Салмонела во измет кај 3 годишно дете упорно се појавува. Лекувани во болница 7 дена во септември. Во октомври повторно со копро култура е пронајдена салмонела ентеритидис, лекувано е со антибиотик. Контролен тест пред една недела за копро култура и повторно салмонела ентеритидис. Совет?
Стара е темава, ама јас го имам истиот проблем. Малата лежеше во болница со салмонела, примаше антибиотик една недела, сега се е во ред со столиците но на контролна копрокултура пак има салмонела. Пак ќе се консултирам со педијатар, очекувам да треба пак антибиотик, ама има ли некој искуство колку време треба ова да се излечи? Пред ова, беше 3-4 дена во градинка, сега не може да почне пак. Вака ни на адаптација не може да оди.
Многу е досадна за лечење. Дечињата што ја закачија од градинка во Ку (пред 3-4 недели) некои уште ја лечат и без 3 негативни теста не ги пуштаат во градинка. Превентивно и други деца кои не пројавија симптоми мораа да направат копрокултура. За антибиотик ке ти каже педијатар а јас знам дека треба многу пробиотик, пребиотик, Цинк и Ц витамин. Ако сте ја закачиле во градинка (мислам дека ти беше од Ск.) и има други дечиња болни, ова стварно треба да се алармира ја преминаа секоја граница. Идиоти!
Не е ова од градинка колку што знам бидејки беше таму неколку дена, па остана дома со температура, па после цела недела завршивме во болница. Дома ја има фатено од нешто, не откривме од што, ама во исто време беше со децата од Куманово што беа болни.
Детето фати салмонела. Моментално сме на терапија со антибиотик Бактрим. Се лекуваме дома. Некој искуство со бактеријава? И освен компир, ориз, двопек, банана што друго можам да дадам за јадење . Веќе немам идеја што да направам за јадење
Погоре јас имам пишувано, малата ја имаше на 2 год, со болничко лекување. 3 дена во болница, уште 2 недели внимавање со исхрана и после полека се вративме во нормала, само пробиотик 3 месеца после тоа. Некако брзо се средија симптомите, може дека примаше антибиотик во инфузија место орално, ама дијарејата се повлече кога дојдовме дома и нормално јадеше послр неколку недели.
Темава одамна неактивна. Мислевме стомачен вирус, на своја рака однесов фецес затоа што имаше тт што на нипто не реагира и испадна салмонела. Според антибиограм и давам тримокасазол, еве трета доза испи. Дупла доза пробиотик, електролити, рестриктивна исхрана. Дијареава се намалува, денес е само на две столици, ама бре болкиве во стомак ја убиваат. Цело време се жали, се стопи детево за нецела недела. Нормално ли е вака многу болки да има? Крвната слика и е супер, црп и бепе 29 само. Друго се е во нормала (правено 4 дена од симптоми) Ми е жал за детево. Капак и некој респираторен вирус има, слаба точка и се, се уби од кашлање не можеме да ја смириме. Ми се вришти, не знам веќе што да и дадам да и помогнам. @Spidy гледам си го поминала ова дури и пострашно со хоспитализација. Кога му стана подобро на детето? Колку време ви требаше да се поврати во нормала со имунитет?
Третиот ден не пуштија и веќе беше добра. Ама интравенски антибиотик не се споредува со сируп/апче. Одамна беше, вака на памет не ми текнуваат сега детали, ама сигурно подетално сум пишувала во темава претходно. Знам дека долго беше до пробиотици, ама секако е нејадач така да немаше некоја разлика со исхраната, само повеќе ориз/компир. Со имунитет општо од секогаш била релативно здраво дете, после сипаници повеќе се сеќавам да имала мака со намален имунитет отколку со салмонелата, ама тогаш веќе одеше во градинка, па и тоа си придонесува. Се на се би рекла освен во болница што лежеше неколку дена не беше нешто посебно страшна болест. Поголем проблем е што бараат негативна копрокултура после неколку недели за да се врати во градинка, ако имаш мака со чување. Значи цел месец секако мора да е дома, па не би требало нешто друго да закачи. И ќерка ми овој период од годината ја фати, тоа лето освен уво дека ја болело не се сеќавам нешто плус да имала проблем зошто беше дома.