Значи најмногу што ми фали е друштво. Со оваа корона аман веќе. Си имам 4 блиски другарки и сакам да сум во контакт, да излегуваме. А, не вака. А од др страна, треба дечко веќе.... Ајде, не е дојдено времето се тешам. И ко ќе речам дека нема понапнат народ од Скопјаништана.... Таа средина толку ме направи бесчувствитела, бев оставена сама на себе, буквално, сама морав да се снајдам во секоја ситуација. Посебична сум ко ќе сум во Скопје дефинитивно. Овде, дома, дишам, живеам, пркнувам, ми се враќа свежината на лицето... Се надевам коцките ќе се наредат.
Страшна е опсесијава на луѓево Аријана Гранде. Типката извади нов спот и сега сите се тепаат да личат на неа, шминка, коса, склопуваат аутфити, го имититраат нејзиниот глас дури буквално се "маскирани" во неа, се форсираат со објавување слики секојдневно од неа. Крипи е. И така се до наредниот спот..
Не знам зошто продолжувам да си ја бранам својата кауза на луѓе кои воопшто не ми значат. Да се правдам за моите постапки, цели, гледишта. Ме немаше долго време на форумов, живеев во реалниот свет. Но, пандемијава ме натера да барам разговор, макар во виртуелноста. Човек сум, јебига. Се надевам дека за некое време, ќе продолжиме да живееме нормален и досаден живот, за јас да се вратам во реалноста, со оние правите личности, кои ме сакаат и почитуваат. Затоа и го обожавам реалниот свет, можеш да бираш со кого комуницираш, останатото да го игнорираш. Но тука не е така. Се некако ми е вештачко, вештачки морали. Чуму анонимност, ако и на еден форум, се живее во лага. Самата дискусија би била различна. Ама тоа е синдромот наш, на македончињата, пред монитор лаат, во лице се смешкаат, аууу мации, шубај ти се штикличките. Бљак едноставно.
-“Не сакааааам Локдааааууун!!!“ -“Епа не се мешај со луѓе“-“Ти се обидуваш да ми ускратиш праваааа“ -“Не јас, Короната! Состави комитет и оди буни се кај нејзе!“ ======================= Може не е за овде постов... може е за на: Коронавирус – да се насмееме малку на своја сметка
Ајде Ќе биде идеално барем за ден и јас да немам филтер, да си кажам што ми лежи на душа. Само да не се каам после
Има шанси и да се каеш. Ако не си спремен за последици, поарно да не велиш ништо. Мислам дека е најдобро да си нешто измеѓу... урамнотежено
Така е, ама рамнотежата е најтешка. А кај мене е секогаш црно или бело, нема помеѓу. Или молчам или кажувам се'.