Јухуху новата палтформа ке ни пристигне на форумов како што разбрав утре преку денот ке биде готова а преку ноќта денеска во 1 часот ке ја прават ннанна но ќе бидеме одредено време без форум
Моето малечко ќе си замине. Уште само неколку заеднички дена ни остануваат. Не сакам да ја изгубам. Таа ми значи живот. Ме научи да не се плашам од кучињата, туку да ги сакам. Ме научи што е тоа посветеност и грижа. А сега? Што ќе правам без неа? Уште од сега ми недостига.
"Во есен не одете во златара за да видите злато, одете во парковите за да уживате во златните бои." - турски новелист Мехмед Мурат Илдан. Во добро друштво (со најверниот пријател), па макар и што врнеше денес - златото во есен сјае без разлика на дождот.
Значи за Фемина Инстаграмот, В Е - У Б И В ! Па дали сте нормални? Алоооооооо! Стомак, пизда издајничка, ме натера право таму да влезам, ми светнаа очите. 93058340 страници морав да прегледам, алооо! Немав веќе сила се' да изгледам. Имате ли бе вие осет? Знаете што е тоа? Знаете дека сум на диета?! И да, тешко ми оди без пиво, ама кога се мора... Инаку имам милион патешествија. Еве на пример, вчера во еден кафич ја пољубив вратата, мислев дека е отворена. Колку треба да си (анти)талент за да го направиш тоа, не знам... битно сите стакла се стресоа. Земја се тресе, УУУ. Прашина се крева, УУУ. Бимбо се лупна, УУУ. И остај тоа што се акнав во вратата, цела засрамена идам да седнам и се акнав во туѓо столче. Ебате талентот белосветски, ебате. Се изгубив во Аеродром. Јеби га, петатта населба каде што се имам изгубено, вклучувајќи ја и мојата. Се изгорев од рерната на шпоретот. Се исеков едно 3-4 пати со нож. Се случи и втор дел од првиот дел. Каталјарда пати се сопнав во нечија патика. Двапати ги заборавив ќесите на каса. Уште 3-4 пати се сопнав на тротоар и глуждот лом го направив. Колку пати уклучив погрешна рингла и чекав ко будала да се згрее водата, тоа да не напоменувам. Сте виделе ходајуча невоља? Е па ако случајно некоја таква тресне пред вас, сигурно сум јас. Заклучок - јас сум ти изгубен случај и тешка будала. Бога ми тешка сум, тешка... не за џабе си држам диета. Иии не знам со кој памет ја ставиле математика како задолжителен предмет за матура. Мамата. И баш мене да ме фати, бе. А да се родев една година порано? Како професор што може да те зезне и исфрустрира, ретко кој друг може. Пу! Не знам друго што сакав да кажам, за фалење немам ништо. Ми се јаде! Чао. Љута сум ви!
На денешен ден сум се зачленила на форумот Точно една година како сум членка на Фемина и сум пресреќна што сум дел од овој голем форум Паметам се зачленив затоа што ми беше досадно а не ни замислував дека Фемина ќе стане дел од моето секојдневие и нема да можам без неа ,без вас ... Среќна сум што научив многу,прочитав,дознав,истражував и остварив комуникација со некои луѓе кои вистински ги ценам иако сеуште не ги познавам лично. Многу пати ми се случило да размислувам за вас затоа што овде сме сите отворени и споделуваме повеќе работи за нашиот живот, некогаш додека шетам наоколу и разгледувам меѓу луѓето си велам можеби оваа е личноста која што ја обожавам на форумот Какви и да сте вие сте дел од мене и верувајте дека би сакала овој начин на комуникација да трае вечно а доколку би имала прилика некоја да запознаам ин лајф би ми било огромно задоволство Нека менуваат платформа сега јас важно си направив една година стаж на оваа старава и да ви кажам уживав многу Ќе бидам дел и од новата сигурно. Повелете за сите по едно
Добар ден и од мене Еве ме пак овде после бурниот викенд, го лечам мамурлукот од сабајле, ама никако да ми помине. Се погоди црвеното винце вчера Убави моменти на најблиските, насмеани лица на сите страни, со милион желби и соништа за остварување. Вредеше целото спремање, и заморот и гужвата. Се исплати се со забавата од вчера која траеше до сабајле, кога и официјално се вселија во новиот стан. А таа блескаше, ем од убавина ем од возбуда и среќа. Им посакувам се најдобро, па што поскоро дечиња да им трчкаат И така девојки, се кријам сега од студот надвор. Психички се спремам дека утре е понеделник Ќе си пуштам некоја серија, и се надевам дека ќе ми помине вртоглавицата.
"Малите детали од вашите животи се она што е навистина важно во врската. Не се работи за куќата, за автомобилот, имотот, парите во банка. Тие создаваат средина погодна за среќа, но не може да дадат среќа самите од себе. Затоа најдете време да бидете пријател на вашиот брачен другар и да ги направите оние мали нешта едни за други, кои ја градат интимноста. Имајте навистина среќен брак!" Не боли прекинот на врската. Сите работи во животот имаат свој почеток и крај.Боли фактот кога после извесен период ке се завртиш зад себе и ке се запрашаш-Дали сторив се? Дали можев да направам уште нешто?Дали се откажав прерано? Дали не се потрудив доволно? Е тие се тие прашања кои ја јадат душата и го нарушуваат мирот и спокојот. Кажаниот збор исто како фрлен камен,не се враќа назад. Може да биде мал и безначаен а да боли како цела планина врз тебе да паднала. За мене времето лечи се,ама сеќавањето секогаш останува врежано во паметот.Болката од секој лош збор можеби не боли со ист интензитет,ама лузната секогаш стои да ме потсеќа на истото. Еден збор може или да те вивне високо во облаците или да те закопа длабоко во земјата близу пеколот. Ете таква моќ има еден кажан збор...
Значи мразам кога ќе се мавнам на ивицата на креветот и кога во рок од една секунда станува огроомна модринка ебати несмасноста
Што сте се фатиле да се збогувате, еден ден без форумоов како да ќе оди на прекуокеански пат. Ај што најавуваат 3 дена мрак, тогаш ќе се фати носталгија, за светло. Ќе се по-був-чиме. Уште и ќе летаме. Еден ден е.
Ги гледам силните пламени од каминот,и го чувствувам мирисот на сарма и печено пиле како лебди низ воздухот. Куќна слава е во прашање.А ние сите на купче. Се чувствува енергија и топлина. Благодарна сум што имам вакво семејство,и богата трпеза,може не секогаш но барем денеска. Тоа значи дека сум духовна богата. ...И после толку време се чувствувам добро.
Не сакам да дојде зимаа. Нее. Од што е ладно, шампонот ми се смрзнал. Го мразам ова време, недела навечер. Утре ќе треба да станам рано, за да одам на училиште, а ќебенцата топли. Денот ми помина многу бавно, добро де, уште не е поминал. Се чудам каква ли ќе биде новата платформа. Што ќе правам утре без фемина?? Добро, имам многу за учење утре, така да, нема да седам многу на компјутер.
леле измрзнаввв едвај чекам да дојде лето што убаво си беше брее.. си стануваш кога сакаш, и цела ден е твоја, дали ќе шеташ, ќе седиш во двор или незнам што сама си одлучуваш.. сега испадни надвор ладно - влези внатре досада. Дајте лето оваа е ладен пекол
Одвај чекам да ја видам новата платформа Само не знам како ќе издржам без фемина во периодот кога ќе биде недостапна
Претходниве неколку денови сум ептен нерасположена, али па неможе сеа секој ден да биде добар па, мора малце баланс! А и у секое лошо има и добро па така, ќе си чилнам малце.
По некогаш едноставно сакам убаво да се опуштам ,поготово кога сум сама дома ,не барам многу од животот го гледам рајот во малите нешта ,не брзам никаде за да стигнам колку повеќе брзаш толку повеќе си збунет и незадоволен ,го живеам секој момент од мојот живот додека не се појавиле проблемите после ке му ја мислам
Да го искористам времево со оваа платформа и да кажам два-три збора.. Ах бе дечки,вртете ја глата удолу кога ќе сте,прајте се дека не се знајме.А бе еве утре понеделник е,ќе барате домашно да ви се даде да препишете!Ќе барате на тестови да ви се кажува,ако сега вртете ја глата,зато и јас тогаш ќе ја вртам. Ах бе некултура,секој работен ден се гледаш,правиш муабет му помагаш,а тие после ни едно„ЗДРАВО!“ не ти прат.Не те фермат,бе брат..Тоа е нашата (не)КУЛТУРА!