Самодоверба? Што беше тоа на леб да не се мачка? Шега на страна јас сум личност со разнишана самодоверба. Сето тоа поради сплет на одредени околности. Што е најтрагично сум и песимист што е катастрофално во комбинација со разнишана самодоверба. Некогаш знам да сум неподнослив и на самиот себе.
И јас сум личност со ниска самодоверба и за сите нас Оревземено од група на фб "сви ми на високој вибрации" Samopouzdanje predstavlja način na koji vidimo sebe i mislimo o sebi i vrednost koju dodeljujemo sebi kao osobi. Nisko samopouzdanje Da li ste nekada bili nezadovoljni ili nesrećni u vezi sa sobom? Da li ste pomislili da ste slabi, glupi, nedovoljno dobri, inferiorni u odnosu na druge ljude, beskorisni, bezvredni, neprivlačni, nevoljeni, gubitnici? Većina ljudi koristi ove reči za opis sebe u trenucima kada se suoči sa stresnim situacijama sa kojima je teško izboriti se. Ipak, ako stalno mislite o sebi na ovaj način onda je moguće da imate problem sa niskim samopouzdanjem. Nisko samopuzdanje podrazumeva generalno negativno mišljenje o sebi i globalnu negativnu ocenu sebe kao ličnosti. Obično ljudi koji imaju nisko samopuzdanje mogu pričati o sebi sledeće: ,, Osetim se nervoznim kada pričam sa ljudima. Ja sam socijalno neadekvatan i ne mogu to da podnesem!“ ,, Nisam razumeo dosta toga o čemu je nastavnik pričao. Mora da sam baš glup.“ ,, Ja nisam bitan.“, ,,Ja sam gubitnik.“, ,,Niko me ne voli.“, ,,Nisam dovoljno dobar.“ U suštini ljudi sa niskim samopouzdanjem imaju duboka, bazična, negativna uverenja o sebi i sopstvenoj ličnosti. Ova uverenja se obično uzimaju kao činjenice ili istine o njihovom identitetu. Kao rezultat, nisko samopouzdanje može imati negativne posledice po osobu i njen život. Ovakve osobe su previše samokritične, često se šale na svoj račun na negativan način, sumnjaju u sebe i samookrivljuju se kada situacija u kojoj su oni učesnici krene naopako. Ako im se upute komplimenti za nešto što su dobro obavili oni obično to pripisuju sreći ili slučaju a ne svojim sposobnostima. Takođe, ističu ono što nisu uradili, a po njihovom mišljenju su mogli, kao i greške koji su načinili. Imaju teškoće da izraze svoje potrebe i da prezentuju sebe, izbegavaju izazove i pružene mogućnosti iz straha da se neće dobro pokazati. Dominantno je osećanje tuge, depresije, krivice, stida i besa. U interpersonalnim odnosima, osobe sa niskim samopouzdanjem mogu postati uznemirene bilo kakvom kritikom ili neodobravanjem, čine ustupke kako bi udovoljili drugima, ekstremno su stidljivi pa izbegavaju intimnije odnose ili socijalni kontakt. Izbegavaju zabavne i relaksirajuće aktivnosti jer misle da ne zaslužuju uživanje i zabavu. Izbegavaju i aktivnosti u kojima mogu biti ocenjivani na bilo koji način (npr. kompetitivne sportove, ples) odnosno aktivnosti koje zahtevaju bilo kakvu vrstu takmičenja i izlaganja. Tehnike za jačanje samopuzdanja Fokusiranje na svoje pozitivne strane Za raziku od nalaženja sopstvenih mana, zadatak se sastoji u tome da osoba navede odnosno zapiše isključivo svoje dobre osobine. Ovo može biti jako teško za ljude sa niskim samopouzdanjem jer su oni obično fokusirani samo na ono što kod sebe vide kao negativno. Ovako se uči da se promeni fokussa negativno na pozitivno vrednovanje sebe. Vođenje dnevnika svojih pozitivnih osobina Nakon prethodne vežbe isto to treba nastaviti i na dalje kako bi se takvo ponašanje učvrstilo. Obično osobe sa niskim samopouzdanjem za ovakvu vežbu pomisle da nemaju šta da napišu ili se stide, osećaju anksiozno, neprijatno. Ipak, njihov zadatak je da ukoliko se pojave negativne misli o sebi, pokušaju da im ne dozvole da ih preplave i da uvek imaju na umu da se usmeravaju samo na pozitivne aspekte sebe. Pritom treba pisati sve svoje pozitivne osobine koje osobi padnu na pamet, nema ograničenja na dve ili tri. Ukoliko osoba ne može da odredi šta je to pozitivno kod nje može pitati druge, prijatelje, rodbinu. Takođe, treba paziti da se pozitivni aspekti ne umanjuju rečenicama ,,to nije ništa posebno“ ili ,, nije vredno pisanja“. Dakle, sve je bitno i opisivati do detalja pozitivne osobine isto kao što su uobičajeno opisivane negativne. Nikako ne dozvoliti da se osobine iz dnevnika zaborave i nestanu iz sećanja. Kada se završi proces pisanja, potrebno je često prelistivati i čitati dnevnik kako bi se pamćenje pozitivnih osobina učvrstilo.Voli vas Natasa...:
Морам да признаам, женичкава ја открив пред скоро иако одамна работи, и многу ми се допадна нејзиниот пристап... Работи индивидуално а организира и работилници. Ќе постирамедно видео што вреди секој да го проследи, а некој може и ќе се одлучи да го направи првиот чекор и да побара помош од психолог за да си го подобри квалитетот на живеење..
Мојот вечен проблем, за жал. Не знам дали се должи на фактот што сум израсната во дисфункционално семејство или е од самата мене, ама никогаш не можам да речам за себе дека сум убава или дека заслужувам било што убаво. Ми рекле гледај го убавото на себе, ама скоро во сѐ наоѓам маана. Не само она што можам да го сменам, туку и она што не можам. Почнувајќи од тоа што сум крупна, (не баш дебела) малите гради, акните на лицето и уште неколку работи поради кои физички се чувствувам непривлечно. На моменти дури почнувам да мислам дека либе не ме заслужува мене, туку некоја убава и згодна. И она што ме мачи е и да ослабнам, дали сепак ќе се сакам себеси или уште ќе бидам негативна кон себе. Иако од лани на пример ослабев и лицето ми стана каде каде поубаво, пак сум иста во тој поглед со самодоверба. А дека сакам да се сменам, сакам. Само не знам дали вреди, дали пак упорно ќе наоѓам мани на себе.
И јас имам многу ниска самодоверба што мислам дека тоа не е во граници на нормала не бев таква но во последно време се плашам дека имам страв од неуспех и тоа не ми дозволува да носам одлуки многу тешко и кога ќе донесам одлука секогаш се двоумам како да не сум доволно добра за себе како што кажав немам сигурност и имам ниска самодоверба дали некој се соочил со ваков проблем ве молам за помош
Потполно те разбирам. И јас исто немам сигурност во себе, постојано се плашам од неуспех и самата си ставам "кочници" буквално за се што ќе треба да правам уште стартно се откажувам и се осудувам на пропаст Навикнав да се сожалувам самата себе, навикнав да бидам неспособна, не знам како да си помогнам, ама многу ме плаши оваа состојба, одсекогаш имав проблем со самодовербата и психички и физички, но до овој степен како сега-никогаш
Имам ниска самодоверба за мене. Премногу несигурност поради мојот изглед. Никогаш немам помислено нешто убаво за мене. И премногу е тешко да ја вратам таа самодоверба.
Да, те разбирам исто се чивствувам и јас и како да го надминеме тоа како да се справиме од што би можело вака да биде
Девојки најдете ги и препознајте ги вашите позитивни особини. Напишете ги на ливче и сконцентрирајте се на нив. Ако ви недостига нешто во листата особина која сакате да ја имате, работете на неа и усвојете ја, ќе ви биде потребно повеќе време пример 10дена ... Исто така читајте книги за самодоверба, карактер и сл. Има многу книги за самопомош. Читајте и применувајте од страници на интернет и инстаграм има многу со кои мисли ќе ве мотивираат. Станете свесни за своите квалитети, негативните навики сменете ги, но имајте и разбирање за работите што не можете да ги промените кај себе и прифатете ги. Може да се подигне самодовербата кај секој човек, доколку тој искрено сака и превзема чекори нормално, на никој нема да му падне од небо. Тој што ќе проба, ќе успее !!!
И јас сум во клубот на оние со ниска самодоверба. Прво физичкиот изглед ми е голем проблем . Не сум многу ниска , но не сум ниту висока. Откако родив , никако не можам да се вратам во нормала со тежината . Секој пат кога се обидувам , симнувам едвај два килограми , и за една недела ги враќам четири . Дополнително ме уништува кога мајка ми , ми зборува за тоа . Татко ми има еден куп здравствени проблеми поради прекумерна тежина, но најновиот е што на 58 години ќе мора да стави пластично колено поради оптеретување на нозете од прекумерна тежина . Секој пат кога ќе одам кај нив, ми даваат мислење дали сум ослабена или здебелена од последното доаѓање . Се обидов со разни диети , и секогаш исто. Маж ми ме теши дека ќе ослабам , дека ме сака онаква каква што сум , дека слаба или дебела секогаш ќе бидам мечето негово , но јас имам чувство дека тоа го зборува само за да ме развесели, да не сум депресивна и да не се изгладнувам . Сега повторно пробувам да ослабам , но не со изгладнување .
Направете мал експеримент. Ставете еден предмет на едната страна од масата. Легнете на кревет, гледајте во предметот. Посакајте да се помести на една педа кон средината. Две минути, гледајте и лежете. Потоа станете и посакајте да го земете предметот и да го однесете во другата соба, во кујна, надвор, било каде. Ве делат ѕидови. Најдете начин, за тоа ќе ви требаат дваесет секунди или повеќе. Истото е и во животот. Самодоверба? Тоа е она кога знаеш дека можеш сѐ и дека нема невозможни работи при возможни опции и потези, како втората опција со предметот од масата. После сѐ, делата и исходот градат огромна планина, ставајќи ве Вас на врвот.
Човечки е да се нема самодоверба (не постои човек полн со самодоверба, само успешно го прикрива тоа), човечки е да се посомневаме во себеси за нешто, затоа што и двете нешта водат кон тоа да станеме подобри личности и да се усовршуваме. (Како некој би почнал да вежба ако за себе мисли дека е најубав/а и најзгоден/а? Зошто некој би учел ако себеси се смета за најучен?) Човечки е да не се осеќаш добро кога не ти е денот или кога нешто ќе те мачи и кога нешто ќе ти разниша самодоверба. Кога ќе сфатите дека сето тоа е нормално и дека е дел од тоа да се биде човек и ќе се прифатите со сите мани и доблести ќе имате шанса да се посветите на работите кои ќе помогнат да го решите тоа што ве спречува и да терате понатаму. На крајот од денот па и ретко кога ако се сака некоја мана не може да се промени во доблест. Само работа на себе и голема желба. Убавината на овој свет е токму во различностите. Убаво е да има и слаби и полни луѓе, високи и ниски и тн и тн... Не вреди да дозволите мислите повеќе од половина час да се задржат на тоа дали вие сте доволни на светов, затоа што сите припаѓаат и се доволни во него. И не би се викало нештото проблем ако нема решение. Денес сѐ се корегира.
Namalenata samodoverba se vraka. Najcest uzrok se lugeto ,stereotipite,komentarite i toa kolku vlijaat tie na tebe. Se podignuva so tvoeto mislenje za sebe. A kako se gledas samata sebesi,taka ke te gledaat i ostanatite.
Имам читано премногу „клише“ искази поврзани со самодовербата во смисла на тоа ако ти не се почитуваш, нема ни другите да те почитуваат и слично. Да, звучат како простички и навидум обични зборови, ама така е сè додека не го почувствуваш на своја кожа. Додека вистински не го почувствуваш, ама за да го почувствуваш треба да си работиш на себе. Прашањето е како да работиш и да се градиш себеси во време во кое Ким Кардашијан стана симбол за убавина? Никогаш нема да ја пронајдам убавината во неа ниту пак во никој од тој клан, од причина што ги гледам како одечки силикони коишто пливаат во пари и не знаат што со животот, па ајде сега ќе ангажираме сурогат мајки и ќе создаваме линија на шминки. Поентата ми е дека, човечки суштества сме и невозможно е ништо да не ни влијае на самодовербата и на тоа како самите себеси се гледаме. Особено ако сè уште се градиме како личности и секоја ситница ни ја разнишува самодовербата. Е, сега под „градење на личност“ го подразбирам тој период од тинејџерството до рани триесетти. Сметам дека никој нема константна и целосно изградена самодоверба во тие години затоа што самодовербата доаѓа со искуство и години. Многу лошо и негативно е тоа што скоро и да сме така програмирани, женските со женски наместо да се поддржуваат, тие се гледаат со потсмев, цинизам и љубомора. Со исклучоци, нормално. Не секогаш е доволно само да си ги запишуваш квалитетите на ливчиња и да ги читаш, туку и сам да се најдеш во ситуации каде што треба стварно да се докажеш и бориш за нешто за да се видиш себеси и твојата вредност во вистинско светло. Ама од друга страна тоа не значи дека треба да седиш со скрстени раце и да чекаш животот да ти „фрли“ искуство за да ти се крене самодовербата. Само треба едноставно да баталиш небитни работи и да се фокусираш на тоа што лежи внатре во тебе, да допреш најдлабоко во себе и од таму да ја извлечеш почитта кон самиот себе. Во однос на самодовербата сакам да се изјаснам и за тоа дека да имаш самодоверба и љубов кон себе и во себе апсолутно не значи секогаш да се сакаш таков каков што си, туку секогаш да го дадеш максимумот да се разбереш себеси во оние денови кога ти е потребна најголемата поддршка. Имам чувство дека многу луѓе мислат дека самодоверба е кога постојано си среќен и позитивен, што уствари може и да нема врска со вистинската реалност. Тоа може да е еден така добро исфорсиран т.е forced positivity, што и те како е токсичен за здравјето. П.С. за крај само да додадам, пошто ова исто многу влијае на самодоверба - мајка ми не ме родила како половина, па да треба јас да ја барам другата половина за да ме направи целосна и за јас да бидам самоуверена. Цело сум и сакам да верувам дека мојот единствен дом и личност со која ќе го поминам цел живот, а не само остатокот од животот сум јас. Мојот дечко/партнер е само мал дел од целата сложувалка.
Потполно се согласувам со тебе! Исто размислуваме, изгледа слични книги читаме и луѓе кои говорат за самодоверба, пронаоѓање на себе и сл. Само да те поправам - "не значи дека треба секогаш да се сакаш таков каков што си" ЗНАЧИ ДА СЕ САКАШ ТАКОВ КАКОВ ШТО СИ. ДА ПРИФАТИШ ДЕКА ИМА И МОМЕНТИ ВО КОИ ЌЕ СЕ ОСЕЌАШ ТАЖНО, ПОВРЕДЕНО, НЕГАТИВНО, НО ДА РАЗБЕРИШ ДЕКА И ТОА Е ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ. И ВО ТИЕ МОМЕНТИ ДА СЕ САКАШ, ТОГАШ БАШ ТИ СЕ НАЈПОТРЕБНИ ЉУБОВТА И РАЗБИРАЊЕТО КОИ СИ ГИ ПРУЖИШ САМИОТ СЕБЕ!
Ми треба совет Многу често добивам критики дека сум затворена личност Особено преку пораки кога пишувам демек не сум била отворена и сл а неможам за се да зборам и да се зафракавам. Како да се сменам, во живо правам маабет и се шалам но секогаш истото ми го зборат?
Затворена личност всушност е личност што не си го издава сопствениот живот пред другите, не споделува многу информации за тебе и не сака многу да знаат за неа. Од друг аспект да си отворена значи да се впушташ во секаков вид на муабети дури и што не ти прилегаат и најчесто луѓето намерно ти викаат дека си затворена личност со цел да се опуштиш и да почниш да одговоруваш на нивни теми и сл. Според мене мислам дека не треба да се менуваш остави ги што сакат нека зборуваат. А ти ако сакаш лично за тебе да си се смениш ако не си се допаѓаш на себеси тогаш започни почесто да правиш мајтап, да кажуваш шеги и сл.
Нема потреба да се менуваш. Едноставно си таква спрема некои личности затоа што не сметаш дека треба да му збориш за одредени теми. А и не знам зошто некои личности толку инсистраат да бидеш отворен спрема нив , остани таква каква што си. Да си имала некое добро мислење за нив и да не чувствуваш некој стpав(од издавање на тајна/или било што) сигурно не би била затворена. Иста сум и јас не чуствувам потреба да бидам отворена кон многу личности во моја близина...
Од мала сум била повлечена тивка срамежлива ќутлива. Имав толку работи да кажам ама не можев ни збор да проговорам затоа што имав многу ниска самодоверба, скоро и ја немав. Сакав да прашувам да бидам борбена и во средно и на факултет ама секогаш сето тоа си го потиснува во себе велејќи си:" ај не се брукај подобро седи си и ќути си, погледни ги другите колку се подобри од тебе , ти не со способна до толку. " и навистина водејќи се со тие мисли јас во животот ништо до сега не постигнав освен што завршувам факултет за кој и не сум баш заинтересирана. Ама пред неколку месеци се изморија да си се понижува сама себе. Да живеам за другите да не ми речат види ја оваа. И се изолирав малку од луѓето. Почнав да поминувам време сама со себе. Се запознав себе си. Се пронајдов себе си. Знам дека јас сум си доволна сама на себе. И треба себе да се направен среќна. Никој не може да ја живее и раскаже мојата приказна. Сеуште работам на себе. Знае да има некои падови. Ама веќе се запознав. Знам колку можам.