Не сакам да се омажам бидејќи не се гледам себеси во брак и после се што имам доживеано мислам дека така и ќе остане.Сепак има време до тогаш ќе видиме.Можеби ќе запознаам некој што ќе ги исполни моите очекувања па ќе бидне и бракот.Никогаш ништо не се знае...
Кој не би сакал Али за мене е премногу рано мислам имам многу обврски:факултет.За деца треба пари:храна,алишта ова она.Заврши факултет после шо сакаш праи-Татко ми
Искрено кажано, бракот како брак најмалку ми значи! Само потпис, а тоа не ми значи ама баш ништо. Ако решам дека сакам да живеам со некој, ако се разбираме, се сакаме и се почитуваме, бракот не ми е неопходен. Како поминува времето, се повеќе сум сигурна дека НЕ сакам брак. А ако случајно се решам на такво нешто, пред 30тата година тешко. Си уживам во целосната слобода, еднаш сум млада сепак. За голема и раскошна свадба па никогаш не сум имала желба, а верувам дека никогаш нема ни да имам.
Го разбирам тоа чуство,но како и дае добро е да се омажиш со нормален човек бар за недај боже една чаша вода да ти подаде,оној брак на хартија не ти треба ти треба брак во кој ке се сплотите и функционирате.... Не грижи се за секој има срека верувај твојата срека нема да те одмине....поздрав
Сакам да се омажам... само за да добијам комплет Делимано тавчиња. Реално, не можам, ниту ќе можам да си ги дозволам без случување на овој свет чин.
Сум си размислувала на темава многу пати и како поминува време од сакам во не сум баш сигурно. Повеќе би сакала неформален брак т.е. заеднички живот, па и деца. Почнав да не ја разбирам разликата помеѓу склучен брак со потпис и заедничко живеење со саканата особа, освен во случај на (недајбоже) разделба која е секако покомплицирана ако бракот стои на документ. Треба да разгледам аргументи зошто е добро да се има склучен брак :geek: можда пак ќе почнам да се предомислувам да направам свадба ако ми е пишано некој да ме побара за животна сопатничка
секако дека сакам да се мажам,ама не сум ја уште пронашла личноста за тоа,постојано си мислам дека нема ни да ја најдам,а најмногу ми е страв да не останам сама
нененненен премногу е рано имам само 20 а не планирам ни наредните 3-4 години неможам да си се замислам во бело
https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater Трендафилке ете и во реклама те спомнале ! Абе не е малку претеризам? Ми се чини почнаа сите да претеруваат со превземање од Фемина
А смее вака, нема никакви ограничувања од страна на форумов? Малку е глупо и незгодно кога ќе подразмислиш...
^по некоја логика ова е кршење на правата Нели сите права се задржани на фемина, па ваљда до толку се заштитени некои работи.
Уште не ме контактирал некој за тавчиња, како надоместок за употреба на коментарот во рекламата. Инаку, знам дека не е соодветна темава, и слободно нека ги преместат сите коментари во друга врзани со ова, ова беше смешно во секој случај и безопасно, ама реално - утре може да си ги видите коментарите, размислувањата, песните, расказите кои сте ги пишувале тука, на некое друго место - весник, сајт, книга дури - и како ќе се заштитите од кражбата? Невиден арамилук...
Еден ден да. Но тоа е за мене многу голем чекор кој зависи од многу работи. Прво нормално партнерот со кој треба да имам многу разбирање пред се. Исти гледишта на животот. Потоа, бидејќи со бракот си идат и деца, сакам ништо да не им фали кога ќе ги имам. Сакам да бидам во состојба да им пружам се што ќе им биде потребно за нормален живот, а за да успеам во ова ми треба факултет и работа. Исто и на партнерот, па да можиме двајцата заедно да го платиме сето тоа. Инаку семејство и топол дом е мојот сон и смислата на мојот живот. Не кариера, не лудување и журки до 40 години, туку семејство.
би требало одредени луге овде на форумов да се запрашаат каде ни се нашите авторски права и колку сме заштитени во врска со наште постови каде и како завршуваат па затоа апел од мене до сите главни и одговорни луге на фемина сајтот да бидат одговорни и да ни објаснат како може нашите коментари да се најдат некаде на реклами????? да не се замараат со бришења на мислења и теми него да се зафанат со работа да ни ги заштитат нашите постови денес ова небитно мислење на трендафилка кое и нема ништо да и наштети но утре кој знае кој и каков пост би бил употребен во некои цели и како ние не би биле разоткриени и изнесени во јавност ова е посериозна работа отколку што воопшто изгледа па затоа малку да се залагааат на таа тема и таа страна се надевам дека нема да бидам погрешно сватена и дека мислењето нема да ми биде избришено неко ке се свати како најдобронамерен совет
Мислам дека без потреба напаѓате. Нема никаква злоупотреба на правата според мене. Форумот е јавен, мислењата се јавни а лицата се анонимни. Дури не се ни знае кој го дал мислењето затоа што сите овде се анонимни. Како ќе биде некој разоткриен? На кој начин освен ако самио тне се разоткрие? Плус тоа убаво пишува подолу (Авторите на мислењата се одговорни за нивната содржина.) Затоа секој да внимава Што пишува. И мислењето што е искористено не е некоја си реклама. Од кого реклама??? Од трендафилка? Па и некој од делимано може да се регистрира или од било која фирма да напиШе мислење и да се рекламира. Самите се глупираат со ставањето на мислењето за реклама од анонимец.