1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самодоверба

Дискусија во 'Психологија' започната од Schmetterling, 21 декември 2009.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.213
    Допаѓања:
    162.679
    Пол:
    Женски
    Како сама да се читам. :lol:
    Само што јас почесто сум со ниска самодоверба со ретки, но интензивни моменти на превисока самодоверба. (facepalm) :rofl:
     
    На kikkki, soffce, Puppy lover и 3 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    По ова што го опишуваш, личноста има повеќе од проблем со самодоверба. Тоа е она кога, го носиш човека во најубавиот ресторан, на омилениот концерт, му ги купуваш најомилените кондури...правиш се' што му е омилено и од реакции што можеш да му ги приметиш има: блиц насмевка и потоа па истото - ништо нема смисла. Јас сум ваков, јас сум таков. Се' е џабе. Депресија ... или нешто така.
     
    На kikkki, Gosh, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    2.722
    ис-то :))))))
     
    На Milobebence и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    @Gosh не можеше поубаво да ви каже! :)

    Сакате пример?
    Додека бев тинејџер имав лошо друштво. Не во смисла да ми нудат дрога и цигари.
    На чело на групата лидер ни беше една исфрустрирана, егоистична, личност со комплекс на помала вредност ваљда и само пронаоѓаше начини некој друг да омаловажи за таа да се чувствува подобро за самата себеси. Освен тоа, беше и голем манипулатор. Заради неа бев нарекувана глупава, навредувана, исмевана. Самодовербата ми падна во минус. Паднав и во депресија.
    Во право била, бев глупава. Ама само заради тоа што долго време не ја отерав онаму од кај што излегла.
    Излегов од тоа друштво и животот ми се смена за 180 степени. Станав посреќна, поисполнета, поубава. После тоа таа еден по еден ги откачи и другите, та тие после доаѓаа кај мене и ми побараа прошка.

    Имам пишувано и во друга тема дека порано бев подебелка, со многу вишок стомаче. Самодовербата на нула.
    Си го спотнав газот, и ги изгубив вишокот килограми. Набив малку стомачни, па после цутев од самодоверба. А луѓето, дали дека беа навикнати да ме гледаат пополничка, почнаа да ми даваат коментари дека сум била исушена, прачка, никаква. Не само што ми се сруши самодовербата, туку сеа ми се наби и комплекс и шубе дека сум многу слаба.


    Заклучок: Не дозволувајте самодовербата да ви зависи од луѓето! Ич да не ве боли што ќе кажат. Гледајте вам да ви е убаво на душичката.
    Тие СЕКОГАШ ќе најдат нешто што им смета. Сите ние сме уникатни, верувајте, колку и да звучи клише, и со самото тоа секој од нас вреди. Сакајте се заради тоа што сте и смејте се оти и најгрдиот човек е поубав кога се смее :) Битно е да сте живи и здрави, а секогаш ќе се најдат луѓе што ќе ве сакаат заради она што сте :) Не се споредувајте со другите, бидете си свои и де мрднете троа од тоа комфор зоната, патувајте, откривајте, пробувајте, еднаш се живее :)
     
    На Makedonka007, kikkki, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  5. AliciaSilver

    AliciaSilver Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    девојки дали некој се соочил со ова?Посакувам да не бил никој и јас самата не помислував дека некогаш ќе бидам ваква.Имам 21 година скоро 22,веќе 2-3 месеци сум најтажната,најдосадната личност во светот.Ми смета се,досадни луѓе,монотонија,глупави разговори,беззначајни.Се што правам во последно испаѓа лошо на испити,исто и во љубовта скоро и да немам обожаватели.Физички почнав и да не се средувам,а порано постојано се шминкав се дотерував сега можам да носам една иста облека цела недела и да не ставам грам пудра.Длабоко во мене мислам дека природно сум поубава,а можеби и само се тешам.Не сакам да излегувам воопшто да се прашувам само би седела дома.Самата неможам да поверувам каква сум спрема тоа што бев порано,весела,среќна,самоуверена,забавна имав желба да успеам и волља,а сега не.Се чуствувам предосадно,сакам да се појави личност која ќе ме смени и ќе направи да се чуствуам поубаво,да се будам посреќна,а не како сега што се будам бидејќи од дома ме будат попладне.Не ми се допаѓа баш никој тоа е можеби најлошо,а јас сум девојка која постојано имаше некоја цел и се бореше да постигни нешто.Уствари знаев и како да стигнам до тоа бев толку успешна и се чуствував така дека можам да постигнам се.И можеби најлошо од се е тоа што почнав да се споредувам со другарки кои ми излгледаат толку подобри од мене весели и убави,а јас како грдо пајче се осеќам.Како може да се промени толку човек за кратко време и заборавам да кажам дека имав и смртен случај во фамилијата можеби тоа ме погоди но не би требало толку.Некако се зближив со домашните и не сакам да губам време со луѓе кои знам дека ме потценуваат и лечат комплекси на мене па затоа и можеби не сакам да излегувам со досадни другарки.Ако имате некоја идеа ве молам помогнете ми навистина не знам како да опишам повеќе за да ви стане јасна мојата ситуација.
     
  6. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    Самодоверба. Јас не знам дали имам, дали немам ама веќе не ми е гајле за никого, порано ќе се замислев, кога бев средношколка, не сум убава, не сум дотерана, не знам како да се изразам, не знам како да кажам да викнам за да ме слушнат, но кога си размислам тие не го живеат мојот живот, не знаат што ми се случува не одат со моите чевли, не одат по тие камења што одам јас, значи не разбират и што и да ми викале што и да ме збореле не ми е било гајле и сега не ми е затоа што сите сме луѓе, јас можеби немам самодоверба но имам сила а за тоа животот ми е учител.
    Како што напиша членката над мене и јас сум таква во последено време одкако кажав на една личност нешто што го држев во мене цела година, можеби ми олесна што знае ама сега, па и не ми е гајле што и како се облекувам, што носам дали се шминкам, едноставно како да ми снема смисла животот. Ама сепак продолжувам.
     
    На kikkki, Rama и hermosa им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Самодовербата ми е падната на нула,додуша не дека и некогаш ја имав многу:^)
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    3.443
    Пол:
    Женски
    Па најчесто ова се случува кога ќе ги симнеме розовите очила т.е кога ќе ја преминиш границата од тинајџер до адолецент. Не е ништо страшно, сите си го бираме патот баш во тој моменти е најкритично. Мило мие што си се здближила со домашните ( кој друг ако не они ) и мило мие што според прочитаното супер си созреала. Сега најди некое хоби, лично јас преферирам теретана, природа..така би се грижела и за телото и за психата оти нели допрва доаѓа животот :)
     
    На kikkki, Диња, blond.bunny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Диња

    Диња Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет како да ја вратам изгубената самодоверба постојано се трудам да им угодам на другите се замарам со ситници немам свое јас..
     
  10. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Самодовербата ми е најважното нешто во животот.
    Сум почувствувала како е да немаш грам самодоверба и чувството е неподносливо. На рака можам да избројам колку пати сум се чувствувала самоуверено и позитивно.
    Тоа што сум го научила е дека невозможно е да имаш самодоверба, ако не се прифатиш токму таков каков што си. За жал, секогаш имав самодоверба само кога бев средена и дотерана, но тоа беше многу површно и на крајот од денот си се враќав во ограничениот меур на депресијата и негативноста.
    Многу е поважно да се сакам себеси кога сум несредена, без шминка, во тренерки, отколку да се сакам себеси си само кога сум ''пицната''. Затоа што само тогаш можеме да се чувствуваме исполнето прво со самите себе и да зрачиме со позитивна енергија, а потоа и да ја пружиме својата љубов на некој друг.
    Можам да кажам дека сите неуспеси во борба со мојата самодоверба ми го покажаа вистинскиот пат. Го добив она што отсекогаш сум го посакувала и се чувствувам онака како што сум сакала да се чувствувам многупати претходно.
    Без сомневање, колку и да се другите успешни, убави, згодни, самодовербата е тоа што до одреден степен ја дефинира личноста како индивидува и со која се издвојува од останатите. Нормално доколку таа самодоверба не премине во его.:)
     
    На Диња му/ѝ се допаѓа ова.
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.139
    Допаѓања:
    50.500
    Пол:
    Женски
    Самодовербата ми е на нула, се трудам да имам самодоверба, но тешко ми оди.
    Повеќе имам доверба во другите него во самата себеси.
    Тоа е лошо знам свесна сум, но никако да го сменам тоа.
     
    На Luciferovog zlo♧ и Диња им се допаѓа ова.
  12. хОхси

    хОхси Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    146
    Не ни размислував за самодовербата, се додека не ја изгубив... Тоа беше дефинитувно најлошиот период во мојот живот кој воопшто не го посакувам никому и воопшто не сакам да се вратат. Велам најлошиот затоа што во секое поле од животот јас се движев надолу и надолу.. Искрено тргнав со цел да ви објаснам што се се случуваше со мојот живот тогаш во тие 6 депресивни месеци, но се откажав затоа што не сакам воопшто да се сеќавам.
    Постојат правила којшто откако ги пронајдов секојдневно ги читам, па исто така би сакала да ги споделам со вас:

    1. Позитивно говорете за себе
    2.. Мислете: „јас тоа го можам!“ Одлучете, дека од сега самите на себе ќе си бидете најдобар пријател. На негативните мисли забранете им го пристапот и не дозволувајте со вас да управуваат.
    3. Мислете на своите квалитети.
    4. Разговарајте самите со себе, онака како кога би разговарале со најдобар пријател.
    5. Верувајте си себе си. Воедно, треба да престанете да размислувате што другите за вас мислат. Кажете си, како на тоа сега сте имуни. Прифатете се себе си какви што сте, а самодовербата веднаш ќе ви порасне.
    6. Научете себе си да се сакате, за другите да ве сакаат. ( за мене најважното, бидејќи не секогаш се наоѓаат луѓето кои не сакаат)
    7.Нека на вашето лице колку што може почесто зрачи вашата насмевка.
    8. Поставете мала цел и постигнете ја, цел која знаете дека можете да ја досегнете. Променете некоја мала навика.
     
    На hermosa, blonde_supergirl и alexa_dimoska им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Јас имам еден мал проблем и претпоставувам дека е тоа од тоа што немам самодоверба.....Јас за сите мои роднини берам гајле,да не се разболи некој да не го фати несто,срце или сл да не умри и секакви работи ми се мотаат како будала....Сега слушнав нешто за мој роднина имал инфаркт и одма се стаписав заминав набрзина од местото кај што бев ме фати паника одма да не ми се слуши нешто мене или на некој друг...а сабајле бев полна со самодоверба.......Што би ми препорачале како совет???
     
  14. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.199
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не станува збор за твојата самодоверба туку за емотивноста која дозволуваш да те надвладее. Утрото ти тргнало позитивно, си слушнала лоша вест и логично е да се онерасположиш. Во ред е да ги сакаш блиските и да се грижиш да не им се случи нешто лошо. Скоро на секој тоа му се случува, и мене понекогаш знае да ми се заврти некоја таква неубава мисла во глава, што би правела доколку им се случи нешто на оние кои ми значат. Разбери дека тие нешта не зависат од тебе, тоа што треба да се случи ќе се случи, ти неможеш ништо да промениш. Никој не знае што ќе донесе наредната минута. Можеш само да пружиш помош кога е потребна.
     
    На kikkki, Makedonka007, Ladybbc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Nobadys.Perfect

    Nobadys.Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Ќе речат шминката, дотервањето ја зголемвале самодовербата. Искрена да бидам тој циркуз наречен ноќно излегвање со маска на лицето и глумење лудило ми е тотално без врска. Ама ако на некој му ја покачува самодовербата напред немам нишѕо против. Според мене самодовербата не е нешто физички, психички е. До она што те опкружува. И почитта што ја имаш од луѓето околу тебе. Не сите луѓе се исти за жал денес злобата преовладува.
     
    На Crnookata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум била со ниска самодоверба, но понекогаш знаев да си го набилдам егото. Сега последните 1 - 2 години никако не можам да ја зголемам. Имало моменти кога сум се чувствувала подобро, ама секогаш ќе се најде некој паметен повторно да ми ја урне самодовербата. Сакам да верувам во себе, да се сакам себеси, да се почитувам јас самата и никако не успевам во тоа. Не верувам во зборовите убава си, симпатична, добра. Мислам дека кој и да ми го кажува тоа ме лаже за да ми помогне да си ја зголемам самодовербата. Освен тоа исто така мислам дека ако некој ми рече дека не сум убава или дека сум грда повеќе ќе ми помогне да почнам да се прифаќам себе си одколку да се заљубувам во некоја лажна слика за мене што ми ја создаваат другите.
     
    На kikkki и alexa_dimoska им се допаѓа ова.
  17. Frosi333

    Frosi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Jas nemam samodoverba poradi mojata visina. Visoka sum 178 cm imam 18 god i mi se potsmevaat na mojata visina.Imav muvac malku ponizok i edna so go sakala koa doznala deka izleguva so mene kazuvala kade toj so nea vrba,rascepatena nikakvanema sansi so nea da izleze.Dve glavipovisoka od nego. Isto i eden so mi se pustase mi se smeese poradi mojata visina.
     
  18. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Глупости, на него нека му се смеат тогаш што е машко со толкава висина. Обично машките ги имаат надминато тие центиметри.
    Сега си во тие години кога тоа ти изгледа ко комплекс заради несозреаноста и простотилукот на тие околу тебе, но подоцна ќе ја сфатиш предноста. Како плус, високите машки најчесто се посимпатични и им одговара кога не треба да се скичмат за да бакнат девојка.
    Секое лонче има капаче. И ниските и високите порано или подоцна си ја наоѓаат својата соодветна среќа :). Битно е само да бидеш околу луѓе кои те почитуваат. Но, најпрво самата ти. :!:
     
    На Justicija и Frosi333 им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Девојче мое мило :) Жал ми е што минуваш низ истото низ кое, многумина исто минуваат во тие години (+/-) - потсмев од група за нешто кое всушност ти е предност пред другите. И, жал ми е што ќе треба да помине време дур го сфатиш тоа, и дур самодовербата ти се набилда за да не те повредува. :)
    Ти се смееле пошто они се ниски. Супер е да се биде висок, и особено, да се биде висока девојка која има нозе долги колку што се другите високи од пети до врвчето на главата:D
    Избегнувај ги личностиве, пошто не заслужуваат внимание и пошто нема потреба да им ги трпиш навредите.
     
    На Someonespecial, Justicija и Frosi333 им се допаѓа ова.
  20. Goldenwoman

    Goldenwoman Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Ja imam procitano 11 minuti, super e za samodoverba no mn sum sentimentalna toa delot so klitorisot so kandzik ke padnev u nesvest! Sepak krajot bese top.
     
    Последна измена од модератор: 31 јули 2018
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.