1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самодоверба

Дискусија во 'Психологија' започната од Schmetterling, 21 декември 2009.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Во мојот живот е битна самодовербата... јас сум јарец и ако не чувствувам самодоверба сум чудна и неспремна да исполнам нешто што сум наумила. Имам голема самодоверба и многу сум абициозна.... тоа дури им смета на љубоморните и конкуренцијата ]:)
     
    На StarBwoyy, WhiteButterFly5 и XMaN им се допаѓа ова.
  2. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    Многу е битна.
    На пример, порано јас ич немав самодоверба, а сега си фурам многу ми е гајле кој што рекол за мене или како ме погледнал. 8)
    Затоа девојки, Главата горе..... Со градите кон иднината-со задникот кон минатото. :lol:
     
  3. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    самодоврбата не се однесува само на физичката убавина....туку и на внатрешната,значи внатрешен мир,колку сте среќни со животот што го имате,дали си верувате себеси и на своите постапки...значи да можеме да се потпреме сами на себе во тешките мигови
     
  4. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Знам дека самодовербата е многу битна , но јас за жал ја немам....и тоа ич ја немам...ок сега мелце се поправив, за разлика од пред неколку месеци, но пак...
    Сите викаат дека мора да се најде нешто убаво на тебе и дека сите си имаат свои недостатоци и никој не е совршен , но јас имам премногу недостатоци и во школо многу ме зафркаваа за некои и скоро секој ден плачев што уште толку ја уништи мојата самодоверба.
    Значи буквално се ми фали на мене имав клемпави уши ( ок бар тие ги решив), целото лице ми е непропорционално, тенка уста, мали заби, со криви тројки + жолта коска, мрсна кожа со црнки, премногу бел тен, рамни стапала од кои неможам да носам чизми или високи патики, ко издеформирана сум, криви нозе, ниска сум многу и + имам многу кратки нозе, надуен стомак.......уште многу работи сега да не набројувам......А во школо многу ме зезаа за бубулиците и за ушите, + многу ме имаат навредено посебно машки и за тоа јас најискрено ви викам дека мислам дека никогаш нема да си најдам дечко....а други од страна ми имаат кажано дека сум ниска и многу бледа...мислам ко јас да неможам сама да видам дека сум....сега знам ќе кажете дека треба да си ги истакнувам убавите страни, но јас на мене немам ништо што е така убаво, па да се погледнам во огледало и да кажам ваууу ....ни па нешто за што другите ми завидуваат...не дека јас сакам луѓе да ми завидуваат, ама на секој друг човек што го знам можам да одвојам бар една црта што многу ми се свиѓа, а и други луѓе му ја сакаат...кај мене немам приметено некој нешто да му се свиѓа.....знам постов испадна мое жалење сама од себе ама не е. Само сакав да кажам дека мнгогу влијае надворешното мислење врз самодовербата и дека ако другите ти викаат дека нешто не ти чини, а ти тоа го знаеш , ќе го замразиш уште повеќе.....И да не е се до надворешноста знам, но јас имам проблем со себе и со внатрешната убавина, ама сега ме замрзи веќе да пишувам така да друг пат....и не, не ми е проблемот со карактерот туку со талент, харизма и некои други работи кои неможат да се сменат за разлика од карактерот....а и со срамежливоста која е продукт на ниска самодоверба...стварно ми треба помош , незнам со кој да разговарам повеќе , никој нејке да помогне, на сите советот им е не мисли на тоа, или се ти е во главата или не се срами веќе...ама како бре луѓе да не мислиш на тоа ако самото ти ја окупира главата, или да не се срамиш веќе ако ти е срам????? Има некој совет ? ;( Веќе на психијатар ќе завршам ако ова продолжи вака :@
     
  5. Vampirche.18

    Vampirche.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Самодовербата е една од најважните работи кои го одржуваат човекот. Јас сум самоуверена личност и би ве советувала и вие да бидете. Многу голем број од луѓето не се самоуверени, но не треба така затоа што за да се успее треба да се има самодоверба. Самодовербата не е лесно да се врти, но зависи и како сте ја изгубиле. Доколку на некој му треба помош во врска со ова може да ми се обрати на мене, затоа што мислам дека можам да ви помогнам. :)
     
  6. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    ^ ете јас имам , над ебе стои мојот пост....дај те молам кажи како се враќа самобоверба....или некој друг сеедно...или па препорачајте ми некоја книга, статија...
     
  7. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    И мене ми фали самодоверба, совет ве молам!
     
  8. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64

    Неможам да ти кажам те разбирам кога не е така,но мислам дека донекаде не целосно те сватив.По твојот краток надворешен опис за тебе неможам да кажам занемари ги грдите работи никој не е совршен.Тоа најверојатно веќе не ти се ни слуша,доста ти е од навредување омаловажување,преку глава ти е да објаснуваш на секој од кого бараш совет а никој не ти ја разбира маката,сите те слушаат ама кој да те разбере?..Никој незнае колку тежи товарот што не го носи..И мене највеќе ме нервира кога на пример ми викаат не се срами а јас се срамам (ова е пример,не коментирам за себе) Сите сме се срамеле ама некои од нас побрзо го надминале тоа,а некои побавно но сепак го надминале и мислат ако они можеле сите можат,е на ова нај се нервирам :@ не сме сите исти! Јас одкако знам за себе ,сега да не претерувам ама така е,немам грам самодоверба и многу се нервирам заради ова..Многу ми се битни туѓите мислења уфф :@ :@ само не искажувам многу..Многу е тешко да станеш кога гледаш дека некој веќе научил да трча..Совет и јас барам,сега за сега само се пронаоѓам себе си во дел од твојот пост..
     
  9. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    За тоа со надворешниот изглед само кажувам како ме натераа тие дева од дделение да се гледам . Кај мене имаше и дебели, многу пониски од мене, со многу бубулици, со криви носеви, машкуданки ,анорексично слаби итн. Но едно дете уште од прво одд се фати за мене и не ме остави. После од 5то и на другите им стана интересно тоа па сите на мене се фрлија. Е тоа ме натера да се чуствувам како најлоша....На другите девојчиња не им ни спомна никој за нивните недостатоци , а на мене за се ме зафркаваа... Стварно сакам да сватам зошто јас, дали нешто погрешно сум ка=ала или направила? Сега воопшто не сум опуштена кога се запознавам со некој затоа што страв ми е пак да не оставам лош впечаток и затоа сум срамежлива. Знам дека така уште полош впечаток оставам и затоа сакам да го надминам срамот ама неможам. Ви викам , ако тоа дете уште еднаш ми се појави пред лице во животов јас сама ќе го претепам :@
     
  10. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Блек кет, знам дека навистина боли кога некои други те навредуваат. Тогаш ти е нешто како да гледаш како ти се руши светот под нозе, кога гледаш дека те исмеваат дури и оние кои мислиш дека те сакале.
    Но, не се секирај, не е се така црно. Не дека светот треба да го гледаме преку розови наочари, но сепак постои нешто кое ни влева самодоверба.
    Белк кет, не те познавам, но ако имаш тенка уста, што е толку страшно и за исмевање? :^) Тоа си е природа. Ама ако имаш мало лице, а голема уста стварно нема да стои убаво, сепак поради пропорциите на лицето си одговара устата.
    Бледа кожа - е арно де. Има некои црни како цигани (без навреда), па што да кажат? Другарка ми немаш појма колку е бела. Беше на одмор и пак е бела, абе не дека не се сонча, ама не се фаќа за неа. Тоа е.
    Бубулици. Е добро де. Никој не е совршен. 14 години си, во пубертет кој нема бубулици? Подоцна ќе ги немаш.
    И што ако си ниска. :^) Знаеш како велат „Убавите работи се во мали пакувања“ ;) . Не се секирај за висината. Еми тие што се 1,80м и плус сакат да облечат штикли што да кажат? :D
    Имаш стомаче. Епа да ти кажам, не си единствена - ни прва, ни последна. Колку многу девојки имат стомачиња. Епа, сега на твои години не ти требат диети, само пази што јадеш и трчај низ парк, вежбај. :)
    Криви нозе, кратки нозе. Тоа се комплекси. Добро, додека велиш дека си ниска, епа која ниска девојка има долги нозе? А, дека ти се криви, не си набивај комплекси. И јас едно време си мислев дека ми се криви нозете, но сега многу си ги сакам, а ни мене не ми се нешто долги. Башка, ти уште растеш (како и мене) и уште повеќе ќе растеш и нозете ќе ти се подолги.
    Затоа, не се секирај. Сеуште си во период на растење и развој.
    И да, најважно е дека си зрела за твои години. Да го цениш тоа. Значи, по постовите што ги пишуваш тука можам да кажам дека си убава во внатрешноста.

    Девојки, со комплексите ви се намалува самодовербата. Обидете се да ги исфрлите, повторувајте си „Јас сум онаа која сум, јас си се сакам“ и потоа никој нема да може да ви ја намали самодовербата.

    Ти девојче не си научила да го цениш тоа што го поседуваш навистина. Искорени ги тие комплекси, срамежливоста и тој страв од оставање лош впечаток и ќе ти се крене самодовербата.
     
  11. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Имаш право за се што кажа,но јас сепак мислам дека треба некој да ни подаде рака да станеме многу е тешко сама,друго е кога до тебе има некој кој веќе ја поминал таа фаза надеж дека ќе ти помогне..Лично за мене сум се обидувала повеќепати но сепак се враќам на старо..Ќе продолжам со обиди.. :)
     
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    См.реал знам дека понекогаш е навистина тешко, понекогаш ти е потребно некој да ти подаде рака. Но, ако ние цел живот чекаме додека некој ни подаде рака ќе си останеме исто срамажеливи, со истите комплекси и ќе си умреме со нив. Значи, понекогаш треба сами да сториме нешто. ;)

    Излезете неколку вечери со некоја другарка која има доволно самодоверба и учете од неа.
    Работата е само во тоа да се исправите и да зачекорите како вистинска дама. :D Заборавете на комплексите и недостаците. Смејте се на секој кој што ќе го видите. Помага, навистина.
    Обидете се секогаш да зрачите со позитивна енергија, обидете се да бидете уникатни во шегите кои ги кажувате како и во разговорите. Тогаш ќе бидете приметени и потоа сите ќе мислат дека сте девојки со самодоверба, девојки кои некогаш паднале, но сами станале, се исправиле и сега се речиси најхаризматичните девојки.
    Обидете се, сепак, знаете како велат „За проба пари не се зима“ , а кој не се обидел никогаш не ни успеал! Епа затоа, обидете се да го истакнете најдоброто во вас, смејте се и сигурна сум дека ќе успеете.
     
  13. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Уште утре ќе се обидам! Благодарам на советот. :)
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Ја имам итоа во прекумерена доза, секогаш,секаде :)
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не можам веќе.Се чувствувам изморено и не можам веќе да се трудам да бидам нешто што очигледно никогаш нема да бидам.Најискрено им завидувам на оние кои веруваат во себе,кои остваруваат се што ќе замислат,кои се задоволни од својот изглед,од самите себе.Очигледно јас нема да бидам никогаш како нив затоа што моето незадоволство од тоа што сум е се поголемо.Многу луѓе ме направија да се чувствувам дека не вредам ништо и колку и пати сфаќав дека тоа не треба да влијае на мене и дека треба да веруам во себе но кога и да решам да бидам самоуверена нешто повторно ми попречува.Имам 10-15 кила вишок еве на диета сум веќе пола месец но нема никаков ефект а мајка ми како тоа да е најважната работа на светот ми вели дека мора да продолжам со диетата,дека морам да ослабнам.Од една страна е во право но од друга не сум јас крива што имам вишок килограми и што и покрај напорит е не можам да ги симнам.Исто е и со други работи,што и да облечам нешто мора да не е во ред,мора да се има замерки за се.Многу навреди и понижувања претрпев и мислам дека нема никогаш да бидам таа што бев порано,она безгрижното девојче кое не се замараше со ништо.Веќе не можам да се трудам да бидам убава,да се смеам кога ми се плаче и да се чувствувам како да сум ништо во споредба со другите.Сакам да го променам тоа но не можам.
     
  16. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Милион пати е подобро да бидеш арогантен со 6 кила самодоверба отколку мил и фин самосожалувачки автодеструктивец! Јас гласам за здрава самодоверба!
     
    На TennisBabe, PetraPanka3 и LGBT им се допаѓа ова.
  17. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    до пред некое време немав ни с од самодоверба но за среќа си ја повратив, пред некое време почнав да одам на пилатес и правев јога вежби и немате поим колку ми помогнаа да се чувствувам поубаво во своја кожа и да верувам во себе. сега не дека многу имам самодоверба но за разлика од пред некое време сега самодовербата ми е на ниво :)
     
  18. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    Самодоверба,секогаш сум ја имал,без разлика во каков период во животот сум минувал.Од најлошо до најдобро секогаш била присутна од помали до енормни количини.Ја имам и сега ама со неа во последно време ги искусував полошите страни и поради различното перцепирање на мојата самодоверба се доведував често до непријатни ситуации,и сметам дека доволна е само колку да те држи исправен и ни трошка повеке.

    Причини поради кои што САМ си ја деградирав мојата самодоверба неколку нивоа подолу се повеке.Често мојата самодоверба беше погрешно сфакана,но она што ме погоди беа зборовите на родителите кои мојата самодоверба на повеке полиња ја поистоветуваа со арогантност,која сметам дека не беше таа и беше сфатена во погрешна смисла.ме погодија зборовите на татко ми кога ме нарече Дрзок,Арогантен,без почит кон никого,а всушност се работеше за жед за успех,самопочитување и духовна исполнетост.Еве ке ви ги објаснам секоја посебно,па можеби би ме сфатиле :)

    1.Гладен за успеси vs. зборовите на татко ми "Немаш почитување кон никого мали"
    -Ова е поврзано со битен дел од животот-спортот.Знаев да излезам на терен,да го направам најдоброто од сите 22 што играа на теренот,да се исправам кога судијата ке свири крај и со глава горе да излезам од теренот.Сигурно без толкава самодоверба не би бил толку успешен во тоа,а ме нарекоа без почит.Ајде противникот да го рече тоа,ама својот татко кој од трибина ме следел. Резултат: Никогаш не ги заборавив тие зборови,ми се намали самодовербата,не бев добар како порано,психички ме уништија тие зборови,СЕ ОДКАЖАВ :?:

    2.Самопочитување vs. она што општеството милува да каже наведнување глава за некои работи.Никогаш не простував неправди,валкани игри и лажење за своја сметка. Резултат: Многу малку пријатели,2,3 вистински пријатели кои ми се доволни и попотребни од илјада лажговци.

    3.Духовна исполнетост vs. Секојдневна Рутина.Љубител сум на поезијата,Музиката,Уметноста во целост.Се што читам е со посебна жар-имагинација бескрајна.Како што тие кои бе клеветеа за таа самодоверба што го гледаа коренот од дрвото,јас ги гледав гранките на дрвото(мојот карактер) А гранките беа многу,розеви и секогаш беше пролет.Музиката,на добар текст едноставно полна ми е душата,да ме види некој во таков ефект ке рече детево на дроги е,а мене само очите ми се вртат од шареното торнадо кое во облик на мисли ми доаѓа секојпат кога ке се заљубам во убав збор.Уметник во душа,а ме тераа да излагам да се дружам со луге кои муабетите беа пиење,ебење,спиење. резултат: Досаѓање на вас,драги фемина членки,не ми замерувајте морам да го соберам гневов во некој килобајт :D

    сега ке речете хммм... Фудбал и Уметност... Научна фантастика. :fubar:
     
    На De-lovely и LGBT им се допаѓа ова.
  19. anste

    anste Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    127
    И ја слично се чувствував до пред 2 години, што и да облечам е искоментирано, немаше човек што не ми кажал лелеее коски и кожа си, и слично.Но еве помина време се навикнав на тоа и кога видоа дека веќе ми дојде преку цеф и ич не му се замарав одеднаш престанаа со коментари :)
    И уште нешто: Мораш да почнеш да се сакаш себе си за да почнат те сакаат и другите ;)
     
  20. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Мене такво нешто ми се случи пред околу 2-3 години во прва година... Страшно беше секоја вечер дома плачев, пошто вакви работи никој ми нема кажано никогаш во основно, и воопшто во животот и сега некои иск*рчени кретени ќе зборат за мојот изглед..(искрено кога ќе видам некоја слика од 1ва година и не сум нешто нај нај била, сепак во основно учев во училиште каде што немаше такви гнаси што се замараат со туѓи недостатоци) Јас се трудев да им покажам дека ич не ми е гајле и не се нервирам, па тие почнаа да се нервираат кога престанав да им обрнувам внимание. По 2 години, тоа престана, сега сите се си ок со мене, еден од тие "дечки" ми стана и многу близок пријател, но сепак и тој беше добра душа тогаш не ми велеше ништо само ги подржуваше кретениве. И мојата школска сега во 3та година ми кажа се имам изменето многу за разлика од 1ва година. Најдов многу пријатели во овој клас, но сепак уште им го памтам сето тоа што ми го направија во прва година и полека им враќам. Сега џабе им е што ме гледаат со почит кога немаат почит од мене, се е само глума.