Многу едноставно. Ја немам. Ама ич. Проблемот е struggling од eating disorder. Под просечна килажа имам(underweight, не знам да се изразам на македонски извинете). Се трудам да не забегам уште повеќе, но не е до мене. Едноставно не можам да накачам килажа, и секојдневно добивам коментари на тоа, и во фаца и зад грб. Сметам дека не е воопшто добро некој да се вреѓа. Не памтам кога имам отидено на плажа, излезено во шорц, сукња, фустан.... И не знам што да правам, навистина. Сметам дека треба да се престане со bullying бидејки ја намалува самодовербата. До нула.
Ми треба совет како да ја зголемам самодовербата. Од некој што навистина ја има. КАКО? Што правите? Сигурно не се оние трикови од интернет, зошто се живи глупости, само статии за да се пополни интернет простор и да се заработат пари. Кажете ми ВЕ МОЛАМ како да го постигнам тоа.
Размисли која е причината за ниска самодоверба Доколку нешто не ти се допаѓа на себе, направи промена, смени фризура, шминка, гардерба.. обично ако убаво се чувствуваме во она што го носиме, самодовербата е поголема
Секогаш ја имам, имам изградено таков карактер, како железен оклоп имам, навистина ништо не допира до мене. Кога ќе зборуваш за нешто уреди го тоа со неколку факти и неколку стручни зборови, а додека го правиш ова верувај во себе и во тоа дека ти тоа најдобро го умееш.
Имаш проблеми со твојот изглед или твојата ефикасност? Во секој случај, за секоја негативна работа која ќе ја забележиш на себе, обиди се да кажиш две позитивни. Пр. Дебела сум и не ми се допаѓа тоа, ама имам брановита коса и дупчиња во образи и тоа ми се допаѓа. Па потоа доколку можиш да поработиш на тоа што не ти се допаѓа - поработи. Во примерот со вежбање и здрава исхрана се елиминира дебелина. Некои физички карактеристики не се менуваат, но со истакнување на едни, се прикриваат други.
Немав воопшто самодоверба. Уште како мала сите ме исмејаваа и мене и брат ми. Те за изгледот те за висината. Кога влегов во пубертет прилично накачив килажа. Самодовербата ми беше на 0. немав на дејт искочено додека не завшив средно. На крај на 4та ми текна ќе се фарбам плава. Ослабнав 20 кг. Во едно лето ко куче од ланец пуштено со 15 машки се излапав во 3 месеци. Почнав да се шминкам многу и да се облекувам атрактивно. Искачав во дискотеки секој викенд и сеуште го правам тоа. Сето тоа внимание направиа да делувам многу по самуверена и мислев дека сум до скоро. Од тогаш поминаа 2 и пол години. И денес ми кажаа дека не знам на кого сум му делувала многу арогатно. А јас всушност сеуште сум многу несамоуверена. Се плашам да се смеам во друштво ако има некој што не ми е близок. Се плашам да зборам мислејки дека ќе почнат да ме исмејаваат. Поработив на мојот надворешен изглед и што ако ? Коа пак немам самодоверба. Ко несакам да искачам со едно машко ако е посериозен бидејки не сакам да зборам многу, се плашам дека ќе се разочара и он ќе ми се смее, сметам дека не сум доволно добра. И не знам како да го променам тоа. Затоа и искачам со кретени кои им е само за лабаво. Но знам дека луѓе поправање на изгледот е само 1 процент од нештата на кои треба да се работи за поголема самодоверба. Џабе ми е што сум атрактивна кога пак немам самодоверба.
Дали твоите родители исто така се со потпросечна тежина? Како отприлика ти изгледаат оброците во тек на еден ден? Дали спортуваш нешто?
Зошто е тоа така, колку понеубаво се осеќаме внатре толку повеќе внимаваме за она однадвор? Се разбира, не сите, но кај многу луѓе е така. Не зборам само за китење, зборам и за смеење, прикривање. Мораш да научиш да се валидираш себеси на вистинскиот начин а не на оној на кој ти делуваш. Значи да се почитуваш поради своето срце и својот интегритет. Ако ти треба работа на тие, слободно поработи, мораш. Не е мерилото со колку ќе се излапаш, јас на твое место уште повеќе би ми се уништила и онаа малку самодоверба што би ја имала (во твоја кожа). Преиспитај како го поминуваш времето?? Дали само размислуваш а не правиш ништо, дали само се шеташ но не си задоволна? Почни со некое хоби, учи, читај, цртај, запознавај поинаков тип на луѓе освен муватори, луѓе со кои ќе стекнеш вистинско пријателство. Самодовербата се црпи од се, најмногу од другите вредности.
Хм... Самодоверба мојата најболна тема мислам денови минував без да се погледнам во огледало, грпка ми никна како на камила од одење со наведната глава како да сум убила некого, прилики за работа ми заминуваат , а часови и часови солзи леев по слушањето на изјавите на некои кои реално не ми се ни до колена... И нормално како и вие во погорните постови една од блиските другарки, една дрска и решителна Лавица ме седна и ме праша зошто е тоа така... Ја игнорирав додека инструктората по фитнес не ми се развика зошто имам проблем да го гледам својот лик во огледало... И седнав... мислам часови и часови гледав клипови за позитивна психологија и читав книги за себеанализа... А факторот , е тој да ти бил пред мојот нос цело време. Погрешна љубов За жал мојата интелегенција се скршила пред нозете на маж кој поим нема дека вистинскиот, ете оној што го менува животот е онној кој ја прави најдобрата верзија од нас, кој не учи како да се зпознаеме себе преку неговите очи, како да си го засакаме телото, како да се сакаме себе па додека го сакав се мразев себе.... верувајте да ми допреше парче од кожата јас мислев ете имам најгрда кожа на светот... до толку ми ја промени перцепцијата за себе. Часови немо го слушав како ме убедува дека не сум разумна, не знам ништо за животот, часови го гледав како бега од мене како да имам проблем со највисок степен на лудило и долго плачев над дупките по телото кои ми ги правеше со туркање на истото, или додека се бришеше од мене ако ме допреше... Замислете бев дури и кај Чепреганов на тестирање за да си покажам колку вредам, ни докторската титула сама не си ја признавав, по перењето и омаловажувањата негови. Ама преживеав...ете го открив натрапникот сега ...еее сега е друго... грбот е се поисправен, секој дел од телото си го сакам, кожата посебно, можеби баш дека секогаш ја презираше и парфемот со кој таа зрачеше, облеката точно ги оцртува сите мои облини, а мозокот и харизмата, е тие си ги сакам секој миг чим си ги погледнам во огледало Затоа октирјте го натрапникот кој ви ги набил непотребните комплекси, зошто најлесно се владее човек кога го скршиме, кога го направиме да биде невреден во своите очи, па засакајте се Застанете пред огледало и повторувајте си ги сите лоши мигови кои сте ги поминале сами, повторувајте си додека се гледате право во очи за сите подвизи, професионални успеси и патувања со кои сте се почестиле сами Застанете пред огледало и блескајте, ставете си ја најдобрата долна облека и одете во свет. никој нема да знае што имате во себе, ниту на себе, а вие ќе греете
Не. Јас сум единствена во семејството. Мислам, слабички се, ама нормално, немаат килажа над просечната. А за оброците како и сите, тоа што се јаде дома- месо постојано, компири, мусака и да не ги набројувам останатите. Јадам порција како оние во кафана(големина). Но, јадам и помеѓу главните оброци, дали се тоа грицки или торти, колачи, пити или некогаш знам и некоја брза храна да купам. Единствено е што не спортувам. Антиталент сум. Година дена тренирав пливање, но се откажав бидејки се мрзнев на базен. Реално, преладно беше.
@Papillon.Papi и да и не. Често се случува луѓе со ниска самодоверба да се повлечени и да не знаат добро да комуницираат во друштво, и со подобрување на својата вештина за комуникација да се чувствуваат покомотно да комуницираат. Исто така доколку ние му делиме комплименти и советуваме некој со ниска самодоверба, се прави паралела меѓу самодовербата и комуникацијата, така што можеме на тој човек да му поможиме да стекни самодоверба. Така да на еден начин има некаква поврзаност, и тоа важна поврзаност, ама мое лично мислење е дека коренот на ниска самодоверба доаѓа кај секој човек од различни причини и можи, ама и не мора, вештината за комуникација да биди засегната или да страда на каков било начин.
Првиот параграф е баш хипотезата што си ја поставив. Хипотетички, ликот ги има истиве проблеми, ниска самодоверба и ненадејна "загуба" на комунијација со други луѓе (иако според ликот сѐ се одвива нормално, а според тие околу него не). Дали под дифолт би биле тие две работи поврзани или сепак може да имаат различни корени? И кои би биле тие корени (по претпоставка и генерално кажано)?
Ненадејна загуба на комуникација со други луѓе значи дека има друг проблем - тригер, конкретен настан кој предизвикал да ја загуби таа комуникација со околината. Може настанот да е поврзан со самодовербата - нешто што му влијаело ...го потсетило на работите за кои чувствува несигурност, а може и да нема врска со тоа - просто се повлекува/изолира или е потивок, замислен... Истото може да му се случи и на некој кој нема проблем со самодовербата. Повеќе е начин како човек се справува со х и у ситуации.
Можи да бидат поврзани, ама најчесто губење на комуникација е како side effect. Ако јас се плашам да зборам во друштво зошто има шанси да ми се смеат зошто се перцепирам како не доволно паметна - јас ќе ќутам. Тоа јас можи да го правам и свесно и несвесно, а околината околу мене да го сети. Исто така околината околу мене можи да сети моја вознемиреност преку комуникација доколку мојата невербална комуникација не се совпаѓа со мојата вербална комуникација. Кога гледам комуникацијата и вештините за комуникација се важни и можат да укажат на нешто, ама не секогаш конкретно кон намалена самодоверба, зошто повеќе е како side effect на некој проблем, вклучувајќи и намалена самодоверба.
А што ако ви кажам дека самодоверба е уствари само да не ти е гајле туѓото мислење за своите постапки?
А, што ако туѓото мислење воопшто нема влијание врз самодовербата, туку само чувство на ликот дека е пропалица, т.е. просто кажано гомно, отпадот на човештвото и шлајмот на општеството, иако бил опкружен со луѓе што го поддржуваа/т и ги сака. Како резултат на тоа и недоволна социјалност прекинува врска во која што сеуште има чувства. И како контраст на тоа се чувствува вреден и порасположен за муабет откако добива поддршка, и комплименти. Повторно, ликот не мисли на туѓото мислење, туку мисли на себе и едноставно не се смета за добра личност, односно мисли дека повеќе наштетува на блиските отколку што им помага иако тие го тврдат обратното.
Мене самодовербата ми е ко верверица. Скока. Де горе - де долу. Опа-цупа! Ич не е стабилна. Еднаш ќе пукам од самодоверба, па после 5 минути сум најзаникаде персоната на светот и се прашувам уат д... Зошто ли постојам )))))))) Ама многу си се сакам кога си се сакам!