Еве едно симпатично и поучно видео за некои кои на темба коментираат дека самодовербата им ја уништува Инста. Ништо на социјлните мрежи не е вистинско!
И јас последниве години имам проблем со самодовербата. За разлика од повеќето што имаат ниска самодоверба поради вишокот килограми, јас сум обратно, премногу сум слаба. Од секогаш сум била слаба. Пред две лета качив неколку кила, не знам како, не правев ништо поразлично и премногу си се свиѓав, но за кратко време ослабев и толку беше од среќата. Имам апетит, јадам, што се немам пробано, но џабе не можам да се поправам, а и да се поправам малку , кратко трае, пак ке ослабам. Испитував и по лекари да не имам здравствен проблем што ми прави проблем,но не излезе ништо. Имам многу слаби нозе и не носам кратко, имам проблем да си најдам обувки бидејќи ако се поголеми и "гломазни" изгледам смешно. Познавам уште послаби девојки, но нив некако убаво им стои за разлика од мене. Воопшто не изгледам женствено, како 12 год. детенце сум, а имам 26. Искрено мене многу ми влијае инстаграм, кога гледам какви се девојки постојат, со тела со облини, убави нозе.. Можеби е смешно или болно, но многу се нервирам кога покрај мене ке помине некоја згодна девојка поготово ако сум со дечко ми, зошто мислам дека ја гледа.. Он никогаш не ми кажал нешто, но мене ми е увртено во глава дека мажите сакаат облини, а не коски и посилно е од мене да се нервирам.. Исто така освен килажата имам ниска самодоверба поради очите. Имам мрзливо око и на моменти "ми забегува". Не се приметува којзнае колку, дури луѓе што често ме гледаат не приметиле, но мене паметот ми е цело време во тоа и дури не гледам луѓе во очи бидејки мислам дека ке приметат. Посебно ми се приметува кога сум уморна или пак кога гледам во една точка како на слика пример.. Не можам да најдам решение за тоа, освен вежби кои што не ми помогнаа, лекарите не гледаат друго решение. Овие причини мене сериозно ме попречуваат да нормално функционирам. Не сакам да сум во гужви со повеќе луѓе, не сакам да работам каде што има повеќе луѓе и сл.
Долго време ми требаше да сфатам дека никогаш нема да бидам совршена, бидејќи никој не е. Ако некој те сака, не е поради нозете, косата, носот, туку поради тоа што го носиш во себе. На Инстаграм сите слики се вештачки, а и да не се, секој за себе. Мажите не сакаат облини или коски, сакаат личност полна со самодоверба, со свое јас, не се потчинувај, биди тоа што си јасно и гласно, нема ништо попривлечно.
Не сакам да звучам безвезе или навредливо, но сериозно Инстаграм? Дали можеби погледна две секунди од видеото кое го постирав пред твојот коментар? Можам да разберам дека си несигурна околу изгледот, килажата и сѐ што кажа држи вода, ама Инстаграм??? Каде навистина 1% од тоа што се гледа е реално? Побарај на јутуб, има милион видеа каде што се разоткрива детално каква платформа е Инстаграм, а и другите не се поарни. Јавна тајна е дека сѐ што изглегува дури и во списанија како слика е многу фотошопирано. Да кажеш " другарките ми се пренјазгодни" или " видов на пазар една супер згодна жена" или " на фитнес ја видов", ама Инстаграм?? Физичките недостатоци навистина може да се променат, мора да постои начин да се поправиш и тоа е нешто што се решава. Со исхрана, вежбање, суплементи и слично. Знам дека не е утеха, но бидејќи и јас сум била како тебе, после 30тата година метаболизмот се менува, се менуваат и облините. Не разбирам како онлајн платформа може да ви влијае на самодовербата, како можеш да верувате на лажни слики? Ослободи се од социјални мрежи тогаш, ќе видиш дека подобро ќе се чувствуваш. Не знам ни која е поентата на Инста, освен да се фрустрираш дека некој е згоден, а уствари знаеш дека не е згоден пошто е фотошопирана слика. Не ве разбирам.
Кога кажав инстаграм не мислев на тие исфотошопираните, надувани, со силикони и пластики, не би сакала да изгледам така. Мислев на девојки што вежбаат,што тренираат нешто, што се природно згодни и убави, тие и да користат малку фотошоп во секој случај се такви.. Инаку во право си се што кажа, но јас никако не можам да најдам решение, сите ми велат "кога ке родиш ке се здебелиш" ок убаво, но јас сакам сега, изминативе години,а не кога ке немам време да се погледнам во огледало што се вика..
Немам Инста и не се поистоветувам со никакви ликови таму, ама еве изгуглај, не ти зборувам за напумпани, туку баш за инфлуенсери, а и за рандом луѓе Многу малку реалност има на социјални мрежи, мораш да разбереш. Филтри, светло, шминка, фотошоп. Особено во фитнес индустријата, скемери се откриваат секојдневно. Нека не те мрзи, прогуглај и ќе видиш колку превари ќе искочат. Сама кажуваш, тренираат и природно се убави? Не се природни туку тренираат, и користат филтри, филери, ботокси, многу!! Ти што тренираш за да се опраиш? Зошто ти е нешто што постои на слика повод за да се чувствуваш несигурно? Што има толку интересно на Инста што мора да скролате од сабајле до вечер не ми е јасно. Ќе отидеш на доктор нутриционист и ќе ти даде план и ќе ти обезбеди начин да користиш и суплементи соодветни на твојата состојба, тука стварно не можам да ти дадам никаков друг совет, освен да најдеш некој што ќе ти помогне и да се држиш до планот. Иако, искрено, мислам дека не си се допаѓаш затоа што имаш многу нездрава и нереална слика за тоа како "природни" облини изгледаат. Ти имаш одреден тип на тело и форма и ќе работиш на тоа како таа форма да ја подобриш. Еве како пластичен хирург објаснува колку зафати имала Кардашијан. Ако сакаш така да изгледаш, тогаш оперирај се. Но, оваа жена (и сите други, за жал многу други) не е реалноста и не е правилото, туку исклучокот. пс. Доктор кој ќе ти даде совет дека откако ќе родиш ќе се опраиш, треба да се преиспита и избегавај такви ликови, мислам стварно. Ако не може да ти помогне, да те упати кај некој што може.
За девојката што сака да се здебели, не се замарај, јас пак си имам комплекси што имам вишок, и си мислам подобро да сум прачка слаба него ли вака со стомак, ќе можев да си носам се што ќе посакам а не вака да се кријам. За мене е пострашно да имаш вишок отколку да си слаб.
А за мене па подобро да имаш малку вишок него да си коски и кожа Секој со своето секогаш е така.. Мене во принцип секогаш ми се допаѓале покрупни, пополни девојки, сакам да сум таква ..
@Darlingzz Дечко ти не гледа девојки со облини, да сакал, ќе фател таква. Имам најдобар другар кој сака и прифаќа да биде само со многу слаби девојки. Како него има и многу други, меѓу кои се вбројува и твојот партнер, така да, олесни си го животот и гледај да не размислуваш во таа насока. За себе, да, имам самодоверба. Склона сум кон нагло поправање, кога бев помала и јасно се гледаше на мене дека сакам да си ручкам, ама работам на себе и својата килажа секој ден. Балансирам исхрана, вежбам активно, се трудам да го одржам нивото кое мене ме прави среќна. Мене, а не другите. Личните успеси во животот исто ми пружиле друго ниво на задоволство, а со само тоа и самодоверба. Не сме сите исти, а и не треба. Звучи досадно, ама разликите меѓу нас се тоа што не прави посебни. Инста убавина е само инста убавина, не смее слика со филтер да влијае на мојата самодоверба, тогаш проблемот е многу подлабок од што изгледа. Не е само самодовербата, туку и љубомора и завист. Фатално за мозокот.
И јас бев иста . Цел живот коска и кожа, а јадев се. Па ќе те сретне некој и те прашува да не си болна, па коментари дека ти се бројат ребрата, прашања дали јадеш нешто, а врв ми беше кога еден роднина ми рече кој ќе те земе ваква слаба Знам дека е тешко, но мораш да си го прифатиш телото такво какво што е. Убаво ти пишала Абел, телото после 30тата се менува, метаболизмот забавува и се добива мекост и облини. Најверојатно ние слабите сме late bloomers
Исто.. Знам дека треба да си го прифатам ама ајде како? Посилно е од мене да се нервирам и оптеретувам околу тоа.. Мене повеќе ме нервира некој коа ке ми каже подобро да си слаба него да сакаш да ослабеш. Не е подобро, да речеме исто е, зошто и премногу слаба не е убаво, не ти стои ништо, ограничен си за гардероба и слично..
Се знам и те разбирам. Немаш поим колку сум плачела и сум се нервирала заради ова. Сега сум повозрасна и се нервирам што толку трагично сум го сфаќала тоа, ама на таа возраст и мене ми беше тешко. И точно, обично луѓето не сфаќаат дека да имаш многу помала тежина е исто голем проблем како и со вишок. И тука не мислам на помала тежина од минус 2, 3 кила, туку на повеќе. Еве замисли, јас негде на твои години еден период дотуркав до 39 кила, а висока сум околу 163 см. Немав никаков здравствен проблем, едноставно имав брз метаболизам и не се дебелеев. Во однос на гардеробата, најди модел што ти одговара на градбата и во кој се чувствуваш пријатно и купувај слично нешто во различни бои. Јас не сум стручна да давам други совети, но ако толку ти прави проблем можеби е најдобро да посетиш нутриционист, па заедно да изготвите некој режим на исхрана. Ова што го пишувам е само од мое лично искуство.
Еве и јас да се уфрлам во муабетов И јас исто никако не можам да се здебелам. Си јадам се, кога и да ми се пријаде, во ништо не се ограничувам и не можам никако да се здебелам. Додека беше оној период со коронава лани кога не излегувавме многу многу од дома мислам дека успеав малку да се здебелам ама незабележително. Џабе ми е се, мајка ми ми вели од бубачките во глава ти е. Ама до некаде има право хахах. Главно личност сум која превише ствари сфаќа лично, се нервирам за глупости и во такви периоди не можам да јадам. Блазе на оние кои јадат, барем така ќе се здебелев. Порано многу ми влијаеше на самодовербата и тоа што добивав најразлични коментари кои и се уште ги добивам ама сега со тек на време се повеќе и повеќе се прифаќам. Не можеме сите исти да бидеме. Во однос на облека си носам она во што си се чувствувам најубаво и најкомотно.
И јас бев преосетлива на се (ај да не се лажам, уште сум ) и кога бев под стрес абе за 2 дена идев надоле со килажа. Мислам на мене имаше само коса, ништо друго Ова ми траеше негде до 29, 30 години, тој период некако се стабилизирав и почнав да одам нагоре со кг, ама повеќе од 45 не сум имала. Еве сега да се пофалам, на мои 41 година имам дури 53 кг
Искрено, не знам дали имам самодоверба, или не. Емотивна сум природа и од моменталното расположение ми зависи и тоа како се чувствувам за себе си. Некогаш сум полна со самодоверба,а некогаш се осеќам ко последното го*но на планетава. ... ваљда ова е работа за психологот и психијатарот
Секој може да работи на самодовербата самостојно, психијатар е тотално непотребен, психолог можеби, колку за насока. Мој личен впечаток, луѓето не сакаат да работат на себе затоа што ги мрзи и плаќаат други луѓе да работат за нив за да можат да ги обвинуваат евентуално ако нешто тргне наопаку.
Зафрканција беше то на крајот, пошто имам дијагноза и посетувам психијатри и психолози... Можи оти ми е мрза да работам на себе и сакам да ги плаќам. Да ги прашам нареден пат кога ќе имам сесија?