1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самодоверба

Дискусија во 'Психологија' започната од Schmetterling, 21 декември 2009.

  1. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    Зацврстете ја вашата самодоверба секогаш кога ви е тешко земете лист и пенкало и запишете кои работи ве развеселуваат.
    станете наутро и колку и да ви е тешко кажете си сама на себе денес ке ми биде најсрекен и најуспешен ден.
    Запишете ги вашите црти кои се нај нај пр...
    1.имам убава насмевка ...2.интересна сум во друштво или тиха и повлечена сум
    итн...примери кои ни посочуваат колку сме ние различни .
    Ставете си карминче ,средете си ја косата , ноктите и прошетајте се некаде
    излезете или сама или со другарки макар и да зјапате по излози или во парк на некоја клупа .
    БИДЕТЕ ВЕСЕЛИ И ОПТИМИСТИЧНИ :D :D :D
     
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Време е ја мислам да се набилдаме и на оваа страна :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На MilanoRedHead му/ѝ се допаѓа ова.
  3. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Почни од денес:

    …да не се грижиш за вчерашниот ден! Тој е во минатото, а минатото никогаш не се менува. Можеш да се смениш само ти, ако навистина сакаш…

    Почни уште од денес:

    …да не се грижиш за утешниот ден. Тој секогаш ќе биде пред тебе и ќе очекува да го дадеш најдоброто од себе. Но тоа може да се случи единствено кога ќе го живееш квалитетно денешниот ден…

    Почни уште денес:

    Погледни се во огледало и виде се себе си! Ти си личност која заслужува внимание и восхит. Личност која знае што сака и што заслужува, која со задоволство би ја запознала и би ја ценела…

    Почни уште денес:

    …да го цениш секој еден миг во својот живот и даровите што ги добиваш од него! И не пропуштај да го делиш сето тоа со луѓето околу тебе…

    Почни уште денес:

    …и барем за миг тргни се од разгазениот пат, по кој се движиш по навика. Не плаши се да го избереш новото и непознатото. Насладувајсе на пријатните изненадувања и тајните кои ќе ги откриваш…

    Почни уште денес:

    …дочекај ги предизвиците со храброст и решителност. Надмини ги бариерите кои се пречка за твојот раст и усовршување…

    …не дозволувај на недостатокот на храброст да го повреди твоето Јас. Желбата да успееш и способноста да сакаш треба да се посилни од се останато…

    …отвори ја свеста и срцето за се добро и убаво околу тебе. Прифати се што ти се случува и извлекувај по нешто добро за себе од секоја ситуација…

    …запознавај нови луѓе! Не очекувај совршенство. Тоа нема да го најдеш ни во себе ни во некој друг. Не постои совршенство во овој несовршен свет…

    …секогаш треба да знаеш дека ти носиш одговорност за твојата среќа! Затоа живеј така, за да бидеш среќен и задоволен од она што го правиш и од она што си. :)

    Преземено од popara.mk
     
    На ljubovche и Evellin.a им се допаѓа ова.
  4. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Јас оддамна ја загубив самодовербата. Овде има многу совети и ќе ги пробам сите затоа што многу ќе ми значи да имам малку самодоверба :)
    Инаку сум оптимист и не сум повлечена во друштвото, иако надвор од него не ширам пријателства
     
  5. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Сопственото јас!
    Да се запрашаме себе си кои навистина сме, не би одговориле затоа што постојат многу работи кои се цврсто поврзани со нашето его. Говорејќи за нас само инстинктивно би се провериле себе си од една обична перспектива, но кога би продлабочиле во нашите чувства, мисли и се друго ќе видиме дека не сме само обични човечки суштества кои паткаат по обичната правлива земја, туку ќе видиме дека навистина постои нешто поврзано со нашето постоење. Но зошто сме создадени, која е нашата цел со која се стремиме за еден живот кој иако не знаеме колку долго би траел сепак се обидуваме повторно и повторно да да го донесеме во совршенство. Ние сме тие кои го движиме светот. Секој човек е различно граден и конституционално и емоционално, секој е посебен на свој начин и секој има различен карактер од другите. Секој има право на свој личен идентитет и право на слободно размислување, секој има право да го живее својот живот на начин кој го има замислено. Но постојат личности кои со својата перверзност ја засенуваат нашата патека, само затоа што сме подобри од нив. Но зошто е тоа така? Во нив отсуствува онаа страна од човекот со која треба да се биде човек. Не, тие личности се нашите сеништа од кои се плашиме да им се спротивставиме, се плашиме да им го покажеме сопственото јас, сопствениот идентитет, сопствените сили. Во секој од нас постои барем трошка храброст за да бидеме соперник понекогаш во животот, но зошто тоа не го правиме во потребните мигови кога навистина ни е потребна таа храброст. Никој не може да ја погази нашата храброст, затоа што таа е посилна од што и да било, затоа што со неа ја докажуваме вистинската личност која живее во нас , го докажуваме нашиот нескротлив бик. Ние сме тие, да ние сме тие кои можеме да зрачиме со широка насмевка со која ќе го заблескаме секој оној кој се обидува да не зацрни, ние сме тие кои треба да си веруваме себе си и да го слушаме нашиот внатрешен дух затоа што само на тој начин ќе се истакнеме пред другите како индивидуалци и тоа професионалци. Никој, сосема никој не смее а и ние не треба да дозволиме да ни го руши нашиот веќе изграден свет. Колку губитници имаат застанато цврсто на земјата и имаат речено “јас можам и ќе успеам”. Да, станати од пеколот и вешто, остроумно и храбро продолжуваат напред. Една работа која треба да не води напред и во која треба да веруваме е оптимизмот во која треба да ги насочиме сите наши верувања, желби и успеси и цврсто да се соочиме со “доблестите” кои ни ги нуди животот. Животот е еден, единствени сме ние, нашите срца не треба да го погазат она што копнее во нас, расте и живее. Духот кој живее во нас секогаш треба да го гледаме како најголем пријател, бидејќи само тој може да не одведе до вистинскиот пат наречен успех. Затоа верувај, верувај во самиот себе си и она невозможното можеби еден ден ќе стане возможно!
     
    На little.woman, ColoursOfTheRainbow и vichy им се допаѓа ова.
  6. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Самодоверба.. нешто што никогаш не сум го имала, а толку многу ми е потребно.
    Како минуваа годините јас се повеќе и повеќе се затворав во себе.
    До толку ја имав изгубено самодовербата што неможев ни да одговарам усно на часовите, иако имав се научено. :(

    Се надевам дека со сиве овие совети испишани овдека ќе стекнам барем малку самодоверба :)
     
    На hellogirlsss му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Мораш да бидеш цврста и во најтешките моменти..Сети се дека животот е едно пијано со црни и бели клавиши. Белите ги произведуваат нотите за нашите среќни моменти, а црните за тажните. Сети се дека секогаш после дождот следи сонце..Мораш да си ја пронајдеш и стекнеш самодовербата во себе си, и знај никој не е совршен, секој има недостатоци, но тоа не значи да ја изгубиш својата самодоверба. Колку пати се имам проколнато зошто постојам кога ќе направам нешто неправилно, за кое потоа ќе се каам...Меѓутоа ќе се сетам дека за тоа што сум го направила не сум виновна само јас, туку големо влијание имаат и другите..Знам дека еден ден оној вистинскиот ќе му врати на ист начин, па си простувам себе си и со горда глава продолжувам напред. Самодовербата знај дека е една од најважните работи во животот, со која можеш да постигнеш се'.
    ;)
     
    На Belieberka666 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Вистинска пропаст е да немаме самодоверба во нас. :|
     
  9. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Што кога ги имаш сите квалитети во себе за да успееш, ама сепак ти фали тоа ситно зрнце самодоверба што ги активира сите останати работи да излезат на површина ?? Tој мал, често пати занемарлив поттик да ти ги извади сите доблести и таленти, цел тој внатрешен блесок, огномет што тлее под ќилим од твоите сопствени стравови, сомнежи и ограничувања ?

    Зошто ли толку ‘спијам‘ во секојдневни ситуации, затворам очи пред глупостите на моите врсници и сите останати околу мене, ги ставам на прво место а себеси се минимизирам до степен каде најјаките страни што ги поседувам ми личат на ситни циркончиња со едвај забележлив, значаен сјај наспрема останатите т.н ‘дијаманти‘ (во мојата глава) ???? Зошто си го правам ова, не се вклучувам во моментот, им се препуштам толку лесно на старите обрасци на понашање, дозволувам да ме влечат за нос, да ме омаловажуваат, да ми се потсмеваат, кога само за момент би застанала и би ПРОГЛЕДАЛА околу - кристално јасно и свесно забележувам дека сум во средина со нон-сенс работи, фејкерски карактери, разговори, меѓучовечки односи.. Зошто ли самата си го копам гробот и одам против себе ????

    И бесна сум зашто се изневерувам на најлошиот можен начин, зашто се плашам од сопствениот потенцијал и моќта што ја поседувам за да бидам личноста што и самата сеуште не знам колку извонредна може да биде!

    Толку големо незадоволство и револт, и едно уште поголемо ЗОШТО ? Кога луѓе со поситен интелект од мојот, на кои бојлерот не им работи нон стоп на скапа струја како мене, просперираат повеќе ??
    Зошто ли не можам да блеснам како што сакам и си ја намалувам вредноста, не сметам дека заслужувам се што сакам ?

    З о ш т о ? :(
     
  10. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Самодовербата секој треба да си ја има, ама не за да покажува супериорност пред другите, секој треба да знае колку вреди и да верува во себе.

    Луѓето што се осеќаат супериорни и се самозаљубени мене искрено ми се ОДВРАТНИ.
    Ја имам "честа" да 95% од фамилијата на таткоми да страда од тој комплекс, дури си умислуваат оти нема попаметни поубави, пред се и подобри од нив.
    Дури и еден од тетиновците ми се погоди таков, а жена му што ми е тетка што да ви расправам, нарцис невиден, самодоверба на левел факинг хај.
    Најкарактеристичните карактерни црти на овие луѓе знате кои се?
    Братучетками со која минувам доста време ја проучив добро и затоа и ви викам, значи она си мисли оти е многу убава... Оти сите машки и паѓаат на г'з и дека мене и другата другарка никој не не примеќа, мислимм кои сме ние? Хах..
    Не можеш да зборуваш нити пак да си завршиш реченица оти она секогаш има нешто поважно поинтересно и покул да каже па така те прекинува на сред фраза и си фура нејзин филм, па дури ни извини не ти вика.

    Не дај Боже некој од друштвото мене прво да ми се јави за да праша дали ќе излегуваме она жива се јаде. Па кога ти се јави, што кажа, кој те зема за да те однесе таму.. Детективски прашања пошто останува во неверување, која си ти па тебе да ти се јават??!

    Друга работа што исто многу ја мразам, мене ми поставуваат прашање таа оговара за мене.
    Ако нејзе и се случи нешто 3 дена и ноќи ке ми дува глава и милин пати ќе повтори иста работа. Ми се случува нешто мене, сакам да и го кажам.. Почнувам нели бла бла, она само ме гледа ко глупо теле, ова оти не ја боли г'з за тоа што борувам јас и не ни слуша. Ќе завршам јас и таа само ќе се насмее бледо и пак ке почне да зборува за неа и како и е нејзе и што и кажал петко нејзе.. Значи ти не постоиш бе кој те шиша.
    Ова секогаш, значи со нејзе можеш да разговараш само ако збориш за неа.

    Се спремаме за излегување и ми вика: Како ми стои мислиш ќе му фатам око на Петко? И сега јас и кажувам убава си, ам не за да и направам ќеф него стварно убаво и стоеше. Мене како ми стои? Таа ми вели.. Паа не е лошо што.. И пак продолжува со нејзиниот фустан..
    Не дека сакам да ми каже убава си ако не сум, ама само колку да ја доловите сликата, значи толку себични створенија како тие со ВИСОКА самодоверба не постојат.

    И сега треба јас да се осеќам како го*но заради неа? Ме нервира таквото понашање да, ама никогаш не сум се осетила инфериорна, никогаш.
    Ако ништо друго јас барем сум човек со кој може да се разговара, секој кој сака ќе го сослушам и ќе се насмееме и ќе се забавуваме. Ама во мојот свет не се врти се околу мене.
    Јас си знам колку вредам, а и другите што ме знаат поубаво го знаат тоа.
    Нема потреба да докажувам ништо никому, и да изигравам некоја супериорна будала за а покажам колку сум важна.
    Настрана тоА што овие луѓе мислат дека знаат се.. Абр толку препотентни и ограничени луѓенца се уфф.

    Сепак, братучедка ми е. Се навикнав веќе, знам каква е и не се ни замарам со тоа. Е сега кога претерува ми пука филм и не ја слушам ден два, м поминува. Како и да е, џабе таа се мисли не знам ти каква кога сите знаат оти е нарцис надмен. Е такво мислење не знам колку сакате некој да ма за вас.

    Бидете тоа што сте, вашите најискрени мислења чувајте си ги за себе, секогаш имајте на ум кои сте и колку вредите и ич уво да не ве боли. Што е мое ќе си дојде, и никој нема да може да ми го земе :)
     
  11. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    До пред една година ја имав чиниш одпојке ама сега.. просто се изгубив. А бе луѓе.. не сте свесни колкава штета можите некому да нанесите. Пијте си го кафето насабајле мирно дури некој друг сте го турнале на дното. Само напред.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Налетав на овој извадок, па решив да го споделам. :)

    Самодовербата е прекрасна особина, ако ја поседуваш. Таа ти е сојузник кога сакаш да му се насмевнеш на непознатиот дечко на шанкот, да се претставиш блескаво на интервју за работа или да му се спротивставиш на шефот.
    Секој од нас може да си ја зголеми самодовербата, а еве како.

    Откријте ги вашите добри особини и способности
    Самодовербата треба да биде стимулирана и засилувана постојано. За да го направите тоа, потребно е да ги знаете вашите способности и добри особини. Тоа пак можете едноставно да го постигнете со една мала вежба. Напишете ги на лист дваесетте најдобри особини и способности кои ги имате (интелектуални, емоционални, физички). Потоа, до секоја од нив напишете што ви помогнала да постигнете. Пример: многу сум зборлеста, тоа ми помага секогаш лесно да се вклопувам во разговор и да запознавам многу нови луѓе

    Убедете се дека можете да научите и да направите сè
    Самодовербата не значи да успевате во сè и да знаете што да правите во секоја ситуација, а значи да мислите дека сте способни да научите и да направите нешто што ви е потребно. Вашето мото треба да биде: „Ако не знам како да го направам, можам да научам“. Кога пред вас ќе биде поставена нова задача, ако не знаете како да се справите – не се предавајте. Не го прифаќајте тоа како пораз и тргнете во потрага по решение. Бидете убедени дека можете да научите и насочете се кон тоа.

    Избегнете го животот по шаблон
    Многу често си создаваме наши мали ритуали како чистењето во недела или излегувањето во сабота вечер. Овие навики се потполно нормални и сигурно ви е удобно да ги имате. Но, кога ќе се појави некоја нова прилика, која можеби ќе го наруши овој шаблон, возможно е да не се чувствувате удобно да ја прифатите. Запрашајте се што сакате и бидете отворени за нови нешта. Ако ви понудат работа во нов град, не се плашете да ја прифатите.

    Истакнете се
    Многу често потсвесно се обидуваме да бидеме дел од толпата, затоа што се плашиме да ни судат другите или да нè одбегнуваат. Дистанцирајте се од тоа што мислат другите. Изразете ја вашата индивидуалност. Дали тоа ќе биде преку облеката, музиката која ја слушате или вашето мислење – не е важно. Не бидете дел од толпата, за да бидете различни и специјални.

    Искажете го вашето мислење
    Ако секогаш се согласувате со мислењето на другите, дури и кога вие сте на сосема друго мислење, тоа значи дека се плашите дека нема да им се допаѓате на другите луѓе ако застанете на спротивната страна. Кога ваш колега даде убава идеја која е прифатена од сите, а вие сметате дека има многу негативни страни, не се плашете да го кажете вашиот став. Кога веќе еднаш ќе застанете на спротивната страна, ќе забележите дека луѓето ќе ве ценат повеќе, затоа што сте застанале зад своите убедувања.
     
    На ColoursOfTheRainbow и Femmince им се допаѓа ова.
  13. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    исто како и јас,како јас да сум го пишувала :x
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Се придружувам и јас.. ;(
     
  15. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Зошто ли не можам да блеснам како што сакам и си ја намалувам вредноста, не сметам дека заслужувам се што сакам ?
    посебно ова,истото мене ме мачи :worried: ,како да се минимализирам и секогаш се сметам помалку вредна од другите ова ми е најголемиот комплекс
     
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Имам доза на самоувереност која ми е потребна за да опстојувам наспроти се :D имам самодоверба и кога ќе зацртам нешто знам дека можам да успеам,си поставувам граници до кои ќе одам и делувам :D
     
  17. susi

    susi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    исто и јас немам голема самодоверба,си мислам дека сум никоја и ништо, немам ништо со што би се гордеела,не сум нешто популарна меѓу другарки или на фб,се срамам од самата себе, мислам дека не сум убава иако дома и други ми велат дека сум убава, сакам да се извишам малку повеќе, да ставам некое кило,да не се срамам пред другите, да го живеам животот убаво, немам воља за ништо, уште си немам фанато дечко, иако сите имаат, на школото сум по срамежлива, не можам да се опуштам и да лафам,се стегам секогаш за да кажам нешто мислат дека сум мирна и повлечена а дома не сум ,и се зафркаваат по некогаш, но кај нас е така со сите така прават,и со тоа јас се повеќе одам надолу место нагоре, не ми се живее ваков живот веќе. У основно по учев а сега и ме страм да раскажувам лекции кога испрашуваат и многу сум слаба во оценките поради таа пуста срамежливост, ништо не ми оде од рака си викам,многу сум добра кон другите не сакам да повредувам никој но ни тие мене иако го прават тоа,со шо го заслужив воа, на никој нисто лошо му немам направено па да страдам.зошто сум ваква сакам да не се срамам, да се облекувам убаво, да си фанам дечко, да го искажувам моето мислење и најважното да имам карактер, многу сум разочарана и не ми се живее више.:(:( help pls.
     
  18. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    скарана сум била со самодовербата отсекогаш,за жал :( ....баш би сакала да не е така,но веќе незнам што да превземам! само комплекси си набивам :( се надевам дека ќе се среди со тек на време,но,со песимизмов мој до никаде не се стигнува...
     
  19. Sckarlet90

    Sckarlet90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    Да се придружам и јас. Незнам зошто си го правам ова. Цело време другите на прво место, цело време ќути си-траи си. А, не дека сакам вака. И се трудам да се сменам, и се имам подобрено, ама изгледа во гените ми е. И многу се нервирам кога ќе ми кажат, зашто си толку пасивна, живни малце, активирај се. Како сега ти така ми кажа и така ќе биде. Уште повеќе тоа ме затвора во себе. Се чуствувам како се да кријам во мене, а имам толку многу да покажам. Како да знам се, се додека не дојде време тоа да го покажам.
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Според мене самодовербата е најбитна во животот, без самодоверба колку и да сте паметна џабе ви е ќе неможете тоа да им го покажете на другите. Јас немам самодоверба и тоа многу ме чинело во животот, дома сум многу „паметна“ и храбра но кога ќе треба тоа да го покажам на дело се губам. Едноставно ми се црвенеат образите почнувам да се потам, мислејки дека нешто погрешно ке кажам и ке бидам изложена на јавен потсмев. И поради тоа сум многу повлечена и имам многу малку пријателки, со кои сум опуштена. Еве и сега додека го пишувам ова се плашам од реакцијата на другите членови, се плашам дека ќе ме осудат.
     
    На westimka313 му/ѝ се допаѓа ова.