Spoiler: . @Luminary се извинувам што вака ти ја позајмив сликата сквизни СКВИЗНИ С К В И З Н И Македонскиот јазик со уште еден билет за кон неповрат! Кој го одобрил ова и мислел дека е добра идеја...... сквизни.....
Немој да коментираш, одма ќе ти прочешлаат мислења, ако си пишала англицизам негде и тааак ќе ти се сипаат.
Ако цитирање ви е тригернување, тогаш... Сте пишале на форум, ве цитирале, не е тоа напад. Имате тема без цитирање, ако не сакате никој никогаш да ве цитира, пишете си таму.
Девојче е во 20-ти, ама само оние 20-ти кои они ги имаат поминато веќе. Останатиот дел од 20-те во кои се наоѓаат cе веќе зрели жени. Па така на пример на 27 е жена и не е груминг да иде со 40+ маж. А на 23 е девојче, недозреано и некој чичко на 30 години ја манипулира. Ете, тоа е дефиницијата за груминг.
И ова, скокнале, ко божем деца на игралиште сме, не на форум. Цитираш нешто и одма скокаш, напаѓаш. Не, кажуваш мислење, за што е и форумов. Ова за ти што збориш беше за 17 годишно девојче, не 30 годишна жена. Затоа и такви беа таму мислењата Вака па кога ќе испревртите нешто постаро, демек еве двојни аршини, а врска нема, секогаш со текот на времето некако некоја ситуација поинаку се памти отколку што била. И реплицирам, не скокам зошто не сум 5 годишно дете.
Се трудам колку што можам да користам македонски јазик. Се случува и да искористам англицизам ама затоа ова е форум, а оние од погоре се фирма, цел тим зад нив одлучиле дека тоа е супер идеја и дека како такво треба да оди во промет и да се продава низ продавниците.
Ова е точно. Е сега на 20 години можеш да бидеш многу позрел за своите години, ама од друга страна може уште да си зелен. Има и такви и такви случаеви, и во глобала не се страшни и двете варијанти пошто на 20, иако полнолетен, си тазе "испилен". Има на 20 веќе земаат свои пари, има некои сакаат да се испијанат да се направат говеда, ама уште е рано да се процени какви ќе бидат на подоцнежна возраст. Девојка на 20 може да биде излажана, ама од друга страна може да биде и паметна, и ниеден од двата случаја не е екстремен, пошто сензитивна е возраста. За неколку години истата личност ќе има неколку фази и персоналитис сменето. Затоа луѓето (генерално, не сите) попрво ќе бидат против врската на 20-годишна со 30-годишен, него ли 30-годишна со 40-годишен, или уште подобар пример 40-годишна со 50-годишен. Не сум чула некој што осудува 50-годишен кој има жена 10 години помлада жена, ама затоа многу често се смета дека 30-годишен е "стар" за 20-годишна. Сега зависи од околностите, може и да не станува збор за груминг, ама луѓето се заштитнички настроени према помладата девојка пошто, ко што спомнав, на тие години карактерите на луѓето можат да се разликуваат ко небо и земја. Таа девојка може е паметната, ама можеби е и лековерната. Ама на 30+ да речеме ако си уште незрел до степен да бидеш излажан (не во смисла изневерен од партнер, туку наведен на нешто без претходно да си го планирал тоа-грумиран или како што често меѓу народов слушаме "ја излажал да ја земе за жена") тогаш тоа е веќе проблем, а проблемот не е неговата возраст. Многу ретка појава е незрел човек во свои 30ти и 40ти, ретко кој е наивен за да биде понесен од чувства и да гледа со розеви очила на таа возраст или да се понаша ко вчера да му била матурата, со главата во облаци и став "се што лета се јаде", а и да сретнете таков, сметам дека малце е од понаква природа проблемот, подлабока психологија е некако (од само постоењето на возрасна разлика), не е случај кај што би бил излажан од возраста на другиот, туку од сопствената наивна природа што некаде успут ја стекнал.
Жена си битно, женско. Остај ти тетките шо збореле, дека ако немаш родено или како беше не се сеќавам, си девојче, коа ќе родиш се претвораш во жена дури тогаш. Ама кој кого нападна бе Реин? Не не беше тоа мислење, туку беше за дечко од 28, а девојка му 19 ама небитно. Каков манијак човече. Со дете мало идел.. Тогаш му скокнаа сите го нападнаа. Па имало и коментари дека и на 22 или 23 е многу крипи да се иде со некој околу 30. Добро, сфаќаме дека МОРА и најдобро е да си у врска само со твоја генерација! Особено ако си под 24.
Во зрелите. Можеш и со 70 годишен дедо да одиш. Е со 24 годишен дечко не смееш, оти груминг му правиш.
Нц И тие на 30 се девојчиња ако немаат родено, немаат потпис у матично и немаат барем еден нервен слом претрпено од шефицата.
Муабетот не е за малолетно лице со полнолетно. Тоа се разбира дека е погрешно. Дека е нелегално и груминг, и манипулација. Очигледно е! Муабетот е за 2 полнолетни лица, Реин. Две ПОЛНОЛЕТНИ лица. Затоа што кога двете се полнолетни, не можеш да тврдиш со сигурност дека станува збор за груминг и/или манипулација. Особено не кога станува збор за луѓе кои не ги познаваш лично, туку само читаш за нив на форум.
Не било 27 со 17, туку 28-годишен со 19-годишна. Не по врат, по шија @SummerGirl На возраст каде можеш да со синот или со таткото, а можеш и макро да си
Никој никого не нападна, вклучено беше само цитирање на мислење. Каде е тоа, во која тема било? Секогаш е вака, му скокнаа, го нападнаа, а само тоа и тоа беше, ама ретко е само тоа и тоа. Секогаш имало нешто плус зошто имало такви мислења. Кога зборите за конкретна ситуација постирајте линк, тука еве беше вака, тука така, а не, аххх двојни аршини, тоа всушност биле и различни членки со различни мислења, ама на крај сите се сврстуваат во една група без врска, се изведуваат некои општо заклучоци.
Не бе реин не беше тој проблем Како бе заборавате вакви работи? Не, не беше за тој проблем. Ете, рајт кажа мислење, сите ко хиени и се собравте. https://forum.femina.mk/threads/Љубовни-проблеми-и-совети.243/page-2169 Мислењево на @OgreMagi па потоа осудите.
Знаев одма за која тема зборите, и цитатот од погоре ми е од тука. Ако вас ова ви е нормално, и ако сте биле врбувани ко малолетнички од стари чичиња, побарајте помош...