Апсолутно е контрадикторно. Не ме сфаќај грешно и против ова со кафичите сум. Ама едното не го исклучва другото.
@Billy Idol не мешај неефективност на мерки со неефективност на маски, скроз различна дискусија е. Навредливо и глупаво е, во најмала рака (а имам уште куп епитети), да се лупам во гради како не можам да носам маска, т.е не сакам зашто Не Е КоМфоРно (и зашто не сум непросветлена офца, да не заборавиме) дур медицинскиот персонал шета со рани од опрема, дур болниците се преполни, и дур народот умира.
Неефективни мерки носат револт кај народот. Доколку истите се насочени на правото место и имаат цел да заштитат, а не да полнат буџет, пандемијата немаше да се прошири на ова ниво. Јасно е изречено дека влегување во затворена просторија без маска е казниво со закон за тој што не носи маска и за фирмата што го примила да влезе без маска. Зошто не се применува овој закон? Еднаш нека се примени и секој сопственик на фирма ќе ги стегне условите, секое продавниче нема да пушти никој без маска внатре, па да видиш како ќе носат. Зошто дозволија правење на свадби, матурски, родендени и други веселби по кафичи, ресторани и на крај се замижуваше пред истото? Зошто летово дозволија секакви слободи во Охрид, забави, групни собирања и што се не? Зошто дозволија концерти во Скопје и реагираа на истите тек кога ќе се кренеше медиумска фама? Или сакаш да кажеш дека овие од влада се слепи и глуви и ништо не знаат? Знаеш колку клубови беа и сеуште се полни со забави и журки секој викенд во Струмица, Штип, Охрид, Тетово? Сакаш да кажеш дека и за ова не знаат? Или не знаат за албанското собирање на празници-мазници, за непочитување на никакви закони од нивна страна како да не постои вирус? Уствари земи излези и ќе видиш дека надвор е како да не постои вирус и во албанска, и во македонска и во ромска и во било каква средина... И ти тука сакаш да ми кажеш дека болниците се полни само и само затоа што на народот не му се носело маски, а не затоа што законот е селективен и на велико се прекршува кога е во корист на некого, а на штета на другиот? Сакаш да ми кажеш дека тие што повикуваа на митинзи, кампањи цело лето и есен, правеа масовни собири низ градови и сеуште прават ги заболе за твоето здравје? Тие што не можеа луѓето да ги задржат во карантини и им се шетаат заболени слободно низ град иако се под полициски надзор? Оставени сме сами на себе одамна. И на сопствената свест и одговорност. А за жал истата е ниска, и тоа е тоа. Се друго е мачкање очи...
СДК дека државава нема авторитет над своите граѓани, а камо ли да биди некаков фактор во светски рамки. Која смешка сме еј!
И што, решението е да не носиш маска? Жити револтот и просветленоста. И јас сум исфрустрирана што не се спроведуват мерките како што треба и што не се казнува, ама не го користам тоа како изговор да носам маска под нос/под брада/во џеб, или воопшто да не носам и да ги правам овци тие што почитуваат мерки. Едното не го исклучува другото, ти напишаа веќе. И не, не зборам за отворен простор кај што нема никој, ти прв го спомна тоа. Ко да е нешто ново неносењето. Не знам дали ме читаш, ми го носиш зборот во правец за кој немам намера да дискутирам, мислам и повеќе од јасно е што сакав да кажам. Нема потреба понатаму да тупиме во СДК за ова.
Македонецот има attention span од 20 минути. Повеќе од тоа ако размислува за некој проблем, куршлус му прат синапсите, и ако не прекини, може да не мој да се поврати себе си после...
Па ете кажав погоре дека решението е конечно применување ригорозно на мерките за претпазливост и законите против групирање, дистанца, рано детектирање на контакти до 2 колено со заболен и карантин за истите... Обавезно носење на маски во затворени простории како работа, маркети, шопинг молови и сите останати групни собирања. А не носење на популистички мерки како викенд без ддв каде ги собравме граѓаните во моловите на куп, па сега се чудиме зошто се покачил бројот На овој начин, Виетнам, една од ретките земји со најмалку заболени и ниту еден починат случај го спречи вирусот. Ама добро, ако мислиш дека закон за носење на маски на отворено ќе спречи ширење на вирусот пошто "летал", се надевам дека си во право и за 2 недели од денес ќе се намалат заразените. И се разбира дека јас прв го спомнав ова, затоа што јас пишав своја критика за новиот закон за маски, а не за тоа колку се/не се ефективни маските при заштита, а ти ме цитираше. Секако темава не е да се шири во СДК, па ако ти се разглаба за мерки кои ќе имаат ефективност можеме да ја продолжиме на правото место.
Кога ќе видам индиректно боцкање во неколку последователни постови на форумов . Друго што сакав да кажам. Многу им се восхитувам на луѓе што од никаков проблем прават драма, создаваат причина за расправија и инстантно прекинуваат комуникација, а некако, другата страна е крива.Ама секогаш.Мислам, се погледнуваат ли себеси некогаш?
Овчилки да бидеме сите ? Па ти треба сама да си свесна дека маската како прво ја носиш за свое добро посебно тие до респираторни проблеми . Да и јас не сакам да носам маска тешко ми е да дишам во неа ама носам две маски за додатна заштита и тоа е тоа ,не верувам дека некој ужива да носи маска . А тие што имаат нешто хронично посебно респираторни проблеми треба најмногу да внимаваат . Јас имам лупус и не ми е сеедно кога ќе видам некој без маска не сакам да се приближувам до никој.
Маската не го штити оној кој ја носи, освен таа 95 нешто, која пак го штити тој што ја носи ама не другите И така...
Од кај знам зошто. Така ни кажаа, јас носам маска да те заштитам тебе, ти да ме заштитиш мене. Така сите носиме маски и се штитиме. Пишувано е на темата. Повели https://www.hopkinsmedicine.org/hea.../coronavirus-face-masks-what-you-need-to-know
Материјал е, нема филтри кои прочистуваат при дишење или издишување, ако блокира твои капки, ќе блокира и туѓи кои идат накај тебе. Барем одреден процент. Не те штити на очи и од чепкање предмети па нос, очи, уста. Затоа треба сите да носиме ако сакаме да има ефект.
Да се надоврзам нема 100% заштита, маската е некое намалување на ризик. Ни со N95, пак има 5% нефилтрирани честици. Логично, ако двете носиме, твојот здив поминува преку твојата маска, па доаѓа до мојата. Ризикот е значително помал ако една од нас е заразена, да минува низ две маски капката отколку низ една. А ако воопшто не носиш, тогаш и низ една бариера нема да помине. Инаку N95 со вентил се тие што не го штитат другиот, туку само тој што носи. Има и без вентил, ама потешко е дишењето низ нив. @Biljarkata
Поправка: Ако научиме не да ни биде доволен одговор. Наместо да бараме објаснување се ќе биде полесно.
Така е. Но тоа бара емпатија и способност да се поставиме на местото на другиот, барем за момент. За жал, не сум сигурна дека сите ја имаат таа способност
Решив да цртам. Нешто се влоши кај татко ми, велат е нормално по операција. Но зс мене не е. Анксиозност на НИВОУ.
https://forum.femina.mk/threads/Што-би-си-кажале.31762/ Фала ви на сите што ме поддржувате секојдневно во мојава тема