Требаше да го водам патронатот во школо,и си викам јас нема шанси,реков ќе биде после пукла брука.И така јас од една страна не сакам од друга па ме влече а имам таков јак глас,и доаѓам дома и читам и одеднаш станувам и си викам па можам јас,зашто не? Фала богу способна сум,со две раце две нозе и така дојде денот го водев патронатот,се помина најдобро а јас си го победив тој мал "страв" во себе.
Самодовербата е битна особина во нашиот живот. Но,за да ја имаме,треба да ги спознаеме и позитивните и негативните страни на нашиот карактер.Позитивните треба да се трудиме да ги зачуваме,а негативните да ги отстраниме за да може да не доживуваат како зрела личност со оформено его.
“За да те почитуваат другите, треба прво сам себе да се почитуваш“. Само напред и главата горе, никогаш не треба да не обесхрабри успехот на другите, напротив тоа треба да биде мотив за да одиме напред. Со верба во себе може да го имаш светот на дланка. Никој не е совршен, секој може повеќе.
Темава погодена за мене треба многу да работам на самодовербата затоа што се мислам дека откако раскинав со дечкото (прв дечко ми беше) се си мислам дека нема да најдам друг што ќе ме сака и и цени таква каква што сум
Ех, порано можев и да ја подарам некому. Си велев, имам доста самодоверба јас, џабе некој се обидува да ми ја земе, кога не може. Излезе дека можело и тоа да се случи. И сега Лајт има ниск коефициент на Самодоверба. Поради тоа се плашам од непознатото, како на крај пример шминка. Затоа не се ни шминкам, ниту имам многу мои фотографии.. Шминката всушност, уште повеќе ми ја уништува самодовербата. Кога се шминкам, тоа не сум јас, а не можам да верувам на никој друг освен самата себеси. Затоа ретко ставам шминка или слично.
Како да се врати самодовербата која некогаш сме ја имале но поради некои удари во животот сме ја згубиле? совет?
Самодовеρбата е најважното нешто во животот на човеκот. Без самодовеρба си без пρијател, без вистинсκа љубов, се во животот ти е половично, се мρазиш себе си, својот изглед κолκу и да си убав и одвнатρе и однадвоρ. Сеκогаш гледајте ги своите позитивни стρани и имајте до знаење деκа сеκој човеκ има свој недостатоκ.
Самодовербата е доста битна.Искрено во животот многу пати ја имам изгубено но и исто толку многу вратено
Mојата самодоверба се намали, но не поради тоа што јас патам од некој комплекс, туку поради тоа како околината не е спремна да прифати некој што има проблем. Значи , гледам како примери на немање самодоверба сте ја навеле тежината, висината, тенка/голема уста,голем нос, стомак. И јас некогаш варирам со тежината, имам и јас тенка уста, но тоа никогаш не ми било проблем и не ми влијаело на самодовербата, нели никој не е совршен, но самодовербата ми ја намали здравствен проблем( почна некаде пред 2 год).Имам пишано за тоа на форумов, во кратки црти , имам проблеми со одењето, рамнотежа,неможам да носам штикли, значи сето она што да ја прави жената привлечна мене ми е недостаток. Колку повеќе се прифаќам себе си како таква, се наоѓа некој да ме проследи со чуден поглед или на излегување некој што прв пат го гледам да си даде за право да ме праша што ми е на ногата,што ме обезхрабрува Некогаш и моето семејство има удел во тоа особено татко ми кој наместо да ми даде подршка , ќе ми каже коментари од типот кај можеш ти тоа, не си способна за таа работа што ми влијае многу демотивирачки или пак од сестра ми ,што не верував, никогаш не ми ја дала таа потребна подршка, разговор , туку само ќе ми рече аман ма доста се жалиш, а да беше обратна ситуација, се би дала за она да не се почуствува како човек со пониска вредност. Сватив дека човекот е премногу себичен да мисли на некој друг освен себе(а јас сум сосема спротивно,не сум среќна ако другите околу мене се тажни), и оние кои мислиш дека ти се најблиски и тие ќе те остават, и тогаш сам ќе се бориш и против лош поглед, лоши зборови, лажна солидарност но волјата за докажување ти се зголемува и не сум верувала коку сум јака психички за да го издржам ова, верувајте би можела да дадам утешни зборови на секој, да го станам , да му влеам самодоверба иако мојаата е разнишана , имам некоја моќ што Господ ме наградил во духовна смисла, а ми намалил физички, но јас се радувам на тоа дека духовно сум богата.И покрај тој проблем се сметам себе си за убава, привлечна, имам некоја харизма, само што као што кажав околината не е спремна да прифати некој недостаток (физички/психички) туку одма ти лепат етикета на човек со пониска вредост а притоа ни да направат обид да те запознаат како личност , и без да се свесни, се причина за некој да се чуствува безвредно и да му се намали самодовербата .
Донекаде сум иста како тебе. Мојот комплекс се забите. Премногу разделечени, и многу ми се напред. Ептен мала самодоверба имам заради нив. Не би требало да биде така. Тие комплекси не издвојуваат од другите, и сме тотално посебни. Еве и мене како и на тебе ме следат чудни погледи каде и да одам, каде и да отворам уста. Си мислиш вонземјанец виделе. Не ми е убаво кога се запознавам со некого. Мајка ми ми вели дека сум убава и така, ама нели нејзе и сум ќерка и таа мисли различно од другите. Сестра ми пак, и се има случено да ми каже кога седиме заедно сите дома ’Ка си отворила устата..’ и јас знам на шала да и кажам ’ И ти да имаш толкави заби, оди затвори га устата нонстоп’. Сите имаме недостатоци. Некој повеќе внимание им обраќа, некој помалку. Не заборавај дека се издвојуваш од другите. Не секој сака жени на штикла.
Аман што ви е на вас, забите, рамнотежата, тенки усни. Девојки УБАВИ СТЕ. Јас кога би ве видела во живо сигурна сум дека ке ми се допаднете. Несмеете да дозволите физикма мала мана да влијае на вас. Школска моја Јасмина имаше многу разделени предни заби, па беше манекенка во црнокрак ( денес е веке мајка). Го пишав нејзиното име за да се уверите дека и манекенките го имаат тој простор помеѓу забите. А ќе побарам нејзини слики и ке ви ги прилепам. Многу девојки има што во ниеден случај не сакаат да ностат штикла и се секогаш во патики и балетанки, дури и во дискотеки. Ич не се замараат дали некој не ги сипматизира. Мене искрено самодоверба може да ми се намали во друштво со поначитани и образувани од мене и ако се зборува на тема за која не сум доволно информирана. Да само тогаш, но пак ми се крева самодовербата, кога ке започнам тема за која сум најдобра а тие не се запознаени. Така се борам. Девојката со рамнотежата нека се запраша колку девојки има што се инвалиди. А таа со забите нека се запраша колку девојки немаат цицки, па ич не им е гајле. На крајот стави си порцелани. Треба на еден бел лист да си ги напишете сите ваши позитивни работи ( а неверувам дека еден лист ке ви е доволен) и да ги ги читате секогаш кога ке ви падне самодовербата.
Здраво девојки Пред некоја година разговарав со некои феминки баш за таа НЕсамодоверба и некои комплекси кои си ги посветував сама на себе. Моите комплекси беа дека сум дебела а сум 59кг-60,дека сум ниска и дека сум грда. Од кога се фатив со дечко ми разговаравме многу пати на таа тема и ми укажуваше дека тоа не е вистина и дека тоа не смеам никогаш да го спомнам повторно, а не посебно пред него. По природа сум дружељубива,премногу емоционална што сакам да го сменам тоа кај себе, и фер играч. Моменталниот проблем кој го имам со себе е тоа дека на усмен испит пред професор јас цела се стресувам, неможам да зборувам иако учам доста,го знам но неможам почнувам да треперам и цела се збркувам. Со некои колеги разговарав и тие као ,,Ееее усно е најубаво, можеш да се извлечеш,,.ОК,за некои е полесно но јас неможам,преголем стрес ми е иако од прва година сите испити ги земав(сега сум втора). Полагав сега еден предмет и буквално цела се испобркав а имав учено, навистина имав, па и проф. уште ми вели се мислам како сте ги добиле овие солидни поени на колоквиуми. Може ли некоја феминка да поразговара околу ова со мене, навистина ми треба,навистина! Поздрав
Феминки ве молам за совет..имам многу ниска самодоверба одсекогаш. Се си мислам дека сум ем ниска ем грда, носам очила и како тоа да е малку имам и влакна на лицето и кај вратот напред..ги депилирам но ми се познава пак..мислам дека поради тоа неможам да си фатам дечко а и да фатам срам ќе ми биде да ја кренаам главата..ве молам за совет
Извини на изразов ама БУДАЛЧЕ си... абе еве и јас сум ниска 1.57,носам и јас очила ама не сум грда баш напротив...искрено јас пред да почнам да носам очила мислам дека имав многу помала самодоверба за разлика од сега.Кога почнав да носам очила,сите ми викаа дека изгледам посекси за разлика од пред тоа.Значи средувај си ја косата секогаш,ако не си многу мала ставај и малку шминка,облекувај се пристојно ама заводнички и ќе бидиш 5+ верувај ми
Јас како малечка мака си мачев со самодовербата. Увек ми беше као потегни повуци, малку некој нешто да ми кажеше трчанката дома, затварање во соба, криење глава под перница за никој да не слушне и ронење солзи еден куп. Не бев грдо девојче како малечка, ама наеднаш почнаа да ми се појавуваат некои влакненца околу вратот што се познаваа на дневна светлина, па деца како деца во основно, злобни и преискрени, едвај чекаше некој нешто за да каже и префрли . Мала бев, па не ни знаев како да контролираам емоции, па секогаш си одев накај дома расплакана. Во средно веќе беше друга ситуација, влакненцата сами од себе си паднаа (се работеше за некое многу кратко хормонско поретување кое сепак остави некој белег врз детствово мое), а и нормално, растеш, се развиваш, веќе од девојче станав девојка. Искрено никогаш не сум била личност која што се гледа во огледало и го бацува истото зошто ми се свиѓа изразот, баш напротив, но некако после тој проблем научив малку повеќе да се сакам себеси и фала им на сите што ме исмејуваа, ептен ми помогнаа во оформувањето на карактерот. Шознам, јас искрено мислам дека нема личност кој во одреден период во животот немала борба со самодовербата. И мажите и жените, сите си имаме по некој комплекс, нормално е, живи суштества, совршенство нема никаде, но од друга страна сметам дека не треба толку внимание да посветуваме на недостатоците, туку на истакнување на предностите. Вие ако научите да се сакате себеси такви какви што сте, верувајте дека другите нема ни да приметат дека имате одреден недостаток. А за крив нос, голем нос, тенка уста, криви нозе, ало девојки И јас имам крив нос, додуша и напукнат ми е малку (а и како да не биде, во основно нон стоп баскети по фаца ме маваа, а летово се затрчана се акнав во ѕид со глава и баш удрив со носот ) ама гајле немам. Со тежината исто варирам, ама никогаш не ми била комплекс. Да, може да се разочарам кога ќе приметам дека ептен веќе забегувам со јадење и дека ми станува тесна облеката, ама се знае, малку вежбање, регулирање на исхраната и се` ќе си биде добро. Висока сум исто прилично многу, а другарките (освен една), па се прилично мноооогу пониски, па кога ќе опнеме штикли изгледам ко на прошетка со децата да сум излегла, ама па стварно не се замарам. И немам никакво лошо мислење за ниските девојки, баш напротив, мислам дека и мажите повеќе ги сакаат Сите комплекси сами си ги создавате. Пак ќе повторам, совршенство нема и не се преотерувајте гледајќи слики на инстаграм од БилионЛејдис, то је све фејк и пластично. Ајт. Ах и ќе заборавев да кажам, сите тие што ме исмејуваа, сега ми пишуваат и канат на кафе. Увек е така, животот е тркало. Така ќе биде во голем дел и со вашите случаеви, посебно вие девојчиња кои сеуште сте во раст и развој. Наеднаш ќе ја согледате промената.