Не сме егоисти не си во право,само сме реални и ја кажуваме вистината,а не секој е спремен за неа. Зарем треба вечито да се лажеме?! Ако не бидеш ти таа што треба да кажеш некому нешто,некој друг ќе каже и ќе испаднеш виновна што си сокрила нешто. Е тоа повеќе боли отколку реалноста и вистината. Така да,сите лицемерни и дволични луѓе ги броиш колку прстите на рацете и прстите на нозете,па и пошироко. Оди изброј ги брутално искрените луѓе на прсти да те видам. Жално е да се чита како искрените луѓе се лоши,а лошите добри. Жално.
Не е лошо да си искрен. Лошо е да си безобразен и "бРуТаЛнАтА иСкРеНоСт" да му е "дозвола" за да се то шо се - кретени кои навредуваат. "Брутално искрена сум, не можев да преќутам". Не лол. Искреноста можи многу поинаку да биди искажана. А поќето шо си лепат сами тој надимак, потпаѓаат под стереотипот. Едит. И некој ако не е спремен за возвишената реалност, спреми го прво. Избери и зборој. Али полесно е да си бРуТаЛнО искрен. Оти е дозвола за да навредиш.
Брутална искреност подразбира да си кажуваш отворено што мислиш и како е правилно. А ти го направи како да најлошото нешто на светот,а лошото добро. Лицемерието и дволичноста не навредуваат?! Тие не знаат за осет пред се,за срам а за почит да не зборам. Со брутално искрените луѓе тоа не го имаш затоа што тие отворено ќе ти кажат што мислат. Лошо си го сфатила.
Драга Бубаче. Не реков дека е подобро да си лицемерен и "лош" шо е инаку многу субјективен збор. Ама барем со нив на чисто си и можиш навреме да се тргниш. Ти гарантирам дека немам грешно сфатено зошто ова е долго, минато искуство, а ти вака реагираш зошто го сфаќаш лично. Искреноста е едно нешто. И многу ценето. бРуТаЛнАтА иСкРеНоСт е бљувотина шо дава "амин" на луѓе да повредват други луѓе без да размислат јер они се брутално искрени пеер. Као искрена сум, добра сум, ти си слабак шо не е спремен да слушниш вистината. То е инаку, знак на егоизам и возвишеност. Holier than thou менталитет. Исто така овие личности никогаш не се криви. Другите ги хејтаат јер тие се бРуТаЛнО искрени. Егоисти. Ништо друго.
Не јас ништо лично не сфаќам и јас имам минато ама ти гарантирам дека еден ден да седнеш со брутално искрени личности да пиеш кафе нема да сакаш со никој друг потоа бидејќи никогаш нема да те издадат или излажат,за разлика од другите кои ги величаш. Твој избор.
Никој не е должен да те прифаќа ако не му одговараш. Веројатно избираш и ти кои луѓе се околу тебе, не се дружиш со секој некој.
@buba4e89, зошто мислиш дека ако ти кажеш нешто си брутално искрена и другите не можат да го поднесат тоа, а истовремено некој кога е исто брутално искрен спрема тебе ти го отфрлаш тоа под изговори дека си навредена, нападната итн? Можеби и твојата брутална искреност е навредувачка за некого, а по твој суд не е навреда. Зарем не испаѓа дека и ти не можеш да поднесеш брутална искреност? Јас те разбирам дека сакаш да кажеш дека не треба да дозволиш никој да те гази и да зборува во твое име, но ти не дозволуваш никаква забелешка да ти се даде бидејќи одма тоа е навреда. Не се ни обидуваш да сфатиш кој што ти вели, затоа што тргаш од став дека си секогаш во право и дека никако не грешиш, макар ни несвесно и мислиш дека така покажуваш дека не може никој да те „гази". Во суштина, не даваш простор за друга интерпретација, оти само твојата интерпретација е точна, што ја прави дискусијата многу тешка, ако не и невозможна, бидејќи е еднострана. Еве и ова ќе го сфатиш ко напад и навреда, ама ајде, како и да е.
Имам седено. Не фала. Неќам да гледам како буквално прат булинг на тие околу мене под превез дека они се добронамерни и искрени.
Епа зошто си на форум ондак? Не сфаќам ништо како напад, ако не може да се прифати вистината се гледа како напад и навреда. Толку. Епа не си седнала со вистинските извини, со лажно бруталните си седела. Ама не може да ги правиш лошите добри,а добрите лоши. Мислам погрешно е тотално. И за крај вистината е една и правилна,друго се е лага. Секој избира во што ќе верува.
Форумот никако не го сфаќам како лично опкружување, некаква блискост или дека ми е битно каков однос имам со која членка Не знам кој би го сфаќал така, тотално нереална перцепција е тоа
Слушај, ти си ја знаеш твојата вистина, туѓата не. Затоа, не е една. Не можеш ти да зборуваш за било чија вистина, кога на никого не знаеш што му се случува зад затворени врати. Така да, држи се за вистината во ТВОЈОТ живот. Само таму.
Не постои нешто како брутална искреност. Измишљотина во последниве години за тоа да се биде дрзок, безосетен и безобразен. Одберете да бидете добри луѓе, "брутално искрени" мај ес
Брутално искрен е блага верзија и утеха за тоа дека некој е крајно безобразен и без осет. Да, и јас сум искрена ама, кога сметам дека треба и пред луѓе што долго ме знаат. А, имам осет и емпатија прво, па после искреност. Ако некој не е искрен не значи по дифолт дека е лицемерен.
Тие"брутално искрени" персони имаат една маана, искреноста кога доаѓа од некој друг ја сметаат за навреда и напад. Fuck logic
Сакам да кажам грешна тема отворив денес. Барам да се дефинира шо е нормално и нормалност, а требаше да дам приоритет на субјективна вистина. Oh well.