Не знам зошто се препозна. Пишував општо за некоја која коментира. Едит: а не и дека одењето во црква прави некого поголем или помал верник.
Па ја бев таа што искоментира така да кажи си директно не врти. А и немам што да се препознаам си знам колку пати одам ,како одам и зошто одам.
Најсериозно не мислев на било кој од форумов туку беше генерален пример за секој поединец од кој имам прочитано нешто слично. Не го ни пточитав твојот коментар па за да биде наменето за тебе. Ако ти избра да си се препознаеш тоа не е мој проблем, ама нема зошто да ме цитираш кога по втор пат пишувам дека беше општ пример.
@Feminka22 Моја грешка, мислев дека ја отворив оваа тема, а не таа без цитирања. Веднаш си го избришав мислењето.
Зошто мислиш дека ти повеќе заслужуваш да одиш во црква? Што те прави подобра од наркоманот или таа со пет кила шминка па да мислиш за себе дека си подостојна да ти биде дозволено да веруваш во нешто?
Океј ако според вас е добро што идат нашмркани надувани и со сукњи што газ им се гледа тогаш немам потреба да коментирам. Еве за нашминкани океј али за ова другово ако сметате дека е не е страшно тогаш и голи нека влезат. Не ме прави ништо подобра. Само имам почит како треба да отидам во некое свето место.
Па во духот на христијанството треба да му посакаш на тој што се дрогира со години да се излечи наместо да го осудуваш. Со голи газови не знам кој иде во црква ама добро.
Има секакви примери. Еве јас ќе се надоврзам да кажам мое искуство, лично секогаш зборувам за луѓето во мојот двор. Не за некоја си таму Петкана или некој си Станко. Мислењата не ми се базирани на површно видување, па да се кажани ради реда ко да немам попаметна работа. Не ме заболе кој како се облекол или зошто отишол во црква/џамија. Ме фрустрира кога истите луѓе што секој ден клеветат, им посакуват ужасни работи на други луѓе, им се ситат на неубави нешта на други луѓе, грабаат колку можат повеќе за себе, егото им е повредено ако не ги погледнеш како што они си замислуваат дека треба, не се благодарни за ништо; истите тие кога ќе дојде празник ти кажуваат како треба ти да живееш и ти наметнуваат традиции и активности. И после кога ќе кажеш мислење базирано на наталожени дешавки и коментари напраени долги години наназад, често друг ќе ти рече не осудувај. Да, секако, способноста да можеш да не осудуваш е за восхит, ама: Не знам за други но знам дека јас не сум луда. Не си ги замислувам работите, па многу е грдо кога некој ти праи gaslighting, како да твоите мислења и чувства не се валидни затоа што не се пофални према некого. На крајот на краиштата, fuck it, нека биде осуда. За некои работи потребно е осуда, па дури и цинизам. За некои работи правилното нешто за правење е осуда. Понекогаш ќе ти преседне и ќе си кажеш што мислиш и зошто мислиш така.
Ти може не си видела јас сум видела. Наркоманот 5 години се дрогира, 3та година по ред го гледам пред да влезе шмрка доаѓа 12 саат се крши со јајце искача од црква оп ајде мара. Он не иде во црква за духовно да лечи туку да помине ради реда. Ако ова според вас е добро ондак нека биде добро.
На никој не му е гајле за твојот комшија, сем на тебе. Мислам кажи си што сакаш, само не го спомнувај зборот верник - тежок збор е тоа.
Не мора да спомнеш,јасно е од твоите постови. Ти смета, гледај да не ти смета пошто не е во твој двор. Не си го комплицирај животот.
Да сите што шмркаат од физичка болка патат. Ќе направите вие тука дека дрога е сосема океј да се конзумира. Ќе ве замолам да не ме тагувате веќе зошто се објаснувам и искача дека многу се замарам со него а тука само напаѓате . Не може човек спротивно да мисли.
Се пронајдов во твојот коментар , па еве да ти копирам јас што сум напишала во темата Облеката при одење во црква уште во далечната 2018 година Немај гајле, се насмеав само ко ми текна @lovestoneddd да се јави на форумска каса , одамна ја нема на форум, она ми е фаворит од таа темата со црквата
Ја исчистив собата, се искупав, се исушив, сменив постелина и таман отворив врата да ми влезе свеж воздух во соба, ставив слушалки пуштив музика да кулирам и одеднаш само..ја осетив ареата на запршка од комшивката во 22ч ..
Убава тема, релевантна, поучна. https://forum.femina.mk/threads/Лажни-верници.14453/page-8 Боже ме опрости, ама