Според мене, треба почесто да искачаш да се дружиш меѓу луѓе...Јас имав исти ваков проблем, се осеќав ко натрапник меѓу луѓето, како јас да сметам незнам чудно чувство...Едноставно треба да го ЖИВЕЕШ ЖИВОТОТ КАКО ШТО ТИ САКАШ...Да не ти биде гајле за другите, пробај да се опуштиш, да бидеш своја...А тоа што се случувало во минатото, знам и мене секогаш мајка ми ми зборела дека сум ваква такваа, само нешто ме критикуваше...Тешко беше...Но треба да пробаш да се смениш, не заради другите, туку заради себе, да станеш личност која одсекогаш ТИ си ја посакувала, а не другите...Да бидеш психички и физички средена...Верувај, тогаш ќе имаш и најголема самодоверба... Се надевам дека барем малку ти помогнав...Поздрав!
Спојлер вака...имам 18 години... како шо врват годините јас сум се повеке незадоволна од себе си.порано бев личност со поголема самодоверба.бев многу посрекна за разлика од тоа шо сум сега.бев многу повеке посакувана(ако не друго барем тоа ме исполнуваше и сеуште ме исполнува и ми ја подигаше самодовербата,всушност мислев дека сум нај ... злобно од моја страна али ме тераше во живот и барем бев срекна)... во последно се ми тргна лошо.во лјубовта ,школото и другарството не е баш како шо треба...многу сум разочарана од животот ,а најмногу од се е дека сум се помалку задоволна од себе си,посебно од физичкиот изглед...не велам дека не изгледам добро,само ја немам онаа позитивна енергија во себе која ги прави лугето да зрачат.постојано се угледувам на другите луге околу мене,во секој поглед...и тоа ме прави да сум уште повеке несррекна...најчесто споредувам колку дечковци и се пуштиле на моите другарки некоја вечер...кога ке размислам подобро ,тоа е злобно од моја страна...ама така ми иди од внатре ...не сум лоша личност,и никогаш не сум била лицемерна ,ниту пак сум сакала да им наштетам на другите...но ми е тешко кога некој е подобар од мене,посебно кога се работи за надворешниот изглед...незнам како да постапам...стварно ми е тешко...не сакам да сум таква,особено не кон моите другарки...ама се повеке се чувствувам неисполнето...и се раководам според мисленето на другите луге...самодоверба имам само толку колку шо ке видам дека им се допагам на машките...стварно е смешно и жално шо размислувам вака и шо се раководам според мисленјата на другите...ама за жал не можам да се променам... дали воопшто на некоја друга и се има случено да се осека вака? ви се молам помогнете ми..совет некој,..не сакам да се споредувам со другите...сакам да имам самодоверба...тешко ми е да се справам со то да бидам појака личност ,независна од другите
-Тоа не значи дека нема пак да си среќна, едноставно сите имаме периоди кога минуваме во т.н. „криза“ на идентитетот. Не прави самата да мислиш дека е пострашно, отколку што навистина е. -Зошто да си помалку задоволна од себеси? Што си ти помалку од некоја си Петка, Станка, Петранка... -Здравото ривалство не штети, се’ додека ти го користиш само за твое добро, притоа не наштетувајќи на другите. Па нормално дека некогаш ќе видиш девојка за која мислиш дека изгледа и делува видно подобро, и тоа воопшто не е злобно, особено ако од тоа ти само извлечеш поука дека и ти наредниот пат ќе се потрудиш повеќе, доколку има потреба, се разбира. -Не е лошо и да зависиш од другите, до одредена граница. Затоа и ги примаме блиските личности во нашиот живот, за да влијаат на него и да го прават онаков каков што го сакаме. И значи, генерално, немаш никаква маана, споредено со која била друга девојка. Млада си, допрва те чекаат предизвици, и се’ што можеш да правиш е да уживаш во она што си. Запомни дека, како што ти мислиш дека некогаш околу тебе има поубави, или по не знам какви девојки, секогаш истото за тебе може да го мисли и некоја друга... Тоа се работи кои се вртат во круг. Но не заборавај, самодовербата произлегува од твојата способност да се сакаш себеси таква каква што си, било да е тоа обична/дотерана/распарталена/бушава, едноставно секаква!
Јас имав самодоверба на тони,но од одредени Х причини ми исчезна магијата о искрата што ја имав во очињата и што дотогаш ме правеше посебна ,се случуваат работи во животот кои не збунуваат не прават послаби но доколку им подлегнеме готово -толку била нашата борба против истите.И кај мене после тој период се појави комплексот за недоволна вредност ,не се сметав за доволно убава,паметна ,итн итн.,се дистанцирав од луѓе од се еден одреден период...Секој е убав се додека себе си си дозволи да се гледа како таков ,човек станува поубав колку штое повеќе исполнет,а самодовербата се враќа со тоа исполнување на самиот себе со се убаво што носи животот и поуки од грешките од минатото.Јас не си го вратив тао ниво на самодоверба кое очигледно сеуште ми недостасува за да бидам јас- ЈАС повторно ,но на пат сум за да го остварам тоа,преку ноќ ништо не се случува. Како прво самодовербата се зголемува со зголемувањето на вистинските пријатели околу тебе,проширување на тој круг ,поголеми актиивности ,пронаоѓање на нови работи за исполнување на секојдневието, и губење на комплексите-сепак се тие само во напата психа и доколку дозволиме и другитеда ги видат никој немада не цени никогаш доволно во животот.Јас си се пронаоѓам себе си повторно правам се мо=но за да чувствувам убаво за себе,се трудам да помогнам каде што можам колку што можам -сепак не сум Супермен хихихихи ,се трудам да изгледма подобро си посветувам повеќе внимание за нега,се дружам со позитивни луѓе и другарки ,не мислам многу што ќе кажат другите за мене ,имам се разбира додворувачи доста што не ми е никаков фактор не им сум удрила ни рецка, ама никогаш себе си нема да си ставам репер спрема колку тоа мене момчиња ми се доворувале а колку на другарките,крева расположение кога ќе видиш дека некој е заинтересиран за тебе се разбира,комплиментите не се одвишни , но сепак тајната за успешноста на пронаоѓањето на самите себе лежи во нас Се надевам успешно дека ќе ми заврши ова тешко поглавје од мојот живот
Доколку го работиме она што нас најлесно ни оди, долго време сме го работеле, имаме искуство, самодовербата ни се крева и ние сме се посамоуверени. Зарем ви се нема случено кога започнувате некоја нова работа да се чуствувате несигурни и да имате страв од неуспех? Се разбира дека да тоа им се случува на сите. Самодовербата расте доколку го работиме она што го знаеме.А исто така треба да имаме добро мислење за себеси и да не обрмнуваме многу внимание на оние мали недостатоци кои не се забележуваат. Никој не е совршен... И исто така ако сакаме нешто да постигнеме треба да се бориме за тоа а не да седиме со скрстени раце. Знаете како велат ако нешто мнгоу сакаме тогаш ќе ни се исполни. Самдовербата можеме да ја стекнуваме и да ја губиме. Сите имаме стравови па дури и оние кои се толку успешни...
според мене личноста за да биди привлечна,значи да има самодоверба...со самата самодоверба проникнува некаква позитивна енергија и самаата личност сјае од внатре...е сега...за самодоверба е потребно доволно внимание и љубов од блиските...и секако-вистински пријатели кај мене е проблемот шо немам вистински пријатели,немам ни дечко поради кој ке проникнува делче од мојата самодоверба...(а мислам дека тоа има особено голем дел во самодовербата на секоја жена) сум имала многу шо ми се пуштале ама бројката се повеке се намалува и тоа не заради то шо не сум доволно убава,туку проблемот е во сосема друго,јас сум и самата свесна за то ...порано зрачев,кога ке влезев во некоја дискотека,скоро сите типчиња беа свртени во мене.а сега едноставно како да избледна цела харизма од мене...шо би рекле ,од далеку се насетува ако си депресивна и незадовлна од самата себе... свесна сум за сето то,само незнам како да го решам....не е елесно да се врати самодовербата,сум пробала милиони пати некој друг совет ако можи,од некој шо поминал низ ваква фаза и успеал да си ја врати самодовербата всушност, како сте успеале да ја вратите самодовербата и повторно да зрачите во целост? pozz
Imam seriozen problem so nedostatok na samodoverba i rabotata e tolku seriozna sto padnav vo depresija poradi toa.Problemot e sto imam 15 kilogrami visok i sto i da oblacam mi stoi uzasno pa zatoa i izgubiv zelba za izleguvanje.No ne e problemot samo vo tezinata koga ke se poglednam vo ogledalo ne mi se dopaga toa sto go gledam i cesto se razocaruvam.Mnogu mi vikat deka imam ubavi crti i deka samo treba da oslabnam no jas poveke ne sum zadovolna ni od onie "ubavi crti" sto nekogas koga bev poslaba mi se dopagaa.Jas navistina ne razbiram kako ima nekoi licnosti (poznavam mnogu takvi) na koi im se dopaga se od kaj sebe i koj nemaat nikakov problem so svojot izgled i naokolu se falat kolku se zgodni i kolku se ubavi.Bi sakala da sum kako niv i mislam deka ako bi izgledala kako sto sakam se bi bilo ok.Se custvuvam pomalku vredna vo bilo koe drustvo i toa me doveduva do ocaj.Ve molam za nekoj sovet ili nekoja efikasna dieta so koja bi mozela da oslabnam. [mod-kirilica:1wsp4awm][/mod-kirilica:1wsp4awm]
Nedostatok na samodoverba физичка активност песачењењ намали јадењењ исфрли леб јас секое сабајле јадам лимон па кафе вецера пак лимон и метаболизмот ти работи убаво а Богами се познава и во килажа јас со овој ритуал ослабев 6 кг месечно а си јадев не гладував сеа ми фали уште 5кг да скинам...и главата горе како може да не си задоволна од самата себе и да немаш самодоверба ајде главата горе кад се хоче све се може
Nedostatok na samodoverba Ти фактички не се сакаш самата себеси. Проблемов ти е психички, ти тоа си си го ставила во глава дека не си физички привлечна и затоа се соочуваш со недостаток на самодоверба. Па Господ сите не направил различни, некои се премногу слави, некои дебели, некои совршени и згодни и убави, некои ептен грди а некои просечни. Изгледот е битен да, но до толку да се омаловажуваш и да се вреднуваш толку ниско? Е тоа не ми е јасно. Ако сакаш другите да те сакаат треба прво да научиш самата да си се сакаш! Кога ќе застанеш пред огледало и ќе се погледнеш зборувај си самата на себеси и кажувај си колку си убава, колку убави очи имаш, колку убава уста имаш итн.. за да си ја повратиш самодовербата. За тежината.. Исфрли ги грицките и благото од исхраната, гледај што помалку леб да јадеш и биди повеќе на свежо овошје и зеленчук, ако не ти претставува проблем црниот леб ти препорачувам да се префрлиш на него, но секако пак ќе мораш да внимаваш колкава количина внесуваш.
Nedostatok na samodoverba прво, за слабеење најважно правило е дека диета,без вежбање,пешачење и упорност не дава резултати ...значи ако сакаш да ослабиш применувај ги сите 4 работи заедно..не можам да те посоветувам која диета е најдобра,бидејки не сум имала потреба да испробувам.. е сега друга работа шо сакам да кажам е дека те сфакам како ти е..знам како е ,и кога и тие карактеристики шо ти се убави не можиш да ги согледаш заради еден недостаток кој те прави слепа (не буквално )...прво од психичка причина,второ од немање поддршка и мотивација и трето недостиг на љубов... те замислувам како емоционална личност која се потпира на мислењата на другите... Мој совет- најпрво потруди се да ослабиш(не заради другите ,туку заради самата себе,зашто така ке се чувствуваш најдобро во своја кожа...)...Кога ке ослабиш верувај дека полека ке почни да ти се врака самодовербата твојата цел е да се трудиш и да не се откажуваш ! Знам не е лесно ,но нека те мотивира тоа шо ти гарантирам со сигурност дека ке си ја вратиш самодовербата .. совет гратис - секогаш кога ке помислиш да одиш негде со такси ,пешачи!вежбај редовно...и внимавај на исхраната (но не се оптеретувај премногу ) се надевам дека колку-толку ти помогнав
Nedostatok na samodoverba јас би ти препорачала прво и основно да одиш на лекар и да си ги испиташ хормоните на тироидната жлезда,и шекерот оти од тоа можеш да станеш буренце а и сучка(зависи особено како жлездата ти функционира) многу луге познавам што имаат проблем со дебелината, држат диети , а не им текнало да отидат на лекар да испитаат пример мајка ми-има проблеми со тежината, се мачи кутричка жена да ослабе верувај срцето ми се крши кога ја гледам колку се мачи, не може и не може , па отидовме заедно на лекар, и и открија дека има пореметување на жлездата(народски кажано штитна жлезда) и пие лекови за тоа-еутирокс мораш малку да поработиш на зајакнување на твојата самодоверба, и секако внимавај што јадеш, и јади почесто по малку, движи се, спортувај, или пак ако си во можност купи си еден Орбитрек за дома, ама вежбај на него, немој да ти служи за сушење пешкири, и пиј вода(дневно еден човек треба да испие 8 чаши вода=2 литри) со срека
Фала на сите. Ќе почнам да ги применувам вашите совети па можеби и ќе изгубам некое килце. Ми преостанува само да размислувам позитивно иако во некои моменти е тешко сепак што друго ми преостанува.
blakc swan 3 да не се повторувам и јас сега да ти писам оди во тератани дризи диети убаво сите напсале,прво не треаба да сакас д абидис како другите биди си своја сигурно си имас квалитети кое се само твои уникатни едниствени секој не мозе да е слаб, а и не е се до тоа сите имаме мани посебно ние зенските се замараме со тоа нели?ако во момнетов тие тоа пробелм или ете како еден вид недостаток истакни се со друго имас сигурно другоо кавлитети не се разоцарувај до толку па после да мислис како д аизлезис од депресијата па да заборавис на дебелината а патем ако се реси на диета ете има на форумов диети со цаеви не се тие стетни на природна база се позз ајде мисли поинаку
ја разгледував темава затоа што и јас имам проблем со недостаток на самодоверба иако не оставам таков впечаток кај останатите Повеќето совети се од типот ако ти не се сакаш нема никој да те сака и сл. ама мислам дека ако си искусил друготе да те повредат намерно или не многу е тешко да имаш самодоверба Лично,јас не сакам секогаш да бидам во центар на внимание, но имам впечаток дека и никогаш не ни сум што навистина боли. Ужасно е чувството кога машките и делат комплименти на другарка ти, а тебе не ти велат ништо. Како тогаш да поверуваш дека си убава или пак дека некој ќе те сака? Морам да кажам уште еднаш ако не си почувствува што значи некој да те повреди, не можеш да делиш совети за самодоверба. Секоја чест за оние што успеале да се соочат со проблемите и имаат самодоверба. А нас останатите ни останува само надеж
и јас мислам дека многу влијаат другите околу тебе,како се однесуваат врз твојата самодоверба...на пр како помала јас цело време бев кај една братучетка и за викенди често си се спремавме заедно..та е поголема од мене и нон-стоп ми делеше позитивни комплименти,како некое парче облека ми стои совршено...и јас навистина се чувствував така ...кога ке излезев секогаш бев полна со енергија,се чувствував некако специјално...сето тоа благодарение на нејзините позитивни коментари ,кои влијаеа на мојата самодоверба.исто така многу врз самодовербата влијај односот на домашните кон тебе...нивното најчесто расположение...и колку често ти делат позитивни коментари до поголема самодоверба можи да те доведи и тоа ако во твојот живот постојат вистински пријатели и вистинска љубов.а доколку не постојат ,таквата ситуација можи да те доведе само во обратна насока... ова чувство ми е добро познато,но кога подобро ке размислам тука решението не е во надворешната убавина машките осекаат кога девојчињата немаат самодоверба или се песимистички настроени...и ако некое машко избира измегу убава девојка,но без самодоверба и песимистички настроена..и девојка која не е толку убава,но од неа блеска самодоверба,со сигурност ке ја одберат повекето втората девојка ова од искуство го зборувам tigerlady на нас останува само да се трудиме да бидиме колку шо можиме повеке оптимистички настроени,да се смееме,да излегуваме,да се дотеруваме...и машките сами ке се лепат по нас и ова од искуство го кажувам
Ова не е еден од тие вообичаените текстови, како на пример да застанете пред огледало и да си давате комплименти. Ова на мене навистина ми се допадна. Се надевам ќе ве охрабри. И доста со таа депресија. Абе вие сте полни со самодоверба, нека не се лажете.
Немам ни малку самодоверба.. Сум читала, слушала совети, а сите ви велат дека треба да правам некакви вежби. Сум ги правела тие вежби ама не помага. КОга и да сакам да направам нешто ново се оптоварувам со мислите дека ке бидам предмет на исмејување, дека нема да успеам, ке згрешам во тоа што го правам и на крајот се откажувам. Си ја мразам оваа особина, како да стекнам самодоверба???
За да има самодоверба човек во себе, јас мислам дека најпрвин треба да се сакаш самиот себеси па потоа да ти е грижа за другите!!!Труди се да не мислиш за тоа кој што кажал, бидејки и онака тоа и не е толку важно, секогаш ќе се најде некој што ќе те пофали и некој што ќе те критикува.А за неуспеси во работата помисли само дали има некој што е безгрешен?Секако дека НЕ.Така да не се откажувај туку главата горе!!!
Стекнувањето на самодоверба е долг процес. Немој да мислиш дека тоа може да се реши за неколку месеци. Прв чекор е прифаќање на себе си и многу упорност. Пример... Земи лист и пенкало и запиши ги сите твои добри карактеристики од една страна и сите твои негативни или послаби страни, од друга страна. За сето она што мислиш дека си добра усовршувај го и гордеј се на тоа. За она што мислиш дека се твои слаби страни пробај да ги подобриш, направи го БАШ она од што осеќаш страв или исмевање од околината. Ризикувај! Само така ќе станеш појака. Не се сите совршени и добри во она што го прават. Секој прави грешки. А само незрел човек или човек со комплекс на пониска вредност може да се исмејува на другите, само за да се почувствува „појак„, „попаметен„ и „подобар„. Нормално е да се греши, само така ке знаеш како понака да постапуваш и да се усовруваш себе си. И избриши си го тоа од глава дека тебе ке те исмеваат. Немој да мислиш дека и тие што навидум се јаки не го имаат истиот проблем. Сите ние имаме стравови, некој помали некој поголеми, кај некои луѓе се видливи, а некои се доволно вешти да ги скријат.
Можам да кажам дека самодовербата е многу битна во животот. Прво треба да си веруваш на самиот себеси па потоа другите да ти веруваат.