Може да прашам зошто постои јавен профил на инстаграм каде тинејџери сликаат/снимаат рандом други тинејџери низ град и бараат информации(име презиме) за нив, означувајќи ја точната локација каде и во колку саат ги виделе...јавно? Ох Господе дали ќе им текне поголема глупост?
Не знам од кај да почнам, ама знам дека морам од негде. Премногу е застапено насилството во врските, а премалку се зборува за истото. Секој, ама баш секој може да е жртвата. Без разлика на возраста, образованието или самосвесноста. Правила, нема! Јас, јас мислев никогаш нема да бидам жртва. Ама без разлика на претходно набројаните критериуми, бев. Ми помогна темата: https://forum.femina.mk/threads/Здрава-врска.31921/ А и низа други теми или неповрзани муабети, во кои пронајдов жртви, преживеани, некои свесни, а некои за жал и не. Знам дека е ова малку, само уште еден пост во темата, ама сакам да имам сила да направам многу повеќе. Засега ќе бидам пресреќна, ако барем на една, успеам да ѝ ги отворам очите. Баш како што вие ми ги отворивте мене.
Лол, гледај на позитивната страна. Ќе се врати времето кога си најјачи фраер во маало само затоа што пушиш Marlboro. Уствари тоа ќе биде нов стандард за спонзорушите, фраерка или фраер што ќе пуши купечка цигара на неа да се лепат.
Мене па ме интересира и да ја најдат личноста, шо после? Си го/ја видел/а, не сте имале прилика да зборите, тераш даље. Сум видела куп убави машки па ни на крај памет не ми дошло да го сликам или барам така очајно кој е да го најдат. Пошто баш патетики и очај ми е тоа сликање и барање на рандом луѓе.
Добро утро! Голем поздрав до сите наши сограѓанки денес што ќе качат 1.5 кг од пача и од понеделник „почнуваат“ со диета.
Постои нова серија кај шо не се спомнуваат маски и корона? Пушташ да се релаксираш и да избегаш малку од реалноста, а и таму то е главна тема. Ќе гледам цртани.
+1 Инаку цртаните се дефинитивно најдобри, не знам зошто предрасуди. Мислам сите ќе бевме подобри луѓе да гледавме цртани. Ама онакви, со поминат филтер, препорачани за помали од...
Мене па ми дават „комфорт“ серии со корона епизоди. Ама едноставно е, серии пред 2020 гледајте шо завршиле. После 2020 макар една корона епизода имат ако дејството е во present time, ако не и цела сезона. Ако е во минато/ иднина има некоја пандемија/ болест за епизода- две.
Па...не знам за тебе ама јас сериозна бев за magic bubble-oт. Така што непосредно откако ти кажав дека влагам во информациска депривација почнав одново да ги гледам старите сезони на Space Goofs, Балтазар и Густав. Уште малку ќе ги почнам Були и Калимеро како што тргнало, ама што да правам јбг. Боље тоа него brainwashing и кризи на идентитет да ме пукаат по зрели години. Self protection механизми на најјако.