1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самодоверба

Дискусија во 'Психологија' започната од Schmetterling, 21 декември 2009.

  1. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Тоа за што ти зборуваш е егоцентричност. Самодовербата е нешто друго-не да мислиш дека си над сите, туку да веруваш во себе дека можеш да докажиш дека си над сите.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.085
    Допаѓања:
    155.539
    Самодовербата НЕ-Е докажување пред сите дека си над сите,во тој случај зборува за твојата несигурност,а не сигурност.
    Самодовербата значи дека стоиш зад себе и своите постапки во секое време,дека си непоколеблив,дека еднакво знаеш да се сносиш со победа или загуба.Оној со самодоверба не е точно дека никогаш не загубил,туку загубил и знаел да се издигне над тоа и да признае пораз.
    Самодовербата не е нешто за кое зборуваме дека сме најдобри,туку едноставно го правиме,но не себично и за приказ,тоа е веќе егоцентричност.
    Самодовербата е начин на живот каде што себе си си се сметаш за најдобар пријател,не ти се потребни докази дека вредиш,ниту пак потврди за твојата вредност од сите страни.Секој сака пофалба,но сигурните луѓе не живеат за пофалби,тие живеат за себе и својот момент и никој друг,а пофалбите се само пропратен елемент кој можеби ќе им го разубави денот на 5мин. и нема да им ја крене главата во облаци.
     
    На cresa-jagoda, Диња, Elena69221 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. angel133

    angel133 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Pa jas sum samo 1.52 :( I mojata najdobra drugarka mi veli ,,samo da bese povisoka nekoj cm samo toa''
     
    На tanicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kristin4e

    kristin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    122
    Да Lilit.Ама јас мислам дека и комлекси на помала вредност можат да бидат предизвикани баш од некој физички недостаток.Прекумерна тежина на пример...
    Инаку мислам дека самодовербата ако еднаш ја стекнеш никогаш неможеш да ја изгубиш.Ако еднаш се научиш да се цениш самиот себеси таков каков си секогаш ќе веруваш во своите вредности.
    Значи, знам дека секогаш можам подобро,но и во моментов не сум лош...
     
    На Диња му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.085
    Допаѓања:
    155.539
    Кристин4е право да ти кажам,ако станува збор за комплекси од физичка природа и наметнување на чувство на помала вредност до таа мера,пиши пропало.Ондак не постои добро конципиран пристап кон реалното кај таа личност.
    Да тргнам од себе,ништо без искуство нели.Во последниве години секогаш имам нешто плус на себе(3-4 кг,до пред година и 10 плус,а претходно бев сучка,па види кој удар би требало да ми биде),варирам,ама никогаш не дозволив некоја чкорка да ми наметне чувство дека не вредам или па не дај боже некој маж,има да го наседнам цел ако има таква желба!Баш ми е гајле за тоа кој што ќе ми рече како изгледа,јас си знам дека си пукам од сексапил во себе внатре,а бога ми и има и такви кои инсистираат да не слабеам баш заради облините,но јас се водам по своите желби!Сакам да ослабам затоа што така се чувствувам поубаво,полесно и пред се ради здравје,а не ради туѓите погледи,но и ова плус на себе што ги имам не го сметам за апсолутно никаков недостаток,еднакво добро се прифаќам и како ваква.
    Муабетот ми е,тие што имаат комплекси од физичка природа и да ослабат и пластична операција да направат,па ќе имаат проблем со себе и ќе најдат нешто друго што ќе им пречи.Се е во главата!Не е ниту во тежината,висината,носот,табаните!
     
    На Диња, okcenzi, karina8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Точно така. Нивната психа како намерно да ги тера да си набиваат комплекси.
     
  7. kristin4e

    kristin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    122
    Се согласувам со тебе дека е се во главата и во нас самите.Ама толку ли е безнадежно,толку ли е тешко да се спротивставиме на туѓите наметливи коментари?Толку ли е тешко да се цениме и вреднуваме себеси и да ги игнорираме оние кои не потценуваат?
    Ако некој ни наметнал чувство на пониска вредност,мислам дека постои начин некој друг да го избалансира и да натежне на другата страна така што ќе ни укаже љубов, поддршка и ќе ги вреднува нашите постигнувања.
    Секогаш постои надеж за спасение.Дали тоа ќе бидат наши блиски личности што не сакаат или ќе биде психијатарот зависи од тоа колку сме си заминале со умот.Ама чаре мора да има нели?Станува збор за самодоверба не за некое тешко психичко пореметување...А тоа дека треба да се грижиме за изгледот и да се надградуваме како личности се согласувам...Кажавме...Добри сме ама секогаш може и подобро... :)
     
  8. RebelRiot

    RebelRiot Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Секако дека е така.. добро што го напомена можеби некој не знае :) (тоа на сликата е хејли од парамор?)
     
  9. RebelRiot

    RebelRiot Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Мисли на ПРЕГОЛЕМА самодоверба :)
     
  10. Karma

    Karma Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Na mene mi se ima sluceno da izgubam samodoverba, no ja vrativ so toa sto go promeniv drustvoto... Mnogu vlijaat i ostanatite na tvojata samodoverba :)
     
    На Goldenwoman и TMD7 им се допаѓа ова.
  11. Ena

    Ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    10
    Samodoverbata e promenliva rabota. nekogas e pogolema, a nekogas pomala. Togas koga sme vo nesto sigurni, samodoverbata e pogolema. Ako sakate pogolema samodoverba sednete i razmislete koi se vasi najdobri osobini, sto vie pravite dobro i poubavo od drugite... ke se iznenadite koga ke vidite kolku mnogu kvaliteti imate. Da se bide zadovolen od sebe znaci da se prifakame sebe takvi kakvi sto sme. Sekogas koga nastojuvame da bideme kako nekoj bidejku nmislime deka e poubav, posposoben itn. ke cuvstvuvame nezadovolstvo i ke imame niska samopocit i samodoverba za sebe. pred da stapite vo nekakov kontakt, vdisete dlaboko, bidejki kislorodot ni dava podrska. Zboruvajte poleka i jasno i napravete kontakt so ocite na sogovornikot. Odlika na niska samodoverba e i klackanje pri donesuvanje odluki. Odlicete vo eden moment i ne se tovarete podocna dali bi bilo podobro poinaku da ste odlucele.
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sarka

    Sarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Gubam samodoverba bidejki mislam deka sum grda i deka ne sum dobra isto kolku i drugite....ve molam za pomos
     
  13. Augustina

    Augustina Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36

    Saricka veruvaj deka ti ne si grda, i deka ne si dobra kolku drugite, ti si PODOBRA:) Ne zaboravaj deka pred se treba da se sakas samata sebesi za da te sakaat i drugite, a ako se dozivuvas kako grda i drugite taka ke te dozivuvaat, zato gledaj ja tvojata ubavina i dozolimu na ostanatite da ja vidat:)

    *SAMODOVERBATA e najbitnoto nesto, zatoa treba da se trudime da ja jacame i koga nesto ke ne povredi, ili ke napravi da se posomnevame vo toa kako izgledame, kolku sme pametni itn.. nie da se vodime od faktot deka sme edinstveni, deka sme ubavi i pametni i da ne zaboravime deka sekoj covek vo sebe nosi nesto posebno, nezamenlivo, nepovtorlivo...
    Dokazete deka zracite so samodoverba preku nasmevkata, sekogas bidete nasmeani i sakajtese sebesi***
     
  14. Almighty

    Almighty Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Како што се гледаш ти така те гледаат и другите.А верувај ми најбитно од се е твоето однесување, шарм , начин на изразување, говор на телото и слично.Ако мене ме прашаш надворешниот изглед е нула.Зарем не ти се случило да засвиѓаш момче што и не е толку убаво ??? Затоа главата горе и најубава си !
     
    На Зуси му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lucky

    lucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Мојот сопруг има голем удел во тоа да си ја загубам самодовербата. Ме симна на најдолно ниво, ми ја најде болната точка и ме навредува со моето минато, а и не е нешто којзнае што, ама ете така, сум имала дечковци, сите ме озборувале, сите знаеле дека не вредам итн. А јас сум образувана, работам, добро заработувам, да дека бев малку во облаци може и требаше така да ме освести, ама премногу ми тешко. Можеби и тој се чувствувал така зошто беше без работа, нем а факултет и така некогаш му префрлав, но сега сум заникаде, се чувствувам како никој и ништо, како се да ми е залудно и фамилија и деца и работа и се.
     
  16. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    94
    Ич да не се секираш! Јас искрено најмногу се восхитувам на успешни жени.Не дозволувај поради другите ( во овој случај не е никој друг туку најблиската особа, поради што верувам дека е тешко) да ја загубиш самодовербата.Сигурно е само период, тој наскоро ќе свати дека згрешил.Се најубаво!
     
    На Goldenwoman му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lucky

    lucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Braveheart ти благодарам многу на убавите зборови, се надевам дека е период, но сепак мислам дека самата морам да поработам на тоа, зошто тој веќе и не може да ми помогне, зошто некои работи што ги кажал и што ги мисли не се забораваат.
     
  18. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    luccky,vie mesto najveke da si davate samodoverba,eden na drug vie si ja rusite..ama se desava toa nekogas toj sto ni e najblizok najmnogu strada,bidejki na nego ni e najlesno da mu se isturime..eve i jas na deckomi nekogas mu prerecuvam deka nema rabota,kao da nesaka da ja najde :D ama vaseto izglea gi pominalo granicite stom pocnalo tolku da te boli.. a sto e toa strasno,pa site imale deckovci pred da stapat u brak.retki se tie sto se zemale so prviot,i nema nisto strasno vo toa i zaso da ti prefrla.a za ogovaranjeto,nema zensko koe ne e ogovarano nekogas,pa ako saka najgolemata svetica neka e,luge kao luge ako nema niso ke ti izmilsat..eve ke ti kazam primer za eden decko,jest da bese toa odamna koga bev okolu 19-20 godini.eden decko mi se pustase ama jas ne go bendisuvas i go odbiv,i koga vide deka nema sansi,kako da mi vrati,deka mu e povredeno egoto,vika"a i bez toa ti si vakva onakva drn drn,demek te ogovaraat"i jas mu velam"ami ako e taka kazi mi eden primer edno ime,eden decko da znaes so koj sum bila ili me videle,pa za da me ogovaaraat" i on mislese,mislese i bidejki ne znaese niso a i nemase ni so da znae,nemav meneto deckovci-kutese,kutese i rece"ti vesto se kries,zatoa ne se znae nisto" :lol: e ajde de..taka da lucky,nema sto da ti e toa bolna tocka,toa e nesto najnormalno..a znaat mazite da bidat takvi,pred da stapis u brak da ne im smeta nisto,demek se sovremeni i liberalni,a posle toa se da im smeta,i so si imala bivsi,i sve,ednostavno ne si trebala da iskocis od doma pred da se pojavi toj vo tvojot zivot :lol: treba da razgovaras otvoreno so nego,da go zamolis poveke da ne go pravi toa,da ne te povreduva na toj nacin,deka ne si zasluzila,i deka treba dvajcata da barate nacini kako da se usrekite eden so drug a ne da se povreduvate..mozebi i si pokusala veke,pretpostavuvam,neznam.ili barem pokusaj da ne obrnuvas vnimanie na negovite zborovi,ignoriraj gi"karavanot vrvi,kucinjata laat" on neka zbori ti si svirkaj vo sebe :D tie zborovi ke te povreduvaat,samo ako ti im dozvolis,ako samata mislis deka toa e nesto sramno,a nema nisto sramno tuka veruvaj..i glavata gore,so polna samodoverba,napredd! :D
     
  19. lucky

    lucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Tanja 6, е стварно ме расположи да ти кажам. Фала ти на вниманието, полека полека со ситници ама ќе се крепам, има да си ја вратам самодовербата, па ако треба и подолго да трае ама после топ нема да ме разбие, посебно и со вакви пријателки, супер ќе биде :D
     
  20. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Јас од лично искуство ви кажувад дека премногу самодоверба лошо влијае на човекот. Самата личност која има преголема самодоверба прво и основно е многуууууу себична, мисли само на себе во секоја ситуација не гледајќи ги туѓуте интереси и состојби затоа луѓе имајте самодоверба ама не премногу ќе ви наштети ако имате вишок јас не ги сакам луѓето со преголема самодоверба затоа што се убедени дека тие самите се најдобри, прават се како што треба, мислат дека никогаш не погрешиле и мн други работи
     
    На MoonChild и easyyyyy им се допаѓа ова.