1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сака да се разделиме

Дискусија во 'Разделби' започната од devojka21.06, 24 јуни 2011.

  1. devojka21.06

    devojka21.06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Вака.. имам дечко веке 2 год и 9 месеци. Ова ми е трета долга врска. Имав 3 годишна па 2годишна, сега пак 3.Несака повеке да идеме. незнам зошто незнам како...јас ке полудам...он само ке ми каже не иде ова вака и јас се утепувам од плачење по телефон..он ке ми каже добро ајде не плачи ке продолжиме. по два дена истото се случува. Дали ми тренира живци незнам што е работава. Имам 21,а и он. заедно сме на ист факултет..имаме исто друштво. Помислата да раскинам ме убива. Знам дека секогаш е што ке биде потоа..но познатата реченица "изгуби контакт од него, не се гледај, не иди таму он каде што оди" ке биде тешко, баш поради тоа што сме на ист факултет и имаме исто друштво. Со првиот дечко кога одев он исто вака ми правеше..но мене по подолго време ми пукна филмот и му раскинав. Не поминаа 2 дена се врати плачејки по мене. Но овој што идам со него не е таков. Он е горделив и самољублив. Лав. нормално. Никогаш нема направи нешто такво,пример да ме моли или да се извини..незнам што да правам... најболно ми е преболувањето. Ми биле 2те врски тешки и сум преболела некако..но сега..незнам што да правам. Он едноставно вика дека не ме сака повеке, и несака да биде со мене...Мајка ми вика оној што те сака нема да дозволи да плачеш по него. Проблемот е тоа што он не ме сака а јас пак плачам... ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    сака да се разделиме

    Ако не дојде да те моли нема да е заради тоа дека е лав, туку зашто стварно сакал крај. Било кој знак да си во хороскоп кога ќе ја увидиш грешката порано или подоцна се каеш и пробуваш да ја поправиш.

    Така да, не сфќам зошто плачеш, ако стварно сака да раскине нека го, сакаш да биде со тебе од жал дека плачеш? Не си мала и речи му ок нека биде крај ... Со 21 година мислам можеш подобро да се сносиш со тој крај.

    Ако дечкото увиди дека згрешил, тогаш претпоставувам ќе се врати. Ако не сигурна сум дека имаш и други другарки освен заедничкото друштво.
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.553
    Пол:
    Женски
    сака да се разделиме

    Ти се враќал до сега, најверојатно затоа што си удирала глава во ѕид пред него, па ај да не биде тој виновен. Кога нешто не оди, не оди и крај. Мислам дека требало да сфатиш до сега, ако ти рекол неколку пати крај, а после се враќал заради тоа што си плачела, не се враќал заради тоа што те сака, туку зошто не сакал виновен да излезе.
    Ете си имала и пред него долги врски, па не е ни прв ни последен. И јас сум имала дечко од факс, од иста група, исто друштво се исто, ама ете не сме заедно и не правиме муабет. Се се преболува и се поминува, а ако му плачеш само поодбивна ќе му бидеш.
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    сака да се разделиме

    Веројатно не сакаш да тој да биде со тебе само затоа што ти го молиш и плачеш за него, да не речам од сожалување? Ако тој сака крај, нека биде така, не е последен на светов и ќе најдеш друг. Тој е горделив, па биди и ти! Не дозволувај да си ја погазиш гордоста и да го изгубиш достоинството заради машко. И да раскинете, не е крај на светот. Може ќе бидеш тажна недела-две, ама ќе помине, ќе го заборавиш. Со сила нема убавина.
     
    На devojka21.06 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. devojka21.06

    devojka21.06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    сака да се разделиме

    Проблемот е тоа што премногу го сакам..неможам да му дозволам така да си оди. Јас се чудам сама на себе зошто не го сносувам ова многу подобро бидејки веке сум имала искуство. На факултет ке ми биде многу тешко го знам тоа. неможам да се одделам и да знам дека ке го преболам. Јас сум му прва девојка..може и затоа...не разбирам..сите работи што го имам научено ниедна ја нема применето на мене. Ме боли на самата помисла што ке ја применува на друга. Порано бев многу љубоморна.. и за жал многу го покажував тоа. Сега уште ми останала љубомората..но за разлика од порано ја чувам во себе. Многу ретко добивам од стресови...сега уште ова ми фалеше..Татко ми е во многу лоша здравствена состојба..проблемот е тоа што и он ке помисли дека го молам да ме сожали и да иде со мене ради тоа.. како чудно се сврзани работите.. а јас сакам да биде со мене затоа што го сакам..незнам што да направам
     
  6. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    сака да се разделиме

    и јас се согласувам дека ако сака крај нека му биде крај ако те сака ќе се врати ако не не ти треба таков знам дека е лесно некој вака да ти каже а не знае тебе како ти е ама со плачење нема да постигнеш ништо . горе глава тој ќе се кае што пропушта некоја што го сака а и не мораш да се оддалечиш од друштвото, ако му сметаш тој нека си оди од друштвото а за на факс... ако сакаш можеш едно здраво ако не не ни мора
     
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    сака да се разделиме

    Се сложувам со Теди. А и што фајде од тоа да бидеш нечија марионета?

    Долго сте заедно, а и поголем дел од денот ви поминува заедно, што заради обврски на факултет, што заради едно и единствено друштво. Не би рекла дека не те сака, можеби е само загушен од тоа што секој ден му е ист и мисли дека кога би бил слободен дека би имал повеќе простор за себе.... ако тоа се покаже како точно , а веројатноста е голема, затоа што на 21 год. се што лета се јаде , колку и да те сака и почитува ќе продолжи со својот нов живот кој дефинитивно ќе биде подинамичен и поинаков.

    Тебе ти е страв од тоа што утре и како сама во новото утре. Мене би ми било страв од тоа секој ден да го чекам утрото кога навистина ќе ме напушти.

    Пушти го да оди, никој никого непоседува.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    сака да се разделиме

    Незнам која е поентата да бидеш со него кога отворено ти кажува дека не сака да биде со тебе? Дали ти се чувствуваш убаво со него и покрај тоа? Нели те јаде нешто одвнатре? Јас верувам дека ти не го сакаш туку си опседната со него, го сакаш покрај себе по секоја цена, дури и по онаа што моментално ја плаќаш, да си со него, а притоа да знаеш дека тој повеќе не чувствува ништо спрема тебе... Нели си помислуваш што мисли тој во моментите кога сте заедно? Нели помислуваш дека можеби му се згадуваш кога толку многу напнуваш да останете заедно? Замисли само што помислува тој додека е со тебе, дека е со тебе против неговата воља... Незнам, јас не би останала покрај него кога вака се случува, а сум имала нешто слично или исто во некоја мера. Еден бивши исто ми рече дека не сака да сме заедно повеќе, кога го прашав дали ме сака сеуште, ми одговори дека не. Тука сфатив дека јас повеќе не се пронаоѓам со него, дека џабе само ќе го трошам времето, чувствата негови заминале во неповрат, па така, продолжив да си ја барам мојата среќа со друг. Клин со клин се избива, само треба да помине некое време, од кое ти не треба да се плашиш, туку отворено да го пречекаш и да бидеш свесна, дека кога - тогаш, ќе дојде тоа време, само во случајов девојко, подобро е тоа време да дојде порано т.е. сега, отколку понатаму, кога нема да бидат 3 туку 5 или 6 години, и кога можеби ќе бидете во брак...
     
  9. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    сака да се разделиме

    Не знам што уште бараш со него.. И самиот ти кажал дека сака да е слободен, дека не сака повеќе да е со тебе, дека не те сака.. Како можеш да продолжиш со некој кога би знаела дека не е тоа тоа што било, со некој што не чувстувва ништо за тебе..

    Што очекуваш? Да те изневери?

    Сакам да ти кажам дека самата си нанесуваш болка уште повеќе, не сака да е со тебе = не сака, тоа е, ќе си најдеш поубав.

    Сега тешко е, но ќе преболиш, со другарки, излагања, пијанства, па лето е.. треба да се изнауживаш, а не да мислиш колку ќе ти биде тешко на факултет од септември..

    Некогаш работите не се какви што сакаме да ни бидат, некогаш се трудиме да ги смениме на подобро, но еднаш мора да се помириме со тоа.
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    сака да се разделиме

    душо немој да си тврдоглава знам боли но во право се девојките која е поентата да бидеш со човек кој не те сака
    зошто плачеш на телефон бе девојко така не можеш да задржиш маж што сакаш да те сожалува само заради тоа да е со тебе,и ете како и самата што кажуваш поминуваат 2 дена и исто детето тоа го прави со сила само да не те расплаче правиш голема грешка си ја газиш гордоста и тоа многу а за што? за да задржиш некого кој не сака да биде покрај тебе кој не те сака жалосно ...
    Не се оправдувај со факултетот и друшвото тоа ти е само изговор и јас со бившиот мој бевме на ист факултет и тој се дружеше со моето друштво и јас со неговото и што?јас веќе си имам нова љубов тој и понатаму си прави муабет со моето друштво јас со неговото на факс не го гледам веќе тој заврши животот оди понатаму
    во мојот случај јас раскинав со него уште лани во летото иако до ден денес ме бара но едноставно не одеше повеќе неможев да се измачувам сега сум пофторно заљубена
    верувајми оставиго намира и пуштиго ако те сака ќе се врати ако не значи дека некој друг те чека тој не е за тебе запамти во животот ништо не бидва со сила ништо
     
    На SarahTayMomsen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.377
    сака да се разделиме

    Можеби премногу му напињаш и го гушиш...кога би му дала малку простор мислам дека би било поинаку.Можеби кога ќе помине малку време сам ќе свати дека ти му требаш,недостасуваш...а доколку не се случи тоа...ти ќе си продолжиш понатаму,немора да значи дека ако имате исто друштво дека ти треба да се оттргнеш од друштвото кога веќе он сака да се разделите нека се раздели од се што било заедничко.Не се нервирај и се ќе биде во ред :)
     
  12. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    сака да се разделиме

    Девојко, удри му ги клоците (народно речено). Зошто да бидеш со личност која отворено ти вика дека веќе нејќе да е со тебе...Нз зошто тоа ти го прави но ако е пишано од да е со тебе сам ќе ти се врати и он ќе те моли... прекини да лееш веќе солзи за личност која не го заслужува тоа ;]
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    сака да се разделиме

    Ама нема потреба да му ги удри клоците, туку треба да си замине по сопствена воља, и на мирен начин, нема потреба од скандали правење, всушност тој треба да и ги удри клоците, ставете се во неговата кожа како му е него, да биде со неа, а несака да биде? Јас имав(м) другар, исто беа заедно со девојката 3 години некаде, неможеше да ја смисли, значи буквално му се гадеше од неа, во скеоја можна прилика ја навредуваше, ја изневеруваше со која ќе стигне, и тоа се имаше случено и пред мене да ја навредува, да и одвраќа... Оваа несакаше да се откачи од него за жива глава, тој ќе и раскине, таа ќе отиде кај него дома и ќе седи со мајка му, ќе и плаче неа... Дури ми викаше ја мразам, одвратна ми е ништо несакам со неа, ама неможам да ја откачам колку и да сакам еве гледаш што и правам и пак е за мене закачена. На крај незнам како бидна некако се одлепи девојчево, мада уште кога има прилика му досадува. Епа девојче, извлечи поука, дали сакаш да ти се случува и тебе истото?
     
  14. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    сака да се разделиме

    На сила убавина не бива, изгледа дека дечкото ти се смирува поради сожалување. Не би ти препорачала да правиш така, разделете се па можеби со тек на време ќе се смирите.
     
  15. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    сака да се разделиме

    Офи ти кажа случај , дали сакаш и ти да бидеш предмет на исмејување?
    Јас сум лав во хороскоп ,и да , имаш право што викаш дека е горд . Ама ако те сака ќе те побара , ќе видиш . Ако не , тоа не е веќе гордост туку тоа што ств не те сака и не сака да биде со тебе . Најверојатно се осеќа под лупа , загушен или што знам .. На факс сте заедно , пред тоа-после тоа , исто друштво .. и ете испаѓа нонстоп сте заедно . Ако останете заедно , гледај да не сте 24/7 заедно , а ако и понатаму не сака да сте заедно не го моли .. Лавовите уживаат да ги молат ( некогаш и за мене е вака .. ) глупо ептен , ама тоа сме ние .. :^)
     
  16. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Не троши си ја гордоста што ја имаш да го молиш да ти се врати... Ти се вратил од сожалување, и извини ама навистина сакаш врска основана брз сожалување? Тој продолжил,продолжи и ти нема друго чаре, колку и да боли подобро сама отколку со некој,но бидејќи му е жал за тебе... :worried:
     
  17. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Епа и јас да ти го дадам моето мислење..не е поинаку од овие другите мислења...потполно се согласувам со нив...Не ја гледам причината за да останиш со некој шо не те сака...зошто молиш..има и други шо поќе ќе те ценат......немој да дозвилиш заради НЕКОЈ да одиш со наведната глава...дозволи му него да си ја спушти главата...со тоа шо ќе те види дека си среќна..Немој да мислиш дека пошто е лав и дека нема да те моли кога ќе ја види грешката шо и да е на хороскоп ќе те побара се разбира ако те сака..тоа го знам од себе..и јас сум лав па кога ќе згрешам знам да се извинам и да ја попрам ако можам грешката...Значи срцка..немој немој не греши..ќе се каеш цел жиот верувајми ќе речиш лелеле кој сум молела шо ми беше мене.Ќе го заборавиш...како си ги забораила претходните така и овај..Сигурно и за нив ти било тешко...епа шо ете поминало времето и си ги забораила..и си била среќна...и сега ќе бидиш среќна...не си дозволувај да ти прај мајтап утре кога ќе те сретне да речи ех ова колку ме молеше...Тоа е мојот совет...а ти понатаму како сакаш постапувај..како мислиш дека треба :) :) ;)
     
  18. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Нема нешто поразлично и јас да те советувам од девојките погоре. Јас сум била на местото на дечко ти и знам дека со вакво однесување немаш никакви шанси да ја вратиш љубовта, ами напротив се што можеш да постигнеш е тој да ја изгуби и почитта кон тебе. Многу е тешко да бидеш нечиј емотивен заробеник, не е фер кон дечко ти да го тераш од сожалување да биде со тебе. Не си мала да знаеш дека љубовта не е на копче, уклучи го и се е добро, се сакаме и сме најсреќни. За жал ете дечко ти се оладил од тебе. Остави секој да си тргне по својот пат. Можеби еден ден пак ќе ви се спојат патиштата, а ако не е така верувај дека ќе дојде некој друг кој ќе знае да возврати на твојата љубов. Очигледно овој не е тоа, барем не сега во моментот.
     
  19. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Знам дека ти е тешко и тоа е најнормално. Но подобро да ти биде тешко 2/3 недели отколку да ти се врати од сожалување и да ти биде уште полошо.
    Ке биде со тебе, но сепак ке биде отсутен.А и тоа нема да трае долго верувај ми. На сила убавина не бидува и врска од сожалување не успева. Тоа е.
    Биди цврста и помогни си самата себеси. Тешко е , знам. Боли премногу и мислиш дека тој е тој, тој е за тебе и не може да те остави, не смее.
    Е погоди што.. смее, и може. Кога нешто ке пукне толку е. Дури и да го залепиш нема да биде исто.
    Ама во овој случај е повеке од јасно дека тој сака крај.
    Стави крај на сето ова, ке ти биде полесно после тоа. Немој да му плачеш да го молиш.
    Само напред. :)
     
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    ...и затоа што даде детален опис на главните ликови ,како и поради неоспорниот факт дека ваквите случаи се реткост, ние само што ги препознавме туку и ги лоциравме :) ,и и им се изнасмеавме.

    е Офи Офи друг пат кажувај случаи кои би можеле на некого очите да му ги отворат, да му служат како пример, да се обиде преку одредена ситуација да ја увиди својата грешка...а не вака ! :!: