Не се осеќам како да ќе горам во пеколот. Ми се има случено слична ситуација и на типот отворено му кажав пред девојката како стоје ствари и се свртев и си заминав. Тој момент беше пресуден. Претпоставувам храброста. Вечерта ми се јави.
Прво, треба да размислиш зошто сте прекинале. Дали тоа што тогаш било ќе можете да го оставите настрана во случај на помирување. Второ, од каде знаеш дека не ја сака девојка му? Ако ти кажал, значи дека си ја оговарал сегашната со бивштата и тоа доста кажува за него и неговото почитување на девојките. Дали ќе можеш да поднесеш да сенајдеш во иста ситуација? Ако сте разговарале, двајцата ли сакате да сте заедно? Ако да, нека прекине веднаш со девојчето со кое иде некој месец, бидете заедно, сакајте се и чувајте се и не ги прајте истите грешки како првиот пат. Доколку пак, он само ти кажува дека не ја сака, ама и даље е со неа и никако да раскине, пали си патиките од таков. Лажги со опашки се тоа.
Mene licno ne mi nema kazano na drugarka moja i ima kazano deka ne ja saka segasnata devojka iskreno jas sakam a ne znam dali i on saka i ke se potrudam da razberam
Тогаш, зошто е со неа доколку не ја сака? За да те преболи, а може да те има? Комплицирана ми е ситуацијава... И, дааааа. Во љубов и војна нема правила, играј како што мислиш дека е правилно и ич да не ти чуе.
Истото сакав да го пишам и јас. Ако еден филм го изгледаш повеќе пати после воопшто не ти е интересен.
Исто како, барем мене ми се случило, од категорија комедија и опуштеност да извлечам хорор или драма филм.. така и со некоја бивша
@KittyCat:) Романтично звучи да се бори човек за љубовта, но да се борат двајца заедно во врска против туѓи препреки, а не човек да се меша во врска. Тоа е ептен незрело. Да сте се сакале толку и да сте биле зрели ќе сте го надминале недоразбирањето и сега уште ќе бевте во врска. Тој има девојка, а тоа што наводно не ја сакал не е зелено светло да им се вмешаш во односот Воедно, ако наоколу оди и кажува дека не ја сака, ама истовремено си ја продолжува врската со неа, значи може е дезинформација, а може и таков карактер што не почитува многу. Како и да е, не се мешај, не е воопшто ниту паметно, ниту убаво
Кога е веќе таква работата и си спремна да го освоиш повторно бившиот, веројатно ти многу повеќе отколку сите ние овде на форум го познаваш бившиот дечко кои му се слабостите па искористи ги како свое најсилно оружје.
Јас ќе ти речам ако мислиш дека сеуште имате шанса, бори се за него, ама само реално ако мислиш дека треба да бидете заедно и дека тој сериозно не ја сака девојката. Јас постојано го одбегнував сегашниот ми маж после првото раскинување, кога тој си фати девојка пробав да не се мешам, ама после нколку ситуации сфатив дека ние сме еден за друг и дека тој не треба да е со неа, му кажав, ако сака да е со мене и да продолжиме да и раскине, да не заборавам да кажам дека и јас имав дечко тогаш и требаше и јас да раскинам. Прекинавме и двајцата и сега сме заедно 12та год, значи да не го презедов тој чекор тогаш и да мислев на девојка му да не ја повредам можеби сега немаше да бидеме заедно и можеби ќе го испуштев вистинскиот човек за мене. Така да бори се за она што го сакаш, иако не е фер, сметам дека не секогаш треба да сме фер ако сакаме да сме среќни.
Кога чашата ќе се скрши, повеќе нема назад . Колку и да ја лепиш и составуваш, џабе е, таа е сепак искршена.
Ја избегнував темава и не сакав ни самата тоа да си го признаам, ама ме стигна и решив да пишам и да прашам за мислење. Вака, лани ова време негде се гледав со еден дечко чисто онака од досада, ми беше симпатичен ама ништо посебно, се гледавме може еден месец и дечкото тогаш ми кажа дека се заљубил, дека ме сака и слично ама мене дека ми беше чисто така за време да тепам со него, глумев нешто лудило, се зафркавав цело време и на крај веќе ми здосади и го откачив и тоа за најбанална работа што ја искористив како изговор за да можам да го откачам. Сега летово си фати девојка и сеуште се заедно, но пред да се фати со нејзе ми пиша мене дека сеуште ме мисли, сака да ме види, да ми се извини ако ме навредил и сл. Ама јас пак го откачив и тоа на многу лош начин, не знам дали ја сака нејзе ама чудно е тоа што откако се фатија после една недела она се исфарба како мене и косата ја потшиша исто што мислам и дека он тоа го има побарано од нејзе најверојатно да му личи на мене. Е сега проблемот е што после толку време, мене сега ми текна дека уствари беше баш фино и добро дете и дека ако бев со него ќе ме гледаше како капка вода на дланка, и сега ми е криво што има девојка и сакам некако да го скарам со нејзе ама не знам како, и дали воопшто е тоа паметна идеја?
А погоре филозофираше нешто друго. Како што реков и претходно ако го познаваш карактерно каков е искористи ги тие негови маани/слабости или како и да речам. Пиши му онака другарски како си што си и чекај, можеби во него нешто ќе го натера повторно да ти пиши тебе. Инаку кој сум јас да судам... али едно нешто ќе ти речам, ти не го сакаш момчето, само си играш со него, и сега нешто те јади во себе (тоа е его, веројатно) и сакаш повторно да си имаш играчка. Али па од друга страна не го познавам дечкото можеби и ќе бидете среќен пар..
Па никаде не ни реков дека го сакам, за егото си во право. Од една страна сакам да го направам тоа, бидејќи мислам дека ќе успеам да го скарам ако пробам, а од друга страна не сакам бидејќи познавајќи се самата себе за брзо време пак ќе го разочарам и за џабе ќе му ја растурам врската. Ни вака ни така сум.