Во мојот град во секое училиште без исклучок, во основни и средни, се зборува литературен македонски јазик. И кога зборуваш насамо со професор пример, зборуваш литературен јазик. Тоа е нормата, чудна ми е помислата на дијалект на школо. Искрено, шок ми е ова, но во исто време и претпоставував.
Бројот на баба и дедо во именик ми е запишан баба и дедо и иако дедо почина не сакам да го преименувам... Кога ќе ѕвони баба убаво ми доаѓа....
Професионален сарказам погоден за секоја жена. Мужите се исти насекаде низ планетава. https://www.threads.net/@clarabelletoks
Никогаш не сфатив што е толку забавно кога на родендени му ја шлапаат главата на славеникот во тортата.
Самата интуиција ми кажува... А и се консултирам претходно... Ми се случило и да избрзам, потоа да се покаам, ама нели од грешните искуства учиме.
зависи каква одлука, ако е животна, најчесто не одлучувам кога ми се разбуркани емоциите, чекам да слегнат, да ги согледам работите од сите аспекти, ако е нешто што не може да се разреши, следам внатрешно чувство, и носам одлука.
Еве исто и со Психологија сега го приметувам. Спојлер: . Иако во Психологија бар има дополнително и иако неактивни и добри теми по ова прашање(болд). Сепак и таму најактивна е (само) темата за анксиозност.
Феноменот прво па машко, или ако родиш женско па натажени ајде догодина машко не ми е јасен. Зошто побогу се прави разлика во децата? И ај, ај некако едвај да разберам зошто на мажите им е битно да имаат син, но жени, мајки ко ќе сакаат само машки деца е тоа ми е врв. Дете е дете, луѓе со години се борат со стерилитет, спонтани абортуси на секоја петта бременост, деца со инвалидитети, секакви маки и тебе битно ти е да е машко? Зошто во Македонија уште повеќе е изразено ова? Пријателка пред да го дознае полот, велеше дека буквално го осеќа стресот во телото ако им каже на свекорот и свекрвата дека е женско. Освестувајте се навреме и тие што не сте, бебчиња да се живи и здрави, што пол е, не е важно.
Сите си имаме желби, нема ништо лошо во тоа. А зошто кога татко ќе каже дека сака син, а напоредно мајка ќе каже дека сака ќерка, се осудува само таткото? Кој осудил мајка што посакува ќерка? Никој. Јас повеќе сакав синови баш дека сум жена. И не ми е срам од тоа. И да беа ќерки ќе ги сакав исто, дете ти е како може да не го сакаш ама ете длабоко во себе повеќе имав желба за машко.
Затоа што несакањето ќерки историски се поврзува со фактот што женските деца се сметале за економски товар од кој евентуално семејството ќе треба да најде начин да се ослободи. Покрај тоа, женските деца се гледаат како слаба точка, можност за друг маж да го понижи таткото со тоа што ќе ја заведе и ,,искористи" ќерката. Генерално луѓе што не сакаат женски деца со право се поистоветуваат со луѓе што ги имаат ставовите кои ги набројав, па затоа се осудуваат татковци што не сакаат женски деца повеќе од мајки што не сакаат машки.
Најмногу на интуиција и јас. Некогаш едноставно знаеш. Секако се консултирам и со луѓе, ама на крај најбитно е што јас сакам. А тоа понекогаш ќе значи одење против она што повеќето ќе ти го кажат. Но ако ти осеќаш дека во моментот тоа е правата одлука за тебе, go for it. Најбитно е да си го слушаш внатрешниот глас, верувам дека интуицијата никогаш не лажи, особено кога нешто не е во ред, на нас останува дали ќе се водиме според неа или не.
Сум ти го промашила овој пост. Еве види, воскресни ја темава https://forum.femina.mk/threads/Превентивна-медицина.30363/page-2
Историски, да. Јас зборев за денешно време и да не бидам сфатена погрешно, не дека не сакам ќерка туку повеќе сакав машко.
Леле дете е дете,јеа рајт...нема грешка..Тие што можеле да добијат дете по природен пат имаат право на желба,а тие што добиле дете преку ин-витро или вонтелесно тие,не!!?Нека бидат среќни што воопшто дошле до потомство така???????Срамота!Жив човек има желби па така и тие што користат потпомогнато оплодување!Не се они помалку битни!Сакале машко,како овие што не користеле ин-витро...Емпатија дечки?Кај ја остаивте??????
Кога правев gender reveal за првото, една блиска што премногу сака ќерки го фрли мафинот и почна да урла зашто било машко, се тоа го имам на видеото што сакав да го чувам за син ми да го гледа после 20 год. Гледа дека ние скокаме, се радуваме, таа беше единствена што издраматизира за наше дете. Сакав да ја убијам, сега ми е смешно.
Од која интергалактична димензија излезе темава? Мислам дека е поврзано со тоа на шо циљам, ајде утре да ја проверам ова бара посветеност, само воведов бара висиокофреквентна умствена активност, а потоа и секој пост поединечно исто така.
Се договараме 4 другарки да уплатиме за нова година во Белград. И сеа еднава два саати не дупи у мозок као не и се свиѓала дестинацијата, долг пат бил, бла бла муабети, за на крај да кажи дека дечко и не ја пуштал сама со другарки, ќе се лутел не знам шо, као тој не бил таму и она немала биди. И ја сум као, втф? Уште постојат вакви работи бе??