1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сами/осамени за Новогодишните празници

Дискусија во 'Психологија' започната од girl.23, 19 декември 2011.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Има многу луѓе што Нова год ја поминуваат сами. Еве остануваат уште 15 дена, а многу од тие што ги прашав не сакаат никаде да одат. Едноставно немаат мотивда бидат нешто еуфорични. Знаат дека ако одат во кафана треба дададат 2000 ден, плус облека, и од утре ќе отрпуваат бидејќи пола плата ја потрошиле. Секој со своите проблеми и некако им е сеедно. Па и јас кога ќе размислам , ќе седам дома а со тие пари ќе отидам на викенд некаде низ Македонија. Сега и така ги накачуваат цените ептен .
     
  2. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Многу години се чувствував осамено за време на празниците! За време на било кои празници. Но, оваа година си зададов цел, да ја почувствувам празничната еуфорија! Засега ми оди добро! :D Среќни Празници Феминки и па макар и сами ве молам не станувајте осамени! :D :*
     
    На lulutik му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    со 10-15 души околу мене, но без тој што го сакам... :|
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Бев сама пред две години и тоа ми беше најдобрата нова година евер :) Па и целата година потоа ми беше таква. Меѓутоа, јас сум таква, можам да се носам со самата себеси. Си гледав филмови цела ноќ, ја тешев кучката од стравот од петарди, дури и ќе заборавев дека поминало 12 да не ми ѕвонеше телефонот, тетка ми и баба ми |( (е ова нема да го разберам, ако не се јавите ноќеска, готово, изминала новата година нема веќе честитање ]:) )
    Голема грешка ми беше што и претходнава не ја дочекав така...туку со погрешната особа. Многу подобро ќе ми беше друштвото сама со себе :) Тоа е.
    Некој не може на тој начин да функционира. Јас некако се радувам што сум далеку од непотребните гужви и исфорсираната атмосфера. И храната во изболство е тука :!: :D
    Сама да, осамена не сум била никогаш :)
     
    На Luciferovog zlo♧, ♣ Alba Viduam ♣, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628

    Подобро сам ,него со погрешни луѓе,ако некој неможе сам да функционира неможе ни ви друштво.поздрав
     
    На Tanjamm, Inna5 и kravce им се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    За моја срека никогаш не сум била сама за Нова година бидејки мислам дека тоа би ми паднало многу тешко,знаејки дека сите со некого некаде слават и се веселат а јас дома како и секој вообичаен ден се туткам у кревет.Не дека дигам прашина и фама за денов , но сепак секогаш сум сакала ете да го поминам со друштво со најблиските.Не мора да е на некое отмено место или во некој кафич или дискотека,може и дома 2-3ца собрани но да си со некој да не си сам.Некако тој ден ми е мегу омилените празници и сметам дека треба да се помине со најблиските во 12 часот да се изнагушкате да си посакате се најубаво во новата година.
    За разлика од самотијата скоро секоја Нова Година на некој начин сум осамена.Осамена сум бидејки до сега никогаш не ми се погодило да имам дечко тој период.Лани баш 3 дена пред Нова раскинавме а толку се радував дека покрај блиското друштво ке имам и некој друг со кој ке ја делам магијата на тој ден ама ете плановите се растурија во последен момент.
    На тој ден ми фали таа половина од мене .Не сакам да сум сама во тој поглед.Од секогаш сум сакала да имам некој па да ме фати предновогодишна еуфорија ,да шетаме заедно низ град и да ги гледаме украсите низ улициве иако е надвор -50,да планирам поклон што да му земам(иако веке имам интересни идеи за тој ден само не се остварени) едноставно сакам да знам дека и да ги нема другите 10 души од друштвото и да сме само јас и он тоа би ни било доволно за да ја поминеме таа новогодишна нок.
    Оваа година како тргнало пак ке ми остане таа желба неостварена,но ете не се разочарувам и знам дека и без тоа ке поминам одлично без разлика каде ке бидам бидејки да ми е жива и здрава Сандричка со нејзе никогаш не се осекам ни само ни осамено. :)
     
  7. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    ако де,не ми е првпат,секоја нова година сум без дечко,така се погодува
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Четврта година по ред сама за Нова Година. :|
    Велат по новогодишната ноќ годината се познава, и баш биле во право кога го кажале ова. Баш овие 4 години ми се токму такви, катастрофални.
    Ми доаѓа за инат да не спијам 2 дена, за да се наспијам за новогодишната ноќ за да не ми биде дупло повеќе тешко од она што ќе ми биде. ;(
     
  9. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    72

    А нели имаш по некоја другарка,школска, братучетка со кои го поминуваш слободното време, па со нив да чекаш? :)
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Поканета сум на две места. Меѓутоа проблемот е во тоа што едните ме викаат од обврска, повеќе како од сожалување, колку ете да не биде дека ептен не ме викнале..Додека во вториот случај ме викна една друга другарка ама кај неа доаѓаат уште 10 други непознати и на крај не ми ни спомна..Така да, дома. :|
     
  11. Gorddana

    Gorddana Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    23
    Јас со другари,па со другарки и на крај сама. :( Ама не ми е гејле,зошто да се нервирам? :)
    Ако според новогишната ноќ годината се познава тогаш ке ја поминам толку добро за цела година да ми биде уште подобра,иако ке бидам сама.Само нека дојде,друго ништо не ми треба. :)
     
  12. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Лани не бев сама,но осамена да! Во кафана полна луѓе,но без еден човек.Тој беше далеку од мене и затоа во себе чуствував празнина.Ја минав цела вечер размислувајќи каде е и што прави и имав можност само да си честитам со него по смс. :|
     
  13. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Можеме да дружиме на четов на фемина ако сакаш ;)
    п.с. иста ситуација како твојата :|
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    со оглед на тоа што пред неколку дена ставив крај на мојата 2годишна врска сигурно и јас ќе бидам сама дома и најверојатно ќе спијам за понатаму каква ќе биди годината не ми е ни гајле :doh:
     
  15. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал,и јас ќе сум дома со сестра ми и баба ми.Мајка ми и татко ми ќе одат некаде и не ме пуштаат кај другарките да одам,а сите ќе се таму од нашето одделение.Не се секирајте ќе се дружиме на четот :) .
     
  16. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Не бев сама, бев опкружена од стотици луѓе. Но, бев многу осамена, се чувствував многу празно. До мене е најверојатно.
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како некој може да биде сам за Нова година и празниците. Па ако не си со друштво или со дечко/девојка, тогаш тука се твоите роднини, твоето семејство. И мислам дека голема грешка е тој период да не го поминеме со роднини. Со пријателите сме секој ден а од нашите најблиски сме се пооддалечени. Додека сме млади и уште зелени сакаме да лудуваме но потоа следи период кога всушност најубаво ни е со домашните.
     
  18. N0NamE

    N0NamE Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Машки
    Од како памтам за себе секоја Нова Година си ја славам дома со мојте во домашна атмосфера никогаш не сум ја славел негде со друштво по Ресторани, кафичи итн итн.И баш ми е убаво сакам да кажам се навикнав имало моменти кога ке ме фати таа празнична еуфорија и помисла ееее сите лумпуваат се журкаат а јас и оваа година дома си останав.Ама брзо после тоа наоѓам нешто што ке ме развесели некое добро филмче како и секогаш кога тепам досада :D.Шали и заебанции со домашните и заборавам на тоа како и да е јас секогаш си викам 31-ви е како и секој обичен ден за некој најлудата ноќ во годината а за некој само обичен ден од неделата. :ninja::D
     
  19. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Епа јас 2017 ја дочекав сам еленка не можеше да дојди не и бесе добро ама дефинитивно оваа година секако сам ке си ја чекам.

    Можи е глупаво и смешно така да разговарам уште од сега ама на така ми мириса.

    (facepalm)(facepalm)
     
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Хахааа, додека бев средно си умислував како кога ќе имам 20+ ќе живеам во белите згради спроти Скопјанка, ќе имам бела елка, едно куче и како ќе си славиме Н.Година сами во станот со купишта филмови и пуканки.
     
    На Bella15 и ЕденЧлен им се допаѓа ова.