1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самодоверба

Дискусија во 'Психологија' започната од Schmetterling, 21 декември 2009.

  1. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    91
    а како може да се врати самодовербата ако си ја изгубила
     
  2. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    64
    http://www.youtube.com/watch?v=SuiYuPjDDGk ;)
    Да веруваш во себе дека ти си една и едниствена,дека нема никој како тебе.
    Мене оваа песна ме врате во живот и книгата ЈАДИ МОЛИ СЕ И УЖИВАЈ,многу влијаеа во мене овие две нешта,се променив на подобро,сега многу си се сакам и :!: имам преголема доверба во себе. :P
     
  3. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Ахх.. само да знаете колку ми фали самодоверба :( не успејав НЕ, да ја стекнам кога требаше и сега ми е многу тешко.... толку сум да речам исплашена , не самоуверена што дури и неможам да си го кажам своето мислење кога сум со друштво ...иако имам што да кажам, но нешто од внатре не ми дозволува да се изјаснам гласно сите да ме чујат, па постојано ќутам и ги слушам муабетите, не е дека сум проста или глупава , баш на против , ама едноставно неможам да се опуштам како нешто да ме стега како духот да ми е врзан или како некој друг да управува со него ... незнам навистина што се случува со мене , јас познавајќи се себеси требаше да бидам друга личност која повеќе ке зборува и ке биде од подоминантните во друштвото и вака во глобала оригинална и своја , а сепак смирена и скромна ( сето тоа требаше да се изгради за време на пубертетот )...ама не успејав , еве веќе имам 17 години а сеуште секој чекор го правам многу не сигурно дури и со страв, сметам дека веќе до овие години па и порано многу порано требаше да го победам тоа во мене, сега глдам девојчиња од 13/14 годиниполни со самодоверба и уште сега изградени со свој став и се, а јас сеуште се чувствувам не сигурна и понекогаш имам чувствуво дека така и ќе останат работите... :(
     
  4. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Monroe никогаш не вели никогаш...Јас мислам дека тука немаат некоја голема врска годините.Треба да се има само цврст став.А то ретко кој го има :D Во секое време самодовербата можи да се изгуби,а исто така можи и да се покачи.А како, не знам ни самата.Сепак мислам дека треба да се има и морална поддршка за да те мотивира некој,иначе човек кој е осамен,кој нема поткрепа тешко да успее.
    И мислам дека те сфаќам потполно за овај дел шо го болдирав,си се препознав.... :) Како друга личност да сум пред други,се дури не се опуштам пред одредена личност,после си сум поинаква...

    Јас си се помирив со фактот дека сум таква и нема да се променам заради некој друг,ако го правам тоа ќе го направам за самата себе...Сепак морам да признаам не е така лесно да си ја покачиш самодовербата,кога околу тебе постојат личности кои ти одмагаат во тоа :!: Големо влијание има и друштвото со кое се дружиш,пробај промени го :) Исто така пробај секогаш да бидеш средена,никогаш не шетај со измрсена коса,биди намирисана,насмеана...Знам лесно е да се кажи,но вреди да се труди и инвестира чоек за себе ;) Со среќа :*
     
    На Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Немав воопшто самодоверба и сите околу мене го приметуваа тоа, но со тек на време се прифаќам самата себе си, се ценам повеќе и пред се свесна сум за моите успеси што ги иам постигнато и се гордеам со нив!
     
  6. Aglaja

    Aglaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    24
    самодовербата или ја имаш или ја немаш. а ако ја немаш и се обидеш да ја добиеш тоа би било „дигни се и оди фрли се во морето па пак врати се“. не се задржува.

    застрашувачки е сомневањето во себе и своите способности. луѓето се родени за успех, не за неуспех.
    патетични се оние кои се водат по философијата - јас го немам она што е потреба, јас не можам и јас едноставно не можам поради овој ваму или слично.
    е тоа „не можам“ укажува на извештачена, лажна личност која бара сожалување, помош од општеството, а единствено нешто што ви треба е само да сте физички и психички нормални. претходни успеси, потекло на фамилија, образование игра многу мала улога во вашата иднина. се е поради вас и вашата одлучност.
    она што ја создава несамодовербата е стравот. сите размислувате за негативностите, за тешкотиите кои треба да ги минете и тогаш паѓате, тонете. едноставно го повикувате лошото и сте цврсти на мислата дека така ќе заврши. да мислевте на обратното ќе е поинаку.
     
  7. berry

    berry Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Sakam da napravam korekcija na nosot bidejki mi stana golem komplex,se zatvoriv vo sebe skroz.No koga kazav doma na najbliskite mi rekoa deka nisto ne mi fali,deka mi treba strucna pomos od psihijatar.Neznam sto da pravam :worried: :(
    [mod-kirilica:3a6woi1h][/mod-kirilica:3a6woi1h]
     
  8. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    самодовребата секој сам си ја прај никој не ти ја дава и е тешко ама за мене женско без самодоверба е без врска најблиските можат да ти поможат да ја вратиш,а за да ја задржиш треба да избираш на кој му верваш ;)
     
  9. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Сметам дека самодовербата секој може да ја стекне :) само треба да се сака и малку повеќе да се верува во себе. Јас имам доста самодоверба во мене и тоа не останува незабележано од околината. Но никогаш не треба да претеруваш, бидејќи границата помеѓу самодовербата и самобендисаноста е многу мала и несвесно можеш да преминеш од едната кон другата страна. Секој треба да е свесен за квалитети кој тој самиот ги поседува, но никогаш да се преценува :!:
     
  10. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Веројатно кога човек ќе престане да мисли на тоа дали има доволно самодоверба-во мегувреме ја стекнал. Којзнае.... порано многу размислував... сега ретко, најмногу во периодите кога мора да играш мудро, да премолчиш многу работи иако знаеш дека оние што ти се надредени се двојно понеспособни од тебе, кога не ти дозволуваат да покажеш што можеш-а можеш многу повеќе. И после самодоверба-f*ck up? Се прашуваш, се преиспитуваш. Ама отрпнуваш со тек на време- па веќе знаеш каде си?
    Порано беше доволно некој да рече дека сум се здебелила-и мислев дека е крај на светот.
    Во средно, на факс-имав проблем да разговарам со авторитети, иако никој не приметуваше -јас чуствував кнедла во грло кога бев пред професор... па уште и недоволно спремна на испит! Значи мислев дека треба да бидам најдобра, најубава, најпаметна, нај..нај.. и така ќе стекнам самодоверба. А бе ајде-грешка... само требаше многу фурни леб да изедам во меѓувреме.
    Кога ке ми текне на еден од првите дечковци и ден денеска си се смеам.Идевме 2-3 недели, на 16-17 години...демек се сакавме, а јас бубачка цело време кутам, за гревота, се плашев да не кажам нешто погрешно, без шминка и средена коса, не дај боже во тренерки- не смееше да ме види. Самодоверба-0! И раскинавме-замислете :D Ама сум била глупава.
    Кај мене времето си го направи своето,но и онаа борба-секој пат да бидам подобра, кога сватив дека моето НЕЗНАМ или НЕ СУМ СИГУРНА ДЕКА ЌЕ УСПЕАМ- е далеку многу повеќе од ЗНАМ и ЈАС СУМ СИГУРЕН- на многу други луѓе кои врска немаат од животот ама се пробиваат бре мајката :^)
    Перфекционизмот е добар во одредена мера-но се чини може да биде погубен за самодовербата. Сепак се се учи. Позитивен став кон животот, помалку размислување повеќе делување.
    Имам нова брчка денеска, мозолче, црнка, некое кило плус, не разбирам кинески, немам брендирана облека- и што сега-треба да се затворам дома? Ааа.. нее... не пали кај мене тоа повеќе. Самодоверба? Што знам дали ја имам или не-јас веќе го затворив ова прашање .
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Ако сакаме успех на секое поле од нашиот живот,работа,љубов,здравје....е многу важна Самодовербата.За да се врати самодовербата треба пред се многу упорност и време,и пред се личноста која ја загубила самодовербата треба да има желба за да успее во нејзиното враќање.
    -Најпрво мислам дека треба да се проанализираме себеси,зошто ни се случува тоа заради кои причини,ситуации сме доведени да размислуваме негативно?
    -Самодовербата значи и да се прифатиме самите себеси.Секој човек има мани,прави грешки,но не ја губи самодовербата бидејќи знае дека од грешките се учи ги прифаќа на смирен начин,за своите мани ги прифаќа но над него се издигнуваат и сите негови доблести и успева да ја сочува својата самодоверба и да се изгради како подобра личност.
    -Многу наши пријатели се жалаат и кукаат и за најмала ситница,настојувајте што помалку да контактирате со тие луѓе бидејќи и тие допринесуваат за вие да се чуствувате лошо.
    -Истотака и читањето на книги помага да станете и да кажете дека Вие го можите тоа.Мене искрено најмногу ми има помогнато книгата "Моќта на Потсвеста", но има и многу други социолошки книги,книги кои се со позитивни размислувања за читателот,но пред се ќе ви помогнат за повторно враќање на вашата самодоверба.
    За тие што ја изгубиле самодовербата-се надеавам дека ќе ја вратат и за себе ќе имаат високо мислење
    Среќно :)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Самодовербата си ја имам на високо ниво! Така да си немам проблем :)
     
  13. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    јас самодовербата ја изгубив пред неколку години!, баш заради тоа што имав и имам 10-13 кг вишок, и после премногу неуспеси за да ги намалам... сега, после толку време иако си останав со тој вишок на кг, полека, Но, сигурно ја повракам назад и затоа сум премногу срекнааа :)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  14. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    На превисоко ниво ми е ..над нормалата.. :)
     
  15. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    У некоја граница ми се движи ни премалце ни превише,што мислам дека е најдобро! умереноста е успех за се.
     
  16. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Имам слаба самодоверба :worried:
     
  17. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Не сум многу висока, слаба сум. Носето не ми се допаѓа, нозете. Сето тоа МОЖЕ да влијае на мојата самодоверба, грда сум, ова ми фали, она ми фали. Но, јас научив да живеам ваква каква што сум. Со "маани" да ги наречам. Се сакам ваква каква што сум. Бидејќи, ако не се сакам и ценам јас, нема кој да ме сака и цени. Никој не е совршен, не? :)
     
    На viks5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Ако казам дека имам претерана самодоверба ќе се излажам самата себе и напразно ќе се надевам...Имам дел во себе кој е препуштен на една несамодоверба и многу го сакам тој дел заради тоа што истата работа ќе ја повторам 1000пати само за да се осигурам дека е така...

    А, што се одесува до маните...."НЕ СУМ СОВРШЕНА ИМАМ ЕДЕН КУП МАНИ"-Ама сето тоа ќе се реши..
    ...Да имам проблем со кг имам вишок 7кг кои малку по малку ги смалувам, имам проблем со мојата брзоплетост ама и тоа ќе се среди...

    Секоја чест на тие што имаат огромна самодоверба!
     
  19. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Јас имам доверба во себе,но некогаш и не.
    А посебно кога се работи за на училиште,секогаш мислам дека ништо незнам или ќе речам незнаам а во сварност јас го знаам тоа но немам доверба во себе.
    Многу е битна во животот!! :|
     
  20. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Аххх самодоверба. Јас ја имам, но не премногу. Доволно за да знам дека можам да се запишам во добро школо, да имам добра исплатлива работа и среќен живот. Но физички... Сите викаат дека сум преслаба и тоа ме растажува! Значи, јас на моите другарки и на сите кои коментираат за мојата тежина, секогаш МОРАМ да им објаснувам дека тоа е генетски! Немам проблеми со исхраната, не се слабеам намерно, напротив, јадам како нормален човек! И ме лути дека иако јас им го имам тоа кажано на скоро СИТЕ што ги знам тие сеуште судат... -Елена, тооолку си слаба! - Немој Еленче толку да се напрегаш ќе се скршиш! "КЕ СЕ СКРШИШ"! Тоа ми го викаат! Навистина се беобзирни! Пробувам толку да не се навредувам, но неможам!Можеби затоа и.... мнооогу сум срамежлива. Ова ми лежеше на срце тооолкуу долго! I hope someone can relate to this... :(