Сами/осамени за Новогодишните празници

Дискусија во 'Психологија' започната од girl.23, 19 декември 2011.

  1. renatadoll

    renatadoll Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Секогаш во периодот од 15 до 31 декември ме фаќа депресија и незнам зошто??Секогаш се радувава на Нова Година и се подготвував месец порано :D со друштвото уште одамна знаевме каде ќе се оди и се натака...Но тогаш депресиите ми беа како ќе се помине,да не ми се лсучи нешто пред Нова Година и да не бидам тажна и слично....
    Оваа година е друг случај.. :) Останав без друшто,годинава се случија многу работи и ете бидна што бидна,но сепак успеав да се распрашам и да ја дочекам Новата Година со други некои пријатели,но сите тие опформени друштва и никој не сака туку така некој да им се приклучи.На почетокот имв договорено со едни,па со други може 10 планови се сменија и еве сега е 29 а јас сеуште немам сигурен план.Важно облеката ми беше купена уште на почетокот на месецот имав закажано за шмина и слично со цел дека некаден ќе одам.Секоја Нова Година сум ја поминувала со големо друштво и јако сме се журкале, и сега многу ми е тешко што оваа година ќе ја поминам сама со една другарка кај нејзе дома со јаденје пиенје музика ама нема да биде тоа тоа како претходните години.И многу ми тешко посакувам да ме снема на 31 и да станам на 2
    :(
     
  2. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Аман бе до толку ли?
    Зошто така сериозно се сфаќа таа вечер?Ајде во лудите тинејџерски години со големи друштва кога и онака секој викенд ти бил ко Нова Година,а сега уште имаш и причина плус да си купиш и фустан и чевли и да се стокмиш со причина,и возбуда стотка...во ред е,ама после 19/20 години,мислам дека речиси секој ќе сфати дека не е ништо особено за до толку да се паѓа во депресии.
    Убав период,два-три дена одмор,едноставно доаѓа уште една нова година,имаш нови надежи,нови предизвици и тоа е тоа...

    Мислам дека она што ствара уште повеќе да му е мачно на некого,е што кога ќе го прашаат познатото прашање кај беше за новата година,и ќе каже дома...И ќе треба да се објаснува зошто така испаднало,во последен момент се предомислил па одбрал попрво дома да седи бла бла...
    А лично мене пак,дома би ми било супер.Со едно испечено коковче,салатичка,ќифлички и Тв.За мерак,опуштена атмосфера каде никој не ти ја гледа фризурата,ниту облеката,ниту тоа што во рок од 5 минути смачка 3-4 ќифлички...

    Come on,why so serious?
     
    На eli25 и girl.23 им се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Ако толку сакаш, што не излезете заедно со другарката некаде? За друштво доволен ти е и еден, не мора 10 души да сте. ;)
    И душо, многу се грижиш и преувеличуваш за Новогодишната ноќ.
    Сама си го правиш проблемот. :)
     
  4. Tej4e

    Tej4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Секоја година ја пречекувава со другарките, но оваа сум болна, и нема да одам за да не ги разболам и нив (пренослива е болеста) така да, ќе останам дома :( , сега ми се плаче зошто неможам да ја пречекам новата со забава ;( , но френдките мои не ме оставаат, ми ветија дека после полноќ ќе дојдат кај мене и ќе поседиме така малце...
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.396
    Допаѓања:
    17.617
    Пол:
    Женски
    Еј а колкаво друштво ќе бидеме на фемина, ајде да се преброиме, и што ќе спремаат од фемина, шведска маса ? Руска ќе има ли? Кифлички си направив :rofl:
     
    На SuperGirl2010, eli25 и girl.23 им се допаѓа ова.
  6. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Девојки дај не се замарајте до толку со Нова година. Мене можеби порано ми претставувало некоја еуфорија, ама со тек на годините ми стана една сосема обична ноќ. Друштво, пиење, музика..... зарем не го правите тоа секој викенд, кога излегувате или се собирате дома? Уживајте и пливајте. :)
     
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ангелчето погоре објасни. Зашто такво замарање за Нова Година? Па и да ја дочекаш дома, што има везе? Поубаво е домче, си правиш атмосфера каква сакаш, гледаш филмчиња какви сакаш.. И да си сам дома, не значи дека си осамен или сам. Ако веќе си сам земи шише вино, изеди се пред тебе и уживај во некој јак филм, зашто стварно нема потреба за депресија. :)
     
  8. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Абе деца, вака да ви кажам. Пред неколку дена сфатив дека сама ќе си чекам НГ и многу лошо се чувстував, но тоа да ти било продужениот ПМС :lol: Сега да ви кажам искрено многу ми е мило што ќе си седам дома. Како што сум зимурлива и неодморена таман деновиве ќе ми се погодат за излежување и гледање филмчиња. ( А и за досредување на некои работи за кои немав време во 2011 :) )
    Полошо е да си осамен покрај многу луѓе околу тебе секој ден, отколку една новогодишна вечер. ;)

    Мафините и кифличките се готови, руската и алкохолот до вечер ќе бидат истотака спремни. :rock:

    Плус имам предлог за сите оние што ќе бидат по дома може и едно групно честитање после 00:00 часот на четот на фемина.
    Ако не сме заспани :rofl:
    Така ќе бидеме сами, но не и осамени :D
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.200
    Допаѓања:
    124.828
    И јас се сложувам дека со тек на време,важноста која сме и ја придавале на таа една вечер,полека стивнува.
    Приоритетите се менуваат,нови важни работи заземаат место,а нешто друго се турка настрана како на пример замарањето за оваа Новогодишна ноќ.
    И мене порано Нова Година ми беше :o ,ама сега ми е сеедно.Така да времето си го прави своето.
    Не им замерувам на помладите генерации кои цел месец се спремаат за оваа вечер,зошто знам дека со тек на време како ќе пораснат и кај нив ќе се смени тоа.
    Така да џабе ќе речам не се притресувајте толку многу.Сум се притресувала и јас.
    Денес дојдов до тој степен кога немам нова гардероба за НГ,нити закажано на фризер-се шминкам и правам сама,нити знам каде ќе чекам-се биднува 5 за 12.
    И знаете што-пак ми е убаво ^_^
    Така да се е релативно.И не би ми сметало да бидам сама,баш ми треба одмор. :)
     
    На Acerola му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    Многу сакав оваа година да останеме по дома.
    Да бев сама ќе направев една фина журка за сите, со јадење, пиење и караоке.
    Обожавам да ја имам слободата за целосна глупиранција, ако ми се тесни чевлите да си ги соблечам, да не се грижам дали ми се расипало некое перче од фризурата или да го обновувам карминот или сјајот на секои 30 минути. |(

    Испадна да се повтори планот од лани, ама среќа нема да трае многу, некои 4-5 часа во кафиЌот и после или кај другарче дома, или се враќаме дома сами, под ќебенце.
    Мајка ми ќе има подготвено се', да си каснеме кога ќе се вратиме.

    Лично сметам дека останувањето дома е една таква фина, блага и пријатна идеја, но те гледаат со потсмев - демек, престаре, па сега ја тераш пензионерската на 26 и сакаш да си дома, пред тв?
    Па што дека?
    Ќе бидам онаму каде што сакам и каде што ми е пријатно за душа.
    Потоа - група која те сожалува - ене ја, нема каде, нема со кого, па мора да седи дома... ајде бе. :^)

    Затоа и сметам дека поголемиот дел се одлучуваат за таква вештачка и помпезна прослава.
    Некои ги сакаат навистина, што е исто сосем коректно и ок, а други од страв - што ќе рече народот наоколу, како ќе имаш да се пофалиш колку си испил, изел, какво ти било фустанчето и штиклите...

    Нема ништо страшно во тоа да си/сте сами за Нова година.
    Се додека не сте осамени во срцето и душата.
    Сите да си поминете најубаво и не очајувајте воопшто.
    :)
     
    На mims-89, crazylady, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Абе како осамени, благодарност до цела фемина што е тука и ќе си бидеме заедно за новогодишните празници.... ете јас пијалоци ќе снабдам сокчиња, вино, пиво се што сакате хахахаха :lol: :lol: :lol:
     
  12. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Ма какви кафичи и нокни клубој. Дотерване, штикли , кратко фустанче..секоја вечер го правам. Разбирам сакате да се ддотерате и бла бла..ама ене ви ги нема да ви избегат ако не одиете за нова год. Секоја год ја сум ја чекала по нокни клубој, никогаш не ми било криво за парите што сум ги фрлила...ама се поминва И тоа се добри спомени.
    Но вервајте се би дала да сум на некоја планина или на во друга држава.
    Ама ете кај нас за жал премногу значење им се дава на таа вечер.

    Добро девојки, не очајувате...знам тешко е да се остани сам без друштво без никој, но гледајте ја позитивната страна, добро филмче, на топло, пуканки па и шише вино :) :* :*
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    За проблемот со другарката пишав овде (а, за други две-не толку верни) во друга тема.
    Проблемот е што таа другарка само ме искористува! Сум се жалела и порано. :tmi:
    Воопшто не е верна, како јас што сум верна кон неа.
    И веќе се затворив в кујна од прееска, јас на мој трошок купив се` и готвам.
    За нив дури и месо готвам (иако ние дома не јадиме!!! :devil: ), кое јас го купив.
    Не, немаат осет. Немаат чувство да прашаат!!! Само ќе дојдат кон 22часот на готово!!!
    Кога сум глупава и молчам - убаво ми е вака што ми прават!! :worried:

    Поздрав до сите и уживајте каде и да сте. ;)
     
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Јас оваа Нова Година ја поминал тотално сама дома.Причина !?? Ден пред тоа ме удри кола :D Значи на 30 декември.И ете така дома ја дочекам и си пеевме со мачките !! Воопшто не се чувствував глупо бидејќи немав друг избор
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.343

    Како бре те удри кола??? Носеше гипс на раце, нозе.....родителите кај ти беа?!?!
    Избор секогаш имаш ама прашање е донесување на одлука
     
  16. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    Јас оваа нова година славев со едно девојче што многу брзо се запознавме во автобус во турканица и ме праша дали имам фејзбук.А минатата година беше со едно друштво кај што имаше многу политики...
    Не мене не ми се случило тоа ама бев на граница да се случи.
    Јас веќе втора трета година како избегавам фамилија и фамилијарни срања,премногу ме боли тоа што братучедка ми го направи што ме понижи и згази на сметка на тоа дека таа е од мене 3 години разлика.. ( а оди нејзе раскажи и дека јас незнам со колку девојки на нејзина воздраст се иам разбудено покрај нив) ... мразам фамилија дефинитивно .. тие може само стимулативно да ти дејствуваат врз психата за да те напраат појак одкако ќе видиш дека и без да знае некој ќе ти го начука во анус ! ...
    Битно е да не се остане дома.
     
  17. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Дома со најблиски. Сопруг, дете, мама, тато, свекор и свекрва. Предходната година бевме само двајцата со сопругот и си поминавме супер :)
     
  18. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    ми се има десено да останам сама за нова година тоа лани ми беше многу тешко ама затоа пак оваа година што помина ми беше најубавата и најнезаборавната и тоа лани останав сама заради моите другарки тие сите се собрале и се договориле а и закажале во еден кафич да чекаат нова година и мене по неколку дена ми кажаа таму се плаќаше околу 1000 денари ама мене од дома не ми дадоа тогаш сакав а сега да ми речиш не одам со нив па и тие ако се толку другарки ке ме прашале дали имам можност да отидам на тоа место ама на нив не му е гајле а и да му речам дека не одам ке одат без мене ама тоа не се другарки ако сме веке др.. треба да се согласуваме сите а не како ке каже една или 2 и сите така како они да се главни
     
  19. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Јас бев на гости кај роднини и си ја прославив новата година со братучетки и братучеди.Минатите години ете со родители со роднини.Мене ми преставува најголемо задоволство со семејство и со роднини да ја дочекам новата годиниа.Оваа година може со другарки,може со братучетки ке видиме како ке биде,ама не сте сами чим имате семејство и роднини,а и сигурно имате и некои комшики што сте поблиски. :)
     
  20. Bela.a

    Bela.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    31
    Едно е сам,а сосема друго осамен.За нова година нема да бидам сама,туку осамена.Верувам дека повекето се осамени,а не сами.Ке бидам опкружена со 10-15 луѓе,смеа,забава,но тоа не е тоа,бидејки не е до мене личноста која што мн ми значи... :)