Здраво Сум во процес на градење на самодоверба, работа на себе и сл. Која книга би ми ја предложиле на тема самодоверба?
"The subtle art of not giving a fuck" на Mark Manson или на нашки "Е баш ме заболе". Содржината не е конретно за самодоверба, но пораката која ја пренесува (според мене) дефинитивно крева самодоверба.
https://shop.kniga.mk/bidete-svo-psihoterapevt.html Книгава ја има во Три и не е скапа. Немора да се чита од почеток до крај, туку се работат вежбите од неа, по редослед кој ти одговара. Има најразлични вежби, помага и за самодовербата. Кој студирал психологија ќе ја препознае, пошто е дел од литературата за 4-та година . Веројатно има и други книги од типот на оние за (само)мотивација ама мене лично тие ми имаат контра ефект, ич не можам да ги читам.
Ти благодарам за предлогот. И од други луѓе ми е предложувана. Сигурно има некоја магија во книгава штом толку е зборувана. Ми се допаѓа фактот што на крај се сфаќа поентата на книгата, а и пораката што е испратена од авторот. Ќе се обидам да ја најдам. А, бидејќи е наменета за студенти, дали можеби ќе ја најдам негде во ПДФ форма? Морам да се сложам во врска со контраефектот од книгите за самомотивација. Буквално, понемотивирано се чувствувам отпосле, и не можам да им ја сфатам поентата. Па, се обвинувам после тоа дека во некои ситуации ни книга не може да ми помогне. А, сите знаеме дека пишаниот збор е врвна терапија. Одбивни ми станаа. Во секој случај, ти благодарам на предлогот. Ќе се обидам да ја најдам, поготово бидејќи има конкретни вежби кои може да се праксираат.
Ако читаш на англиски (препорачувам сепак на англиски да се прочита) ја има во Академска Книга. Преведена на македонски ја има во Литература.
Не знам во pdf дали ќе ја најдеш, само во хартија ја имам. Може на интернетов ја има некаде и бесплатно ама само на англиски.
Не знам дали може линкот тука, еве ви ја на англиски да си ја симнете, за тие што можеби не можат да си ја дозволат. https://ug1lib.org/book/5448903/720212 Ја имам во пдф и на српски, ако некој сака ќе ја прикачам.
Здраво на сите Не знам дали оваа е за овде, но ете тука ќе пишам. Имам еден проблем, од како ќе направам нешто некоја работа после цело време умот ми е таму "што ако не требаше така", "што ако згрешив нешто". Буквално цело време на тоа мислам. За да сум по јасна еве ќе напишам пример: денес отидов до факултет за да извадам потврда за редовен студент, но прво треба да пополниш еден лист и да го дадеш на студентски. Го поплнив листот, го дадов на студентски и ми рекоа во петок да одам да ја земам потврдата. И сега од кога сум дојдена дома мислам на тоа дсли го напишав името и бр.на индекс правилно. Оваа беше само еден пример од денес, но речиси секогаш за се сум вака, особено за документи и слични работи. Дали и некој друг има исто вака проблем? Не знам дали е до ниска самодоверба, дури да не верувам и во тоа што го имам направено и да не сум сигурна.
Освен книги, би ти препорачала и некои мали конкретни чекори. Омиленото хоби активирај го, некој курс во струката посетувај ако ти дозволуваат времето и финансиите, ставај се почесто во ситуации каде се чувствуваш добро и можеш да бидеш своја, на познат терен, не знам дали прецизно се изразив. Ко за почеток, поедностави си ги работите. Пред некој ден следев вебинар на тема Wingwave техника (на Агапе центарот беше предавањето) , ми изгледаше ептен интересно, немав време да се продлабочувам, но секако би сакала да испробам во иднина.
Јас немам самодоверба и незнам како да стекнам.Кога ке се погледнам во огледало секогаш си викам грда, глупа итн... Знам некој личности шо имаат толку многу самодоверба што одат исправени напрчени и не ги интересира што мислат другите за нив, ко ке видам вакви испраени напрчени му се восхитувам.И знам дека јас така никогаш нема да бидам...
Биди она што си , природно и не гледај по таквите кои се однесуваат безвезе.Истакни ги твоите квалитети и не се замарај
Haj prva godina sum medicinsko i site ucat nezn kako mozi da postognat se da naucat ama ucat. I jas si mislam deka nisto neznam ama stvarno mie tesko matematika fiizka hemija ne mi odi. A drugite znat mislam ne site ama poketo znat i neznam so da pram ako me stani profesor neznam stram mie i ako znam da kazam i ako ne znam taka da sedam mnogu se stresiram..
Ти треба време да стекнеш рутина за учење и да се адаптираш. Не е ништо страшно и да згрешиш, така се учи. Се што не ти е јасно, прашувај и барај да ти се објасни. Кога ќе си дојдеш од школо читај ги одма лекциите што сте ги учеле тој ден додека ти е свежо тоа што си слушала на часови.