Да се изјаснам на темава. Јас бев девојка со слаба самодоверба. И мнооогу патев поради тоа. Можеби тоа беше поради моите комплекси, но сепак, немав некој силен истраен карактер. Смешно, но вистинито, самодовербата си ја вратив преку една книга од Пауло К. - 11 минути. Јас бев во преоден период, а таа книга ми подаде рака. Таа книга мене лично така ми делуваше, за другите не знам и не гарантирам. Како и да е, самодовербата си одит рака под рака со егото, да се разбереме. Тоа сами си го креваме.. или другите. Внатрешната среќа е битна и исто така кога знаеме што сакаме, кога не сме изгубени.
se soglasuvam so bright,deka takva knigicka moze dobro da ti se najde vo krizni momenti.jas porano koga bev pomala znaev koga mi se desavaa nekoj'shit'momenti da ja zemam od paolo kueljo"najgolemiot trgovec na svetot"ili najgolemata misterija na svetot i da si gi citnam i stvarno dobro mi deluvaa.
јас често се убедувам дека имам самодоверба,ама кога ќе се соочам самата со себе и кога ќе размислам знам дека ја немам самодовербата,а и незнам што треба да направам за да си ја имам
Of BOZE!!!!! Po ova sto go procitav ,jasi izgleda ke mu ispadnam so visok samodoverba i ke ispadnam egocentik Ama ete ti ..... Sto da pravam koga sakam da bidam najdobra sekade kade sto ek se pojavam. Sakam sekogas od sebe da go izvadam maksimumot,a ne deka mislam deka drugite se UZAS -NAPROTIV mislam deka sekoj ima pozitivna strana i ako go zapoznaes mozes da mu ja UKRADES! Mislam da ja naucis od nego....Zatoa sekogas se prasuvam (koga ke zapoznam nekoj)sto od ovoj covek mozam da naucam??? Eeeee sega kako sto ne sozdal Gospod....a i do trudot e ! Jas ima 31 god.pazam sto jadam,odam na fitnes,se trudam da izgledam ubavo sekogas,se farbam redovno ,nikogas ne izleguvam od doma ako en sum doterana,kapena,namirisana...znam sto e moderno i mnogu dobro se oblekuvam... E sega ako saka nekoj da me napravi deka sum arogantna i samo bendisana ,neka se seti na mojot trud kolku jas za seto toa se trudam i deka seto toa ne e lesno ,osobeno ako si zena -domacinka ,majka -so malo dete od 2 godini i sopruga na mlad maz Kolku vreme ,sredstva i maka jas trosam za seto toa,pa ako nekoj go mrzi da se potrudi...sto sum mu jas kriva :roll:
dobro ama samodoverbata ne e sekogas povrzana so dobriot ili los izgled,doteranosta i sl...mozes da izgledas kao bomba a pak da nemas samodoverba..kolku gi ima primeri na poznati zvezdi(manekenki,glumici,pejacki i sl) vo minatoto a i vo denesnicata koi izgledaat super,imaat sto sakaat,a pak ne se zadovolni so sebe,i so svojot izgled,i nemaat samodoverba.mnogu od niv posegnuvaat po drogata,ili po svojot zivot..cel svet ja obozava a taa misli za sebe deka ne vredi.. samodoverbata ili ja imas ili ja nemas..toa e nekoe vnatresno custvo,neznam ednostavno kako se stvara,najverojatno se ragas so nego mozes da imas se,a pak da nemas samodoverba..a mozes nisto da nemas,ama da mislis deka imas se obicno se veli deka na samodoverbata mnogu vlijae i kakvo detstvo si imal,dali ubavo ili traumaticno..ama pa znam primeri na braka i sestri,rasteni vo ista sredina,odgleduvani na isti nacin se,a ednoto ima a drugoto nema samodoverba,ednoto ekstrovertno drugoto introvertno..i ajde de sega najdi mu go krajot zosto e taka..
Се согласувам до некаде со Тања меѓутоа сметам дека смодовербата е таа која одредува дали некое лице ќе ни биде пријатно или не.Може некој да не е толку дотеран или пак да нема некои којзнае колку убави црти, ама ако има доволно самодоверба ни станува привлечен.Веднаш се забележува кога некој се чувствува убаво во своја кожа.И мислам дека самодовербата не секогаш е вродена-може и да се стекне ако се работи на неа.
Имам. И тоа не само како потпора сама на себе, туку и како храброст. Ми помогнала многу пати. Делува егоцентрично, нарцисоидно, некогаш напорно, (особено мажи кога ќе наидат на жена со самодоверба или бегаат или ја мразат зошто им ги "носи пантолоните") но генерално среќна сум што не ме мачи мојот задник, недајбоже да се сомневам во својот памет или вредности, а уште помалку квалитети. Не се занесувам, имам самосвест и прилично работено со себе (да, интро-спекција е правило бр 1 кога сакате да си помогнете сами себеси за било што)и јасно ми е дека самодовербата е оружје. Наполнето или празно, зависи од вас. Важна е мерката и тоа да не се претвори во ароганција. И да. Можеби имам предрасуди, но не сакам луѓе без самодоверба. За мене тоа се слаби личности кои се плашат да ги откријат сопствените потенцијали и можности.
Шилеа,ама тие луѓе не се виновни што немаат самодоверба и способност е за комуницираат со себе односно тн интро-спекција односно самонаљудување.Психолошката конституција не можеме самите да си ја одредиме,ниту пак било кој друг да го направи тоа за нас свесно.А иако е интро и те како има врска со надворешниот свет затоа што ни го наметнува прашањето Кој сум јас?!Зошто сум?! гледајќи нанадвор како урнек за прифатеното,па гледајќи се себе си.Некои се предодредени за такво нешто,да се самонаљудуваат и да бидат градители на своето јас,му доаѓа нешто како талент и е тесно поврзано со емоционалната интелигенција,а нели не ја имаме сите,ама затоа некој таков може да не направи лом во математика затоа што поседува некој друг тип на интелигенција. Сакам да кажам,пробај да ги сакаш затоа што не се виновни,а твојата љубов и те како ќе им влијае на себеизградувањето затоа што читајќи те тука гледам дека си силна личност,па така тие личности се импонирани од луѓето како тебе ако им подарат грам внимание и признание.
apsolutno se soglasuvam deka na samodoverbata treba,i moze da se raboti,sakav i toa da go vmetnam vo postot preeska,da go redaktiram,ama se zafativ so rabota i taka ostana i eve bravehart me nadopolni ..na nekogo mu poaga od raka da si ja zgolemi samodoverbata,na nekogo ne..lugeto se menuvaat so godinite niz zivotot...zivotnite situacii i problemi ne menuvaat,nekogas ne ocvrstuvaat pa mozat i da ni ja zgolemat samodoverbata..ali ne mora da znaci..se zavisi do covekot.. .mnogu raboti vlijaat na samodoverbata vo odreden moment....primer ne se custvuvas isto koga imas mnogu pari i malce pari vo zeb..ne e isto custvo primer si iskocila u grad so 2-3000 denara vo dzeb,mozes i da pies i da castis so se vika,,sve ti puno-ramno,a drugo e si iskocila so 300-400 denara samo za edna pijacka imas,cigari i taksi,drugite pijat a ti vikas ne mi se pie mene,dosta mi e..si izlegla na edno mesto,i da ne ti e ubavo ,moras da sedis tamu zaso nemas pari za karta ili pijacka na drugo ne e isto neli.......ili ako izlezes skockana i doterana u grad sekako deka ke se custvuvas poubavo negoli ako si vo stari i demode alista..nesredena..najverojatno babyketi od toj aspekt sakase da kaze....mnogu faktori postojat. stvarno samodoverbata e nekoj cuden fenomen primer ke sretnes curaa grda,a ona se misli deka e najubava na svet bre brate a ke zapoznaes nekoja lepotica,sto stalno si naoga mani i stalno se zali i kudi :? e ajde de.. ako znae nekoj recept za pokacuvanje na samodoverba,neka pisuva odma,da pomogne na drugite
Кога бев средниста,многупати ми фалеше.И тоа не во големи количини ама се фаќав во ситуација кога егото не ми беше баш силно да истапи напред и да се брани.Но,сфатив некои работи,и со помош на една моја :evil: другарка :evil: како си ја извежбав самодовербата.И мислам дека таа е најбитна за една личност да биде комплетна.Секој од нас има свои вредности и тие треба да си ги покаже.Секако се до оној степен кога самподовербата преминува во занесување и недопирливост.
Бауу па и јас сум метро и желба за растење па што ?! Воопшто немам комплекс дека треба да имам нозе до небото или да сум висока 2 метра.За мене ја сум си најзгодна најубава најпрекрасна и да,не е ова самофалење или арогантност туку девојки ако немате вакво мислење за себеси верувајте - НИКОЈ ќе нема.Затоа фармерките,високи штиклички и уживајте,животот е премногу краток за да поминувате часови во мисли за својата висина или тежина во килограми или незнам што ! Поздрав
Имам многу мала самодоверба и незнам више што да правам.....имам комплекси и тоа многу и не само за изглед туку и дрка за ништо не ме бива и такви работи....
Мислам дека самодовербата е многу битна работа во животот.Прво треба да си веруваш на себеси,да се сакаш и цениш па потоа да очекуваш и другите да го прават тоа.Во секој поглед на животот,не е битно дали љубовен,финансиски,работен,училишен и сл. многу е битно самодовербата да е на високо ниво.Секогаш треба главата да ни биде крената горе,да знаеме да станеме ако некогаш сме паднале,да не не навредуваат работи кои не се точни,а емотивноста да не не прави слаби пред другите.Секогаш се вели,немој да плачеш затоа што лошите луѓе градат замоци врз урнатините на нашата среќа. Јас имам проблеми со самодовербата,тоа многу ме боли и не знам начин да го сменам.Многу ме повредуваат туѓи мислења или муабети низ градот кои никако не се точни.Во неколку наврати имам чуено дека многу луѓе од градот ме мразеле поради дечко ми,поради тоа што сум била дигната ама тоа нема никаква врска и тоа можат да го потврдат луѓето кои ме познаваат.Треба да се научам да ја контролирам емотивноста во најкус можен рок
Многу паметно, мојата животна изрека е - АКО НЕ СЕ САКАШ САМИОТ НИКОЈ ДРУГ НЕМА ДА ТЕ САКА,затоа сакајте се без разлика на вашите комплекси,бидејќи никој ама баш никој не е совршен!
и јас сум ниска често се депресирам поради висина. не дека сум искомплексирана кој знае колку, ама кога се шалат на моја сметка за висината и за тоа дека сум малечка ми доаѓа да заплачам колку сакам да ја имав твојата самодоверба А.срцушка
Секако, успехот не е единствената причина за нашата самодоверба, но низата неуспеси може да ја разнишаат. Да се има доверба во себеси не значи дека нема да се плашиме од следниот чекор, нормално е некогаш да се појави страв пред да сториме нешто за нас, но тој страв или трема некогаш е и во ред да ги испитаме од каде се јавуваат, кој е тој интроект во главата што не спречува и не разнишува пред да направиме уште една стапка. И најсамоуверените се плашат, но не се откажуваат,затоа верувам на оваа реченица.имам самодоверба,но се секогаш имам и трошка страв за следниот мој чекор
Колку пати сме го слушнале старото - ако не се сакаш себеси, како можеш да очекуваш некој друг да те сака? Под ова се потпишувам, и секако погоре паднаа добри размислувања на некои девојки со кои потполно се согласувам и некои премногу ми се допаднаа. Самодовербата е нешто што се гради во текот на животот, нормално е да не ја стекнеме веднаш. Јас конкретно бев порано човек со многу ниска самодоверба, но со текот на времето, и со тоа што среќавав везден какви ли не луѓе постепено почнував да ја стекнувам. Едноставно гледам околу мене луѓе со дигнати носеви до стратосферата, а си викам, добро зошто ли се толку умислени?! Па си направив лична ретроспектива за тоа во што сум добра а во што не, и ете некако постепено почнав да си ја градам самодовербата согледувајќи ги своите позитивни страни и елиминирајќи ги негативните. За физичкиот изглед, па боже мој знам дека не сме совршени, ама секогаш ќе поминеме повеќе забележани ако одиме исправено и прскаме од здрава самодоверба, па уште и ако сме ведри и насмеани. Ова вреди повеќе од висина, тенки нозе, големи гради, убаво лице итн итн. Е сега секогаш постои некој што знае да ве спушти, ама мое лично мислење - обично со критика на останатите се занимаваат луѓе кои кутрите самите си ги лечат комплексите, така да не треба да им се обрнува многу многу внимание.
Самодоверба ако немаш- глуми дека ја имаш, полека ќе те понесе глумата, нема да забележиш кога почнало да се вградува во тебе. кај мене успева, секогаш ко ке се осетам
хммм..па ни јас немам самодоверба,а и имам комплекс на помала вредност ! некогаШ верував многу во тоа и се унистив !!! сега пробувам се од по4еток ! од ново да се издрадам затоа сто имам многу планови за во иднина..секако сеусте ми е глупаво мегју мнгу лугје,сите си го бранат своето и видно се сакаат а јас сосем на страна ко гуска ...а ова е затоа сто од мала сум петен псиџи4ки матретирана,секогас осудувана..аааааааааааааааааааааааааа од толку многу сто ми е теско ПОЛУДУВАМ ВНАТРЕ ВО СЕБЕ !! има ПОМОШ ? СПАС ? фала однапред
Мене секогаш грешките од минатото или тоа што некој ме повредил во минатото ме мотивира да продолжам понатаму посилна и полна со самодоверба!