Сакам да кажам дека секогаш работите ги правев / исправав на потежок начин. Кога се полагаше предмет на колоквиум каде знаев дека ќе се препишува го оставав за испит затоа што не ми беше предизвик да седнам и да го препишам она што го немам во глава. Јасна ми е помислата околу „леле каква глупача“, меѓутоа мора да се додаде дека станува збор за деликатната глупача. Имено, вчера на еден од најтешките предмети кои ми се одлучувачки околу тоа дали ќе бидам со поголемо звање во академското општество го поминав со 10ка. И тоа беше само момент кога го помислив истото што би го рекол Барни:
СДК...ни благата насмевка,ни топлиот поглед ,ни харизматичниот став,ни врвниот интелект,ни убавото однесување не е гаранција дека таа личност нема да ви оди на живци.
сдк... Денес 3 години на фемина,три години форумџика и со вас сите.Споделував среќни и не толку среќни моменти,тоа што јас го сакам,помагав или барем се обидов.Прекрасно беше до сега и се надевам и понатаму ќе биде.Секој од вас ми е на посебен начин драг и сакам сите да продолжиме да правиме се што правевме до сега,позитивно. Овој период не сум тука премногу,но кога можам седнувам и читам или споделувам нешто,овој период добро ми оди се,полека комплетно ми се враќа мирот во душата. Имајте пријатен ден. *l:
Живеам во близина на основно училиште и секој ден имам чест да ги гледам наставничките. Дефинитивно треба да им воведат униформи и на наставниците и професорите во основните и средните училишта. Она на се личи само не на просветен работник. Лакирани штикли со платформи, штикла 15ка, крзна, прозирни кошули, кожни панталони и здолништа, хеланки се само дел од несоодветната гардероба за еден наставник или професор. Срамота е така да се појавиш пред ученици и да им предаваш, па да ги учиш на основните принципи и да им предаваш морални вредности. Не, не е битно што едвај се движи на потпетиците и треба да искачи 3 спрата до училницата клатејќи се и каснејќи поради тоа на часот, битно што она е топ и што ќе имаат муабет со колешката за тоа од каде си ги купила штиклите. После ќе штрајкуваат дека мали им биле платите, а ништо не работат туку си тераат мода и кафица по цел ден. Море за вас не само академија туку и униформи со ролки до врат треба да ви воведат. И онакви ципелчиња ко воспитувачките во градинка што носеа порано. Моите наставнички во основно па се конзервативни беа, заглавени уште во бивша Југославија, па можеби затоа сега така ми се чинат новиве. Како и да е воопшто не им долкува стилот за облекување на тоа работно место, пуфките може да ги носат надвор од работа, и онака после 12 саат се слободни, цел ден е пред нив. Абре на факултет докторките на науки не се облекуваат така туку се најпримерни, јас незнам што им е филмот. Ова блогеркиве и интернетот им удрија во глава изгледа. Бруки, после се жалат децата како се облекувале. Како да се облекува, како што учителката му дава пример. Едноставно.
Не ми се верува дека е зима.Се се смени, дури и климата. Па се прашувам дали човекот се смени од климата или пак климата го смени човекот? Снегот може е ладен, но истивремено ги топли детските срца.Ништо не може да се спореди со таа невина детска радост.Снегот и децата се вечни пријатели. Од тоа пријателство се родиле безброј сказни.Сите вечни,волшебни,посебни... Се надевам снегот нема да заборави на децата и дека неговата белина ќе ги скокотка и понатаму детските срца.А возрасните ќе посакаат да се повторно деца.
СДК ... кога, тогаш ... се си доаѓа на своето место! Само верувајте, живејте спонтано и давајте шанси на животот. Што е за вас, си доаѓа во вистинскиот час. Издржете го животот ... Најважно.
Размислував дали да зборувам за ова во "двојна пенетрација" но одлучив тука. Утрово ја гледав утринската програма на Канал 5 телевизија, темата беше дали храната треба да поевтини. Почнаа да се јавуваат луѓе и збореа како храната е евтина и нема потреба да паднат цените. Потоа се јави еден дедо и рече дека работа има во државава само младите спијат до 10 саат. Си викам по таа "логика" ако од утре сите станеме од 6 саат ќе нема невработеност. Згора на тоа од 2015 г. ќе се зголеми данокот за хонорарно, а храната е поскапа од порано. Воопшто не можам да ги разберам луѓево. Исто така сакам да кажам дека пензионерите не треба да гласаат зашто нив им е битно колку денови во неделата ќе имаат бесплатно возење, со секое наредно се ближат до крајот на животот, а за друго ич к** не ги боли.
Добро бе мачор ај што ги демнел мајката и ќерката, згора на се и следел до дома, па и уште како тоа да не е доволно крипи, без срам и перде си ги исполажал... Боже на каков лик се палам не ми се верува . Ама пошо ми си симпатија, ќе те оправдам и еве ти едно за решителноста.
Мислам дека постот е повеќе за мерак да направи на некои девојки тука Ама Капетане, ако напишеш книга, јас прва ке ти ја купам и има да ми се потпишеш. Ѕвер си во пишување. Да беа повеќето мажи писмени како тебе, ќе бевте попаметниот пол. За жал, се е дебили наоколу. Тек тук некој писмен како тебе. Многумина се неспособни да напишат една сложена реченица, а не па ваков расказ. Иначе, СДК... Тенџерчето секогаш си го наоѓа капачето. Секогаш се случува она што треба, па дури и кога мислиме дека не треба. За се има причина. Само ние не ја гледаме. Барем не веднаш.
Маж ми на телефон-Облечи се ќе излеземе! Јас жива радосна ,еуфорија ме фати,викам што да облечам кај ќе ме носиш? -До банкомат и маркет. Е јбг. Не излегувам.
Она кога си отвараш пакетче со крем банани, и доаѓа татко ти и гледа само уште две останати, и нормално трчаш до кујна за да го земеш другото пакетче Не ги изедов сите јаааас, имаше едно глувче и крц, крц си јадеше Дада, мишецов јаде и благо, тоа да видииите Туку лујџе, заминав јас, и да, има уште од крем бананите
За разлика од други години, оваа ги сакам празниците! Имам и причини за тоа. Хо,хо,хо!!! Заштедата ќе ја потрошам на одмор и патувања нареднава година. Се завршува еден процес и лесна ми е душава како пеперутка бре!!! Кога си на чисто, на чисто си. И го сакам! Нај... И патики за трчање си купив. И решив, себична ќе сум. Се собравме женишта и се утепавме од смеење со гатање на карти, со гледање на кафе, со бесплатни натални карти онлајн и све врачарско. Све живо и диво претеравме, сите ќе умрат од природна смрт у старост, само мене ми пише срцето да си го чувам!!! Е мамата, а јас терај им го гајлето на сите, епа затоа срце ќе ме фати! Кој ве врти,ај ќао!
Луѓе, поголема спанка од мене мислам дека нема. Ем пола ден го преспивам, и пак сум ко ненаспана. Ни кафе помага ни ништо. Туку си имам една дилема. Имам две книги за читање и не знам која прва да ја почнам. П.с отидов кафе да ставам додека не сум заспала.
Она кога сексиљав тип ќе ти удри клоците затоа што си му личела на класната Среќа млада и заводлива професорица била,инаку ќе си набиев некој комплекс Се шалам,ме заболе газо. Баш сакав да си играм и да се забавувам малку со помлад дечко ама пропаднаа плановите. И не беше ради класната! Ете,јас заебав работа искрено Туку,го знаете вицчето - Каде можеме да славиме половна година ние кои немаме пари за нова? Е,тоа. Афтобиографско ми е во моментов,сунце му калајсано на оној кој го измислил. И за нова година само што помешаа планови,абе само ми мава корпи некој у последно време,се осеќам ко стар манијак што им се пушта на млади ученички у автобус Па сакав да штедам за поклони да изнакупам,да ги изненадам моиве ама ништо од бизнисот ни за тоа. Не сум ДедомрАзиска стршленка годинава,ќе пазам само да не отидам во пензија
Koga dolgo vrme,ma dolgi godini ne vi se slucilo nesto ubavo,a potoa malce se sreduvat rabotite... Mislis deka seto toa e vo son
Не знам зошто те чуди, кога огромен дел (секако има и исклучоци) се примени бидејќи биле нечии еб*чици. Како сакаш да се облекуваат тие особи? Иако има и од таа “фела“ дами со стил, ама пак тие не се задоволуваат со учителка до 4то одделение или одделенски наставник, сакаат нешто поексклузивно . А тоа дека докторите на науки не се облекуваат така, грешка си, ја немаш запознаено проф. д-р. Татјана Петрушевска од Јустинијан I. Жената се облекува како да излегла од некој порно филм, со обувки кои сигурно ги купува од некој секс шоп, буквално се исти како тие на стриптизетите, но морам да кажам дека начинот на предавање и изразување и се целосно спротивни од првичниот впечаток кој го остава. Баш е начитана и елоквентна. На крајот на краиштата и не е толку важно како дошле до таа работна позиција и како се облекуваат, поважно е дали се стручни и дали имаат капацитет да им пренесат знаење на учениците или студентите, затоа што често знаеме да ги обвиниме новите генерации дека се неписмени, а забораваме дека оние што треба да им дадат ука потфрлаат во тоа.
Сакам да кажам ... како што вчера почнав да бројам калории, денес престанав. Повеќе време врвев од денот на броење, праење пресметки, грамажи и слично него што јадев. Ок, не е то причината. Изгубив контрола денес (кога влегувам во „тие“ денови губам контрола) и почнав да заборавам што јадам и да препачунвам, едноставно изгубив контрола. Некои работи не се за мене И омилено смајли ми стана „“ и не знам зошто, најсериозно ...