1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакајте се такви какви што сте !!

Дискусија во 'Тело' започната од LittleGirl626, 6 август 2016.

  1. LittleGirl626

    LittleGirl626 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Ја направив оваа тема со цел да споделиме некои свои мислења.. Ако не е во ред ова тогаш слободно не пишувајте :) ..
    Читам наоколу по форумов дека многу феминки се жалат од своето тело, некој имал мал задник, мали гради и слично.. И јас спаѓам во тие, еве имам мал задник и мали гради, не сум згодна.. Порано ми беше срам од тоа, се мразев себеси оти сум таква, ми беше уништена самодовербата и не се чувствував како девојчее воопшто.. и си мислев дека ниту едно момче нема да ме сака ваква..
    Се додека не го запознав него (дечко ми) тој ме прифати ваква кава што сум а инаку тој е згоден и набилдан.. и сеуште евве 1 година веќе е со мене.. значи ме сака и ваква без големи гради и голем задник.. И ми кажа дека не ме саака поради надворешната убавина, да јас на лик сум убава.. и ми кажа дека нешто повредно од телото е душата и срцето а тоа него му е на прво место.. Така да сфатив дека треба да се сакам ваква каква што сум бидејќи покарј тоа знам дека некој ме сака повише од самата себе си.. И дечко ми ги сака моите мали гради и мојот мал задник него му се доволни :):) ..
    и сфатив дека надворешната убавина, телото може да порасне... Во некој случај добро да сии ваков ќе знаеш кој вистински те сака, оти многу момчиња кога ќе видат девојка со големи атрибути посегнуваат по нив не по самата девојка..
    аа градите и задникот можеш да ги доведеш до посакуваната форма, да напорно и тешко ке треба време но можеш да успееш ако имаш желба.. И сега јас си се сакам ваква каква што сум,.. нормално секое девојче сака да има гради и задник ни многу мали ни многу големи.. така и јас..и еве одлучив да почнам да вежбам со мотив од мојот дечко.. и ќе си вежбам за самата себе не за да и се допаднам на некои други..
    не се осудувајте самите себе поради вашиот изглед.. Сакајте си се себеси, не се грижите дали другите ке ве гледат сакат и посакувааат.. :):):D
     
    На little women, Biodevojka, Ana Chio и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Fina Tinejdzerka

    Fina Tinejdzerka Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2016
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно си во право. Потполно се согласувам со ова. Сепак, господ не создал такви какви што треба да бидеме. А, за подобар изглед можеме да реагираме и самите... И јас еве имам мали гради и задник но исто така сум слаба, затоа одлучив да се здебелам и да почнам да правам некои вежби за обликување на телото па, да видиме до кај ќе стигнам :lol:...
    А иначе, темава е добра. Овде може да се даваат и некои совети за обликување на телото. А, ѕирнете ја и мојава тема па споделете некој совет и искуство таму... http://forum.femina.mk/threads/Бричење.25999/
    Позрав :hai:
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.544
    Пол:
    Женски
    Сите сме убави вакви какви што сме. Бог сакал такви да бидеме и треба да се прифатиме себеси и кога не сме совршени. Јас сум задоволна од моето тело, не ми се допаѓа само што сум size s ама добро, така требало да биде. :) Веќе се прифатив себеси. На крај на краиштата, важно е она што го носиме во себе. Да беше битно убавото тело тогаш Бог телото ќе ни го земаше а не душата. :) А јас го сакам и прифаќам секое негово дело, секоја негова креација , каква и да е.
     
    На LittleGirl626 и Fina Tinejdzerka им се допаѓа ова.
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Знаете како велат дека телото е наш сопствен храм и со него може да правиме што сакаме?
    Порано било „ако Господ те даде со рогови така ќе живееш“, но сега бар има многу начини да се работи на сопственото тело, сѐ што е потребно е само волја и мотивација за тоа.
    Реално сметам дека не постои човек кој секогаш ќе биде 100% задоволен од сопственото тело. Си тргам од себе си - додека други си набиваат комплекси затоа што имаат мали гради и задник, јас обратно, си набивам комплекси затоа што имам големи гради и задник.
    Па сепак, со здрава, разновидна и правилна исхрана, со посветеност на некаков спорт, танц, теретана, трчање и слични активности, сето тоа може да се промени. За некои работи (пример телесната висина) навистина треба да се прифатиме онакви какви што сме, но за она кое не ни се допаѓа а е променливо, наместо да се жалиме не преземајќи ништо, може да работиме за да го промениме истото и да станеме најдобрата верзија од себе, онаа која ќе биде совршена за нас. :)
     
    На niaholly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Најбитно е да се сакаш без разлика на се
     
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Јас си се сакам каква што сум!

    Нема потреба од 2ва извичници на наслов!
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Ако не се сакаш себе си, не можеш да ги сакаш ни другите, но да не премине во егоизам.
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Си се сакам таква каква што сум. Немам убаво тело, ама затоа имам облини. :D
     
    На marija305 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Ова е многу важно и сите да се сакаа и прифаќаа такви какви што се мислам целата работа во областа на пластичната хирургија би се свела само на неопходни естетско-корективни зафати, а не на сиот хаос што владе и желба за профит во таа гранка од медицината.
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Колку убаво кажано браво!!!
    Истото би го додала и за лицето. Наместо да прави контуринг секој ден и ставаат тешки пудри, секој треба да се прифати онаков каков што е и секако правилно да се негува. Дури сега случајно ми излезе темава. Навистина многу убаво браво за девојката која ја започна.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.