Мене она што најмногу ме иритира што како членови, и долгогодишни па и оние што се нови, сме скроз запоставени и игнорирани од страна на сопствениците и реинбоу, и за нашите барања на никој не му чуе. Може лични навреди, дупли профили, споделување приватни работи да стојат без проблем. Ама кога јавна личност ќе спомне тужба одма експресно се се забришува. И искрено арно ви прави Миа. Факт е дека во таа тема се претерува, се пишуваше свашта, стоеа коментари што воопшто не треба да ги има, ама најмете си бе модератори, платете си. Факт е дека сајтов има спонозори не е дека сте без пари. Ама ќе губите квалитетни членови и понатаму ради ваквото дрско понашање, играње фаворити и игнорирање на сите битни работи. И знам дека одма експресно и ова ќе го избришете, слободно. Ќе го пишам пак дур не добијам одговор зашто е ваквиот однос кон членовите од кои живее форумот.
Луѓето денес имаат превише слободно време и превише чувства. Иначе надвор има прекрасно неделно зајдисонце.
Не само зајдисонце, цел ден беше преубав. Чудо е да се погоди викенд вака убав, мислам дека нема кој не го искористи денов. Социјални мрежи полни од слики по паркови, пикници, кафиња. Преубаво, убаво е да се гледа среќен народ. Сонце + викенд, како решение за 80% животни проблеми.
Милчо Манчевски не добил стипендија за студии по режија во Полска пошто и тогаш (како и сега само на стероиди) врскаџиите предњачеле. Пеес години подоцна сите гласно го својатаат како МАКЕДОНСКИ режисер, иако не ми е јасно зашто. А и нему не му е јасно, тој се дефинира како режисер, точка.
Fun fact (ми тргна): Милчо Манчевски уште чека одговор од МРТВ за предлогот за продуцирање на Пред дождот
...И ќе се заљубиш во некој што е уџум, а летови изгор скапи па треба време дури најдите начин надежно, додека комуницирате и се гледате на камера ти иди преку екран да се провриш и да појдиш на другата страна, си го раскажувате денот и како тоа сте посакувале другиот да бил таму, па пуштате некоја игра или филм заедно и так даље.. Нема нешто што повеќе предизвикува измешани чувства, bittersweetness, толку да се пронајдиш и да ти е пријатно со некој, а сѐ уште да не можиш да го доприш иако веќе душата одамна ти ја допрел. Заљубеност, среќа, анксиозност, страв, неизвесност.. Еднаш да те сретнам барем, дури и да не успее за понатаму. Да не те гушкам само на сон кога ќе се смилуваш да се појавиш. Damn I've literally never felt this about anyone. It's a blessing and a curse живеење ваков модерен живот. Ајде универзуму, сковај го веќе тој заговор..
А од кој имало опомени на чие стори? Не сум во тек… Само знам дека многу, ама мнооогу се хејтаа одредени личности. Тоа не е ни нормално. Кога прочитав дека наша “инфлуенсерка” за друга јавна личност пишала “во фацата како удрен со секира” и “преживеа инфаркт ама ни господ не го сака” ми се згади! Веројатно мора да се редуцираат правилата….
Луѓе коишто ги мразат оние кои живеат на социјалните мрежи. Овие од социјалните мрежи коишто ги мразат оние без. Други коишто ги озборуваат гореспоменатите по форуми. Во рл бетер... Ќе бидам на нетфликс, малку ми е преку к*р од сите.
Компании/фирми - не можеме да најдеме работници. Исто така некои компании - во полето за контакт за кариера дава дека CV не можеш да пратиш во ворд ниту пдф формат туку во мп3 и други некои формати што не сум ги ни видела. Да земам да ви го испеам и ете ви во мп3