секој човек може да се забавува онолку колку што сака да се забавува без разлика на местото времето и луѓето околу него јас лично повеќе сакам да патувам да одам некаде на неколку дена да запознавам нови луѓе нови пријателства да посетам некој места за кој сум слушнал згадено ми е од кафани турбо музика дискотеки цел нормален свет чека нова година на плоштад ако гледаме од финансиска гледна точка нее голема разликата на пример да одиш во грција на 3 4 дена или да одиш во некоја дискотека 2 дена тука е некаде
Осаменоста е токму состојба на умот, убави си кажа некој претходно. Може да бидете и во најголемото друштво, да биде најбучно и највесело, а вам срцето да ви плаче и да се чувствувате сами на светот. И обратно, може да сте по дома, само со родителите или другарка, дечко сеедно, и да ви биде најубаво. Бројката на луѓе околу нас, ентериерот или екстериерот, облеката, јадењето, пиењето не играат никаква улога кога станува збор за осаменост. И во најскапиот фустан може да се чувствувате бедно и тажно, и во најстарите пижами да сте среќни, задоволни и сакани. Мене ми се има случено пред неколку години, Нова година во огромно друштво, музика ечи, сите се веселат, а јас се обидувам да го дочекам само крајот, да си дојдам дома и да се исплачам на раат. Ете тоа е осаменост. Во огромна топла да се почувствуваш несреќен... и сам на целиот свет.
Е значи стварно неможам веке да издржам Преска и кажав на мајками дека ке си седам дома за нова г кога почна да ми се дере ми уште што не ми кажа и јас се расплакав . стварно ми е тешко незнам што да правам ... амн више од се ми е преку глава никогаш во животот не сум се чувствувала толку осамено до лани имав неколку блиски другарки ама ептен се одалечивме тие си фатија дечковци и со нив ке си слават сите . мислев дека се ке се смени ама се е полошо и полошо . сокласничките никако да ме прифатат се чувствувам како сите да ме одбегнуваат бидејки јас сум срамежлива и малку потешко ми е да се вклопам сите се радуваат уште неколку дена е н.г а јас само плакам и плакам На никој не му текна да ме викне со него да славам а колку ногу ме прашаа. ја прашав братучетками ама и кажале дека се многу и дека сопственикот на станот и кажал ограничен број .... извинете за долгото мислење ама морав на некој да кажам стварно имав потреба од тоа
Не размислувај толку негативно. Јас не можам да замислам какво би ми било сама за Нова Година, но прочитај малку понагоре. Ќе разгледаш многу слични ситуации како твоите, каде што некои девојки си поминале дома Новата Година и тоа сами. Значи некое така си сакале, а некои од одредени причини морале да седат дома, исто како и ти. Не дека е лесно да седеш сама дома за Нова Година, но веќе кога немаш друг избор пробај да си направиш нешто интересно ти самата. Или пробај да најдеш некое друштво. Прашај ги твоите соученички, од кај знаеш, можеби ќе те прифатат. Потруди се, направи нешто, па и да помолиш некого, ако веќе мораш, зошто да не.
абе немаш потреба од толкава паника па и плакање море девојче за котек си ... голема работа не биди толку негативна можеби ке најдеш некој уствари сигурна сум дека ке најдеш некој ... не се нервирај нова година како и секогаш еуфорија како мислеш којзнае што ке се дешава а уствари тоа ти се неколку саати поминати во така наречена прекрасна атмосфера што незначи дека ке ја поминеш многу убаво ако си со некој ... во последно време подобро да си сам ...не се секирај ич
Да прочитав дека и други си седеле дома сами за нова година од различни причини , ама мене многу ме повреди тоа што преска мајками уште какви зборови не ми изнакажа оваква сум била онаква сум била и јас сакам за нова година да славам со некого и да си поминам убаво ама ете што да правам ... ке прашам утре ама нова година е за 5 дена незнам ајде ке се обидам барем можеби на некој ке се стави на мое место и воопшто не е лесно .. јас сум многу чуствителна личност денес цел ден не прекинав да плачам за една проkлета вечер поздрав Butterfly15 и MysteriousG
Тешко е знам .. Кога ти се најмногу потребни родителите, посебно мајка ти, таа така да се однесува со тебе. Сега баш читав по форумот за тоа како се однесуваат некои мајки со своите деца. Значи не можам да ги разберам тие родители. Мене мајка ми никогаш ми нема кажано грд збор и секогаш е тука за мене. Жално е што постојат такви родители(со извинение). Пробај си ја среќата, немаш што да изгубиш. Поздрав.
Е посакувам да имам мајка како твојата , да јас очекував подрашка од мајками ама добив сосема спротивно од тоа ,само ми се дере за се . Таа сака јас да бидам како мојата поголема сестра ... сестрами е послодобна ,друшвена личност а јас сум срамежлива и тивка ама ете таква сум неможам преку нок да се сменам полека и тоа ке се случи од сега ке се обидам повеке да се вклопам за да не ми се случуваат вакви нешта ... благодарам батерфлај многу ми помогнаа твоите совети благодарам <3 Да додадам секој ден се прашувам зошто живееам немам другарки немам дечко а родителите постојано ме караат за глупости ,сестрами никогаш нема време за разговор со мене ....... ахх животе нека поминат овие црни денови
Имаш 14 години?Па и немаш некоја причина за толкава грижа.Голема работа,за Нова Година дома.Кога бев на твои години со душа ја чекав,шиев фустан,купував соодветни чевли за фустанот,се спремав по цел месец за на крај на самата вечер да се разочарам оти била тоа сосема обична вечер а сум очекувала многу.Како и сите други. И тоа е,не е ништо друго,ти тек ќе имаш луди проводи за Нова Година,нема да е секогаш вака,верувај,за после да сфатиш дека дома со семејството или пријателите е најдобра опција.Се во свое време,и не е ништо страшно да останеш дома. Сум била и јас дома со моите,сум била со многу луѓе во куќа,во кафичи,дискотеки,еднаш бев сама со една братучетка и ништо...поминувала вечерта како и секоја друга. Мајка ти најверојатно сака да се дружиш и да имаш пријатели,да не си толку повлечена,а не значи дека ти мисли лошо.
Не не стварно не ги разбирам некои личности..Дефинитивно..Абе не може по секоја цена секој да има пријатели.Абе ај ве молам Вие што мислите дека сите што ви се правата пријатели дека многу ве сакаат? Сигурна сум дека не е така.Па денес е време на љубомора,на секаде владее лицемерие,завидливост,па отсврнетесе прво кај најблиските околу вас..Сега први братучеди не ивеат,не не сакаат а очекувате дека сите што ги имате како пријатели ви се ајдобри другари/другарки.Јас лично имам голем круг на познаници,на колешки,школски и ред др.Но најмногу се дружам со 2 другарки во кои имам целосна доверба.И немојте да критикувате некој/некоја ако сака за Н.Година да остане дома.Па што?Мислите дека ако на 31 отидете во кафана или незнам каде ќе ви порасната рогови другиот ден?Хахаха јас радо побрзо би си резервирала карта за Дубаи да се ташам на +40 сепени и да пијам некој луксузен коктел на прекрасните плажи,отколку да бидам член на свадбена новогодишна еуфорија каде ја пеат МОЈ ШАБАНЕ СВАКА ЧАСТ? И нема човек кој барем еднаш во животот не се осеќал осамено.Сум прославувала Нова Година откако паметам,сум била и во друштва со 100 души па сум се осеќала како да сум сама,сум била и со една другарка па чувствував дека на среќата моја и нема крај.И да подобро сама отколку да му се аметнувам на кој ќе стигнам и да го молам да ме земи во своето друштво за Нова Година. А КАДЕ ПИШИ И КОЈ ВЕЛИ ДЕКА ЗА НОВА ГОДИНА ДЕКА ТРЕБА ДА СИ СО ПРИЈАТЕЛИ? Стварно значи што нема да слушнам.ПОЗДРАВ
Ако имаш добро прочитано имам напишано дека има одено и со некој од нас, а и според мене е најнормално освен ‘‘матичните‘‘ другарки да си имаш и друштво од факкултет, работа или слично со кои можеш да излезеш, со кои можеш да славиш Нова Година и слично без да се чувствуваш наметнато или дека не пришагаш таму и да неможеш два реда муабет да направиш. Малку ми е нелогична онаа работа да немаш ама баш со кој да слвавиш Н. Година и да немаш дугарки. Не е возможно сите да те избегнуваат!
Пред неколку години, бев втора средно своеволно одлучив да ја поминам Новата Година дома. И не беше толкава трагедија, затоа што во ниту еден момент не жалев по пијани луѓе кои повраќаат насекаде. Секој гледа индивидуално на ова, ама факт е дека друштвото не те дефинира и сигурно нема да те направи незнам колку весел и расположен ако ти не си. Се зависи од тоа како се чувствуваш во моментот. Не е некоја трагедија да седиш дома, а впрочем зошто да не се помине Новата Година и со баба или дедо? Тие може да ти ја направам 100 пати поинтересна ако знаеш да уживаш. Ако не знаеш, и Величественион од Канал 5 да те земе во харем и само злато да ти фрла цела вечер пак ќе ти биде досадно.
Скоро 90% сум решена дека ќе си чекам НГ во домашна атмосфера....(со плус некои луѓе дома) Мојата најверна другарка, минатата недела ми изјави дека ќе слави со колешка од на работа (а, тазе е на новото работно време, значи тазе се познава со колешката) во некојси кафич. Мене не ме ни понуди да одам, а и малку ми е глупаво што очекував дека ќе се договори со мене најпрво (пред се` затоа што сум сингл, после долгогодишна врска, па онака да биди крај мене), сепак сме најверни другарки со години. Е, денес, колешката ја откачила, и таа како јас да сум сега резервна гума, ме бара мене, т.е. да дојди дома. Ве молам кажете ми што како да изреагирам, а да не се замерувам сега пред празнициве?? Навистина ме изнервира!
Ако сакаш да си ја поминеш вечерта дома, со домашните, нема зошто да ја викаш другарка ти кај тебе. Ако веќе сакаш таа да дојде, викни ја. Погрешила што не те повикала и што сега кога останала сама иде кај тебе, но немораш и ти да бидеш како неа. Ти викни ја па сега дали таа ќе дојде или не, таа си одлучува.
Јас лично, не сум за седење дома на Новогодишна вечер и тоа сама. Немора да има еуфорија незнам каква, ама сепак, убаво е да прославиме и да се развеселиме со најблиските. Може да ви е смачено од гужви, кафиќи со непознати луѓе, трошкови и слично, ама според мене, поради тоа немора да се затвориме дома затоа што сме "огорчени" од Нова Година. И во домашна атмосфера е убаво, било со друштво или семејство
Лелее добро е нема да славам нова година сама дома .... една сокласничка ме викна со неа и со нејзините другарки и другарии позз до сите *
Мило ми е што најде друштво. Некогаш не треба да чекаш да те викнат, самата вклучи се, ненаметливо наметни се. Голема грешка кај нас е што НГ се префорсира, каде ќе се слави, со кого, што ќе се облече... Ја правиме како кој знае што да е... А, честопати многу поубаво можеш да си поминеш за викенд, отколку на оваа вечер, права свадба без младоженци. Да се надоврзам над другите, и мене ми се случило да бидав во голема маса луѓе, дотерана во најубавите алишта, а во мене да се чувствувам толку осамено и несреќно....И обратно, да бидам дома под ќебенце, ама да бидам најсреќна. Осамен ќе бидеш, ако не си среќен на тоа место каде што се наоѓаш. Затоа бидете среќни каде и да сте.
Јас годинава ќе си седам дома. Не ми се слави, не ми се оди некако не ми е расположение. А и имав напорна година па ми треба одмор. Од луѓе, од гужви од бука. Сакам мирно да си ја дочекам новата година, да си гледам филмчиња до сабајле. Според мене мислам дека треба да ја викнеш дома кај тебе, ако ништо друго со тоа ќе покажеш дека си подобра личност од неа, а и нема да и е баш сеедно кога ќе седи кај тебе а знае што направила. Сепак не е секој без совест. Верувај, некогаш добрината е најдобра вратка за оние кои не повредиле. А и такви се деновите, па прогледај и кроз прсти. И ич не се нервирај што си сингл. И јас сум, и јас имав врска ја раскинав пред месец дена, ама подобро квалитетно сама отколку во лоша врска.
Ако нешто искрено никогаш не сум сакала и секогаш ми будело некои благо депресивни чуства тоа е 31ви декември. Не знам ни самата зошто но ме асоцира на хаос од петарди, виулици од луѓе, некое последно сивило на годината која си оди, и нервоза да се стигнат продавниците пред да започне големото лудило па не дај Боже да останеш без алкохол овај леб де. Турлитава од случувања и емоции. Ви текнува на филмот Среќна Нова ’49та? На празните автобуси? Ете такво некое чуство ми буди 31ви декември. Ко кога ќе излезете од преполно диско, ви бучат сеуште ушите а вие не знаете дали ви е всушност убаво или не. Дали сте внатре или веќе надвор. Сите се веселат а некако не ме обзема и мене чуството. Возбудена сум затоа што со душа го чекам секој први јануари кој за мене е симбол на нешто ново и знак дека оп уште два месеци и пролеће на моје раме слеће И во такви моменти се чуствувам не осамено туку, неубаво. Горчливо. Криво ми е што нешто завршува, а од друга страна возбудена сум што нешто ново почнува. Измешани чуства. Она ко кога твојата свекрва паѓа во провалија - во твојата нова кола И никогаш во суштина не сум била ниту сама ниту осамена за Нова година. Осаменост е и онака само state of mind, се додека не му дозволи човек да продре до него ниту пак да си дозволи воопшто да го има, се е во ред. Некој веќе спомна, можеш да си во толпа луѓе а сепак да се чуствуваш поосамено отколку кога си на пример само со твоето куче, или со твојот телевизор. А никогаш не сум знаела точно до последен момент што всушност ќе правам. 3та година по ред се спремам да сум сама дома по пижами, и не ми успева - секогаш некој ќе се јави и ќе ми смисли план во последен момент. А јас желна да искулирам, затоа што не сакам силени работи, спонтаните журки ми се секогаш најубави, и ете - не ми дозволуваат. Шо вика другарка ми - ни роденденот не го славиш истиот ден само Нова година мораш - е не мораш! И не дека нешто посебно славиме, но ќе си седнеме скромно друштво и се смееме ко нетачни на фори и доскочици (фала му на господа за балканскиот ни хумор), па спонтано ќе искочиме колку да пукнеме некоја прскалка и така од неочекувано излегува изненадувачки добра вечер. Но не и најдобра. Имало многу други за памтење. А утредента резервирана за новогодишниот концерт во Виена, секако - и лежиш ко кит на плажа, чекаш Гринпис да те спаси и да ти рече некој на ти стотче за дигање лева веѓа ќе му речеш - море мрш! И во таков момент кога другарка ти те гледа колку си близу мртва рипа одненадеж и ти вика - ти мор, свесна си дека славевме Нова Година а не ја чувме песнава - и ти рока некоја си аспирина и главобоља од вина Ма јок! И сама да сум, не дозволувам да сум осамена. Дали за Нова година дали општо. Едино само ме мава тоа чудно чуство на измешани депресивно - возбудени моменти. И тоа е тоа. Ајде нека пројде се па нека пукне пролет! Едвај чекам!