Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да сум повторно со бившиот

Дискусија во 'Разделби' започната од emilijakaraivanova, 6 јануари 2010.

  1. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Princcez,
    Не му напнувај. На што личи тоа, тој ти раскинал а ти го бомбардираш со пораки, јавувања, молби. Требало сосема спротивно да постапиш. Да не реагираш колку и да ти е тешко. Верувај, него би го замислило тоа каде си, зошто те нема, одеднаш не си тука како секој ден. А ти што си направила? Мислиш со молење да ти се врати. Па еве и да ти се врати, колку ќе трае тоа. Тука нешто не е јасно. Или има во план друга, или се оладил. Ама најдобро ке си ги среди чувствата ако тебе те нема. Не се јавувај, не пишувај пораки, излези со другарки, читај книги, посети роднини. Ќе видиш дека тој ќе се замисли каде си. Ако по некое време ти се јави, топката ќе биде во твои раце (и тогаш мудро, сериозен разговор и средете се). Ако не ти се јави, значи веќе се оладил. И тука не можеш ништо, зашто ако останете заедно, врската ќе ти биде агонија. Затоа, почекај. Ако не напнуваш, мислам дека откако ќе се издува, тој ќе те бара. Ама, ако не напнуваш.
    Поздрав!
     
    На Divinebutterfly, princez и Butterfly3 им се допаѓа ова.
  2. princez

    princez Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Благодарам на одвоеното време што ја прочитавте мојата малку подолга порака , оставив веќе не молам и некако полека јас се повлекувам можеби па добро направи со тоа јас да осетам дали имам чувства спрема него , а иначе ако молам тоа ќе се два дена повеќе не ,ставам крај не е толку вреден за јас да обрнувам внимание :))))
    Благодарам многу за совето
    поздравче
     
  3. Butterfly3

    Butterfly3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    22
    Zdravo Princes
    kako prvo glavata gore i kolku i da boli NIKAKVO JAVUVANJE- so toa mozesh povekje da mu se zgadish
    kako broj dva ako e dovolno maz ( a ne selski balkanec) kje se gordee deka uspeshna zena go saka tokmu nego so sredno obrazovanie- i kje se gordee na uspesite na negoviot partner..
    kako treto ako ti e chkrtnat kje bidete zaedno- kje vi se spojat patishtata - mada vo povekjeto sluchai chim puknalo -it wasn't ment to be..

    kolku i da e teshko (a veruvaj sme videle site teshko) so bolki vo dusha so depresii so solzi...NIKOJ nekje ochaen chovek shto moli i ne se poshtuva sebe si..najdi si guru i ventil i kvichi mu..samo ne nego...idi u crkva baraj pomosh moli si se ako ne ti e toj suden da ti go trgne pobrzo od glava i od dusha i da go prati toj shto si e za tebe
    site imame patishta i iskushenija koi treba da gi pomineme- ova e edno od tvoite.. ne pagjaj nisko- chim on te otkachil- VERUVAJ - ti si vo prednost..na otkacheniot vrata chim mu se zatvorila nabrzo mu se otvara POUBAVA i POGOLEMA porta..a kaj otkachuvachot- what goes around comes around ;)
     
    На Divinebutterfly, zbuneta2 и princez им се допаѓа ова.
  4. princez

    princez Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Предобро напишано по добар совет не сум ни добил благодарам многу .Како што деновите минуват така и јас го забравам можеби се е било навика па добро изреагирал што нејкеше да продуже .Повеке не молам мислам сакаше еден вид разговор како возрасни луге да направеме тој нејкеше и толку .Времето се си праве и навистина е така сега имам поважна работа дури и најважна уште да ја одбранам магистерската тоа ме исполнува многу.
    Благодарам многу навистина сте прекрасни и ни малку не ми е криво што тука си го напишав проблемот што ме маче вашите совети се прекрасни
    Поздравче
     
  5. zbuneta2

    zbuneta2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    Дајте му повод повторно да ве забележи. Доколку го смените вашиот изглед и стилот на облекување веднаш ќе го натерате да застане и да ве разгледа бидејќи тоа е ново за него, нешто што не бил навикнат да го гледа.



    Однесувајте се пред него како ништо да не се случило. Раскинувањето за вас не било воопшто тешко и потресно. Вашата насмевка и рамнодушност ќе го испровоцираат да дознае што ви се случува во животот. Пред да се освестите тој веќе почнал да ве следи насекаде во град.



    Одете почесто на заедничките места или на местата каде што тој обично излегува. Така постојано ќе му бидете пред очи. Новата вие, позитивна и ведра што ужива во животот. Честите средби ќе го натераат да се навраќа на вас и да се замисли што изгубил.



    Продолжете ја комуникацијата со луѓето што ве поврзувале, особено неговите блиски пријатели. Тие освен што ќе ви бидат извор на информации за тоа што прави во животот, може да се најдат многу корисни и да му зборуваат за вас и за тоа како згрешил што не ве задржал покрај себе.



    Најсигурна метода ви е да го направите љубоморен. Во негово присуство флертувајте со други момци. Доколку реагира и тоа го погодува значи сте на добар пат повторно да го имате.
     
    На Divinebutterfly и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  6. princez

    princez Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Повеќе и јас не знам дали сакам да бидам со него денеска ми се јави она чисто да пита како сум и помина од кај мене дали издржа да биде остане со мене 3 мин.Го гледав како некој странец само знам дека кажа како мене девојка никаде немал да најде (можеби како некој вид на утеха ми даде :))) и дека сакал да биде сам не знајал шо му се случува според мене најгрдото објаснување какода не знам шо ми се случува , толку беше разговорот наш кратко :) многу ме разочара со неговото мислење знам и сигурна сум дека повеќе нема да бидеме заедно од 2 год. како се пропадна за 5 мин . се ти се изгуби а мислеше дека нема да дојде крај на врската.
     
  7. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Штом се јавил онака чисто да праша како си, не требало да му дозволиш да намине кај тбе. Едноставно, нека те снема малку, да се запраша кај си. А веројатно и тебе ке ти годи тоа. А за понатаму, ке видите.
     
  8. princez

    princez Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Знам моја грешка не требаше да дозволам да помине за уште повеќе да ме повреде со неговите зборови па што сакаш да дојдеш за па истите зборови да ги кажеш бог да чува .Јас се тргнав помири се со тоа дека немал чувтсва негово право , само не ми е јасно дали може во рок од 5 мин. ти да ги однемаш чувствата спрема личноста со кој си бил можеби не долго време ама 2 год не е малку тоа мислам дека никогаш нема да ми биде јасно .Никогаш немам погрешено за вака да ми се враќа не сум личност што повредува во се сум му помагала за он вака да праве .Сега ми е јасно дека никој не те цене и дека се можеш да забравеш премногу сум повредена од негова страна ептен излезе како гром од ведро небо некој со тебе се зеза се до дека си му потребна после толку немам зборови не знам веќе што и да напишам .
    Фала многу за советите и што одвојувате време да ми помогнете
    поздрав
     
  9. daence.To

    daence.To Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    НЕЈКЕШ да си повторно со бившиот..ВЕРУВАЈ..нека помине малце време ке видиш дека не ти требал некогаш..најди малце време за тебе и уживај во животот...не се обврзувај пак, ке видиш дека ке ти биде мнооогу поубаво..се најубаво .
     
    На princez му/ѝ се допаѓа ова.
  10. princez

    princez Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Само да ве известам нема ни трага ни глас од мојо бивши не знам што да кажам се прашувам дали стварно може толку брзо да ме од сака и искрено не ја знам убаво причинита зошто уствари раскинаме многу нејаснотии имам во главата а еве поминаа 3 недели од како ви пишав и колку не сме заедно не можам да глумам прво мислеше толку е можеби подобро и вака што испадна ама сега не тешко ми станува и тоа многу навистина го сакам премногу а не знам што можам да направам не е мал периодо и ме боле тоа што знам дека нема да сум со него а тешко ми е да го прифанам тоа :((( првпат мислам дека не сум моќна и дека ништо не можам да направам :(((ги слушав вашите совети отргна се од него не му звонеше , не му пишуваше пораки надевајки се дека ке размисле и дека он ке се јаве ама како минуват деновите толку е значи стварно крај дојде повеќе не се надевам а баш сакам да сум со него:(((
     
  11. love5

    love5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    imam 22godini, imav vrska 11meseci mnogu se sakavme, postojano bevme zaedno, so eden zbor kazano imavme kompletna vrska. vo posledno vreme bivsiot pocna da me izbegnuva se poveke da e so drugarite poretko da e so mene. poretko sakase da izleze so mene no jas go razbirav bidejki toj zapsona so rabota i nemase dovolno vreme za mene. Zivmee vo sosedni gradovi i sekogas nemame moznoti da sme zaedno. No koga se ni bese ok sekoj vikend spiev kaj nego i se bese prekrasno.
    No se sluci toj da trgne na rabota, a jas zaminav na 12 dneven odmor za albanija so moite roditeli, bidejki ne sakav da sum sama doma i sekako toj mi dozvoli da odam zatoa sto sum so moite roditeli. dodeka bev na odmor non stop si pisuvavme poraki edvaj ceka da me vidi i slicno.Koga se vrativ mi rece deka ke pomine da se vidime jas se spremav i cekv....., ne dojde.
    Mi raskina i za 2 dena trgna na vikedn odmor so druga. veke sme raskinani 1 mesec uste go sakam mnogu go sakam sakam da mi s vrati se da bide kako sto bese, ponkogas mi se javuva no toa e retkoo, imavme sredbi 2/3pati, go molev da se smirime mi rece ima vreme. sekoja vecer placam i sakam da mi se vrati nemozam da ziveam bez nego,mnogu go sakam.
    [mod-kirilica:26to2mgg][/mod-kirilica:26to2mgg]
     
  12. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Повторно со бившиот??? |( Никогаш,не дека сум мажена или нешто...никогаш не би одела со таков италијански лузер(го згрешив изразот педер,мислам се извинувам онака ,но што си е вистина си е вистина)
     
  13. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Е и јас сакам ама...
    Кога требаше да направам нешто јас не направив ништо,а притоа постојано се убедувам дека барем малце сум се потрудила.Помина многу време,крај краева ако треба да бидеме заедно,ќе бидеме.Сега веќе се е во рацете на оној горе :|
     
  14. AsanDra

    AsanDra Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    одев со бившиот 2 и нешто години. и му се скарав пред еден месец, заради тоа што му се пуштаа типки а тој не можеше да сфати,и послен ми кажа дека вистина било дека му се пуштале ама неќел да ми кашва за да не се нервирам. Проблемот е сега го сакам пак назад бидеќи имам се преживеано со него. знам дека и тој сака но имам еден мал проблем кај него има голем инает и сега ми вели неќам да се смириме, а му викам покасно ќе биде не и тој ми вика не. и сега ќе ве замолам да ми кажите што да направам. бидеќи не можам вака не се чуствувам ич убаво. нз дали да продолжам да најдам друг или да почекам уште малку?
    фала од напред многууу
     
  15. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :tmi: аман ма ти некако како да му се умилкуваш како да го молиш и ,,МУ ЈА КРЕВАШ ЦЕНАТА,, ајде де те сакат ???? ако те сакат ке се смиреше со тебе а ти го сакаш а????

    а ти фрли камче а??? ама камче со конче и сега си мислеше демек кога ке посакаш ке си го повлечеш камчето со кончето кога сакаш и ке ја смириш топката ама се покажал ,,МАЖОТ СО ГОРДОСТ,, !! АМИ И ТИ ПОКАЖИ ЈА ТВОЈАТА ГОРДОСТ И ПОВЕКЕ НЕ ГО БАРАЈ ЧЕКАЈ ТОЈ ПРВ ДА ТЕ ПО БАРАТ АКО НЕ ТЕ БАРАТ ЗНАЧИТ ДЕКА Е ГОТОВО !
    П.С. ГЛАВАТА ГОРЕ ШТО Е ТВОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,, ! така рекол народот !
     
    На AsanDra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11


    Не е важно кој ќе го направи првиот чекор да се смирите и продолжете со Вашата врска.Направете го тој чекор Вие и нема да се покаете не е во прашање гордост верувајте ми,гордоста се покажува на други места поточно во други ситуации.Каков и да биде исходот од твојод обид да бидете повторно заедно ти треба да се чуствуваш горда на себе што знаеш што сакаш и се бориш за тоа што го сакаш,но немој при тоа да заборавиш на твоето достоинство.
     
  17. Bella.09

    Bella.09 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Како ли да се смирам со бившиот?

    Женски помогнете ми незнам што да правам. Има некаде 5 месеци и повеќе од како сме разделени, а јас се уште патам по него. Нашата врска траеше околу 4 месеци, но многу го засакав а знам дека и тој мене ме сакаше. Се каравме што се вика за глупости и одма после ќе се смиревме. Некогаш и по недела дена не зборевме, но на крај секад ќе се смиревме. Знам дека ме сакаше. Последниот месец ни одеше баш супер, а и не се ни каравме. Многу се зближивме и знам дека уште повеќе ме засака. Незнам ни како дојдовме до тоа да посака да раскинеме. Кога го прашав за причина рече дека немало, дека доволно било. Многу ми беше тешко. Секој ден плачев. И ден денес ми е многу тешко. Знам дека и него не му е сеедно. Ние сме од ист клас. Сега го немам видено може месец дена а многу ми недостига. Незнам што да правам. Како да се смирам со него? После месец дена од како раскинавме го прашав и ми рече -НЕ ! Исто и последните денови од школксата година зборевме и го прашав, рече незнам но се смешкаше како да сака. Ние не ни комунициравме од како раскинавме, ни здраво немавме, а тој ден бевме повеќе деца од клас кај една другарка дома, и некако се зближивме, се изгледаше како да ќе се смириме, се беше совршено, а утредента у школо беше како друг човек. После некој ден ми рече дека не сакал, и да не сум го прашувала веќе бидејќи немало да сака. Јас од тогаш не го ни прашав ни ништо. Многу ми е тешко, незнам што да правам. Пробав и со друго машко да го заборавам, но неможам. Никој друг не ми е толку совршен како него. Мислам нема ни да најдам некој како него. ;( Што ли да правам ?
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Како ли да се смирам со бившиот?

    Како него нема да најдеш сигурно. Двајца исти не постојат. Ќе најдеш подобар од него.
    Се наоѓаш во таков период што ти се чини дека тој е твојата вистинска и најголема, непреболлива и најдлабока љубов и дека ако не си со него, ќе останеш сама до крај на животот. Потполно те разбирам.
    Мислењето не можам да ти го сменам јас. Ти самата ќе го промениш со тек на време.

    Мој совет прво е да не се трудиш да го заборавиш со тоа што ќе се плеткаш со други момчиња.
    Имаш 16 години, уживај во нив и во твоите средношколски денови. Излегувај со другарките, забавувај се, поминувај време со луѓето кои те смеат и ти го креваат расположението, радувај му се на сонцето и наоѓај задоволство во мали работи.
    Допрва ќе има уште многу момчиња во твојот живот. Некои ќе ти остават поголем, некои помал впечаток. Но и самата ќе бидеш изненадена колку од нив ќе ти остават поголем впечаток од овој дотичниов.

    Не го думај него до толку. Момчињата на таа возраст обично сакаат да истражуваат и за нив врска подолга од 4-5 месеци е нешто страшно и незамисливо. Ќе му требаат неколку години да го надмине тој страв ;)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella.09

    Bella.09 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Како ли да се смирам со бившиот?

    Се надевам дека е така, но зошто мислам дека и тој сака да се смириме? Зошто секогаш кога ќе погледнев на кај него тој веќе гледаше во мене, зошто кога некој ќе ме спомне се прави дека не му е гајле и после 5 мин. одма препрашува.. и уште милион работи ми се вртат во главата а незнам одговор. :/
     
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.501
    Пол:
    Женски
    Како ли да се смирам со бившиот?

    Мислам дека сама си увртела во главата дека сака да се смирите. Доволно ти кажал што сака со тие два пати што те одбил.
    Кога би сакал пак нешто со тебе немало нагло да прекинете секаков контакт, барем би имале едно здраво.
    Колку побрзо прифатиш и ја согледаш реално ситуацијата току подобро.
    Не се надевај ако немаш причина.

    Добар совет ти даде Хипи, излагај со другарки журкај се, и верувај еден ден кога ке го имаш тој идеалниот до тебе сепак најубави моменти во секавање ке ти останат токму тие моменти кога си била со другарки, и сте се убивале од играње цела вечер и сте поминувале топ и без машки.

    Почекај времето ке го направи своето, ке го заборавиш, пушти работите да течат спонтано, не форсирај ништо доволно си се обидела со него сега остави го.