Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да се омажам

Дискусија во 'Брак' започната од vasilija.vase, 10 септември 2011.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Многу жени прават грешки и се плашат да не остаант сами. Јас со тоа ич не се замарам. И бракот си има своја убавина ама ако си со вистинскиот човек. Познавам жени кои долго се во брак и велат-ако го утенш партнерот, пропаѓаш.Тие се трудат , работата, се борат, а мажите ништо не ги интересира. Таков маж само и е на терет.
     
  2. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Jaс не сакам да се омажам.
    Мислам дека не ми е потребна некаква хартија, некоја потврда за да ми докаже нечива љубов. Јас со партнерот може да си живеам заедно, да си имаме деца ама брак и не баш бидејќи сметам дека не ми е потребно.
    Плус, што ако искрсне нешто? Па дојде до развод па предбрачен договор да ми лупне, па ово па оно... Јаа мајката, е нема. :devil:
    Се шалам (ма да во секоја шала има пола вистина :lol: ) сепак сметам дека бракот не е за мене.
    Но, никој не знае каде ќе отидеме.
    А и да дојде до нешто такво, би било евентуално над 30 години кога веќе ќе ги имам пробано сите вкусови на животот и кога ќе знам што сакам.
    Но, сепак тоа тешко. Си стојам јас на моето, а сигурно не сум сама со ова размислување. Од толку луѓе на светот сигурно ќе се најде некој со кого јас ќе се поклопувам. Секое лонче со свое капаче. :)
     
    На GretaGarbo, srcekrsacka и Lilliana им се допаѓа ова.
  3. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    brakot ima svoja obvrska znaci so partnerot delis se i dobro i loso niz se pominuvate sami,no ako se ima razbiranje ,ljubov i malku pocit problemite ke se resavaat brzo.koga birate maz gledajte prvo kolku se grizi toj za vas zosto ima mazi na koi ne im e ama bas za nisto gajle cel teret go ostavaat vrz zenite a mazot e glavata na semejstvoto ako toj ne e kako sto treba se propagja.moe mislenje
     
    На Tanjamm и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Ау како што ми иде у љубов и цутам прво нешто што ми паѓа на памет е аха, овој утре ќе ме земе.
    Шала на страна, да, сакам, но апсолутно не сега (додуше сега не ни имам некој).
    Колку не спремна се осеќам за брак, тоа е едно чудо.
    И не, не е точно дека не знам гаките да си ги исперам или да месам зелник. И тоа знам.
    Јас сум толку психички-нестабилна во тој поглед, а и зависна од мама-што на апсолвентска екскурзија потрошив 2000 кредит за секој ден (со причина и не го носев мојот број, да не ме поздрави T-mobile), за секоја можна дешавка да и праќам пораки и да и се јавувам.
    Го сакам мирисот на дома, ја сакам мојата соба, сакам кога ќе го отворам фрижидерот (полу-празен) и ќе знам знам дека сум дома. :)

    Сакам кога ќе седам со моите и кога ќе гледам филм, сакам да го чекам да се врати брат ми од искачање, да им варам кафе дома и да им раскажам како си поминав дента.

    Звучи смешно, не? На мои 23 години толкава краветина тоа го правам.
    Али сакам, некој ден...
    Искрено, немам ни замисла каков сакам да биде тој со кој што ќе се омажам.
    Не го барам принцот, го барам мојот коњ што нема да ме пушти да паднам.
    И си размислував, јас да одам некаде, да живеам со некој со ладни чувства а колку љубов има да му дадам, би ме уништило..

    Некад ќе пружам алишта и си правам филмови во глава, да му ги пружам неговите алишта, но чиви?!

    Колку поише стареам (да не речам али пак ќе речам), толку потешко се заљубувам и приврзувам, затоа само се надевам дека нема да ми остане на желба (неизразита, но сепак желба) :)
     
    На Hipster, Neytiri, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сакам нормално и еве кај и да е ќе се омажам уште малку свадбата ми тропка на врата :D
    инаку да споделам и јас... кога бев средно не ни помислував да се мажам пред 30 год. мислев кога ќе бидеш постар дека е подобро. но едно 10 години подоцна сватив дека не е до бројката туку до човекот...

    кога имаш вистинска љубов и вистински човек до себе бракот е среќа, уживање, гордост некого да го нарекуваш свој сопруг и нетрпение да го делиш животот со него.

    денес се други времиња, стапувањето во брак не треба да ве плаши бидејќи ќе му ги перите гаќите и сл. тоа занчи дека вие не сте зрели за тоа. еве јас живеам со вереникот неколку години и функционираме како во брак , кога ќе се потпишам во матично мање више битно ние функционираме...

    и да ви кажам после толку години јас готвам еднаш неделно максимум, пеглам секогаш кога ќе ни притреба нешто, чистиме двајцата, не месам, незнам убаво да испеглам кошула, незнам да диплам и што? се она што јас не го знам го знае он и се надополнуваме.

    и пак ќе кажам зависи од луѓето јас сум самостојан од многу мала и за мене е незамисливо веќе долги години да јас бидам зависна од дома...

    јас ви гарантирам дека кога ќе го пронајдите правиот човек ништо нема да ве плаши...
     
    На rossonerka, kate21, Mishela и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Читајќи ја темава посакав да се мажам :lol:
    не дека пред тоа не сум сакала али сеа уште повеќе
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Некој ќе рече да млада сум не треба да помислувам на тоа.....но кога си со вистинскиот човек,сакал неќел тие муабети сами си доаѓаат.
    Со дечко ми сум долгоооо време :inlove:
    И сме правеле муабет на таа тема, сега веќе не ни е проблем станбеното прашање,само што тоа треба да се реновира од се до се...а за тоа би ни требале 17/18.000 евра, збориме се да се направи.
    Но не се решаваме на таков чекор од причина што јас не работам.
    Да јас работам може и ќе се решевме.
    Вака никаде не ни се брза, уште некое време додека не завршиме некои планчиња.Барем некои поважни.
    ...инаку многу се нервирам некој кога ќе ни рече па ајде што чеката,можете.Чекајте бе луѓе си мислам, да тоа така е,ќе се направи свадба сите весели а после ние главата а си ја чукаме. Што мислат оние ние не сакаме? Нас ни е се рамно?....е точно дека и моите години беа во прашања прво време,сигурно матура и свадба не ќе правев во исто време.
    Ама не ни па живеам според правило на бројки, јас сум 20.5 години дечко ми 28.5
    И не се движиме според нив, ако имаш многу услови може и на 21/22 ќе се омажам, ако не може и 25.
    Никогаш ништо не се знае, ние си се сакаме и ние не сме удрени,ние да не не сакаме да се земеме,ама па неќам да молам за пари за пелени и слично.
     
  8. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Сакам да се оженам... но не ми го даваат „горните“ тоа право.
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    13.341
    Пол:
    Женски
    Мажачката никогаш не сум си ја прецизирала, ама од секогаш сум се замислувала до 30 год со две деца... А дечкото како ми е засекиран на време да завршам факс, да не се заглавувам со испити, дури више сумљиво ми е :lol:
    Како и да е, школо додека не завршам не се мажам. После тоа ќе му ја мислам ;)
     
  10. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Јас од неодамна го променив мислењето во врска со бракот.
    Лани ова време некој само да го спомнеше зборот брак, јас правев оган и пламен пред себе.
    Се расправав со сите велејќи дека нема шанси да се мажам се додека немама 26 години - ама онака точно 26. :D
    Бев против мажењето рано, значи во 20ти ама пред 26 - таков вид на рано, поради тоа што размислувајќи за иднината ме фаќаше страв дека нема да успеам С да видам од светот. Главно поради тоа што прво треба да дипломирам, па потоа да најдам добра работа од која би собрала доволно пари за да можам да патувам кај што сакам, па дури тоа се случи ќе поминат годините и оооп дошло време за мажење па ако не се мажам тогаш после касно ќе е итн, итн, итн ... и одеднаш ќе се смрзнев од страв дека нема време во животот за ништо. :geek:
    Која будала. |(

    Пред месец дена се случи нешто, ми се отворија очите и сфатив дека бракот е една прекрасна заедница помеѓу двајца луѓе кои се сакаат, разбираат и делат се заедно.
    Бракот не претставува никаква пречка, ниту ја одзема слободата - се што може да се прави додека си со некого во врска, може и во брак, само на еден поблизок и подобар начин.
    Сфатив дека светот можам да го видам, да патувам и истражувам и да сум во брак со некого, всушност тогаш ќе уживам уште повеќе, бидејќи нема да сум сама, ќе имам сопатник со мене кој ќе е тука за мене и ќе ме поддржува во се, а и јас него. :)

    Секако, за да се решам на таков чекор прво, нормално, би сакала да дипломирам и да се вработам. Да, бидам јас обезбедена, да не зависам ама баш од никого, дури ни од идниот сопруг. Заедно да создаваме и да се поддржуваме, но не сакам од никого да чекам ништо. Исто, и тој да е обезбеден и спремен на заеднички живот, на страна, никако со 10 други луѓе во куќа. И секако, најважното, ќе се мажам ако го имам вистинскиот човек покрај себе за таа работа. :)

    Се-на-се, сфатив дека не морам да чекам до 26 години, како што замислував, за да се мажам. Сега, со ова размислување што го имам, сфаќам дека би влегла во брак и порано ако имам услови за тоа. Не мора ако се влезе во брак веднаш да се има деца, за тоа може да се почека. Како што пишав, може да се ужива и во бракот, без некој да ја крати слободата на двајцата.

    Сега вака размислувам, подоцна можеби пак ќе сменам - којзнае. :)
     
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ауу сакам многу да се мажам. :inlove: Ко бев помала си мислев дека до 30-тата нема да се мажам некои такви филмчиња си правев во главчето.Но, чудно од нова година наваму желбата ми е многу голема,а и 25 годинки си имам,а дечкото 28,за месец и пол 29 ќе прај па и време ни е си велам :?: :wasntme: . Врската ни е долга, си одговараме, буквално тој е мојот принц на бел коњ и како шо иди времето се повеќе и повеќе имам желба за да имам иднина со него. :inlove:Дури и му кажував предлог прстени и предлози за брак :$ :rofl: . Во последно дури и си правиме муабет за тоа како да направиме компромис во кујната бидејќи има некои јадења што тој не ги јади и како да си ги крстиме дечињата :lol:.Целата свадба како сакам да ми биде си ја имам замислено,што всушност е и сон на секоја девојка. Ако се омажам не значи дека ќе ми заврши животот,односно уживањето во него,баш обратно јас мислам дека во бракот уште повеќе се зацврстува врската повеќе меѓу двајцата партнери и дека се запознаваат уште повеќе меѓу себе,а тоа за нив е нешто ново,но убаво. Ајде доста ве давам ,битно сакам да се омажам и да е поскоро понудата за брак нема да е лошо. :wasntme: :$
     
    На babybelle, cinderella5, Lepaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  12. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ич. Ни малку. Ни ронка.

    Ниту чекам да ми дојде возраст, некоја година која е само бројка, ниту имам желба, ниту ( што е побитно ) се гледам себеси во брак. Ни сега, ни не знам кога.


    Не знам темева дали беше само за мажени девојки, но да си кажам и јас мислење. :)
     
    На La.Reina.Del.Sur и Libera им се допаѓа ова.
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Meне ништо не ми се смени со тоа што стапивме во брак.Истата љубов,-дури ми се чини и повеќе :inlove: ,почит,навики ,итн...Мислев дека барем некако поинаку ќе се осеќам,ама се си продолжи по старо :lol: Долго време бевме заедно,и се си мисслиш има време рано е,не сакам да се врзам,ко мислиш којзнае што е.Барем мене ми е исто,некој си мислат дека со бракот ќе им се стави кочница на многу работи,ама баш напротив.Си излегуваме како порано,некогаш со другарки,тој со другари ,со други зборови супер е!
    Коцките никогаш нема да се наредат ако се чека многу.
     
    На April87, Gea, tinkerbelll и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Сакам да се омажам. ^_^
    Многу сакам, прво и основно, зошто јас и мојов многу подобро функционираме кога сме заедно. Имаме слични навики и верувам дека баш добро ќе се согласуваме. Сакам, зошто ќе го имам покрај мене и само за мене поголем дел од времето. Често имаме прилика да сме заедно во Скопје на неколку дена, па дури и недели заедно нон стоп со исклучок кога јас сум на факултет или тој на тренинг и многу ни е убаво. Нема расправии (освен кога ќе ми претече кафето или кога ќе го расчадам цел стан од цигарите :rofl: ).
    Со еден збор, сакам (многу) да ссе омажам! :emo:
     
    На cooll, Stoimenovska, MSkorpionka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    11.603
    Пол:
    Женски
    Сакам да се омажам... за неколку години.
    Колку и да сакам да се будам и да заспивам до него, знам дека од љубов не се живее, од воздух уште помалку.
    Затоа здравје, ќе си се стрпиме и двајцата уште малку.
     
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    173.637
    Мажачката нема да и побегне на ниту една девојка,нормално ако сака да се омажи.
    Еднаш во животот си девојка,штом ќе се омажиш,не дека си ставил пранги на раце и нозе,ама подруго е,самите со пртнерот сносите одговорност за сите постапки во домот-семејството.Кога си девојка,се имаш самата себе и сносиш одговорност за своите постапки.Во брак веќе не е така,се треба да се усогласува,да се прилагодуваат двете страни.
    Поодете си девојки,не брзајте со мажачка,прошетајте,видете,забавувајте се без да мислите дали детето спие,дали плаче и ве чека исл.
     
    На i-v-a-n-4-e, Doozy и Annath им се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Па и сакам и нејќам :lol: Мислам, секако дека сакам да се омажам, но не сакам сега. Иако сме речиси 9 години заедно со дечко ми, сметам дека уште ни е рано. Имаме по 26 години, има уште време. Не е само возраста (луѓе стапуваат во брак и на 18 години), во игра се и други фактори. Јас моментално не работам, а најмалку од се’ сум спремна да имам дете :!: Тоа не ми ни паѓа на памет. Јас секако знам дека тој е мојата сродна душа, а јас неговата и дека со него ќе го поминам целиот свој живот, за тоа нема сомнеж. Тој ми вели дека уште утре би се оженил со мене без размислување, до толку е сигурен. Сепак, јас би почекала уште некоја година, иако знам дека и бракот ќе ни биде полн со љубов, разбирање и доверба, исто како што ни е сега врската :)
     
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.032
    Пол:
    Женски
    Прекрасно кажано!


    Мојот став - во средно,а и помала, помислата на брак ми беше грда, од причина што јас немам поинаков пример од моиве дома, а и во блиската околина, цел живот гледам само бракови што не функционираат,и остава свој белег тоа. И незамисливо ми беше ако некогаш стапам во брак,тоа да биде пред 30...
    Но,со текот на годините,како што запознавав се повеќе и повеќе луѓе,видов поинакви примери,запознав парови кои супер функционираат,а најмногу мислењето ми го смени сегашниов дечко. Помислата и од сега да сум со него во брак,воопшто не ме плаши. Не дека би се решила на таков чекор сега брзо, но така се чувствувам, сигурно. И јасно и гласно, можам да кажам дека да, сакам да се омажам, немам ништо против бракот...
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам и тоа многу, се разбира доколку го најдам вистинскиот за тоа. Многу лесно би можела да се замислам во улога на нечија сопруга со оглед на тоа што сум растена во таква средина (да не ги урочам, ама бракот на моите добро функционира веќе 25 години).
    Ама се‘ ми се увртело во глава дека тој вистинскиот нема да го најдам никогаш.
     
  20. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Сега за сега не сакам да се мажам, бидејки сум многу мала имам само 20 години. На овие години неможам да се замислам како сопруга или како мајка. Се во свое време...Би сакала да се омажам на 26+, но немам ништо против тие што се омажиле многу порано