Самодоверба

Дискусија во 'Психологија' започната од Schmetterling, 21 декември 2009.

  1. vojader

    vojader Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво за прв пат сум на форумот и гледам дека е добар има доста добри теми имам голем проблем со губењето на самодоверба едноставно немам самодоверба и не можам со тоа да се справам
     
  2. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    За мене самодовербата многу значи :) Да имаш самодоверба значи да немаш страм,да немаш страв бидејки таа те бодри напред....Aко не беше таа јас никогаш немаше да го постигнам тоа што го постигнав без неа....За мене самодовербата значи живот! :!:
     
  3. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Војадер - Проблемов мораш сам да го решиш. За да го решиш ти треба на еден начин план со кој што ќе го нападнеш проблемот. Прво и основно земи личве и почни да запишуваш зашто немаш самодоверба....Кои се наштата или нештото кое што влијае најмногу на тебе за да ја немаш самодовербата...Од кога ќе го најдеш изворот, е веќе почни да работиш на него. Неколку начини постојат за ова. Можеш да почнеш да читаш литература за самодоверба и пред се психологија. Зашто ова не е ништо друго освен психологија. Почни со вежби за релаксирање, нешто во стил како јога или медитирање. Како и да е, пред се мора да работиш на психологијата за да се подобриш...Штом го имаш веќе тоа решено, ќе можеш и да имаш свое јас и све....;)

    pozz
     
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Порано бев многу самоуверена девојка,со цврст карактер ,со голема верба во себе,се обожавав едноставно....се се сруши пред 3 год кога изненадно -почина тато ;(
    Првите неколку месеци-некои ситуации придонесоа уште повеќе да се зацврстам како личност.Пример-никој од блиските немаше покрај нас,сите мислеа дека без татко ми нема да се снајдеме нити со пари нити со ништо,некои се сителе и тоа го докажаа итн...Ова ми даде сила на сите да им докажам кои сме и што-дипломирав-иако после смртта на тато сакав да паузирам една год,се вработив,имам прекрасен дечко.....
    Но траумата си го направи своето...Со татко ми бев многу блиска,многу,све зборувавме,си имавме наши муабетчиња и моментчиња...која сила ми ја даваше,не дозволуваше да се разочарам,ми велеше да се борам....Сега без него,се осеќам незаштитено и несигурно,а самодоверба-нула ;(
    Се нервирам премногу зошто знам дека и тој се нервира гледајќи ме ваква,си велам ради него ќе бидам цврста,но не иде...........Едноставно столбот го нема,иако многу с е боревме со мајка ми ,сепак нешто фали.......
    Знам дека мора нешто да сторам...Вака само нервози си правам сама на себе,и мн ми е тешко......
    КОга ќе те праша некој -на кого си?-Што работи татко ти?-Тешко е кога ќе одговориш -починат е........сите вакви моменти полека,но сигурно уништија секаква самодоверба во мене ;(
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    mistery te molamm sredi se zs sega ke ti raskazam moe licno iskustvo... koe totalno mi go promeni zivotot za zal.
    do 8 god bev mn srekno devojce, ispolneto, cuvano, so 2 roditeli. i togas se sluci... gi izgubiv i dvajcata za vreme od pet minuti. majka mi mrtva od rakata na tatko mi. ne znam sto se sluci samo deka i jas potoa bev skrsena i seuste odamna psihijatar, na zs sum neso bolna tuku zs nemam samodoverba poradi toa. poradi istite prasanja koi ti gi naveduvas vo tekstot. poseti strucno lice nema da zazalis
     
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Жал ми е ;(
    Бев и ништо,бев на психијатар...џабе тој зборуваше кога не ставав во главата... ;(
     
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Самодовербата не е вештина која можеш да ја научиш за недела дена. Станува збор за многу посложен процес за кој ви треба време, силна волја и посветеност. На прв поглед, патот до постигнување самодоверба делува тежок и трнлив, и некогаш навистина и е, но истовремено е и возбудлива животна авантура која носи неброено многу позитивни, корисни искуства.
    Самодовербата е тешко да се дефинира, но би можеле да кажеме дека станува збор за свесноста на одредена личност за сопствената вредност и вербата во себеси. Самоуверените луѓе се самите на себе најголеми авторитети и превземаат одговорност за своите постапки дури и кога не се задоволни со своите резултати. Во тој случај, личноста ја прифаќа неповолната ситуација и е желна да учи од неа.

    Самодовербата не е одважност, ароганција и себичност. Луѓето кои така се претставуваат всушност се многу несигурни, иако на прв поглед оддаваат впечаток на крајно самоуверени личности. Вистинската самодоверба е способноста за прифаќање и сакање на себеси со сите мани и позитивни страни. Предуслов за стекнување самодоверба е да се прифатиме себеси, баш онакви какви сме.

    Луѓето со здрава самодоверба уживаат повеќе во животот и во самите себе. Поздрави се и посреќни, и знаат да уживаат во сегашниот момент. Таквите луѓе уживаат во сопственото друштво и не се во очајничка потреба од вниманието на другите, а со самото тоа се и пожелно друштво за останатите бидејќи не ја црпат енергијата од другите луѓе.

    Самоуверените луѓе се способни да го изградат сопствениот живот токму онака како што сакаат и се задоволни во сопствената кожа. Кога се соочуваат со проблеми, тоа го прават мирно и стабилно, знаејќи дека тоа е само уште една прилика за учење. Самоуверените луѓе веруваат во себеси и своите способности и имаат високо ниво на самопочит. Таквите луѓе не се себични и спремни се да им помогнат на другите бидејќи не им замеруваат и ги прифаќаат онакви какви што се.
    На прв поглед, изградбата на самодовербата делува како тешка работа. Би можеле да кажеме дека во некоја рака и е', но тоа е и главната работа која ја имате во животот, нели? :) Бара посветеност и време, но наградата е голема. ЛУѓето кои тргнале по овој пат знаат да кажат дека тоа е најголемата авантура во животот - и токму така треба да се гледа на овој процес.
     
    На elenaklasik и maca99 им се допаѓа ова.
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Маца, најдобро би ти помогнал искрен разговор со блиска личност (другарка, тетка, стрина), не само еден, туку чести разговори на таа тема. Колку почето се разговара за проблемот, толку полесно ќе се надмине тоа чувство (ова ти го кажувам од лично искуство).
    Соочи се со проблемот што го имаш, разговарај отворено за него и се што те мачи.
    Во суштина и психолозите го прават истото, ги ислушуваат проблемите на пациентите по безброј пати (само од различни насоки).

    И потполно се согласувам со постот на Геа.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Знам само дека ретко кое живо суштество со комплексен човечки мозок е задоволно од себе си. Дури и оние кои што ви изгледаат самоуверени не се. Чест на исклучоците сепак, но и тие кога се сами дома во некој ќош исто како и сите останати во огледалото гледаат само недостатоци, макар и минијатурен за мене или вас неприметлив, за нив огромнi. Но, разликата помеѓу овие и оние со минус самодоверба е што тие знаат како да си го максираат тоа. Знаат како да се носат пред другите. Тоа е тоа што секој треба да научи, вашите недостатоци се многу веројатно невидливи за останатите, тоа како се однесувале децата во основно или во градинка било тогаш, биле деца луди од тогаш сте пораснале сте други луѓе, сосема други луѓе и ако им покажете на луѓето околу вас дека вие си се сакате себе си, можете да го имате и најкривиот нос, најрасштрканите заби, но со фина маска САМОДОВЕРБА можете да владеете. Погледнете ги само сите актерки, сите пеачки, па и манекенки, ви изгледаат ли совршено сите?!? Имаат ли сите перфектни носиња, уши... јок бре :) глава горе и баш ко што ми пишува подолу accept everything about yourself you are you no appologies no regrets
     
    На easyyyyy, maca99 и pink4ever им се допаѓа ова.
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Самодовербата според мене е способност,меѓутоа по пат на вежба може да се усовршува.
    Еве ќе зборувам конкретно за себе,никогаш не ми недостасувала самодоверба,сум знаела да зачекорам сигурно и исправено во просторија преполна луѓе со насмевка и оштрина на погледот,сум знаела и во текот на образованието да го истакнам своето знаење,а понекогаш да го замаскирам недоволното знаење, :lol: .За некого може ќе звучи нереално,но јас никого не сум гледала како идол и никогаш не сум имала трема пред некој кој требало да биде на позиција на мој авторитет.Способните авторитети ги ценам,другите ги презирам,но од никого не се плашам,ни треперам.Само од БОГ.
    И не мислам дека тоа ме прави егоцентрична или нарцисоидна.Точно е дека секој е свесен за своите физички несовршености,но од тоа никако не треба да се прави психичка трагедија.Најпрво,секој треба да се прифати каков што е,на она што може да влијае активно да се направи обид секако во границите на можностите кои ги има.Прифаќањето на себеси е главен фактор на самодовербата.Тоа ги усогласува сите помали или поголеми проблеми на физички план,личноста која зрачи со самодоверба често ја перцепираме и како поатрактивна,не поради поскапата гардероба,туку поради тоа што знае како да ја носи,бидејќи не секој се разбира претерано во брендови,но секој забележува нечиј самоуверен став ;) .
    Со текот на годините тој што е насочен кон доизградување на својата самодоверба размислува и активно применува и доусовршува одредени финеси пр.како да контрираш некому покачувајќи го тонот за неколку децибели,со одредена метално-цврста нота,но притоа да не врескаш и да делуваш некултурно,а сепак да постигнеш послушност или да искажеш отворено несогласување,пропратено со извесен револт.
    Извесен период како средношколка имав донекаде комплекс на повисока вредност,знаев дека имам интелектуална супериорност над повеќето личности околу мене,сеуште знам да му го покажам местото на оние кои добиваат крила со помош на Ред Бул и останати стимуланси :lol: ,ама знам и да помагам на оние кои се реални и имаат потреба од било каква помош.Научив да ги прифаќам луѓето повеќе,да им простувам повеќе и да го ценам обидот кон позитивна трансформација,бидејќи и јас самата,како и секоја друга единка од човештвото,сум опфатена од истото и сум на истиот пат.Самодоверба е да уживаш сам во својот внатрешен мир и да успеваш да прифатиш вина за сопствените неуспеси,во голема мера самодовербата е повеќе нешто што има позначајно влијание за нас кога сме насамо со своите анализи,а оној дел од неа насочен кон социјализацијата е само јагодата на шлагот, :) .
     
  11. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Мислам дека самодовербата е многу важна за се што правиме ...од најмалите ситници и секојдневни обврски до битните работи во животот. Јас често имам подеми и падови на самодовербата. Сега стојам подобро отколку пред 2-3 години. Значи буквално не се чувствував пријатно да разговарам со луѓе, да излегувам, а да не зборувам за момчиња. Не сфаќав како некој мене би ме сакал и сега кога ќе погледнам назад сум испуштила многу добри прилики. Порано бев понесигурна бев во врска со надворешниот изглед, но со тек на време научив како да ги сокријам недостатоците и да ги истакнам моите квалитети. Колку само може да смени една маскара и една пегла за коса :D Почнав да носам фустанчиња, повеќе да излегувам и да се опуштам. Сега сум посамоуверена во врска со надворешниот изглед, но на моменти ме мачи тоа што не верувам во себе, премногу ме мачат грешките од минатото и сметам дека не сум доволно паметна :worried: Затоа се трудам да читам книги, да го збогатам речникот, да се грижам за својот изглед. Имам критични моменти, но во секој случај не престанувам да се трудам да ја зголемам самодовербата бидејќи тоа зависи само од мене, сакам да се изградам како стабилна личност и не сакам во иднина самодовербата да ми претставува пречка за постигнување на моите цели.
    За сите девојки кои го имаат истиот проблем....уште денес направете нешто за себе, некоја мала работа...одете на фризер, купете си ново парче облека , почестете се со топла купка, видете се со пријателите.....заборавете на недостатоците, мислете позитивно и зрачете со позитивна енергија ;)
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    самодовербата... некогаш на многу низоко ниво...
    проработив на себе, на "недостатоците"...
    Сега се чуствувам подобро, имам поголема самодоверба, постабилна сум, знам што сакам а што не сакам, побрзо донесувам одлуки, и не се мислам толку што ке биде потоа, или дали правилно постапив...
    Тоа е некаква внатрешна сила, верба во себе и во тоа што си !
     
    На Chocoholic му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Сакам да ве прашам за совет во врска со самодовербата..Не дека немам ич самодоверба, само што понекогаш се чуствувам не доволно добра за другите, на пример и кога зборам со некој што е убав, ми се допаѓа, цело време мислам дека не сум доволно добра за него, си набивам самата комплекси.. ова не е од секогаш од пред некое време ми падна многу самодовербата, се мислам дека не сум доволно убава за некој, дека немам шанси и не се ни обидувам :worried: незнам што да правам како да си ја вратам пак таа самодоверба без страв да зборувам со некого и притоа да се чувстувам убаво :worried:
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    јас имам за извоз самодоверба, :rofl: сметам дека тоа е многу битна "особина" која секој треба да работи на тоа да ја стекне.
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Самодовербата секако дека е важна и доколку не се цениме и не веруваме во самите себеси никој нема да не цени и да верува во нас.Не дека ептен сум несигурна но имам проблеми со самодовербата.Голем удел во мојот недостаток на самодоверба има мојата мајка.Таа отсекогаш била слаба а јас имам проблеми со килограмите мада сега го тргнав вишокот на килограми сепак лесно се дебелеам.Мојата мајка постојано ме критикува дека треба да ослабнам,што и да облечам на неа не и се допаѓа,постојано има некои замерки.Таа вели дека подобро да биде искрена со мене и да ми укажува на недостатоците но во тоа претерува.
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Да, многу е важна самодовербата и сметам дека оние кои се самоуверени полесно успеваат во животот и полесно ги остврауваат своите цели. Самодовербата е клучна во многу ситуации, затоа што оние кои се самоуверени (секако не претерано) мислат позитивно, се сакаат себеси и лесно остваруваат контакти со другите. Едноставно веруваат во тоа дека можат да го остварат тоа што си го зацртале, а тоа е клучно за успехот.
    Инаку себеси се сметам за самоуверена личност. Свесна сум за моите недостатоци, но тоа не ме спречува да верувам во себе.
     
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Самодовербата е една од најважните работи. Јас мислам дека ниеден човек не може да успее без самодоверба. Знам дека финансиската ситуација не ни е најдобра, тоа е единствено нешто кое може да ме натера да ја изгубам самодовербата, зашто, некои ко имаат пари само се прчат, зборуваат нешто, нив ги фалат, мазат, ово-оно.. Но, баба ми пред некој ден ми рече дека треба да си го ценам тоа што сите петки кои ми стојат во евидентните листови, свидетелствата ми се заслужени, а не купени. Од тогаш самодовербата ми се искачи на некое повисоко ниво.
    Сепак, не би сакала премногу самодоверба. Некако, човекот станува лигав, влегува во филмови итн.
    Самодовербата е она кое ни помага во многу работи, но во последно време само се ценат луѓето според надворешниот изглед, облеката итн. Тоа навистина не е убаво. Така човекот се повлекува, губи самодоверба и е подложен на секакви неуспеси кои мора да ги трпи.
    Епа, мој заклучок е дека сите ние треба да имаме самодоверба, да се цениме и сакаме. Доколку не се цениме и сакаме, што по ѓаволите бараме другите да не сакаат?!
     
  18. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Можеби многу ќе речат: "Многу самодоверба не е на арно! "
    Ама јас ќе речам: Никогаш не е доста од самодоверба!

    Ќе прашате зашто?
    Епа ај и јас да ви поставам едно прашање.. Ако ве прашам дали сакате да имате прекумерна самодоверба или воопшто да ја немате, сигурно повеќето од вас би одбрале прекумерна. А тоа е така бидејќи замодовербата е како пари. Тешко се "заработува", лесно се "троши".

    Совет+ : Задржете ја вашата самодоверба и чувајте ја на ниво. Таа е една од најважните критериуми за убав живот.
     
    На la.parisienne му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Едно треба да се знае дека СОВРШЕН ЧОВЕК НЕ ПОСТОИ,па потоа да се осудувате себеси само заради тоа што некој „небитен„ ви рекол дека сте дебела 150кг а вие сте предалеку од оваа бројка.Ова најчесто го зборат најискомплексираните личности што сакаат лошата енергија да ја пренесат на вас бидејќи ви љубоморат.Јас сум жив пример се соочував со голем проблем со самодовербата додека бев во врска со еден *овен* што се замислуваше совршен а јас му бев морското прасе,за моја среќа тоа така заврши што нема да му текна да ме споммни во никој случај...Од оваа врска јас напротив излегов со многу многу повеќе самодоверба и не дозволувам од тогаш па наваму на никој да ја подгази мојата самодоверба.Едноставнно се прифатив онаква каква што сум си и нели нема да оставам на тоа секојдневно се надоградувам живеам здрав живот,и знам дека сум УБАВА.Ми велат нарцис,ха не сум нарцис туку знам колку вредам и некому таква ке му бидам единствена.НЕ ПОСТОЈАТ ГРДИ ЛУЃЕ,ТУКУ ПОСТОЈАТ РАЗЛИЧНИ ВКУСОВИ..поздравче ПРЕКРАСНИ СТЕ !
     
  20. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    1.060
    Кол ми уирд, али ја познавам вкупно две девојки со вистинска самодоверба, самосвесни, а да не се преценуваат. Едната е лепотица прва класа, другата е само симпатична, но многу позитивна и одлепена, што е таман компензација.

    Зборот ми е, покрај нив, сите останати што ги знам, може да се трескаат од земи дека се самоуверени, ма не верувам. Маргарет Тачер рекла, да се биде моќен е исто како да се биде дама; ако треба да им` кажуваш на луѓето дека си - значи не си. Истото е со самоувереноста. До даљњег може да ме убедува колку она верува дека е убава и згодна и паметна, се познава од километар дека си се убедува. Па дури и да не зборува, ако оди како да и` фали само уште етикетата со цена, многу е јасно дека е исфрустрирана. Некој што се почитува, знае да привлече со заразна насмевка и баш таа сигурност дека не и` требаат цицките за да биде подобра од другите. Се чита тоа од фаца. :)

    Знам девојки што се соблекуваат во однос на тоа колку се разголени другите у диското, демек да си парираат. Ко крави на панаѓур, не давам бе да ме оценуваат напалени дркаџии па на гла се наместиле. Не осеќам потреба да се натпреварувам, јас сум си оваа у најдобро издание, сакаш земи, сакаш не.


    Не чини многу голема самодоверба пошто многу боли и кога ќе се акнеш од земја после извесно време. ;)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.