самодоверба секој треба да поседува.. нормално до граница да не се иде кон нарцисоидност.. доколку некој се обиде да нарече некоја грда дебела и незнам што.. со тоа се врега самото его и самодовербата станува помала.. но мислам дека не треба многу на ваквите да им се дигаат акции пошо колку повеке се нервираш толку повеке си им повод за да се заебаваат
Јас ја немам ја изгубив и нексакам повеќе да се трудам во она што знам дека нема да го постигнам тешко е да се изгуби ке те нарекуваат личност без сигурност без свое-ЈАС.
Недоволна самодоверба Незнам од каде да почнам... уфф. значи вака. го мразам својот изглед, своето однесување, се мразам себеси! го мразам својот одраз во огледалото,се гнасам од самата себеси. мислам дека никое момче не би ми се приближило. мислам дека сум најгрдото суштество на овој свет. се плашам дека ќе останам сама до крајот на животот. секогаш мислам дека постапувам погрешно ... например со другарки... секогаш! незнам воопшто како да се однесувам покрај момче. сите мои другарки, имале дечко, се имаат бакнувано и знаат како оди тоа... не дека љубоморам но јас немам ПОЈМА како треба да го освоиш тој што те приблекува. има ужасно голем срам! да се навратам на изгледот. имам повеќе од просечната висина за мојата возраст и сите ми префрлуваат за тоа. и кога некоја другарка ќе каже на некое момче "еве оди со (и ќе го каже моето име)" е тогаш се чуствувам најужасно. се чуствувам понижено, омаловажено од страна на таа другарка. страв ми е дека ако кажам или направам нешто ќе ги загубам другарките. има уште многу за кажување но доста е.се надевам дека ќе ме разберете. се извинувам ако е дупла темата. ве сакам девојки
Недоволна самодоверба А не мислиш дека овие твои негативни ставови се главна причина за се ? Се мразиш зашто не изгледаш како другите ? Јбг не сме сите Адриана Лима, секој си се прифаќа каков што е затоа што ако од нешто не можеш да избегаш тогаш тоа си ти самата. За да некој ти се приближи треба да види дека сакаш да ти се приближи, никој не сака да разговара со намќор или некој кој цела вечер ќе ја потроши за да се жали на тоа кој е. Биди достапна, позитивна насмеана и пред се опуштена, ако некој сака да ти се приближи тогаш тој сака и да има добар разговор, а не цела вечер седење на клинци. Не постапуваш погрешно спрема другарките. ИМАШ РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ и тоа е тоа, никој не треба да биде нешто поради другите. Висината не можеш и нема да ја намалиш, но самодовербата можеш да ја покачиш. Искрено сите овие твои пубертетски проблеми се комплекс поради тоа што си немала дечко и не си се мувала, очекуваш од кога ќе фатиш дечко сите проблеми да ги снема и поради тоа се ориентираш кон дечковци. Живеј нормално, се си доаѓа на место во свое време.
Недоволна самодоверба ма нема врска овде дечко или сингл или незнам што... проблемот е тоа дека јас со незадоволеноста од изгледот неможам да прифатам тоа што сум. за дечко не ми е гајле и го прифаќам тоа дека не привлекувам никого и тоа е тоа.
Недоволна самодоверба Па чекај малку девојко ако размислуваш вака негативно и ако се сметаш себе за неубава мислеш ли дека некој ќе те сака и ќе те цени? Не! Правило број 1. Ако сакаш да те ценат и сакат другите, пред се треба да се сакаш себеси. Застани пред огледалото и повтори си 100 пати: Убава сум! Висока си? Па сигурно си јака пи*ка, како што би рекле машките. Ех, јас да бев висока .. дефинитивно ќе бев најубава во цел град(и пошироко). Немој така да размислуваш и немој да се понижуваш себеси. Ти си таква каква што си. Со малку труд, со малку шминка, добра облека и слично ќе бидеш секако убава. Но пред тоа треба да си ја изградиш внатрешната убавина. Е ти ако застануваш пред огледало и си викаш: се мразам себе, не сум убава и такви слични срања, нема да си убава. И зошто ти е страв да кажеш што мислеш пред другарките? Па што се тие толку, за да те истерат веднаш од друштвото? И тие ли ќе ти наметнуваат на тебе секакви машки? Како да не. Ајде крени ја главата горе малку, кажав и на почетокот со такво размислување никаде не одиш. Па сега ти види. Ако сакаш да останеш сама цел живот, продолжи така да размислуваш.
Недоволна самодоверба Благодарам, благодарам многу за ова Butterfly15. Барем малку ја подигнав главата и го сменив мислењето за мене. Сеуште не сум самоуверена како некои но повеќе од колку што бев преднеколку дена. Размислив ... никој не е совршен, зошто самата себе да се полнам со такви мисли? Сите грешат и секој е различен.
Се согласувам со батерфлај ако не се сакаш и цениш сама не очекувај дека друг ќе го направи тоа Вака бев и јас до пред некое време абе не сакав да се смислам си викав "абе бегај ајде кој ќе те погледни тебе, ниска си, не си некоја јака риба ни газ ни гради" Подоцна требаше да одиме на веридба и ја си се дотерав фустанче, шминка и ко се погледнв си реков "каде изчезна девојката која постојано се жалеше дека не чини" Потоа размислував и сватив дека ако не се сакам сама и ако не се ценам не треба да очекувам дека друг ќе го направи тоа... Мој совет ти е ко што рече батерфлај дотерај се, и главата горе
порано мојата самодоверба беше на 0 буквално но со текот на годините се сменив и сега како никгоаш до сеа не ми била
Имав,не викам не.. Али последно време мојата САМОДОВЕРБА ако можам така да е наречам е 0.. Главна причина за тоа се моите акни.Навистина имав на лице акнички не толку страшен случај али ајде не обрнував мноогу внимани,али сеа откако ми излегоа по врат и гради оппп одма друго.. Неможам да шетам со крената глава,незнам зошто ни јас.Коа ке се погледнам во огледало буквално ми навираат солзи...Дали некогаш ке го решам овој проблем,дали некогаш ке шетам со крената глава
Може ова што ќе го прочитате малку ќе ви звучи луцидно,но ова навистина мене ми помогна: Пред некоја година целосно ја изгубив довербата во себе,не гледав надеж ама баш никаква.Сватив дека така не може повеќе да се сожалувам и да дигнам раце од се го зедов моето(магично) огледало и се запрашав себеси за многу работи кои ме измачуваа.Верувале или не јас ја повратив својата самодеверба Сигурно ќе се запрашате зошто велам магично огледало,тоа го имате сите дома,но треба да смогнете сила да си ги признаете својте мани,да ги видете вашите доблести и верувајте ми се постигнува успех.Мојата другарка со која 21 година другарувам беше на оперативен зафат воопшто немаше подршка од сопругот и беше скршена целосно го примени ова и сега е повторно онаа која ја познавав полна со позитивна енергија и самодоверба.
Според мене дури и најубавите луѓе на светот може да бидат несигурни, да немаат самодоверба додека пак некои кои се, без навреда ама реално изгледаат лошо се задоволни од себеси, насмеани, позитивни... Знам многу примери за такви луѓе, се е во психата и начинот на кои размислуваш. Без самодоверба и најубавиот човек изгледа грдо. Не изгледам лошо, имам убави црти, сега глупо е сама за себе за зборувам ама ако збориме реално така е. Ама никогаш не сум имала голема самодоверба, иако имам во некои моменти ама во други знам да бидам многу несигурна, ужасно несигурна. Се е во главата, така да треба да се размислува позитивно. Од друга страна па самодовербата може да ја разнишаат коментари што се однесуваат на карактерот. Значи за тоа и се нервирам најмногу, кога некој ме психолошки оценува. Ти си ваква, ти си онаква. Боже господе, само јас знам каква сум и што чувствувам. Никој не ме познава како што самата себе се познавам. Таквите коментари ме уништија како личност, како човек. Мислам дека уште долго нема да се опоравам од тоа. Некој да ме прави дека имам особини кои реално ги немам... да ме прави себична, користољубива додека секогаш сум била тука кога на тој некој му требало. Сакав да бидам фер и коректна спрема сите а ме направија нешто сосема друго... изгледа тоа ми било грешката. На секој верував, на сите бев пријател а кога не мене ми треба нешто никој нема... е ќе се чувствуам гадно, ќе бидам разочарана ама еден ден сум сигурна дека местата ќе се сменат... Карма итс а бич .
Сите на моменти ја губиме самодовербата ,секоја чест на исклучоците кои што никогаш не ја изгубиле,но треба самите да се потрудиме кога ќе се случи тоа да се потрудиме многу брзо да си ја вратиме и да не дозволиме да ја изгубиме засекогаш. Значи мора да се погледнеме во огледало како што прочитав во еден пост погоре и да си кажиме самите себеси дека вредиме најмногу на свет и дека ние сме си најбитни секогаш без разлика на се мора да се сакаме и почитуваме самите себеси,бидејќи ако не е така нема ни другите да го прават тоа. Никако да не дозволиме да потпаѓаме под влијание на туѓите мислења за нас и да не повреди тоа,со што ќе ја изгубиме самодовербата,туку буквално од едното уше влегло,а од другото излегло, баш така треба да направиме,па другите што сакаат нека си збораат,па и нека збораат зад добар коњ се крева голема прашина нели?
Во последниве недели премногу ја загубив самодовербата...секако негативно се одразува на мене,но незнам како да си ја повратам,морам да имам некој стимул за да ја вратам...
Вака... Јас сум психолог и ова беше една од најекспонираните теми, врти сучи се се врти околу неа. Искрено, мислам дека е преценет термин. Не сакам да кажам дека не ни треба, ама сепак далеку е од клучна. Самодовербата најчесто ни зависи од сликата за себе, а сликата за себе ја формираме меѓу другото и од мислењето што другите го имаат за нас. Лицата што се повеќе емоционални, се посклони да им биде нарушена, затоа што се сфаќаат лично. Како да ја вратиме? Насочи се на сите позитивни квалитети кои ги имаш, игнорирај ги луѓето кои те критикуваат, освен оние за кои знаеш дека ти мислат најдобро. Сите сме поминале низ нешта кои не турнале до дно, ама едноставно такви биле околностите и не би требало да си го земеме тоа како нешто кое ќе не дефинира понатаму. Дали може да се живее без самодоверба? Може, од тоа не се умира Само што цело време ќе се ставате во втор план, ќе се создадат фрустрации и или ќе станете депримирани или ќе се помирите, ќе ви стане сеедно, и ќе завршитете со првиот лик кој ќе ви даде комплимент.
Sakam da postavam edno prasanje za psihologot: kolku e verodostojno eden psiholog da ti dade sovet da fatis decko za rok od edna nedela za da ti se podobri samodoverbata i kolku toa ke ima efekt? [mod-kirilica:hts69l8l][/mod-kirilica:hts69l8l]