без притоа да имаат сајд ефекти.
Прочитај ти за регулативите и за Кинезот, после ќе ми кажеш Ко ќе имаш дупло од моето искуство на пример Фала @Tan4ence на објаснувањето ама мене реторичко ми беше прашањето. Инаку, убаво објаснето
А со тоа и убрзано зголемување на бројот на луѓе на Земјата. Да не беше ГМО немаше до толку да биде пренаселена планетава. Пак ќе имаше гладни. Факт е дека произведуваме повеќе од доволно храна да нема ни еден гладен човек на планетава. Исто е и факт дека таа храна не завршува во вистинските раце. Ама премногу храна е премногу храна, и популација која е слободна да расте затоа што има премногу храна. Повеќе луѓе се раѓаат за да може да ја произведат таа „повеќе храна“ и да ги задоволат „производствените потреби“ иако произведуваме многу многу повеќе храна од што ни е потребно. И затоа е пренаселена планетата. Неслучајно рапидниот раст на населението се поклопува со напредок на земјоделството и носи корени уште од агрикултурната револуција. Немаме потреба од повеќе храна, имаме потреба од подобра распределба над таа храна. Милиони полиња по Чиле, Перу и други делови од Јужна Америка и Азија се посадени со растенија за храна која се извезува во Америка и Европа, а народот гладува. Милиони хектари од Амазон се уништени за да се исхрани Америка и Европа. Не им треба на тие луѓе ГМО. Тие луѓе со години наназад живееле без ГМО. Им треба само да можат на земјата која ја имаат да посадат растенија за сопствена исхрана, а не да хранат говеда во фарми во Америка за да може еден просечен Американец на мира во Мекдоналдс да јаде.
Немам намера да се занимавам со нешто што не е човечка работа. Немам намера да читам луѓе кои изиграваат Бог. Имам колку толу природна храна која сам ја одгледувам, имам здравје од Бог дадено кое го чувам со тоа што водам што е можно поздрав начин на живот и со тоа си го зголемувам процентот да создадам што е можно поздраво потомство.. Немам намера да нарачувам бебе од лабораторија, ниту пак храна. Сепак останало малку морални вредности во светот и гледаш на три години го осудиле а би требало многу повеќе.
Не е исто генетска манипулација на луѓе и растение. Иако гледам, доста ефтино е и сам да си правиш дома генетска манипулација Unnatural selection Не филозофирав, си кажав став. Епа ајде нека прекинат да користат ГМО, па ти после објаснувај им на луѓето, зошто нема храна за нив. Шо велиш?
За муабето со зимницата, ние прајме ради то да знајме шо има внатре и за вкус. Ни еден купечки ајвар не ми е на вкус ко тој дома шо го јадиме. И на друго место да јадам не ми е ист ко овај дома шо прајме. Да не зборам за цела др зимница шо ни е апла по вкус и персонализирана. Значи не зборам само за лушпи и семки туку колку сол, колку масло, колку пржен. Во поглед храна, сезонска храна е најдобра ( овошје и зеленчук) али куц туц исклучок од то не е на одмет. Од еден домат на зима не се умира. Ако можиш да го изедиш. Мене гаден ми е, лично.
Искрено да можам да си изберам меѓу храна со вистински мирис и вкус на таа храна и храна што повеќе се осеќа како пластика, се знае што ќе одберам. Колку би сакала да имам бавча, како и да се сврти нема поубаво од свое одгледано, ако имаш можности нормално. Инаку како станавте сите експерти за гмо, од гугл?
Потполно се согласувам со @theowndemon, башка да не заборавиме дека цената на зеленчукот во зима е "ѓаол и пол". Да де, некој си имаат и си даваат но, нема допирна точка со вкусот на доматот еве, што го јадиме периодов. Башка, во зима не ми се јади ни краставица ни пиперка ни ништо. Самиот организам е усогласен со поднебјето каде што живееме. Лубеница на пример во зима. Не! Но затоа кисела краставичка, ајвар или зелка туршија оди. Во врска со муабетот за ГМО не сум доволно запознаена и не би коментирала. Претпоставувам има степени колку тоа се прави и е штетно право пропорционално со степенот. Генетски е модифицирано што? Има гени за големина, облик, боја и така натаму.
Таман начекав малку слободно време и сакав да темава да напишам нешто поемотивно, нешто што ми лежи на срце веќе подолго време ама сите сте удриле на домаќински муабети и не сакам да ви улетам ко партибрејкерски падобранец На темата, ајвар многу сакам ама ми прави страшни киселини и го избегнувам, инаку би се удавила во него. Особено во оној што е само од црвени пиперки. Њам-Њам. Кисело не јадам воопшто така да туршија јок, освен кисели краставички во руска салата. Од сите купечки, тие од Мамас се највкусни. Домашен мармалад од сливи, ореви и рум е нешто најубаво што сум пробала Засега толку, отидов во темите за серии, бидете ми поздравени
И сега да продолжиме со зимницава ние што сакаме да правиме или старовремски е? Многу озбилно влеговте на тема ко зимница
Јас не сакам да правам ама сакам да јадам, еве признавам. Ако нема друго, може и од маркет, не се бунам. Има такви што можат да им парираат и на домашните.
Сериозно за ова мислите дека има правилно и погрешно? Леле бе луѓе, кој каква сака зимница нека си јаде. На кој му е по мерак купечка, нека купува. Кој сака сам да си прави, нека прави. Стварно е без врска за вакво нешто да се убедуваме. Па уште едните да испаѓаат мрзливи, а другиве само за домаќинлук знаат. Најбитно е да си имате она што ви е по ќејф за јадење, па за другите не берете гајле.
Паркаши се побетер од гасери! Одам по улица, бев облечена спортски и едни две девојчиња почнаа да ми коментираат ЛеЛе ГаСеРкАа ОмГ!! Ги гледам и им викам бар не сум облечена ко табла за шах, автоматски се заќутеа и си продолжија...