Некаде прочитав дека денес да станеш вистински маж и да се истакнеш како таков е прелесно, бидејќи конкуренцијата е речиси нула. No lies detected
Колку што е бебе слатко и бебешко гугање и смеа - среќа, толку е иритантно и стресно да слушаш упорен бебешки плач.
Пак не читнав нешто конкретно и опипливо со пример за да можам да ти реплицирам. Што тоа една жена во други земји го има а ти го немаш? Дај ми пример. По кој основ либерализмот секогаш мора да е ултимативно добро а се останато ултимативно зло? Зошто мислиш дека во остатокот на ЕУ сите се либерали? Почитување на човекови права и слободи не е наметнато од никакви меѓународни инстанци туку тоа е вметнато во Крушевскиот манифест и третата светска РЕПУБЛИКА - Крушевската. И сите бабички и тетички плукаат по тоа дека младите дремеле на социјални мрежи цел ден и не се дружеле а теткиве исто така висат по цел ден. Едно е луѓето што велат а друго е што прават. Македонецот во просек е индивидуалист. Да беше спротивно ќе имаше силна дијаспора и лоби групи.Тој нема ништо од тоа и има едвај држава која се влечка на апарати. Тоа што некој нешто напишал или рекол на Фејсбук или пред друштво не го менува фактот дека тој секојдневно конзумира либерална култура. Мене не ми дадоа никакви примери. Тоа е проблемот. Социјални патологии од типот тепачки во брак, малтретирања, токсични врски, силувања имаш секаде. Еве ти од вчера во Шведска https://www.dn.se/sverige/kvinna-valdtagen-i-park-i-stockholm/ Ја силувал среде парк. Никој не е уапсен бар до сега. Еве ти пред еден месец уште еден таков случај https://www.tv4.se/artikel/4SiPADjk...innor-och-tre-maen-anhallna-foer-maenniskorov Еве ти обратно пропорционален во Данска. Жена да силува малолетно дете. https://www.dr.dk/nyheder/seneste/3...oldtaegt-af-teenager-anklager-undrer-sig-over Во 2021 година скоро 900 пријави за силување имало во Норвешка. Полициските извештаи покажувале линеарно зголемување на такви пријави годишно. https://www.berlingske.dk/internationalt/knap-hver-fjerde-norske-kvinde-har-oplevet-voldtaegt Силувањата не се само мажи врз жени туку има и обратни случаи и хомосексуални силувања. Од статијата што ти ја постирав ќе ти издвојам. Според новото истражување во Норвешка (не знам на колку примероци) секоја четврта жена изјавила дека барем еднаш во животот доживеала искуство што било силување или водело кон тоа. Сега во скандинавските земји малку е шкакливо што подразбираат под силување или кој ги прави тие истражувања и со каква цел затоа што има разни лоби групи. Јас не ти зборувам за Грчец, Арнакија, Велешта или Дебар. Зборувам за Македонци и средини кај живеат Македонци. Не за Албанци Турци или Роми пошто Македонците се дијаметрално различни светови од нив.
Ти одговорив и погоре, еве пак https://forum.femina.mk/threads/Причини-поради-кои-еден-маж-не-ја-пушта-сопругата-да-работи.32716/ Кажи ми каде уште во свет маж треба да пушти жена да работи? Што е либералност според вашиот светоглед млад господине?
Ова "пак не прочитав нешто опипливо" имаш намера да го пишеш уште колку пати? Иди во полиција, по адвокати, по судии, барај случаи, барај докази, ако ова што ти се пишува не ти е доволно. Овде цвета, жени мака немаат, одлично е. Црна хроника 0. Со тебе ќе се објаснуваме цел ден едно исто. Ко дете од 4 години да си. Ја ти дадов примери, ти ми кажуваш дека сегде било исто. Затоа се сметаме за дупката на Европа, од што цвета све.
Оди прашај мајка, стрина, вујна (не знам што имаш) за опипливи примери и не замарај. Овде губат време, се трудат да ти посочат случаи, ти се правиш наудрен како прв пат слушаш и не те интересира или како не е ништо тоа. И сега со тебе ќе споделувам непријатни искуства, мош мислити. Македонските мажи се попривилегирани спроти македонските жени, споредено со европските мажи во однос на тамошните жени. Не дека е некаде ситуацијата идеална, ама на запад жената е позаштитена отколку во Македонија, барем од западни мажи е побезбедна и тие мажи не се недопирливи за законот и осудата ко во мк што се вадат со врски или со самото тоа што се мажи. Факт. Знаев дека за Крушевски манифест 1903 ќе се распишуваш. И шо, да не си мислиш дека во Крушево прв пат е конципиран идеалот за слободата во светски рамки, дека е изум на отоманска Македонија? Не е така, жал ми е што ќе те разочарам.
Ме здоболе главата Опција 1: инекции Опција 2: сумљив производ Опција 3: трујачите Баш памтам пред некој ден пишаа овде у темата дека некој си заработил проблем со црниот дроб ради овие Опција 4: гладување Од тоа шо видов на Фб, жената најверојатно, прашува за ДЕТЕ. Од тоа шо видов на сликите. Па се прашувам, колку е ова подобно за ДЕТЕ? Второ, еве и да не е за дете, со кој памет мислат дека гомнава ќе помогнат кога ќе се научите дека освен ако не е болест у прашање, ИСХРАНА и ВЕЖБАЊЕ е лекот? Sorry not sorry, ама некад мора да си го дигнете гзот и да го испотите ако сакате резултати. Не да се клукате со апчиња и чаеви како ненормални пошо ,,немате време” ,,немате средства” да вежбање. Excuses..excuses Дур не се испотите, РЕЗУЛТАТИ НЕМА. А сѐ има ЈОЈО ЕФЕКТ. Да се слабеело и останувало така, сите ќе бевме СОВРШЕНИ Не може 2 месеци да гладувате и после следните 3 да јадете ко да не сте виделе храна ебате. Преку глава ми е да читам вакви срања пошо некад ќе заебете некого до даска. Не се сите организми исти, не знаете генетика, кој каков организам има, кој како ќе реагира на вашите глупи совети. А знаеме дека сме очајна нација шо праи све и свашта. Мозок малце ало
Исти како денес. Истите се. Само што не седнувале да се објаснуваат вака пред луѓе бидејќи никој не им ги оспорувал мислењата.
Не сум член на оваа иначе лом ќе ги направев. Не знам колку е лоша повредата на коленото ама ако не е за кревет врзана, може да пешачи барем често.
Па и ја би Ама очигледно се куку Не се искача на крај со особи шо мислат дека Хербалајф, Лимес, инекции, фастинг е здраво Не сфаќаат дека тоа шо сакаат да го ослабат е ЗАЛИХА. И нема поента за фастинг или апчиња пошо залихата треба да се потроши. Со гладување нема да се напраи ништо, само на крај ќе почне да им ги јаде мускулите бидејќи телото ќе си бара храна. Факинг идиотс
Сдк штета што го ‘пресековте’ на Горнннн интересна тема зачна Горннн дали ти си размислил како изгледа едно секојдневие на жена која е член на форумов? Значи пере со свински сапун, теписи сабајле надвор чука, се грижи дома за 3-4деца, свекрвата ако по некоја случајност и излезе пред очи ја тера у три лепе м@т3р!не, чита книги по 250страници на ден и во просек на дневно ниво пишува по 70-80мислења на форумов… и ти после се мислиш дека им е лесно???? дошло тоа говедото од на работа го нема 10 саати дома му текнало да пружи нозе 40минути хах е нема бе!
Изгледа и ти ќе му се придружиш на Горан, седи мадро ти бар имаш пристап до мјф незнам зошто ова си го дозволуваш.
Wtf што прочитав? Сериозно? Детето е на 2та родители, и како ги класифицираш работите сериозно? Само градежништво и работа со коли е напорно? Работа како доктор, медицинска сестра, адвокат, судија тоа не е тешко? 21 век сме а мислењето ти е толку уназадено. Страшно. 2та ако работат која ти е логиката? Мажот да дојди после работа и да се излежава, а жената да е слуга? Зошто бе? А и да не работи, домот е само нејзин? Детето е само нејзино? Демек само ако е физичко е тешко? Се надевам дека тролаш овде
Па секогаш се вадат со тие аргументи. Мажите работеле градежништво, а во градежништво работници не можат да најдат. Или ќе поправале казанче. И дека еднаш годишно ќе фатат нешто демек поправаат (читај ќе го дорасипат) треба слугинки да им изиграваат жените. Море марш такви маженца. Бар денешно време лесно е, ќе свртиш еден број ќе дојди мајстор и пријатно. И сијалици не треба да менува ќе си ставам лед плафоњерки и мирна глава
Јас сум за тоа да се делат некои домашни работи и професии на машки и женски, според биолошки предности, ама тоа дека ако одат двајцата на работа и после дома мажот не треба да помогне со чистење/перење/готвење е без врска. Двајцата се уморни, ама двајцата живеат таму, двајцата јадат таму, имаат двајцата деца, они се во заедница. Некогаш едниот некогаш другиот и тоа не е од феминистичка перспектива, туку општо од човечка, никој на никого не му е слуга. Затоа што секој ден се готви и се чисти и се чуваат деца, а да се расипе нешто по дома или да се кречи е ретко. Клучен збор е заедница.