Колку гаден народ сме. Дошла, ги донела штикличките што ги носела во 90тите на матура, дошол, ги донел најскинатите кондури од подрум што ги чувал, дошла, донирала фустан допичњак. Дошле шминки донирале. Смрдени неперени летни алишта. Не е тоа отпад прости едни, луѓето имаат потреба од пристојна чиста гардероба. Не е срамота да немаш, срамота е гнасотилакот од дома да го даваш на некој што нема. Џизс.
Не знам зошто веднаш се навредува цел македонски народ. Да, има и такви како споменатите, ама колку сте сигурни дека нема такви и меѓу другите нации? Плус тоа колку народ донираше од срце и точно онаа што е потребно, и со облека, намирници и парично. Кој колку и што може. Ама не, секогаш акцентот мора да се става на лошото и да се става цел народ во иста корпа.
Многу често е случај вакви работи да донираат. Ке донесе сако и сукња од 78ма за прослава Нова Година. Кебе ако е, ке е старо и неперено. Луѓето кај мизерни, уште помизерни ги прават со донации.
Бидејќи сме познати по тоа да му умре козата на комшијата, векови наназад има сведоштва како меѓусебно сме се предавале братски, како сме се деградирале себе и блиските, а во понова историја и бетер е. Од таму влече корени и она дека македончето е најлошо, самите си го направивме тоа, и не, не сме најдобри, ама и не сме најлоши како што одродниците сакаат да не доловат. Тоа е, од својот народ си патиме, и после и другите ни се нафрлаат кога ќе најдат слободно поле кое е разделено и распарчено до најситни делчиња и нормално тука гледаат плодна почва за владеење. И запомнете веќе еднаш аман, не е секогаш и за се криво само македончето како што умеете да плукате. Ништо лично кон тебе, само се надоврзав на твоето цитирање
Јас: мамо, нешто глава ме заболи, да се напијам ли апче? Мама: ете, јас кога кажувам дека треба да се облекуваш, ти на минус шеташ без чорапи дома, се бањаш на ладно, цело време си испадната со полумокра коса и после глава ќе те боле, е ќе те боле!!!! ќе ме умрите еден ден со татко ти, ќе ме умритеееее!! нели ви е жал за мене а? Јас: *штурци*
И во моментот кога си горд на својот народ за неговата хуманост мораме да се засрамиме. Зошто, навистина зошто? Зар моравте? Кој ќе ви пишеше минус ако не дониравте? Зошто и на вакво убаво дело моравме да си го изнесеме ѓубрето на виделина? Па зар немаме контејнери? Зар тие ваши штикли и свечени фустани ќе им помогнат на тие без покрив на глава? Па зар не се запрашавте како би ви било вам да бевте на нивно место, да ги изгубите најмилите и покривот а некој да ви подари штикли? Срамота!
Сакам да кажам дека преку тасета ова ‘не си мајка ако со царски се имаш породено’. И врвот е шо сами си го прајме вака, потресувања и кукања ‘леле ако е царски, леле ако е царски’. Па ако треба да е, ќе е. Стварно не ми е јасно шо потреба од ваков притисок за џабе? Во кој век сме аман- ако не било природно минуска ќе ни напишат. Страшна работа, ај ќе сфатам некои баби на 60+ со овие муабети, ама девојки околу 30? Де бре. И епидурална да не ставаме за се да тече баш онака природно, зошто да не? Фино лепо ти пука водењак, одма ја викаш комшиката и те породува дома во природни услови ко порано. Шо потреба од болници, доктори? Врачарска работа е тоа.
Сега сфатив дека другарка ми е иста како Скарлет од ,,Miss Scarlet and the duke" . Карактер, лице... Сѐ е исто!
Како сте ми децо? Во исчекување на светиот ден еве една инклузивна за сите што слават, што и да слават.