Чедо исто така Божје, нема шанси, доволно беа контроверзии за една недела. Ајде бар да заврши со добар дух. Во добро те оставам.
https://forum.femina.mk/threads/Работа-во-маркети.14511/#post-1322737 Прочитајте ја темава, лични искуства, не е муабетот дека е срамота работата во маркет, туку дека е греота. 9 од 10 луѓе не си ја сакаат работата во маркет, а тој 10тиот е шефот и се дери на кој сака, па затоа ужива во работата. Влечење палети од сто кила и редење производи додека некој ти урла над глава за побрзо и дека имаш уште куп работа, фалат луѓе, рафтовите со млеко празни, не можеш да постигнеш на три места одеднаш, купувачи те прашуваат каде стојат ципи рипи чоколатцата дур не знаеш главата кај ти е, буквално е нешто ни на душман да не му се посака. Една од најексплоатирачките работи што постојат, со оглед на тоа колку е платена (и пак не е муабетов околу срамотата, туку околу маката на тие луѓе). Не е убаво да се посака никому лошо, не оправдувам, ама разбрав членката што сакаше да каже. Никој со потпевнување и радост не оди на работа во маркет. Прво да се соочиме со тоа дека "не е срамота" не е доволно за добра работа кога таму ти е пекол, а не си ни доволно платен. Со "ќути барем си пријавен" и "барем чесна ти е работата" ништо нема да се смени. Работата е тешка-факт, но условите може да се далеку подобри, со повеќе луѓе на смени, со поасален претпоставен. Комотно маркетиве можат да си дозволат плус на плата за секој вработен, не се мали бизниси, имаат големи обрти, на сред криза работеа со добивка. https://faktor.mk/vero-povtorno-ras...-tineks-so-pogolemi-profiti-vo-korona-krizata
Честит Рамазан Бајрам на сите членови со исламска вероисповед, ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, среќа, љубов и мир заедно со вашите најблиски
Да раслчениме нешто. Гледам и на Инстаграм тон грешки. Исламска вероисповед=> припадниците се муслимани Муслиманска вероисповед не постои. Ко фраза.
На инстаграм каналот Камај гледам имаше прашање ,,Ако Македонија беше жена, како би ја опишале?” Одоздола одвратни коментари, ем женомразачки ем земјомразачки. Повеќето од машки профили. Како одвај да чекаат луѓево да изблујат оган. Како им извира толку злоботија од душата не можам да објаснам. Чест на исклучоците што ги имаа осудено таквите коментари.
Некои ликови се баш онака човечка пародија сама по себе, ходајучи пример за да се смееш само до каде може да иде човечката глупост.
Se cudam na blogerkite/influenseri kako i da e koi pokazuvaat obleka koja sto ja kupile vo golemini xs x znaci parcinja extra mali a ne izgledaat kako mnogu poslabi od mene jas imam 59kg nosam samo m ponekogas i nesto pokomotno ako sakam l.. A mi licat kako za xl i pogolemi i pokrupni i povisoki..a ko ke izvadi parceto xs
@Youknow Како на филм кога гледаме некои ѕвезди, а отпосле видиш колку биле високи/ниски, а не изгледаат така Па така и за блогерите, понекогаш тоа што е на слика/видео не е баш како реалното поради аголот како е сликано (+ фотошоп) Многу зависи какви се во реалноста, на висина, градба и сл.
Имам приметено вака и низ град луѓе што носат потесна облека од онаа која им одговара. И не се работи за крупни луѓе туку баш нормални броеви. Мислам дека потсвесно имаат проблем доколку носат М а не С. Имам другарка која е прилично слаба ама има големи гради кои не и ги собира во С па секогаш има отвори на кошулата. Еднаш и спомнав и излезе како да и викам дека е дебела а не ми беше воопшто тоа поентата. Од тогаш, никогаш не го спомнав ова. Според мене еден број не менува ништо, ама тоа е.
Бев вчера кај другарка што има куче. Одамна немав отидено и го немав видено. Кучево прво ме лаеше од дистанца како влегов. (Не ме касна, нц) Па седнувам во дневна и немаше ни 5 минути и ми донесе играчка, па рипна на троседот, па во скут ми дојде па пак со играчката ми ја подава. И така цел поседок околу мене се радува, си игра. Кога се качив на спрат до веце САМА другарката остана доле, а кучево со мене тргна и ме чека пред веце као џентлмен. Па излегувам и ова пак со мене доле. Не се плашев во ниту еден момент дури и кога пред фацава ми беше. И скрос првиот пат кога го видов беше истото. Расата и големината нека останат тајна. Среќа па ако нешто недајбоже им се случи дома, нема на никој да му биде страв да пристапи да помогне за разлика од други случаи.
Јас сум 63, од Њу јоркер полани морав да земам маици XS оти во S и тие нагоре пливав. За да не биде навредливо де нели