1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самодоверба

Дискусија во 'Психологија' започната од Schmetterling, 21 декември 2009.

  1. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Види вака,и јас имам пеги но јас си ги сакам.Пегите се нешто што всушност го краси лицето.Помисли на тоа дека има многу луѓе на кои целото лице им е покриено со мозолчиња па размисли дали тоа е поубаво да имаш или да имаш пеги.Тоа е нешто природно и тоа ти го краси лицето,немој да мислиш дека не си убава само заради пегите.

    Од друга страна, јас имам многу малку самодоверба.И многу ми е криво зошто е тоа така.По некогаш мислам дека воопшто не сум вредна и дека сум неспособна за разлика од другите,а всушност тоа не е така,знам дека не сум до толку неспособна како што мислам а недостатокот на самодоверба ми прави да изгледам така.И кога сум во некоја поголема група на луѓе и имам многу срам и трема и не можам да зборувам нормално.Се имам страв дека ќе кажам нешто погрешно дека ќе се избламирам и дека ќе бидам исмејувана и слично.Зошто мислам така и јас не знам,многу се чувствувам лошо.Не знам како да си помогнам себе си,барем да стекнам малку повеќе самодоверба :(
     
  2. Snow.Queen

    Snow.Queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Самодовербата ми е најголем проблем и таа не ми дава да продолжам.Другите проблеми скоро ги решив,идев на психијатар,психолог,невропсихијатар,примав/примам терапија,ама самодовербата секогаш ке ми биде проблем и за неа нема терапија.
     
  3. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Немам самодоверба т.е доведена ми е до најниско ниво
    па ке работам периодот повторно да си ја повратам :)
     
  4. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    самодовербата кај мене е поврзана со изглед .Значи од време на време ми излегуваат болчиња по лицето а самодовербата ми е тогас 10% (за среќа не сум без ич :) ) а втора причина ее стојам во сенка од другарки ако може тоа така да се кеже ;) али си работам од време на време и на тоа подобро мистериозно и помалку срамежливо него отворено како весник и слободно :lol:
     
  5. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Ако немаш ти сам самодоверба не очекувај од никого. Најдобро ти да веруваш во себе од никој да не го очекуваш тоа.
     
  6. debela123

    debela123 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    мојата самодоверба? незнам ни воопшто дали некад сум ја имала ....се се темели на мојот надворешен изглед едноставно имам 10-15 кил. повеќе неможам да се гледам ...не искачам не се дружам не правам ништо откако се здебелив се мислам дека сите на мене ми се смеаат порано не бев таква :(има еден дечко кој пред некое време му кажа на братучед ми дека му се свигам му пишав два пати на фб и ми рече као демек му е мило со сум му пишала ми се свига незнам дали да му пишам пак или не што ако ме покани на кафе и кога ке види кокава сум сиг нема да ми пише никад !!! хелп
     
  7. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    На Amore му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ух, страшна работа е самодовербава.
    Некогаш (да не речам скоро секогаш) знае да биде многу важен и одлучувачки фактор во животецов, така да секогаш треба да се стремиме кон поседување доволна доза од неа.

    Само видете, и премногу самодоверба не е добро според мене.
    Леташ у облаци, све ти е рамно, мислиш Атлантида си ја открил и неретко на крај ... паѓаш.
    Затоа се' во границите на нормалата, па така и со самодовербата.

    А јас категорично ќе речам дека во моментов имам поголема самодоверба од било кога.
    Целиот овој пресврт во животот што ми се деси, несомнено многу придонесе да чувствувам поголема самодоверба во мене и да бидам значително повеќе задоволна од она што го правам.

    Така да, секогаш треба да бидеме свесни за оние недостатоци или било што, што не спречуваат да бидеме посамоуверени и да се стремиме кон нивно елиминирање/подобрување/ или прифаќање такви какви што се.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ја имам во огромни количини,може и да ја продадам ако на некоја и недостасува ;)
     
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Имам голема самодоверба никогаш не ја губам самодовербата
     
  11. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Имаше една реченица одеше вака, 'don't forget to fall in love with yourself first.'

    Да, свесна сум за тоа што сум, која сум, и кога би имала можност да бидам било која друга личност, повторно би избрала јас. Знам колку вредам, колку можам и колку неможам, не ми треба признание од никој друг. Свесна сум за моите квалитети колку што сум свесна за моите недостатоци. Е сега многу е битно човек да е свесен за тие недостатоци, во спротивно самодовербата преминува во ароганција. Многу е лошо исто кога не си свесен за своите квалитети па повремено комплиментите или критиките се тие кои ти ја менуваат сликата за себе. Еве денес станав со еден голем рог на чело, па сега ли мораше да ми испадне, па не одам на Нова Година упм! Се зезам, баш е симпатичен а воедно и ја со него. :D
     
  12. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Јас имам периоди кога сум посамоуверена и кога не сум. Ова е период кај што не сум, и стално се јавува истата причина. И покрај тоа што имам дечко, кој го сакам и ме сака, од време на време ми годи нечие туѓо внимание, ми годи фактот дека и на некој друг сум му симпатична. Едноставно ми се свиѓа кога некој ми ласка. А во овие периоди се осеќам како да сум невидлива. Да биде полоша ситуацијата, мојата (веќе не) најверна другарка е стварно преубаво девојче, и таман ете сме искочиле, сум се дотерала, се осеќам супер, и оддеднаш забележувам дека сите мажи прво гледаат во неа, некои имаат храброст да и се пуштат, а другите пак се осеќам како на мене да гледаат втора шанса, т.е дека попрво би и се пуштиле на другарка ми, ама не го прават тоа за да не ги одбие. Не сум и љубоморна, зашто сметам и дека јас сум забавна личност (никогаш не покажувам знаци на ниска самодоверба) и дека физички сум океј, ама во тие моменти некако се разочарувам од себеси, не се осеќам доволно привлечна покрај неа, а така и се осеќам понекогаш дури и кога не сум во нејзина близина. И постојано имам некој страв да не ме остави дечко ми за некоја поубава девојка, дека можда мојата екс најверна другарка ке ми го украде.. Стварно страшно. Кога ми проаѓа овој период сум океј. И после пак истото и се се врти во круг. Помош?
     
  13. Velvet

    Velvet Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Не за џабе рекле "There's always gonna be that one girl who is prettier than you, you'll just have to find that one boy who doesn't care."

    А не го сфаќам делот каде што викаш дека ти е страв дека твојата екс најверна другарка ќе ти го украде? Прво,нели ти е поранешна,значи веќе не комуницирате толку? Како тогаш би ти го украла? Второ,штом додека сте биле најдобри другарки си се плашела за истото значи не било вистинско другарство затоа што да е вистинска другарка нема да го направи тоа. За непривлечноста уживај,секој си има нешто посебно што го прави да привлече некого.Остани си позитивна,насмеана и со самодоверба - мажите најмногу сакаат такви :)
     
  14. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234

    Паа, не коминицираме многу, да, а тој страв постои(еше) затоа што таа и дечко ми имаа некако повеќе заеднички работи отколку што јас и он. Мислам, нас баш тие спротивности не споија, и не гледам на нив како проблем, ама си имав мисли ко у стилот, што ако он сфати дека поинтересно ке му биде со неа и слично. Во тие моменти стварно пробував да не гледам на другарка ми како закана, зашто она и не се поставуваше така, ама едноставно кога е во прашање момент на ниска самодоверба и малку љубомора, тоа е тоа. Тоа што сега не се дружам со неа е од друга причина. Јас сум најчесто расположена и позитивна. Хех. Решив да пишам тука зашто моментално не се осеќам како што сакам, дури не ми се ни искача многу. А и времево си го прави своето.. За мене едноставно не е невозможно да се има самодоверба. Имам многу работи прочитано на интернет за тоа како да ја постигнеш, и ред други работи од тој тип, имам волја и се тоа, ама едноставно периодов ми е таков. Ке ми помине. :D И фала многу. :)
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Човек ако нема грам самодоверба нема да успее во ништо. :!:
     
  16. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Самодовербата е важен дел од нас, кој ни е најпотребен ако сакаме нешто да започнеме, ако сакаме нешто да постигнеме, да бидеме некој и нешто. Самодовербата е нашиот најголем пријател, особено ако пред нас стои голем трнлив пат, а уште повеќе ти е потребна самодовербата ако твоите “пријатели’’ велат дека нема да можеш тоа да го поминеш, ако ти велам ти си слаба, ти нема да можеш. Е, тогаш треба да имаш силна самодоверба и да кажеш: Верувам во себе, знам дека можам затоа молчи и гледај ме! ;)
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
  18. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    е јас од денс поцнав да работам на својта самодоверба со тоа што си решив ке гледам само за мене мене да ми биде убаво и ке бидам за себе прво а после за другите!кога мене ми е се на место средна наместена и се немозе никој да ме гази!
     
  19. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Ако немаш самодоверба знај дека во ништо нема да успееш,ниту пак ќе создадеш слика кај другите дека си личност со став која верува дека ќе успее,и пробува и личност која знае да се одбрани себе си,во случај некој да ја исмејува.
    Секој треба да биде свесен за своите квалитети и да се сака себе си!
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.317
    Пол:
    Женски
    За жал ја немам :(