Не знам да седам раат, често се грижам за нешто и после кога ќе се случи нешто поголемо викам е за ова требало не за глупости и така се во круг.
Забележав дека во Рамстор мол супермаркетот со недели слабо има јогуртчиња во чашки. И тоа има врска со поскапувањето на струајта?
Леле не ја спомнувајте микробрановата, доаѓам од работа, ќерка ми ја вклучила ставила од оние мали пудингчиња у чашка со се капаче. Што да видам за малку пожар Отиде у канта микробрановата
Уште ли е тренд да стоиш на цигара, кај што шиба ветер, во тенок фустан и кожно и се тресеш велејќи дека ти е таман и да се жалиш дека греењето е слабо в канцеларија ?! Побогу бре! Ништо не не оправа нас, вервајте.
Тамблр имаат најјака икона моментално. Туку, порано мислев дека сите се у право, а ја сум грешка. Дозволував да праат лошо да се осеќам кога ме исмеаваа зошто носев ултра широки панталони (од Органик) кога бев т.н. "раперка" и општо зошто сум слушала црнчишта, па после дозволував да праат да се осеќам лошо кога ме исмеаваа зошто слушам металкор, музиката на ѓаволот ( ) зошто идам по свирки, шутки, дремам на плочник, у парк... Сеа ретроспективно сфаќам колку сум била кул, уште тогаш сум си имала мој стил и вкус, сум терала ко што сум сакала, сум била селективна во изборите. Само што сум имала ниииииииска самодоверба, јебига. Ова вака ми се наврати носталгија пошо деновиве си ги изнаслушав бендовите што порано ги слушав секој ден. Башка, онака рендом со мм пуштивме да гледаме The Vampire Diaries, и ме фати уште толку носталгија, у пм! Убав период ми бил сепак, иако тогаш не го осеќав така. Доказ дека никад не сум вистински во моментот to the fullest. У мозокот секогаш има нешто боље у иднината....
Силно посакувам ова да ми биде последна средба со македонските институции, последно цедење низ нивната центрифуга.. A girl can dream...
Ау колку вкусно изгледаат штрудливе! Вода ми потече на уста.Јас обично купувам со јаболка и со вишна од специјал и не се лоши само некогаш има доволно зајре внатре, а некогаш многу малку и некогаш се доста помали,а знаат да бидат и крупнички ама поретко.35 денари се.А овие твоиве штрудли колку пари се?
Денес уште еднаш ми се докажа зошто час побрзо морам да фаќам џаде. Не е Македонија - Македонија, ако не е нешто недоречено, измотано, испрано, излажано, неажурно, користољубиво и нечовечно
...нељубезно, шалабајзерско, неодговорно, неспособно, неисправно, неодржувано, безобразно...свака част изузетцима. Верувај, се чувствувам како Јозеф К.
sakam da kazam .......... deka se e ovde shit,A KORISTAM angliski zbor zosto nasiot mi e grd da go napisam
Кога гледаш дека кулинарското дело не ти успева,во моментот ќе испливаат сите твои скриени домаќински, креативни дотогаш неоткриени капацитети,па од восхит ти доаѓа да се пријавиш на 24 китчен.Така.
До 22ч. како да ги слушнав. Но штрудлите можат да се распродадени веќе доцна попладне. Остануваат солени работи и сл.
Сакам да кажам дека едвај чекам да поминат 4 години... Ми изгледа дека се' ќе биде прекрасно, иако до тогаш сигурно нешто ќе се замати. Ќе имам завршено факултет, љубениот ќе ме има побарано и ќе се спремаме за свадба. Ќе го спремаме нашиот дом, ќе имаме наш дом. Дури и за домот имам замисла, иако доволно е да е само тој тука бидејќи дом е таму каде што е тој. Уфф кога ќе го помирисам ми мириса на дом и спокој. Хммм што друго? Ќе патуваме и тоа многу, ќе одиме во Венеција, во Париз... Можам да продолжам, ама не мора. Во маштите перфектниот живот ми е дури за 3-4 години, а знак прашање е дали ќе биде... Тоа ми отвора прашање дали воопшто постои таков совршен живот. Ве молам некој нека ми каже дека ме сум единствена што си го имам испланирано животот уште од сега. Ете така, морав ова некаде да го кажам... sorry but not sorry
Не си единствена. Ако не правам такви замисли и не фантазирам, макар и не се оствариле, ќе полудам и ќе немам надеж за иднината и животот. И јас сонувам дека за 5 години од сега се ќе биде подобро. Ќе запишам факултет, ќе дипломирам, ќе си најдам работа што ме прави среќна, ќе бидам среќно заљубена, ќе патуваме со саканиот низ цела Европа...