1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самодоверба

Дискусија во 'Психологија' започната од Schmetterling, 21 декември 2009.

  1. DimovskaSandra

    DimovskaSandra Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Sakam da imam saodoverba ama neznam kako da uspeam mislam deka jas nistine mozam i deka sum pod drugite sovett?
     
  2. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Koлку би било убаво да знаеме што треба да правиме за да си помогнеме за било кој проблем но за жал такво решение единствено и универзално Не постои.
    Едно знам има две решенија. Двете можат некаде да те одведат или полека да се уништуваш самиот себе или да си помогнеш и да се издигнеш над проблемот.

    Која патека да ја одбереш е тешка.
    Едната е по обичај порочна( употребата на наркотични и опојни дроги или други зависности можат да ти ја покачат самодовербата) и навидум ти се чини дека е се ок иако не е се ок, проблемот сеуште постои и може да заврши дури и со смрт а другата може да ти ја измести перцепцијата за животот и луѓето, така што можеш да се претвориш во филозоф изнаоѓајќи решенија за прашањата кои од памтивек не мачат Кој сум? Што сум ? Која е смислата на животот итн.

    Јас сум една од оние кои има(ла) ниска самодоверба заради видлив физички недостаток.
    Кон проблемот пристапив на најлошиот можен начин. Најлесно е себеси да се убедиш дека се е во ред, дека нема никаков проблем, но на подсвесно ниво,комплексот излегува на виделина и тоа најчесто на некоја трета страна.
    Имено, се соочив со губење на косата на мала возраст поради кожена болест, која за среќа немаше фатални последици туку ми остави длабоки траги во емотивниот живот.
    Што ми укажа дека јас не се прифаќав таква каква што сум?
    Тоа што кога и да паднеше моабет меѓу другарките за рутини кои ги користат во нега на косата, гледање реклама на обичен шампон за коса, моабет дека и никнало бело влакно или не била погодена фарбата за коса па се туфкаа, плачеа, ми се идеше троа да си поплачам, се нервирав како тие не можат да ја согледаат баналноста на тие проблемчиња, и викав "Еј, Ало, гледајте ме, - па ја сум ви жив пример дека има полошо од тоа да не ти се погоди фарба, и обично гледав во окцињата на тие душички дека ме сожалуваат а тоа воопшто не ми се допаѓаше и се одлучив на сигурната варијанта подобро ќути и се прави дека ништо не ти е. А уствари па и на 16години што очекував.

    Што сакав да кажам, дека ништо не решавате со игнорантност на комплексот.
    Напротив тој ќе си оди се повеќе и се подлабоко во психата така што нема да знаете кога тој комплекс самиот си зел за свое право да ви го раководи животот, да ви ги влече конците и да не можете да го искористете она внатрешното , убавото во вас.
    Тоа е проблем кој не смее да се игнорира.

    Мене искрено ми падна една голема тежина кога почнав отворено да зборувам за мојот проблем. Запрашајте се најпрвин кој ве прифаќа такви какви што се. Грото ќе кажеме фамилијата.
    Во најтесниот круг на фамилијата отворени сме, се сакаме, се прифаќаме без оглед на се.
    Потоа следуваше бебешки чекор - отварање и зборење со другарките. Го опипуваш нивниот пулс. Реакција - сожалување, прифаќање, отпор, емпатија, тоа е оној круг од повратни емоции. Точка. Следуваше отпор од моја страна а потоа прифаќање на нивните реакции.
    Следеше третиот чекор контактот со машкиот пол - најтешкото.
    Да се разбереме, во романтичните врски не ми одеше најглатко, но тоа не го препишував на мојот физички хендикеп, иако дел од мажите кажаа отворено не. Имаше доза на страв од нивна страна.
    Но така е воопшто во животот. Не очекувајте на секому да му се допаднете, дури и да сте топ жена, пак не сте нечиј тип. Не го препишувајте тоа на комплексот.
    Не се залажувајте со зборови кои немаат никаков ефект затоа што внатрешно инстинктот ти кажува дека не си на чисто со тебе.
    Свесноста дека си привлечна и харизматична не доаѓа од зборовите, тоа е некоја внатрешна енергија која ги допира другите а ти си успеал да ја канализираш на убав начин. Со зборови можеш моментално да кренеш нечија самодоверба и трае толку колку што некој те бодри и охрабрува но, како на подолг рок, како самодовербата да стане начин на живеење.
    И она кога некој ќе ти каже каже "Дај, опушти се!" е и исто кога ќе ти каже " Дај, не се нервирај!" а ти не знаеш КАКО.
    Јас верувам дека НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ на оние со комплекс на ниска вредност е ОПУШТАЊЕТО и е показател за тоа во која мера и на кој план од животот си се прифатил самиот себе си но зависи и од тоа каков тип на личност си.
    Кај некои доаѓа толку спонатано и природно и толку лесно се опуштаат што во секундата можат да заспијат а во третата се будат наспиени.
    Некои се опуштаат кога ќе и дадеш конкретно методи и техники на опуштење, се учи. Всушност се е наука за оние на кои не и поаѓаат некои работите во животот по природен пат.
    Кога ја губев самодовербата имав склоност да се повлекувам во себе и да бегам од другите. Но тоа ствара други проблеми, има голема шанса да бидеш заборавен од сите и да не можеш при повторно враќање да воспоставиш нормален контакт со луѓето, посебно со спротивниот пол, тоа од прва рака го кажувам затоа што јас категорично решив еден период скроз да се повлечам но како и секоја лоша страна убавата беше што го исполнив го времето со читање и надградување на знаењето па во тој смисол и не ми недостигаше самодоверба кога ќе паднеше моабет на било каква тема.
    Меѓутоа ако си преферирал да се дружиш со книгите наместо со луѓето осуетен си од способноста да ги читаш сигналите (неформални, телесни, емотивни)што ти ги испраќаат другите луѓе.
    За една здрава личност и ли со самодоверба пожелно е да се негува не само интелектуалната страна, дури попожелно е емотивно да созреваш, што би рекле мажите од мојата фамилија нема појака диплома од уличната.
     
    Последна измена: 2 март 2015
    На Cleonika, Libera и tiesto им се допаѓа ова.
  3. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    6.377
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу самодоверба. Ептен ..:)
     
  4. Schizophrenia1

    Schizophrenia1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Самодовербата ми е на 0.
     
  5. tiesto

    tiesto Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    13
    Самодовербата неможи преку ноќ да ја стекнитете.Мора да се прифатиш со сите недостатоци надворешни или внатрешни.Ако не почниш сама да се цениш никој нема да те почитува.За почеток можиш да почниш во пронаоѓањето на проблемите.Па да се зафатиш за работа да ги решиш од корен.Смени го физичкиот изглед скрати ја косата или исфарбаја смени го стилот на облекувајне,почни да вежбаш.Со промената на фризурата се менува и човекот
    Отвори и се на најблиската другарка или другар побарај помош во себе ништо не држи.
    Еве еден пример
    Земете една чаша со вода ако ја држите една минута нема да приметите никаква промена,ако почните да ја држите 5 минути ќе почни да ви се здрвува раката,колку подолго ја држите чашата се повеќе ќе ви се здрвува раката ќе почни да ве боли.Исто е и со проблемите колку повеќе ги оставате се повеќе се зголемуват сами нема да се решат
    Се надевам дека сум од помош
     
    На Marijana93, Papillon.Papi и b.u.tt.e.r.F.L.Y им се допаѓа ова.
  6. tiesto

    tiesto Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    13
    Важно е да знаете дека некои работи не можат да се променат, некои работи е потребно да се прифатат. Залудно е да потрошите премногу време, енергија и труд за да направите нешто кое од самиот почеток ви испраќа негативни сигнали.
    Не ги губете нервите поради мали нешта - сите мали работи се мали работи

    Помирете се со своите несовршености – кога сте концентрирани на она што ви недостасува и она што не е во ред, незадоволни сте. Кога ќе ја елиминирате потребата за перфекција, ќе почнете да го откривате совршенството во животот.

    Отфрлете ја идејата дека љубезните, опуштени луѓе не можат да бидат многу успешни - стравот одзема големо количество енергија и ја отстранува креативноста и мотивацијата. Кога сте исплашени и збунети ги намалувате своите потенцијали и способности за уживање.

    Бидете свесни за ефектот „лавина“ во вашето размислување – една мисла води кон друга, па трета и така до недоглед. Пробајте да го запрете ваквиот тек на мислите. Запишете го она на што сте се сетиле и продолжете да го работите она што сте го работеле.

    Сочувствувајте – ако не можете да направите големи дела за Земјата, можете да правите мали но со многу љубов. Отворете го срцето за другите. Насмевнете им се на познаниците, донирајте во добротворни цели, посветете им време на блиските.

    Кога ќе умрете, зад вас секако ќе останат недовршени работи – сè може да почека, сè она со кое се занимавате. Ако сте опседнати со тоа сите обврски да ги завршите, никогаш во целост нема да се чувствувате добро. Само ако се концентрирате на тоа што го правите во моментот, може да го завршите на вр
    Не се вмешувајте додека зборува соговорникот и не ги завршувајте неговите реченици – луѓето околу вас на овој начин ќе бидат поопуштени, а и вие покрај нив.

    Направете нешто убаво за некого и никому не кажувајте – не го намалувајте доброто внатрешно чувство со тоа што едно исто нешто ќе го раскажете на сите. Задржете го за себе и ќе почувствувате како се исполнувате со позитивна енергија.

    Препуштете им ја славата на другите – кога некој ви се фали колку е добар или колку добро направил нешто, не се споредувајте веднаш. Дозволете му да ужива во своите пофалби.

    Научете да живеете во сегашноста – вежбајте да живеете во овој момент, бидејќи тоа е единственото време над кое имате контрола. Живеењето „овде“ и „сега“ повеќекратно ќе ви се исплати.

    Први покажете љубов – кога не заборавате на својот бес, малите работи ги претворате во големи. Кога вашите ставови ви се поважни од вашата среќа, знајте дека не сте во право.

    Дозволете си да се досaдувате – кога мирно седите, гледате низ прозорецот, потполно свесни за своите мисли и чувства, тогаш сте на вистинскиот третман за опуштње. Убавината во неработењето е тоа што умот е побистар, а вие одморени.
     
    На P.S.love и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Имам самодоверба, но сепак верувам дека не е доволно тоа што го умеам, дека можам повеќе. За надворешен изглед не се грижам, најважно ми е да го работам тоа што сакам и да уживам во тоа што работам. Секако, и кога ќе работам ќе се обидувам за повеќе. Го сакам тоа што го имам и за ништо не би го заменила!
     
    На tiesto му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Дакноманиак

    Дакноманиак Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    За да ја имаш таа самодоверба потребно е ти сама да се прифатиш со сите свои недостатоци а не од другите да очекуваш да бидеш прифатена, на светов има 2 милијарда луге и секој од нив нема да каже добро за тебе . Пократко кажано: Самодоверба не е " Тие ке ме засакаат" туку " Ке биде океј и ако не ме сакаат". Не е нешто што ке го промениш откога ке ги прочиташ сите овие совети, понекогаш сите тие комплименти и убави зборови што им ги кажуваш на други треба да ги примениш и за сама себе , бидејќи лош човек секогаш завидува на други и тоа е нешто кое не му дозволува да каже комплимент, да пофали некого или пак го кажува тоа на ироничен начин, многу од вас не се такви затоа не гледам потреба оти да не си ја створите таа самодоверба.
     
    На eliesaab и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  9. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Имам самодоверба и покрај некој недостатоци, кој не ги сакам ама ги прифаќам :)
     
  10. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.410
    Пол:
    Женски
    I jas imam nedostatok od samodoverba.Nemam nekoja posebna pricina, no ete nikogas ne sum imala nekoe previsoko mislenje za sebe.Sekogas koga treba da odam nekade kade sto ima mnogu guzva, narod, se osekam voznemireno I samo edvaj cekam da pomine seto toa.Povtoruvam, nemam pricina za toa, prosecna devojka sum nemam fizicki nedostatoci, sprotivniot pol pozitivno reagira na mene, no ete sepak ne sum sigurna vo sebe :|
     
    На one_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    срамежлива си :)
     
  12. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.410
    Пол:
    Женски
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  13. one_girl

    one_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    I jas imam nedostatok na samodoverba iako nema nekoja posebna pricina za toa. Osven sto sum pesimist vo vrska so uspesite vo mojot zivot, nemam dovolno samodoverba ni na fizickiot izgled. Normalna sum, no toa sto imam mali gradi mnogu loso vlijae vrz mene i mi ja namaluva samodoverbata i ne se cuvstvuvam ubavo koga sum vo kupaci ili vo nekoi letni alista koga se poznava toa, a so toa sto ne se cuvstvuvam ubavo, neznam ni sto da kazam :worried:
     
  14. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Имам самодоверба, но не до степен кога си мислам дека сум најдобра, најубава...
    Се ценам себеси, ги знам своите квалитети, ги прифатив сите свои мани и недостатоци.

    Важно е да се прифатиш онаква каква си. Не дозволувајте крив нос, клемпави уши и многу други такви погрдни епитети за делови од телото да влијаат врз вашата самодоверба.
    Секоја девојка е убава на свој начин. Секоја девојка може да пронајде многу работи на неа кои и се допаѓаат, безразлика дали се тоа очите, или пак усните.

    Многу полесно ќе поминете низ било што ако имате самодоверба. Верувајте во себе, и сакајте се.
     
  15. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    one_girl самодовербата не ја гради големината на градите.Сакај се таква каква што си,затоашто секој е уникатен на свој начин. :*
     
    На one_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Катерина996

    Катерина996 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Најпрво здраво, нова сум на форумов.Многу пати сум ги читала вашите теми, проблеми и решив и јас да си ја изнесам маката, сепак полесно е кога ќе поделиш со некого. Се надевам дека ќе ми помогнете со разни совети бидејќи се измачувам самата себеси веќе долго време.Имам недостиг на самодоверба, всушност воопшто и ја
    немам.Многумина ми велат убава си, згодна, мила, позитивна.Вежбам, избегнувам исхрана која е штетна, но понекогаш како и на сите нас пред менструација лицето ми се исфрла, тоа не е нешто што не може да се прикрие со шминка бидејќи знам и многу убаво да се шминкам но кога ќе останам сама, кога ќе отстранам сета таа шминка, маска на самоуверена женска почнувам да си ги барам само недостатоците.Всушност јас кога ќе се погледнам во огледало си барам само недостатоци, дури и да ги немам ќе ги измислам.Ова е многу мачно за мене женски, навистина, незнам дали ќе можете да ме сфатите но имало и денови, ноќи кои сум ги поминувала во плачење мислејќи дека сите други на светот се подобри од мене.Имам и дечко, тој постојано ми дели комплименти, но дури и кога имаме односи јас не мислам на ништо друго, освен на тоа како изгледам во неговите очи, дали нешто ми фали .. Иако тој го вели спротивното.Се надевам дека ќе ме разберете и барем малку ќе ми помогнете бидејќи навистина ви ја отворив душата.
    Поздрав и ви посакувам пријатен ден :)
     
  17. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Дали можеби некој те исмејувал дека не си убава па тоа оставило траги.
     
  18. Катерина996

    Катерина996 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Да, но не до некој висок степен, дури кога ќе се видам порано каква сум била а сепак сум имала многу поголема самодоверба за разлика од сега.Тоа ми беше и мотивација за да се променам но и покрај се самодовербата моменталено е на најниско ниво.
     
  19. deckoto

    deckoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    138
    премногу си опседната со самата себе и со тоа како изгледаш, и ти влегло во психата и не ти дава мир едноставно немаш потреба од такви работи.
     
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    11.918
    Пол:
    Женски
    Гледам еден куп изнапишани мислења кои се базираат на надворешниот изглед (физички недостатоци), па би сакала и јас да дадам свое мислење.

    Честопати другите имаа замерка за раздалеченоста на моите прсти на нозете.
    За ситниот белег на левото око, за потемнетите колена и една кружна лузна на едното од нив.
    Ама никогаш не ми пречеле, па дури и кога носев гумички на протезата за заби (што при нормално зборување ми се познаваа) во училиште.

    И сега, тие по некое си општо прифатено правило, се носеле само на спиење.Онака, срамота било.
    Покрај тие коментари, само едно ми делеше.Нормално, кажано во четири очи.
    Потајно и‘ таа посакувала да го стори истото, ама ја кочеле коментарите.Јас пак, сум била среќна девојка.
    Не ни очекував нешто вакво ниту приближно, со оглед на тоа што сигурна бев дека ќе зазеде место во првата група.Само, баш ме интересира кога ова наше - другиве што ќе речат, ќе се искорени?

    Реално гледано, (без разлика на полот) сите имаме маани еден куп.Да не се лажеме, никој не е совршен. Но, што правиме, ете ако зедеме и го трошиме времето само на тоа? За една личност сметам дека се присутни и други доста поважни (т.е. најважни) особини.Кога пред се‘ ќе се поседува онаа внатрешна мотивација, времето би се трошело доста поразумно во процесот на градење на нашите личности.

    Баш во последно време наидов на една слика (овдека на форум, постирано од феминка) на која пишуваше:"Confidence isn't walking into a room with your nose in the air, and thinking you're better than everyone else, it's walking into a room and not having to compare yourself to anyone else in the first place" :nod:
     
    На sparklie, Sunshine.Sunshine и jovanovska94 им се допаѓа ова.