Кога поминаа цели 4 години од смртта на Небојша .. Како вчера да беше ... " Знаш ли како се постаје шампион ? Изаџеш на терен кад је најтеже , и победиш ! "
Да оставиш кола на тротоар треба да размислиш дали некоја мајка би можела со бебешка количка да помине од тебе. Глуп народу!!! Да бевме паметни немаше јагне на маса да ставаме и да му пееме,малтретираме,зошто таков бил адетот,обичаите. Али јбг смотани сме. Разбуди се народе и мисли со црпката дали денес на некој ќе му нанесеш зло поради твоето невнимание. Размисли пред да влезеш во твојот автомобил!!! Размисли пред да претчаш на пешачки иако ти е црвено и треба да чекаш!!! Размисли кај ја паркираш твојата кочија и не биди коњ или кобила!!!
Во ПМС, па и кога ќе добијам, знае да ми се плаче на глупости, да реагирам емотивно на работи кои вообичаено не ми се емотивни, знам и да сум дополнително affectionate. Знае и да ме боли све и да не знам што ми се јаде и само да ми се лежи во кревет. Ама никогаш не ми се случило да се однесувам према некој како да пробал да ме убие, да сум претерано арогантна, нападна, хистерична, а после да се вадам "од хормоните ми е". Ако веќе приметам дека ми се случува често, сама ќе побарам помош да го сменам тоа. Да му вадам живци на некој, а после да му зборам дека не знае како е да си женско, не. Хормони или не, никој не е должен да ме трпи и да му расипувам ден.
Шо е со новиве лични карти дата на раѓање со боринчее да ја бараш као сосем небитна напикана во ќош. Битно граѓанин на северна скоро цела л к зафаќа...
Се молат инфлуенсерките да не се однесуваат како симнати од планина со колагенов за пиење како да е од вчера измислен и да постои. Јебала вас лепота, ама описменете се дали треба секој и кога се пие.
Во 4 саат ме разбудија за нов проект. Не е прв пат, но секогаш се радувам на ова, нека се множат вакви ноќи од среќа
Сдк дека денес умрев од работа! Фактички втора смена од вчера со продолжение + екстра 4 саати од трета, така да пред 30 мин стасав дома жива сум
Од поинтересни работи што ми се случиле, на апликација за пишување писма ми стигна едно од еден Русин. Видел дека сум била од Македонија и сакал да го вежба и учи македонскиот јазик преку допишување со некој, а и бидејќи купил телефон на кој нема руско мени и одбрал македонско. Рече дека многу мил му бил македонскиот јазик и дека сака да ја посети Македонија некогаш. Јас секако му вратив дека ги имам истите чувства за Русија. И сега, тој ми пишува на руски, јас на македонски. И голем дел разбирам што ми кажува, иако сепак преведувам на гугл транслејт.
Никогаш нема да ми бидат јасни родителите што ги форсираат од мали децата да бидат математичари, физичари, доктори и спортисти. Оставете ги децата да уживаат во детството, да се дружат а не да учат уште пред да почнат во градинка множење до бесконечност. За се си има време впрочем затоа и постојат училишта. И јас кога бев мала си играв со пушки, торти па не станав ни војник ни слаткарка затоа чил аут малце, некогаш дури одбивност се прави со вакви трендови па нека не ве чуди ако на 15 години нејќе да навиди детето физика.
А, мене никогаш нема да ми биде јасно зошто оние мажените или женетите кукаат. Стварно, ми е преку глава како ми се префрлуваат муабети. ' Ти не си мажена, немаш обврски, што ако идеш само втора смена, имаш време за се. Само работиш и тоа ти е обврска. Сабалје, ќе станеш, ќе јадеш, идеш у Центар на кафе и оттука на работа до 10 саати и после тоа 10 пак си слобдона. А, јас со две деца и маж. Ќе те видам тебе. " Аман, веќе со тие ваши калкулации и правила. Дали јас ти зборам тебе : 'Блазе си ти, мажена, маж, дете, кола, работа. Пари сте пуни. Убаво ти е. А, јас? Без маж, без дете, без ова она....' Дајте еднаш, живејте си го животот! Никој не ви е виновен што сте мажени, женети. Или мене ми е крив некој што уште не сум.
Тиа се искомплексирани луѓе. И јас оред неколку години имав една претпоставена, нонстоп истиот муабет ми го праеше. Ќе спомнев во некој контекст дека немам време, она одма како немаш време, немаш деца, немаш маж, немала време, хехе, хаха. Ќе ме кажам нејќам да го работам празникот, сакам да одморам, она одма од што ќе одмараш, немаш деца. Многу смешна ми беше.
Најинтересно е што само си претпоставуваат како ние го живееме животот и како треба. I think we need some new ppl here
Е ако де, нека си претпоставуваат, нивен проблем. Ти уживај си у животот, другите што мислат кој ги шиша.