Jas sum licnost so niska samodoverba so strav panika I strav od zivotot se trudam poleka da go iskorenam toa no dosta sum negativna I samokriticna.
Истата сум и јас..Но само верба во Бога и дај се од себе тоа да не биде така....Повеќе излегување повеќе дружби.....Музика и што повеке спорт......Доколку можеш Позз
Neznam Dali toa go pravat padovite vo zivotot I sekogash stravuvam deka Pak ke se sluci nesto Sto ke me izleta od pravecot za zhal trgni zastani sum.
Во денешно време е многу потешко да бидеш самоуверен. Гледав низ инстсграм некои слики од личности што направиле многу естетски зафати и изгледаат супер. Секој ден гледаме совршени жени по телевизија, списанија, социјални мрежи и може лесно да ни падне самодовербата. Brazilian butt lift (bbl) не знам дали сте слушнале за овој зафат. Се работи за трансфер на сало во пределот на задникот и колковите. Кајли Џенер конкретно го правела тоа и изгледа предобро. Реално, изгледаат каде каде подобро од претходно. Немојте да речете дека ви се свиѓа before сликата повеќе. И јас да имам пари би го направила истото, наместо да се потам во теретана секој ден, вака 2-3 саати и ново тело. Што мислите вие за ова? Колку ни влијаат вакви слики врз самодовербата? Како да не се споредуваме и наоѓаме маани? Сакам контакт од докторот
Слободно отвори на инстаграм beauty.false разгледај како се фотошопирани. Сите сме исти бе луѓе.Има луѓе со убави црти, има со помалку убави црти, жени со витки тела, жени со повеќе килограми. Таа што е слаба, има нешто друго шо не е "совршено" (според наша дефиниција совршено, иначе сите сме совршени за себе) итн..
Ич не ми влијаат, ни најмалку. Не ни имам Инстаграм за да трошам време на размислување чиј задник е поубав и дали јас некогаш ќе имам таков или сличен. Впрочем, познат факт е дека многу познати личности кои "личат" убаво, се соочуваат со исти проблеми како и нормалните луѓе. Самодовербата има многу други форми
Се сеќавам на Ололоска (ја паметам по презимево што којзнае дали го потрефив) и тоа знам дека уште н авремето, кога јас бев дете, значи баш одамна имаше емисија или беше дел од емисија (дали Ѕвон или слично). Битно јас кога бев дете немаше интернет, ама ликот и гласот и ги паметам и сега после толку години ја следам
јас искрено да кажам имам проблеми со самодовербата, посебно кога ќе видам 18 19 годишни девојки на инстаграм СОВРШЕНИ, нашминкани, дотерани, по цел ден се по кафичи,на патувања,менуваат дечковци , а јас сум 5 -6 години постара од нив и некогаш излегувам со неисфенирана коса о и тренерки, немам дечко , излегувам 1 -2 пати неделно и сум заглавена со работа и учење....ама да гледаме реално на работите, секој да се шминка секој ден и да се облекува убаво ќе биде убав значи сите си имаме природна убавина само треба да ја искористиме. Нормално со многу вишок килограми неможе да имаш самодоверба и ако ја имаш ќе зборуваат дека си одвратна...така да со вежбање,здрава храна,малку шминка секој е убав и полн со самодоверба, а без самодоверба не се стигнува никаде во животот
Тажна генерација со среќни слики (некаде го прочитав, да не ми бараат авторски права Самодоверба не се гради со фенирана коса и сликање на Инстаграм. Можам да ти набројам барем сто жени од целиот свет, кои се дебели а исполнети, затоа што не се замараат со тоа што прават другите. Еве прва на памет ми падна Биба Додева. Не се лути, ама ова твое површно размислување за животот и светот не ти дозволуваат да изградиш здрава самодоверба. Што сте се фатиле за слики на Инстаграм, немате некој убав пример да го земете за репер во реалниот живот? Па и кога ќе видам убава жена (релативно и субјективно, мене Биба Додева ми е многу убава ете), си викам "Свака част жено" и терам даље со мојот живот.
самата кажав дека си имам и јас комплекси и проблеми со самодовербата и затоа моето мислење е ова...жално е знам , а за таквите случаеви браво тешко е во вакво време да имаш самодоверба ако немаш пропорции 60 90 60, жалосно јас не сум со многу вишок килограми ,а пак немам самодоверба така да знам дека е до психата не е важна само фенираната коса
Да не ме сфатиш погрешно, колку разбрав имаш околу 25 години, јас имам скоро 40, да си малку помала а јас малку постара, технички сум можела да те родам И затоа пак ти кажувам, немаш самодоверба затоа што си се убедила дека "мора" да "исполниш" некакви услови за тоа да се случи, што значи дека самата се саботираш. Многу важно е да знаеш дека НЕ ПОСТОИ совршен живот и дека со сигурност тоа не е 90 60 90. Баш напротив. Постојат работи во животот кои самите можеме да ги контролираме, ако сакаме. Самодовербата е една од тие работи.
помала сум од 25 , инаку те сфаќам немаш лоша намера знам што сакаш да ми кажеш ама јас тешко дека некогаш ќе имам висока самодоверба, искрено љубоморна сум на девојките кои се самоуверени, а јас не знам зошто некој би ме сакал како да не сум вредна
Како бе девојче така не си вредна? Мој совет ти е да избришеш тоа Инстаграми и слични глупости и да се фатиш со нешто што те интересира, во што си добра, што ти се допаѓа многу (а не си ич добра, пошто и ќеифовите у животот се битни), и на крају краева, тоа што на тебе не ти се допаѓа, можеш да го смениш секогаш. А за дечко ич да не се секираш, може да се купи у Валијант за 500 денари, со три брзини Ќе ти отиде младоста у жалопојки, треба да уживаш малку во животот. Храбро!
И јас сум една од оние со помалку самодоверба. Но работам на тоа. Порано се чувствував многу полошо, кратко кажано не се сакав себе си.
Мене па Кајли Џенер ми е скроз феил. На сликите на инста да речеме изгледа WOW, совршено итн, итн, ама уствари ни приближно не е таква. Нема ни логика на првата слика со 15кг - да има целулит, а на другава мазна и испеглана до бескрај. Со трансферот малце претерала but still 'прашање на вкус е', како и да е, ниту ми се свиѓа ниту па ми влијае негативно на самодовербата. Јас сама си влијаам!
@nikibi реално кога тоа се стандардите што секаде ги гледаме, ни влијае. Еве видеата за шминки на Јутјуб, ги гледам како трупаат 300 тони шминка, а изгледаат феноменално. Земам да се шминкам и мене лицето не ми се прави порцеланско и тоа и те како ми влијаело, се прашувам што грешам, шминките, начинот на ставање? Телата на Инстаграм се сите претенки, со рамен стомак, посакуваш така да изгледаш ама ете не изгледам така. Јас со години се жалам сум дебела, а не сум, нешто сум скини фет и некогаш не се ни познава, ама низ мои очи сум си дебела иако носам xs. Не изгледам како девојките кои ми излегуваат на Инстаграм и со години маки мачам да зацврстат самодоверба, да не ме убива една фотошопирана слика, ама тешко е.
Повеќето на темава сте помлади до кај 30 год, таквс процена имам шо не е ни битна. Совет најдобронамерен Девојки имате на youtube и на многу портали, книги и пдф и во книжари за самодоверба, како да ја подобрите, како да живеете за себе и да не ви влијаат околината и други личности. Земете слушајте, читатајте, применувајте... Животот ќе ви се промени. Има многу јутуберки, мотивациони говорници и наши и странски. Послушајте ги Илина Ведран, Катерина Ангеловска, Ана Бучевиќ и Нада Бучевиќ. Има на и на англиски што зборуваат, ама овие ви се доволни. Секое добро
Јас имав ниска самодоверба кога бев сеуште основно, тогаш влегувавме во пубертет и на сите ни се појавуваше по некое мозолче не знам зошто од тоа прават голема работа, но на тие години поради такви работи и коментари ти се руши самодовербата. Бев искомплексирана од изгледот на манекенките и бев многу слаба, а тогаш си мислев дека не сум доволно за да изгледам како нив . Кога започнав средно полека полека почнав да си ја враќам самодовербата, а и килажата и според мене многу влијае и опкружувањето во кое си. Денес сум личност што има голема самодоверба, никогаш не би се жалела од моето тело или изглед бидејќи баш си се сакам каква што сум.