Сакам да кажам дека сум иритирана од социјалните мрежи. Постојано ми излегуваат реклами, спонзорирани објави, reels за бременост. Не, не планирам да сум мајка во скоро време. (иронично емоџиво) Ај што не планирам, дури и биолошки е невозможно (не сум имала сексуален однос можеби 2 месеци). Зошто facebook, зошто?? Дури ми излегува и онаа објавата за кога и како да им соопштам на најблиските. Во ред, ќе им соопштам, no problem. Едит: Што ако сум 5ти месец трудна и facebook само сака да ми ги соопшти добрите вести?!?!???
Ух за пмс- от тотално те разбирам, а може и до таа еклипсата ќе да е нешто, што знам. @poi си пребарувала некогаш по социјалниве мрежи за бременост па памтат и ти вадат такви објави и реклами. Ако не се лажам имаш опции во подесувања да ги блокираш сите реклами или да подесиш да не ти излегуваат од тие теми за да не те иритираат дополнително.
Se osekam razocarano, i toa od najbliskite. Aj tagata nekako ja nadminav, ama razocaran ista tesko. Se prenatrupav so rabotni obvrski samo da ne mislam.
@Stark, имам многу работи да кажам, ама ќе кажам само една. Бегај што подалеку. Тој твој брат, цел живот ќе очекува да му бидеш благодарен за плата каде што секаде ќе ја добиеш. И некогаш запрашајте се дали луѓето кои ги чувствувате за блиски, го мислат истото за вас.
Периодов имаше супер изложби во МКЦ. Прво на Флим, после на Костуранов. Прекрасни беа и двете, ги обожавам и двајцата, праат уметноста баш по мој вкус. Изложбите се една од ретките работи што ме исполнуваат и ми ја размрдуваат монотонијата во животот. Среќа па ги има.
Јас: *пишувам прва на тип што го шмекам одамна по долго охрабрување од другарките* Здраво XY. Другарките: „Леле што ќе носиме како деверуши кај Анабел на свадбата? Леле на тапан ќе се качам. Анабел, ти лебедово бел фустан ќе носиш“. Ги сакам најмногу на светов.
Еднаш сум се родила, а се преродувам после секое добивање и после секое патување. Епа денес и ми е ден после двете наеднаш. Па замислете ја среќата
Неиздржливо е колку ретарда народ има. Цел ден сум ватафак ова, ватафак она. Прво, не ми се јасни луѓено што у накрцан бус, уште од претходната станица се симињаат од горе долу и се гураат со другите пред врата? Не е као демек нема да се симнат. Чуму сето гурање ко да се невидливи другите?! Ај до некаде ги разбирам оние што у препун бус некако успеваат да се набутаат внатре, јебига, мораат да стигнат до работа/школо. Никој не е крив што нема доволно бусеви. Ама овие што 2 станици предвремено се гураат на врата како да се заробени, стварно не ги разбирам. Гарант се истине шо одма чим слета авинот, стануваат од седиште и се гураат помеѓу. Второ, ич не ми е јасна колешка ми. Има канта до неа до нозе, ќесето од смоки го фрла на земја, до канта, и така да стои пола ден. И не ми е јасна што на ни еден клиент не му вика ни здраво, ни повели, ни чао. И не ми е јасна што на секое искачање од канцеларија не ја затвара вратата, млитаво искача, ја остава подотворена да нè шиба промаја. Не ми е ич јасна таа психа, тие чудни глупи постапки. Трето, не ми е јасно како ја сум лоша ако барам да ми сторнираат производ у маркет зошто на каса е друга цената од таа на рафт? Чуму превртување на очи и туфкање ко јас нив да ги крадам? Демек само 30 ден е разликата, па големи јајца? Ситничарам? Барам премногу тоа што сакам да си го купам призводот по цената што самите тие ја закачиле? Као, сериозно ретарда народ, нема надеж. Сè што ни се дешава на државно ниво, малце ни е.
Непопуларно мислење - крофните од тн апаратчиња за крофни не се крофни и се ружни на вкус. Мафини се во облик на крофни побогу! Па ни тоа не може да се.
Ко ќе рече или ќе се пише опен мајнд.. у реду је шефе, знаеме дека ти се ебе. Реткост е клоусе мајнд. Не мора да нагласуваш дека бараш пичка.